Неверојатна атмосфера се подготвува во Охрид за дербито од 17. коло во Втора македонска фудбалска лига. Лидерот Охрид на домашен терен го пречекува второпласираниот тим Шкендија Арачиново во директна пресметка за првото место и чекор поблиску до елитата. Натпреварот започнува во 14 часот на стадионот „Билјанини Извори“, а се очекуваат полни трибини. Навивачката група „Рибари“ најавува масовна поддршка и вистинска фудбалска еуфорија. ...

Ланскиот освојувач на фудбалскиот куп екипата на Вардар е елиминирана во четвртфиналето на ова натпреварување откако по изведување на пенали како домаќини загубија со второлигашот Охрид во регуларниот дел резултатот беше 1:1, а на пенали 3:2 за Охрид. Ова воедно беше дуели на лидерите во Првата лига (Вардар) и Втората лига (Охрид). Вардар поведе во 60.минута со голот на Бобан Николов по асистенција на Азер Омерагиќ, додека гостите изедначија ...

Екипата на ГФК Охрид во одличен моментум го пречекува дербито со Шкендија Арачиново во Втората лига на Македонија (ВФМЛ). Куп-победата над Вардар на пенали дава стимул кај „рибарите“ за нов успех, тоа го потврдува Благоја Спиркоски. „По двете победи над Беласица и Вардар, атмосферата е на највисоко ниво. Ни следи дуел со Шкендија Арачиново, имаме голема почит за нив, второпласирани се и поседуваат квалитет, ама ние играме дома. Добро го ...

Денес на стадионот „Билјанини Извори“ ќе се одигра мега дербито во Втора лига меѓу Охрид и Шкендија Арачиново, а верните „рибари“ и публиката најавуваат полн стадион и силна поддршка за фудбалерите во клучниот меч кој може да реши многу работи за влез во Прва лига. Натпреварот започнува во 14 часот, но со оглед дека истиот е од висок ризик, навивачката група „Рибари“ со соопштение информираше дека поради посебни рестрикции на влезот ги ...

ГФК Охрид Лихнидос во дерби натпреварот од 17 коло во Втората лига, денеска, 28 февруари од 14 часот, на СРЦ „Билјанини извори“ ја пречекува екипата на Шкендија од Арачиново. Мечот е од големо значење за двете екипи и може да го одлучи исходот во првенството. ГФК Охрид пред мечот со Шкендија Арачиново Г.М. ГФК Охрид Лихнидос во дерби натпреварот од 17 коло во Втората лига, денеска, 28 февруари од 14 часот, на СРЦ „Билјанини извори“ ја ...

Ниту по седумнаесеттото коло нема промени на лидерската позиција на табелата во Втората македонска фудбалска лига. Во дербито на колото во Охрид, лидерот одигра без победник против директниот конкурент за првото место – Шкендија Арачиново (0-0). Актерите на теренот одиграа вистинско дерби, какво што се очекуваше помеѓу екипи кои што целат кон директен пласман во елитата. Трибините на стадионот „Билјанини Извори“ беа солидно исполнети, ...

Последниот ден на февруари го облеа во сонце Охрид каде денеска се одигра дерби натпреварот од Втората лига помеѓу водечкиот Охрид и второпласираната Шкендија од Арачиново. Убавото време и важноста на натпреварот ги привлече љубителите на фудбалот на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ кој денеска беше исполнет речиси до последно место. Амбиентот го разубавија навивачите, а атмосферата дополнително ја подгреа познатиот охридски пејач Ѓоко ...