Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Љубовната приказна на Јоце Панов и Марина: „Ја забележав на мој настап, ме освои со скромноста и ненаметливоста“ „Долги години сме заедно, малтене од деца. Марина ме познава многу добро и точно знае кога треба да се повлече, да ме разбере кога сум изморен, под стрес. Има трпение, а нејзината смиреност навистина ми помага да се вратам со двете нозе на земја“, вели со многу љубов за сопругата Јоце Панов во интервју за CRNOBELO.com. Пејачот ...
Скопје, 14 септември 2025 (МИА) Елизабета ВЕЉАНОВСКА НАЈДЕСКА Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје годинава одбележува 60 години од постоењето. Директорката на Институтот проф. д-р Бојана Наумовска во интервју за МИА зборува за развојот на оваа институција посочувајќи дека во минатото многу често за потребите на централната и локалната власт во ИССПИ биле ...
Најубавите звуци кои допираат до нашата душа, кои ни измамуваат солзи, морници низ телото,се звуците на нашата македонска музика. Позната по нестандардните, асиметрични ритмови, како што се: 7/8, 9/8, … тактови кои и даваат посебен, непредвидлив и возбудлив карактер. -Македонската традиционална музика претставува богат и разновиден дел од културното наследство на Македонија, која треба да ја негуваме. Денес таа е онаа која треба да не спои ...
Седум години по ред, Битола не е само град, таа е сцена. „Трчај бе“ одамна ја надмина рамката на класична трка: од Форест Гамп на Широк Сокак, преку битолцизмите и Римскиот Давид, па сè до минатогодишниот слоган „Филм ми е да трчам“. Секое издание е ново поглавје, нов жанр, нов начин да се раскаже истата приказна – дека трчањето може да биде културен феномен. Оваа година, под мотото „Битолси“, трката носи омаж на градот и неговите херои, ...
На 12 септември во Битола на мал круг гости им беше претставен Mayfair Lounge Bar & Shisha – нов урбан концепт кој сѐ уште е во завршни подготовки. Ова претставување беше т.н. soft opening, а пошироката јавност наскоро ќе биде известена за големото отворање. Зад овој проект стои Алберт Ќеримов, кој по долгогодишно искуство на интернационалната угостителска сцена, меѓу кои и како генерален менаџер во ресторанот на Гордон Ремзи во Куала ...
Дигиталната трансформација во Македонија одамна се чини дека е една долга битка меѓу преголемиот бирократски застој и потенцијалот на земјата за ваков подвиг. Со формирањето на Министерството за дигитална трансформација, минатата година Македонија доби еден центар кој треба да ги поврзе деловите од дигиталната инфраструктура и ИТ политиките кои со децении се фрагментирани. Во интервју за ИТ.мк, министерот Стефан Андоновски зборува за тоа ќе ...
Фудбалерот Бојан Миовски за татковството: „Присуствував на раѓањето на синот, ја пресеков папочната врвца“ „Не бев спремен да ја пресечам папочната врвца, но жената што ја породуваше Сара ме викна и ме даде ножица во рацете - дефинитивно вредеше“, вели фудбалскиот репрезентативец Бојан Миовски за CRNOBELO.com, кој на 28 февруари стана татко на Матео. Фудбалерот Бојан Миовски (26), кој веќе неколку години е дел од македонската ...
Интервјуа МЕГА ИНТЕРВЈУ | Филип Силјановски: Конференцијата Инграм и вендорс нетворкинг#4 (Ingram & Vendors Networking#4) е темел за иднината на ВИ и на сајбер безбедноста во регионот Економија и бизнис | печатено издание | 01 септември 2025г. Филип Силјановски, генерален директор на „Инграм Микро“ за Македонија, Албанија и Косово, во пресрет на четвртото издание на Инграм и вендорс нетворкинг (Ingram & Vendors Networking) зборува за ...
Цените на становите во најатрактивните општини вртоглаво растат, а речиси половина од купопродажбите се во готовина, откри неодамна гувернерот Трајко Славески – што отвори сомнежи дека недвижностите сè почесто се купуваат како инвестиција, а не за домување, што ја крева цената. Во исто време, Агенцијата за катастар, со години, не го објавува регистарот на цени за купување и наем, иако тоа е законска обврска. Тој треба да биде алатка со која ...
Филип Митовски (26) е козар и земјоделец: „Имам 150 кози, станувам во 6 часот наутро за да ги измолзам“ „Еден типичен ден како козар на нашиот имот во селото Дурачка Река ми изгледа вака: Се будам во 06.00 часот и се молзат козите, им се става крма за јадење и после се тераат на напасување до вечерта, па повторно молзење“, вели Филип Митовски (26) од кривопаланечко за CRNOBELO.com. Филип Митовски (26) од селото Дурачка Река, кај Крива ...
Постојат повеќе од две децении, опстојувајќи на пазарот без политички спонзори и без поддршка од големите глобални платформи. Неодамна Мотика ја започнува својата најнова битка против гиганти како Instagram и TikTok. Нивната визија е да го промени начинот на кој ги користиме социјалните мрежи. Давор Илиев еден од креаторите на Motika.io, ни откри како „Мотика“ ќе копа криптовалути, ќе им плаќа на корисниците за нивното време и ќе се бори ...
Максим Алексов (10) е талентиран фудбалер - игра во Данска, а сонува да биде дел од нашата репрезентација „Омилено ми е да шутирам слободни, сакам да асистирам, а највеќе мразам кога другите се себични и не ми додаваат. Знам ако изгубам и да плачам од што сум тажен и лут, но го прифаќам поразот и подавам рака на противникот“, вели Максим кој е роден во Скопје, живее и тренира фудбал во Данска. Максим Алексов (10) е момче со голем талент ...
Анастасија Стојановска од Битола е млада и талентирана make up артистка која посветено работи на откривање на нови методи и техники за шминкање. Таа е амбициозна личност која учи да шминка и ужива во истото. Анастасија исто така е и ученик во СОУ „Таки Даскало“ во Битола на смерот Техничар за козметичка нега и убавина. За трансформациите и желбите за успех, идните планови и интереси таа ни откри токму во ова интервју. Читај бе: Анастасија, ...
На 16 септември, во Сули ан, со почеток во 19.30 часот, ќе се одржи по осми пат манифестацијата „Љубов за сите“. Веќе три години по заминувањето на ликовната уметница Андријана Мациев, овој настан, кој го иницира и организира нејзината мајка, Јулија Мациевска – позната уметница, водителка и авторка – продолжува да живее како симбол на духовност, љубов и заедништво. Преку него се обединуваат уметници, пријатели и сите кои веруваат во моќта на ...
Не мислам дека е добро било кој именуван функционер да ја игнорира волјата на граѓаните изразена преку нивните претставници во Законодавниот дом. Наш приоритет е враќањето на довербата во правосудниот систем и зачувување на неговата независност и интегритет. Ова го изјави министерот за правда, Игор Филков во интервју за „Press24“. Прашан за оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, ...
FEMS (Федерација на европски микробиолошки друштва- ФЕМС) Федерацијата која е основана во 1974 година ја сочинуваат повеќе од 55 друштва и претставува мрежа од околу 30.000 микробиолози. Здружението на микробиолози на Македонија е член на ФЕМС повеќе од 30 години. ФЕМС инвестира во науката која ја поддржува микробиологијата и микробиолозите во Европа и низ светот, поврзувајќи луѓе и споделувајќи знаење преку: Грантови (за организирање на ...
Тони Наумовски го живее американскиот сон: „Роден сум во Сиднеј, но живеам на Менхетен - одиграв над 200 филмски и театарски улоги“ „Сум глумел во Madam Secretary, Daredevil, Blindspot и секоја добиена улога е процес на кастинг од неколку кругови, без разлика дали станува збор за 3, 300 или 3000 зборови. А вкупниот број на актери во САД се движи блиску 1,5 милиони“, вели Тони Наумовски, кој 20 години работи во САД, но активно снима и во ...
Женското здравје отсекогаш било тема која бара внимание, отвореност и едукација. Во време кога технологијата овозможува сè посовремени методи на дијагностика и третман, сепак, превенцијата останува најмоќното оружје против сериозните заболувања. Со оваа мисија, д-р Афродита Стомнароска-Јованоски, гинеколог-акушер, секојдневно им помага на жените не само во лекувањето, туку и во подигањето на свеста за редовни гинеколошки прегледи и навремена ...
Љубовната приказна на Виктор Апостоловски и Милена: „Се запознавме во маркет, ми била фан како дете и имала мој постер“ „Милена не очекуваше да ја запросам во Истанбул. Познавајќи ме мене и мојата лабава природа, никој не очекуваше. Сите мислеа дека сме таму за да си пресадам коса, ха, ха“, вели Виктор Апостоловски и за CRNOBELO.com, ја раскажа љубовната приказна со сопругата. Музичарот Виктор Апостоловски и неговата сопруга Милена, која ...
Андреј Ацевски е млад и амбициозен софтверски инженер чија приказна е инспирација за сите кои сакаат да го следат својот пат. Започнал со средно медицинско образование, но набрзо се префрлил во светот на програмирањето со една цел: да создава решенија што ќе го направат животот на другите полесен. Неговата упорност и амбиција кулминираа со создавањето на Kaneo, платформа за проектен менаџмент која се одликува со својата едноставност и ...
Ричард (22) од Лондон се пресели во Македонија: „14 пати доаѓав тука, пред да одлучам да живеам во вашата фантастична земја“ „Официјално се преселив во Македонија во јуни оваа година. Првпат дојдов во 2020 година за време на Ковид и веднаш забележав дека ова е фантастична земја. За учењето македонски јазик имам мала предност. На факултет студирав руски, унгарски и украински, па веќе можам да читам сè и разбирам ги повеќето разговори“, вели ...
Методија Мирчев Главен извршен директор на А1 Македонија Капитал: А1 Македонија ја држи лидерската позиција на македонскиот телекомуникациски пазар, особено во мобилниот сегмент. Како успевате да го задржите тоа лидерство на пазар кој е екстремно динамичен, технолошки интензивен и со бројни предизвици? Мирчев: Лидерството во телекомуникациската индустрија е динамичен процес и постојана заложба да се биде чекор пред времето, технологијата, и ...
Жанета Манчева (21): „Дојдов на сезонска работа во Хрватска, но останав цела година, локалците нè ценат“ „Имав во план да дојдам во Хрватска за само сезонски да работам и да се вратам, но ми се допадна овде и останав. Во Хрватска сум веќе година и 2 месеци“, вели Жанета Манчева (21) која работи во ресторан во Опатија, каде газдата е Македонец, а работат и уште 6 други Македонци. Жанета Манчева (21) по образование е техничар за дизајн на ...
Ердован и Емине од прилепско се занимаваат со земјоделие: „Во лето стануваме и во 1 по полноќ за берење, работата не е лесна“ „Најголем предизвик е тоа што ги вложуваш парите и не знаеш колку ќе заработиш. Како ќе се погоди годината, така ќе поминеш. Одгледуваме пченица, сончоглед, бостан тутун и пипер“, открива Ердован Исламоски од прилепското село Канатларци, кој со сопругата се занимава со земјоделие. Ердован Исламоски (30) и неговата ...
Денешниот први септември е втор за Весна Јаневска како министерка за образование. Минатата година, кога за првпат го дочекa првиот училиштен ден како министерка, имаше изговор за хаосот со кој се соочува македонското образование. Беше само три месеци на функцијата, па за недостигот од учебници, вината можеше да ја префрли кај претходната влада. Сега, со повеќе од една година помината на министерската позиција, вели дека „проблемите не се ...
Интервјуа ИНТЕРВЈУ | Герасим Ванчев: Jа интегрираме вештачката интелигенција (AI) во нашeтo продуктно портфолио Економија и бизнис | печатено издание | 15 август 2025г. Семос е изграден и е препознаен бренд во ИТ-бизнисот не само во земјава туку и регионално. Со 40-годишно искуство тоа е и една од компаниите со најдолга традиција во овој бизнис. Кога ќе погледнете наназад низ времето, кои биле најголемите предизвици со кои се соочила и ...
М-р Билјана Челик е посебен феномен од жена, една од оние сосема најретките кои уште штом ги видите безрезервно им верувате и знаете дека сте во право. Таа е жена, да повториме, феномен/феноменална, чиј поглед, говор, начин на стискање на рака, сосема го доловува нејзиното презиме, добиено од сопругот. Жена со која, некако чудно но, не сакате лесни работи, а за тешките верувате дека ќе ги оствари со голема леснотија. Не затоа што така може, ...
12.01.2025 Музичката јавност овие денови беше почестена со композиција од која блика голема убавина, насловена “Прошетка”, а во изведба на маестро Марјан Јанкоски и “Портал”. “Прошетка” , како што ни открива авторот, е создадена во неговото родно Вевчани. – Да, токму така. Песната е создадена во пролетта минатата година, каде јас во ова место, кое е сместено под пазувите на планината Јабланица, одам со своето најблиско семејство во својот ...
4.02.2025 Единствена и уникатна Дама во македонската поезија по неколку нешта, која со нејзиното творештво и концепт на работа остава златна трага во времето, со сѐ што прави за себе и за современата македонска литература. Особено најмногу со вреднувањето на творците кои неуморно творат, а ги оценува со вредноста која се мери со срце и искреност. Поезија и проза се нејзин фах, во нив е на врвот, а на врвот е и со организирање на рекорден број ...
10.02.2025 “Естрадата бара слобода на духот” ќе рече Блаж Маротов, како основа на неговото естрадно постоење, во авторството пред сѐ, а таа слобода веќе четири децении тој успешно ја трансформира на разни креативни начини. Неговата најнова песна “Доказ” промовирана пред извесно време со спот, е сѐ уште актуелна тема на македонската поп музичка сцена, воедно и во медиумите, и е уште едно парче од мозаикот наречен “слобода на духот”, слобода да ...