Советот за безбедност на Обединетите нации ќе одржи итен состанок во понеделник за да разговара за американската операција во Венецуела. Колумбија го побара состанокот, соопштија од ОН, со поддршка на Русија и Кина, кои се постојани членки на Советот за безбедност. Венецуелскиот диктатор бил во пижами кога командосите на Делта Форс упаднале во една од неговите наводно безбедни куќи веднаш по 2 часот наутро и ги грабнале него и неговата ...
Воената операција на САД што доведе до апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро во саботата предизвика тревога во меѓународната заедница. И сојузниците и противниците на Вашингтон и Каракас изразија загриженост поради развојот на настаните. Косово и Албанија беа меѓу ретките што ја поддржаа акцијата на САД. Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Мадуро и неговата сопруга ќе бидат испратени во Њујорк за да се соочат со ...
Израелската влада јавно застана зад потезите на Соединетите Американски Држави во Венецуела, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху на денешната владина седница ја пофали одлуката и дејствувањето на Вашингтон. Американската воена операција, спроведена вчера, резултираше со соборување од власт на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. По неговото приведување, САД најавија дека ќе ја преземат привремената управа со земјата, соопшти ...
Најмалку 40 лица, вклучувајќи цивили и војници, се убиени за време на воена операција на САД вчера ноќта насочена кон венецуелскиот претседател Николас Мадуро, според извештајот на „Њујорк тајмс“. Цитирајќи висок венецуелски функционер кој зборуваше под услов да остане анонимен, во извештајот се вели: „Најмалку 40 лица, вклучувајќи цивили и војници, беа убиени во нападот“. Претставници на властите во САД изјавија за „Њујорк тајмс“ дека ...
Кубанската влада соопшти дека 32 кубански државјани загинале во американска воена акција во Венецуела, во рамки на операција во која беше уапсен венецуелскиот претседател Николас Мадуро и префрлен во Соединетите Американски Држави, каде што треба да му се суди. Хавана информираше дека денеска и утре во Куба се прогласени денови на национална жалост, во чест на загинатите. Во официјалното соопштение не се наведуваат детални информации за ...
Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе одржи итен состанок поради ескалација на кризата во Венецуела, предизвикана од апсењето на претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга од страна на САД и серијата големи напади во Каракас. Состанокот го побара Венецуела, а барањето го поддржаа и две постојани членки на СБ – Русија и Кина. Венецуела на 3 јануари испрати писмо до СБ, во кое формално бара состанок, при тоа Каракас ги обвини ...
Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе одржи итен состанок поради ескалација на кризата во Венецуела, предизвикана од апсењето на претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга од страна на САД и серијата големи напади во Каракас. Состанокот го побара Венецуела, а барањето го поддржаа и две постојани членки на СБ – Русија и Кина. Венецуела на 3 јануари испрати писмо до СБ, во кое формално бара состанок, при тоа Каракас ги обвини ...
И сојузниците и противниците на САД го искористија денешниот вонреден состанок на Советот за безбедност на ОН за да изразат противење на американската воена операција во Венецуела во која беа заробени лидерот на земјата Николас Мадуро и неговата сопруга. Пред најмоќното тело на ОН, претставници од многу земји ја осудија интервенцијата на претседателот Доналд Трамп во јужноамериканската земја и неговите неодамнешни изјави во кои се алудира на ...
Цените на суровата нафта пораснаа на почетокот на првата работна недела во 2026 година, откако американската воена операција во Венецуела внесе нова неизвесност околу идната глобална понуда. На лондонскиот пазар цената на „брент“ се искачи на околу 61,7 долари за барел, додека американската нафта WTI се тргуваше по приближно 58,3 долари, покажуваат берзанските котации објавени попладнево. Пазарната реакција следува по викендот во кој САД ...
Само 33 проценти од Американците ги одобруваат воените удари на САД врз Венецуела, додека 72 проценти се загрижени дека земјата би можела прекумерно да се вклучи во јужноамериканската држава, покажува најнова анкета на Ројтерс/Ипсос, спроведена денеска. Според резултатите, 65 проценти од републиканците ја поддржуваат воената операција наредена од републиканскиот претседател Доналд Трамп, во споредба со само 11 проценти од демократите и 23 ...
Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум на прес-конференција во Мексико Сити ја осуди американската интервенција во Венецуела и соборувањето на претседателот Николас Мадуро, нагласувајќи го цврстиот и историски став на Мексико против мешање во внатрешните работи на други држави. „Ставот на Мексико за каква било форма на интервенција е цврст, јасен и историски“, изјави Шејнбаум. „Мексико повторно го потврдува принципот кој не е ниту нов ...
Штом се појавија првите детали за соборувањето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро во американската операција минатиот викенд, веднаш изби сензација на интернет. На првата фотографија од уапсениот венецуелски претседател, која американскиот претседател Доналд Трамп ја објави на својата социјална мрежа Truth Social, се гледа Мадуро облечен во сива спортска тренирка на компанијата „Најк“ (Nike). Поради околностите на апсењето на ...

