Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека не ја исклучува можноста за употреба на копнени трупи во војната со Иран, во момент кога американско-израелската воена операција влезе во трет ден, а Пентагон предупреди дека конфликтот може да донесе и нови американски жртви. Според објавата што ја пренесува CBS News, Трамп рекол дека нема однапред да ја затвори таа опција ако таков потег, според Белата куќа, стане неопходен. Во ...

Израел објави дека испратил трупи во Либан за да заземат стратешки области и да спречат напади врз пограничните израелски заедници. „Една дивизија на израелската војска ќе дејствува во јужен Либан за да се зајакне напредниот одбранбен систем и да се создаде дополнителен слој на безбедност. Истовремено, израелската авијација ја напаѓа инфраструктурата на Хезболах во областа“, кажа портпаролот на војската Надав Шошани. Израелската операција во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата телефонски разговараше со курдските лидери во Ирак за американско-израелската војна со Иран и можните понатамошни случувања, потврдија за американскиот портал „Аксиос“ три извори запознаени со повиците. Трамп контактирал со лидерите на двете главни курдски фракции во Ирак – Масуд Барзани и Бафел Талабани – еден ден откако започна бомбардирањето во саботата, објавува „Аксиос“. Курдите имаат ...

Државниот секретар Марко Рубио изјави дека најтешките удари на американската армија допрва следуваат и дека се подготвуваат и копнени трупи, иако се верува дека може да се постигне целта и без нив. Во интервју за Си-ен-ен, и претседателот Доналд Трамп рече дека американската војска го разурнува Иран, но дека најголемиот удар допрва следува. Европските земји добија предупредување од иранското Министерство за надворешни работи да не учествуваат ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека е предоцна за преговори со Иран, пренесува МИА. Одговарајќи на корисник, кој наведе дека американските напади довеле до „раѓање на доктрина на Трамп“, американскиот претседател одговори: – Нивната противвоздушна одбрана, воздухопловство, морнарица, лидери исчезнаа. Сакаат да разговараат. Им кажав: Предоцна! – објави Трамп. САД и Израел на 28 февруари ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, за време на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Овалната соба, испрати клучни пораки во врска со воената операција во Иран и нејзиното влијание врз глобалниот пазар на енергенси. Нафтениот пазар по конфликтот Иако тековните напади на САД и Израел предизвикаа потрес на берзите, Трамп уверува дека ова е само привремена состојба. Тој предвидува дека по завршувањето на ...

Поранешниот сценарист и писател на американската анимирана серија „Саут Парк“, Тоби Мортон, ја лансираше сатиричната страница „DraftBarronTrump.com“, која повикува најмладиот син на американскиот претседател Доналд Трамп, деветнаесетгодишниот Барон Трамп, да биде испратен во војната во Иран, по американско-израелските воздушни напади врз Исламската Република. Мортон, комичар познат по купувањето интернет домени и креирањето сатирични страници ...

Испраќањето американски трупи на иранска територија во моментов не е дел од планот за тековната воена операција, соопшти Белата куќа, оставајќи сепак отворена можност за други воени опции. – Тоа не е дел од планот за оваа операција во моментов, но сигурно нема превентивно да ги исклучам воените опции во име на претседателот на Соединетите Американски Држави и врховниот командант, а ниту тој би постапил така – изјави портпаролката на Белата ...