Во рамки на Самитот Европска Унија – Западен Балкан кој се одржа денес во Тиват, Црна Гора, претседателот на владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски даде изјава за медиумите во која оцени дека процесот на проширување на Европската Унија останува жив. „Ова се моменти кога практично Европската унија, односно Европскиот Совете јасно кажува дека процесот на проширување останува жив. Она што е наша задача како Влада е тој ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска во Тиват изјави дека дел и Европската унија има дел од вината за тоа што земјите од Западен Балкан не се интегрирани. – Ако веќе 13 години не сме примиле нови членки, тоа покажува дека пропустите постојат и на страната на Европската Унија. И нив денес сакаме да ги надминеме, изјави Мерц. Премиерот Христијан Мицкоски кој оствари средби и со германскиот канцелар и со францускиот претседател рече дека ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Тиват изјави дека на средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц разговарале и за француско-германскиот нон-пејпер, кој предвидува постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија пред нивното полноправно членство. Мицкоски рече дека Македонија има свои ставови и предлози во однос на документот и дека тие биле презентирани на средбата со германскиот канцелар. Тој најави дека ...
Тој документ и таа реформа овозможуваат механизам со кој што ќе имаме право на поголемо користење на одредени алатки и тоа никако не е во конфликт со проширувањето, тоа се паралелени процеси. Ова е еден процес, а проширувањето си останува друг процес, рече Мицкоски Пораките од Тиват беа силни – процесот на проширување не е завршен, порача премиерот Христијан Мицкоски по враќањето од самитот ЕУ-Западен Балкан. Нон-пејперот што го имаат ...
Македонија доби досега најсилни пораки од Тиват, она што посебно радува е што процесот на проширување постои и не е завршен, вели премиерот Христијан Мицкоски по Самитот ЕУ- Западен Балкан, каде оствари и билатерални средни со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц. Она што е добрата вест за државава и нон пејперот подготвен токму од Берлин и Париз, за кој Брисел веќе добил инструкции да го ...
Тиват, 5 јуни 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, пред почетоткот на работниот дел на самитот Европска Унија - Западен Балкан во Тиват, изјави дека на средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц разговарале и за нон пејперот на Германија и Франција, во кој се предлага постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ пред полноправното членство. - Имавме билатерална средба со канцеларот Мерц, разговаравме и на таа тема. Имаме ...
Македонската влада активно работи на надминување на застојот во евроинтегративниот процес. Самитот во Тиват и средбите на премиерот Мицкоски со францускиот претседател Макрон и германскиот канцелар Мерц, отворија можност за нов пристап кон решавањето на спорот со Бугарија и деблокирање на европскиот пат на земјата. За познавачите, средбите на премиерот со двајцата највлијателни европски лидери се значаен дипломатски успех на Владата и потврда ...
Премиерот Христијан Мицкоски оствари серија значајни билатерални средби со европските лидери во рамките на Самитот ЕУ – Западен Балкан што се одржува во Тиват. Како што информираше самиот премиер преку своите официјални објави, тој оствари разговори со германскиот канцелар Фридрих Мерц и со францускиот претседател Емануел Макрон, со фокус на европските перспективи и зајакнувањето на соработката. На средбата со германскиот канцелар Мерц, ...

