Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Некои проблеми во врската не се решаваат со расправии, туку со разговори што постојано се одложуваат. Едниот партнер премолчува дека му пречи распределбата на обврските, другиот не кажува дека се чувствува запоставено, а двајцата мислат дека така го избегнуваат нарушувањето на мирот. Но, проблемот не исчезнува. Со текот на времето, може да се претвори во оддалечување, ситни забелешки и чувство дека во врската нема место за она што навистина ...
Како што старееме, природно доаѓа до одредени промени во функционирањето на мозокот. Меморијата, концентрацијата и брзината на обработка на информациите можат постепено да се менуваат, но начинот на исхрана игра важна улога во одржувањето на когнитивното здравје. Одредени намирници содржат хранливи материи кои го поддржуваат функционирањето на нервниот систем, го намалуваат оксидативниот стрес и придонесуваат за здравјето на крвните садови. ...
Анастасија, мајката на пејачот Андреја Ѓорѓиевски од „ДНК“, наслика дело со техника акрил на платно, во кое ги преточи тагата и револтот по загубата на синот. Сликата, по неколку измени, вели е подготвена и наменета за претставниците на властите во Кочани. Анастасија вели дека болката по загубата на синот и незадоволството од молчењето на институциите станале дел од сликите што ги подготвува за својата претстојна изложба. Иако првично сакала ...
Сиднеј, Мелбурн, Камбера, Перт, Волонгонг…, практично Цела Австралија ќе ужива овој октомври во осумте спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда Јордан Митев. Сите што добро го познаваат темпераментот на македонскиот автор и музичар не се сомневаа во одличните концерти, но она што малкумина го претпоставуваа беше дека буквално преку ноќ, ќе снема билети… За експресно брзо време беа распродадени речиси сите концерти, пред почетокот на ...
Денес, во сабота, заедно со тим од Клиниката за ТОАРИЛУЦ заминуваме во болницата „Борка Талески“ во Прилеп, за итно оперативно лекување на пациент со повреда на ’рбетот, кај кого започнале невролошки испади на долните екстремитети. Вчера доцна навечер директорот на болницата „Борка Талески“, д-р Кире Јоноски, нè информираше за влошувањето на состојбата. Веднаш ја започнавме потребната организација за пациентот навремено да ја добие ...
Петнаесет ресторани на италијанскиот остров Сардинија ќе воведат правило со кое родителите и децата ќе треба да ги остават мобилните телефони и другите електронски уреди настрана додека јадат. Иницијативата има цел да ги поттикне семејствата повеќе да разговараат за време на оброците и да го намали прекумерното користење екрани кај децата, пишува „Гардијан“. Наместо телефони, повеќе разговори на трпезата Иницијативата е наречена „На маса без ...
Природонаучен музеј прослави 100 години постоење , работа, истражување. Во преполната сала на МНТ , гостите можеа да го видат краткиот документарен филм на Македонската телевизија во режија на Перо Попов. Документарецот е предвидено да биде емитуван на македонската телевизија. Пред емитувањето директорот на институцијата Ивица Закаров , министерот за култура и туризам кажаа дека оваа институција слави дел од мигот на природата. Тој миг е 100 ...
Јован Мазгански, автор на монографијата „Ванчо Чавдарски – скромниот музички великан“ Македонската музичка сцена добива уште едно значајно сведоштво за ликот и делото на еден од своите музички великани – Ванчо Чавдарски. Во негова чест, Националната опера и балет денеска, во 19 часот, ќе биде домаќин на промоцијата на монографијата „Ванчо Чавдарски – скромниот музички великан“, посветена на уметникот чиј творечки придонес оставил трага во ...
Овен Ноември ве повикува да ги преиспитате своите финансиски приоритети и начинот на кој ја вреднувате сопствената работа. Можно е повторно да започнете преговори за заработката, да размислите за дополнителен извор на приходи или да сфатите дека одреден деловен ангажман повеќе не одговара на вашите амбиции. Ако во претходниот период сте имале чувство дека вложувате повеќе отколку што добивате за возврат, сега е време да размислите за промени. ...
Ако сакате вашата градина или балкон напролет да бидат исполнети со расцветани лалиња, вистинското време за подготовка е токму сега. Есента е идеален период за садење на луковиците, а неколку едноставни правила можат да направат голема разлика во изгледот на цвеќињата. Според препораките на британското Кралско хортикултурно друштво, лалињата се садат во есен, додека растението мирува. Најдобро е да се почека температурата на почвата да се ...
Според астролошките прогнози, 2027 година би можела да биде година на големи пресврти и нов почеток за еден знак. Најмногу промени се очекуваат на работа и во финансиите, со можност за покачување на платата, промена на работното место или дополнителен ангажман. На емотивен план можни се подиректни и поискрени односи, нови љубовни можности и поголемо чувство на сигурност. Станува збор за Овенот, на кого наредната година би можела да му донесе ...
Овен Денес ќе имате потреба да ги завршите работите што подолго време ги одложувате. Вашата енергија ќе биде нагласена, но внимавајте да не реагирате импулсивно во разговорите со блиските. Во љубовта, можно е повторно да се појави личност од минатото или да добиете порака што ќе ве изненади. Слободните Овни би можеле да запознаат некого преку пријатели. Финансиски, избегнувајте непланирани трошоци. Бик Саботата ви носи потреба за стабилност, ...
Според традиционалниот соларен календар, на 7 ноември започнува зимата, а со неа пристигнува и природниот повик за забавување. Овој период во кинескиот хороскоп е посветен на закрепнување, собирање сила и тивка подготовка за сè што доаѓа. Еве што предвидува кинескиот хороскоп за вашиот знак за овој ноември: 🐀 Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) Ноември на Стаорците им носи можност за стабилизација, размислување и поставување ...
Македонското камерно трио „Трио ин медиас рес“ одржа концерт во катедралата „Сурп Левон“ во Кадикој, Истанбул. Концертот е дел од програмата на Македонскиот културен центар во Истанбул и се реализира во соработка со Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија. Пред истанбулската публика настапија истакнатите македонски музички уметници Сања Шуплевска Боирал на виолина, Орце Ицковски на фагот и Јанинка Невчева на пијано, кои преку камерното ...
За многу луѓе домашните миленици се рамноправни членови на семејството, но нивното присуство може да има придобивки и за здравјето. Според истражување на Американското здружение за срце, дури 95 отсто од сопствениците велат дека се потпираат на своите миленици кога сакаат да го намалат стресот. Животните можат да придонесат и за други психички и физички придобивки кои потенцијално се поврзани со подобро кардиоваскуларно здравје, пишува ...
Во секојдневието често се обидуваме да бидеме силни, да ги завршиме сите обврски, да им помогнеме на другите и да не покажеме кога ни е тешко. Понекогаш се насмевнуваме и тогаш кога сме тажни, затоа што мислиме дека мораме да изгледаме добро и силно пред другите. Но, не мора секогаш да бидеме добро за да бидеме вредни, ниту мора да ја криеме тагата за да изгледаме силни. 10 октомври е Светски ден на менталното здравје. Потсетник да ги ...
Хрватска денеска, 3 ноември, одбележува Ден на национална жалост по смртта на пејачот Мате Мишо Ковач, кој почина на 85-годишна возраст. Во знак на почит кон еден од најпознатите музичари во земјата и регионот, државните знамиња се спуштени на половина копје. Официјалната комеморација и погребот се закажани за утре, 4 ноември, во Загреб. Последното збогување со Ковач ќе се одржи денеска во Сплит, на стадионот „Пољуд“, со почеток во 16 часот. ...
Во Македонија за првпат е извршена трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром, ретка наследна генетска болест која го оштетува бубрежното ткиво и може да предизвика бубрежна слабост, соопшти Министерството за здравство. По спроведените медицински испитувања била потврдена компатибилноста меѓу мајката и детето, а лекарите утврдиле дека таа е соодветен жив дарител на бубрег. Алпортовиот синдром е ретко генетско заболување ...
Кафеава мечка позната како Бекпек со број 89, победи на годишниот натпревар „Недела на дебели мечки“ од Алјаска. Службата за национални паркови на САД го опиша неговиот триумф како „битка на големина, вештина за барање храна и стратешко одмарање“. Бекпек ја победи женката мечка позната само како број 910 во последната рунда на гласање, организирана од Националниот парк „Катмаи“ во Алјаска. Бекпек доби 103.344 гласови наспроти 98.253 на ...
Вашето куче можеби веднаш ги крева ушите кога ќе го слушне своето име или трча кон вратата штом ќе го слушне зборот „прошетка“. Но, дали неговиот мозок може да препознае каде завршува еден, а започнува друг збор кога слуша непрекинат говор без паузи? Ново истражување покажува дека кучињата поседуваат интересна способност за обработка на говорот, која досега била забележана само кај луѓето. Нивниот мозок може да ги следи повторувачките ...
Со првите потопли денови, дворовите, терасите, парковите и излетничките места повторно стануваат полни со инсекти. Меѓу најнепријатните се осите, кои особено ги привлекуваат храна, слатки пијалаци, овошје, отпадоци и отворени канти. Иако најчесто не напаѓаат без причина, осите можат да станат агресивни ако се почувствуваат загрозени или ако се приближиме до нивното гнездо. Затоа најважно е да не се паничи, да не се мафта со раце и да не се ...
Берењето печурки за многумина е убава навика, прошетка во природа и начин да се донесе нешто вкусно на домашната трпеза. Но зад оваа традиција се крие и сериозна опасност: не секоја печурка што изгледа убаво, мириса пријатно или личи на позната јадлива печурка е безбедна за јадење. Кај печурките нема место за погодување. Една погрешна проценка може да предизвика тешко труење, оштетување на органи, па дури и животозагрозувачка состојба. Затоа ...
Стотици јазовичари прошетаа по прочуената париска авенија Шанзелизе, каде што се одржа „Прошетката на колбасчињата“ (Sausage Walk) – необичен настан што ги собра сопствениците и љубителите на раса на кучиња јазовичар од различни делови на Европа. Кучињата привлекоа големо внимание со своите шарени костими додека заедно со сопствениците се движеа по познатата авенија, недалеку од Триумфалната капија, пренесеува „Ен-би-си њуз“. Меѓу учесниците ...
Со топлото време почнува сезоната на отворени прозорци, прошетки, излети, дворови, тераси и престој во природа. Но заедно со летото се појавуваат и малите опасности што често ги потценуваме: комарци, оси и крлежи. На прв поглед изгледаат како обична летна непријатност. Комарецот каснува и чеша, осата знае да расипе ручек на тераса, а крлежот често останува незабележан. Но токму затоа што се „мали“, луѓето често не им обрнуваат доволно ...
Општината Халфинг, во германскиот округ Розенхајм во Баварија, ја презела сметката од повеќе од 10.000 евра за лекувањето на мачорот Муки, откако бил спасен од опасната стапица во која се нашол и бил пренесен во ветеринарна клиника, објави германскиот јавен сервис „Бајеришер рундфунк“ (Bayerischer Rundfunk). Мачорот со часови висел заглавен Муки бил пронајден како со часови виси заглавен во прозорец што бил оставен подотворен. Животното било ...
Со минијатурни заштитни очила, елек направен по мерка, па дури и мала камера поставена на главата, чивавата Командо стана најмалиот член на Националната гарда на Мексико, пишува „Ројтерс“. Иако по големината воопшто не наликува на кучињата што вообичаено ги гледаме во полициските и безбедносните единици, Командо минува низ сериозна обука. Неговата улога не е само да им помогне на униформираните припадници полесно да воспостават контакт со ...
Од печат излегува новиот роман „Што барам во оваа недојдија“ на Игор Анѓелков, како 252. издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-или“. Прашално поднасловено „што е тоа што ми влезе под кожата“, делото го провоцира читателот, додека е нурнат внатре, во неговата структура и приказна, да се почувствува како да држи искршено стакло во рацете, кое остава крвави траги што нема да го остават на мира со денови. – Постојат патувања што ...
Во Париз се одржа необична церемонија на која учесниците си ветуваа вечна љубов без да стапат во брак. Меѓу нив имаше парови, пријатели, но и една жена која за свој вечен сопатник го избра своето куче Попи, пренесе „Ројтерс“. Настанот се одржа во неделата, во историскиот кварт Монмартр, како дел од традиционалниот фестивал на бербата на грозјето. Десетици учесници се облекоа свечено, а некои ја украсиле косата со цвеќиња, подготвувајќи се за ...
Мачорот Лари, познат како главниот ловец на глувци во британската влада, се врати во „Даунинг стрит“ по операција и успешно закрепнува. Деветнаесетгодишниот мачор се чувствува многу подобро по отстранувањето на бенигна циста, иако сè уште има голема лузна и избричен дел од крзното, пренесува „Телеграф“. Од неговото враќање дома, Лари постепено им се враќа на секојдневните активности во седиштето на британската влада, на адресата „Даунинг ...
Сопствениците кои поминуваат повеќе време во близина на своите мачки имаат подобро расположение и повеќе енергија, а нивото на окситоцин, хормон поврзан со приврзаноста, кај мачките и нивните сопственици се движи во иста насока. Ова го покажало истражувањето на научници од јапонските универзитети во Кјото и Азабу, објавено овој месец во списанието „Ај Саенс“. Сензори на околувратникот Истражувачите во текот на еден месец следеле 19 ...