Првиот човек на македонскиот фудбал Масар Омерагиќ зборуваше отворено на повеќе теми на денешниот брифинг во организација на Фудбалската федерација на Македонија. Претседателот доби прашање за Башкими, па реши да ги расчисти сите дилеми. Омерагиќ откри дека ФФМ нема право да дејствува со исфрлање на било кој клуб од лига, сѐ додека не се добие правосилна судска одлука. „Секогаш ќе има сомнителни натпревари. Ние добиваме дописи од УЕФА, ...
Случајот за натпреварот меѓу Кожуф и Башкими, кој ја разбуди спортската јавноста поради сериозните индиции за местенка, е веќе пред почеток на судска постапка. Дури потоа, по една судска одлука, ФФМ ќе може да дејствува преку своите правилници со соодветни казни, информираше претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ на денешната средба со медиумите. „За сите сомнителни натпревари ние добиваме дописи од УЕФА, никогаш не дејствуваме ...
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, смета дека казната од 250.000 евра што УЕФА му ја изрече на ФК Вардар не е поврзана со работата на федерацијата. Тој на денешниот брифинг со новинарите истакна дека ФФМ нема никаква одговорност во случајот, нагласувајќи дека истрагата на Европската куќа на фудбалот траела повеќе месеци. Според Омерагиќ, одлуката на УЕФА е резултат на сопствена истрага и не влијае врз ...
Масар Омерагиќ како прв човек на ФФМ имаше свој брифинг со новинарите и направи една рекапитулација на тоа што се случуваше во мак-фудбалот во сезоната која неодамна заврши, но секако ги коментираше и најактуелните теми поврзани за најдобрите клубови на нашата сцена. Вардар како клуб вчера информираше дека спогодбено се договорил за УЕФА да исплати казна од 250 илјади евра поради неправилно работење и водење двојни договори во сезоната ...
Првиот човек на македонскиот фудбал, Масар Омерагиќ, денеска одржа исклучително отворен и жесток медиумски брифинг на кој без влакна на јазикот ги расчисти сите акутни дилеми и скандали кои ја тресат домашната фудбалска сцена пред почетокот на новата натпреварувачка сезона. Наместо дипломатски фрази, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија изнесе шокантни детали за меѓусебните односи со тетовска Шкендија, најавувајќи истовремено ...
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, испрати порака дека уцените и заканите нема да влијаат врз работата на Федерацијата, нагласувајќи дека учеството во натпреварувањата е доброволен избор на секој клуб. „За некој да игра во лигата на ФФМ, клубот поднесува молба, што значи дека учествува доброволно. Доброволно е и напуштањето“, порача Омерагиќ. Тој истакна дека фудбалот во Македонија постоел и ќе продолжи да ...
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, изјави дека компанијата „Еколог“ се откажала од финансиската поддршка што требало да ја обезбеди Федерацијата за трибините, поради што средствата ќе бидат пренасочени за други намени. Тој појасни дека ФФМ останала само на договор за покривање на дел од трошоците за седиштата, а на последната средба со претставници на компанијата добиле јасна порака дека дополнителната ...

