Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
„Стелантис“ (Stellantis NV) планира да започне со производство на автомобили во Кина под брендот „Пежо“ (Peugeot) со „Донгфенг Мотор“ (Dongfeng Motor Corp.), оживувајќи го партнерството кое се соочи со проблеми во изминатите години, бидејќи производителот на автомобили со седиште во Амстердам продолжува со длабока реконструкција на работењето. „Пежо“ претставува два нови концепт автомобили на саемот за автомобили во Пекинг пред новата ...
На 22.04.2026, во Лабораториум во Скопје, се одржа првиот настан на Cyborg Code Syndicate со наслов Engineering the AI-Driven Future. Станува збор за нова инженерска заедница фокусирана на вештачка интелигенција, софтверско инженерство и open-source иновации, составена од ИТ експерти и AI ентузијасти од различни компании и земји. На настанот присуствуваа околу 100 искусни професионалци од ИТ секторот, меѓу кои архитекти, tech leads, AI ...
Производителите прават напори цената на лебот да остане иста. Договорот кој го постигнаа владините претставници со мелничко пекарската индустрија – да нема поскапување на лебот и белите пецива, истекува наредната недела. Тогаш ќе има нова средба, на кој ќе се одлучува за евентуална корекција. - Врз основа на анализите и цените на берза од минатата недела, нема да има корекција на цената на лебот. Но ќе имаме состанок на 30 април, кога ...
Новиот лек за слабеење на американскиот производител „Ели Лили“ (Eli Lilly & Co.), „Фаундајо“ (Foundayo), почна млако со продажбите, според најновите податоци за издадени рецепти во САД, што упатува на тешкотиите што ќе ги има компанијата обидувајќи се да го стигне конкурентот „Ново Нордиск“ (Novo Nordisk A/S) со седиште во Данска. За „Фаундајо“ се издадени 3.707 рецепти во втората недела од неговото лансирање, според податоците на ...
Со исклучување на печката и со сирената за евакуација на работниците, симболично заврши производството на челик во босанско-херцеговската компанија „Нова Жељезара“ од Зеница која работеше повеќе од 130 години. Стотици работници се испратени дома на принуден годишен одмор, додека речиси 2.000 вработени ќе се најдат во неизвесност и страв од губење на работните места. Падот на компанијата сега се заканува и со верижна реакција што би можела да ...
Поддршката на компаниите во воведување на одржливи и енергетски ефикасни практики е фокус на проектот „Забрзување на зелената транзиција за одржлив раст на ММСП“ кој го спроведува Импакт Вајс Солушнс. Тој се спроведува во рамки на проектот „Енергетска ефикасност во градежништво и реновирање“ како дел од програмата RECONOMY – регионална програма за инклузивен и зелен економски развој, финансирана од Swedish International Development ...
Според остварените финансиски резултати на почетокот на годината, 2026 нема да биде одлична година за словенечките банки. Во првите два месеци од годината, банките во Словенија остварија само 94 милиони евра добивка пред оданочување, што е речиси 30 проценти помалку отколку во истиот период минатата година, објави Банката на Словенија. По оданочувањето, добивката на банките изнесуваше 80 милиони евра, што е приближно 32 проценти помалку ...
Унапредување на соработката во гасниот сектор меѓу Македонија и Грција и искористување на потенцијалите што ги нуди грчката инфраструктура, особено во контекст на LNG терминалите и интерконекцијата со Македонија била тема на еден од разговорите што министерката за енергетика Сања Божиновска ги имала маргините на Делфи економскиот форум што се одржува во Грција. Божиновска, како што е соопштено, на средбата со Maria Sferruzza, извршна ...
Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 24 април 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 98,21 евра/mwh, додека на MEMO цената е 65,19 евра/mwh, соопшти Инфо Поинт на Energy Delivery Solutions (EDS). Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 17,05 евра за мегават час, а на MEMO 0,38 ...
Во својата 25-годишна кариера, Георгиева-Јовевска извршува клучни позиции во Стопанската комора и тоа најпрво како генерален секретар односно извршен директор на Комората па потоа и како потпретседател и советник на претседателот на Комората. Преку нејзините управувачки и лидерски вештини таа успешно води бројни иницијативи и проекти на Комората со што помага во засилување на позициите на македонските компании и го зајакнува коморското ...
Членот на Управниот одбор на УНИ Банка АД Скопје, Орлин Георгиев Ваташки, купи акции на Банката, информираа од таму преку Македонската берза. Тој купил 85 акции и сега поседува 0,0156% од вкупниот број на акции на Банката. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Колку пари зел менаџментот на УНИ Банка лани УНИ Банка ќе дели дивиденда од 387 денари бруто Членот на Управниот одбор на УНИ Банка АД Скопје, Орлин Георгиев Ваташки, купи акции на Банката, информираа од ...
Алта банка АД Белград, Србија, сопственикот на Алта банка АД Битола, купи нови акции на Алта банка Битола. Како што информираа од таму преку Македонската берза, српската банка се стекнала со дополнителни 6 обични акции. Сега поседува вкупно 372.043 обични акции или 95,1573% од вкупниот број на обични акции издадени од Алта банка Битола. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сопственикот на Алта банка Битола ги купува Идеа маркети и уште четири фирми Српска Алта ...
Фустеларко Борец АД Битола во годишниот извештај за работењето за минатата година, објавен преку Македонската берза, меѓу друго ги објави и платите на членовите на Одборот на директори (ОД). Треба да се каже дека друштвата кои котираат на Берзата, но и генерално во Македонија кои објавуваат ваков податок се многу ретки, што укажува дека македонските фирми се уште треба да учат многу што е транспаретност. Љубе Петковски, кој е генерален ...
Кроација осигурување ја проширува својата мрежа на присуство во земјава со отворање нова филијала во Дебар, со што дополнително се доближува до своите клиенти. Од компанијата информираат дека со повеќе од 20 филијали низ државата, остануваат посветени на обезбедување сигурни, достапни и квалитетни услуги за осигурување. Новата филијала се наоѓа на улицата „8-ми Септември“, бр. 1/4-3 во Дебар, а на располагање на клиентите е и телефонскиот ...
Македонски Телеком предложи исплата на повисока дивиденда за 2025 година, во износ од 28,9 денари по акција, што претставува зголемување во однос на минатогодишните 27,6 денари по акција. Според предлогот, компанијата планира да распредели вкупно околу 2,5 милијарди денари за дивиденда, информираше друштвото преку објава на берза. За оваа одлука ќе одлучуваат акционерите на редовното собрание закажано за 27 мај. Од компанијата наведуваат ...
Профитот на „Wells Fargo“ се зголеми во првиот квартал, потпомогнат од повисоките приходи од камати и фактот дека инвеститорите на банката ги искористија пазарните флуктуации. Отстранувањето на седумгодишното ограничување за средствата на „Wells Fargo“ од 1,95 трилиони долари минатата година ѝ овозможи на банката да го прошири својот биланс на состојба и да продолжи со посилен раст во сите свои основни дејности. Компанијата се потпира на ...
Просечната нето-плата во Македонија во февруари достигна 46.159 денари, што претставува раст од 7,2% на годишно ниво. Сепак, зад овој просек се кријат значителни разлики меѓу секторите – додека некои бележат силен раст, други се соочуваат со пад. Според податоците на Државен завод за статистика, просечната бруто-плата во февруари 2026 година изнесувала 69.371 денар, што е зголемување од 7,3% во споредба со истиот период лани. Најголем раст е ...
„Мета Платформс Инк.“ планира да отпушти 10 проценти од вработените, или приближно 8.000 работници, во обид да ја зголеми ефикасноста и да ги компензира своите големи трошоци за вештачка интелигенција. Компанијата го откри овој потег во меморандум испратен до вработените во четвртокот, велејќи дека отпуштањата ќе се случат на 20 мај. „Мета“, исто така, нема да вработува работници за 6.000 отворени работни места што планирала да ги пополни. ...
„Мајкрософт Корп“ нуди доброволно пензионирање на илјадници свои вработени во САД. Околу 7 проценти од работната сила во САД ќе има право на испратнини, според лице запознаено со планирањето. „Мајкрософт“ никогаш претходно не направил откупи од ваков обем, рече лицето. Прочитај повеќе „Антропик“ го престигна „Опен еј-ај“: нова мапа на моќ во индустријата за вештачка интелигенција „Антропик“ за првпат го престигна „Опен еј-ај“ по приходи, со ...
Акционерите на „Ворнер Брос“ (Warner Bros. Discovery Inc) гласаа со огромно мнозинство за одобрување на спојувањето со „Парамаунт Скајденс“ (Paramount Skydance Corp), и покрај широкото противење на договорот во Холивуд. „Парамаунт“ се согласи да ја купи „Ворнер Брос“ за 110 милијарди долари во февруари, победувајќи го „Нетфликс“ по неколкумесечна војна за наддавање. Акционерите треба да добијат 31 долар во готово за секоја акција од ...
Значаен исчекор во насока на унапредување на правата и положбата на вработените, како и зајакнување на институционалниот интегритет, беше направен денеска во Центарот за управување со кризи. Директорот Мухамед Али потпиша колективен договор со синдикалните организации, со што вработените се поставуваат во центарот на вниманието како клучен столб на функционирањето на институцијата – соопштија попладнево од ЦУК. – Со овој договор се ...
„Нестле“ (Nestlé SA) покажа отпорен раст на продажбата во првиот квартал, помагајќи му на швајцарскиот производител на храна да го ограничи ударот од најголемото повлекување производи во својата историја. Производителот на капсулите „Неспресо“ (Nespresso) и чоколадите „Кит Кат“ (KitKat) соопшти дека органските приходи пораснале за 3,5 отсто, предводени од силните резултати кај кафето и грицките. Тоа ги надмина проценките на аналитичарите и ...
Компанијата „Супертрејд“ Скопје, како официјален носител на лиценца на брендот Gulf за Република Северна Македонија, ја информира јавноста дека бензинот и дизелот на бензинските пумпи под брендот Gulf се продаваат по намалени цени, кои се во примена од вторник, 21.04.2026 година. Од полноќ, дополнително е намалена и цената на плинот за 5 денари. Актуелните малопродажни цени изнесуваат: – Бензин: 78,5 ден./л. – Дизел: 91,0 ден./л. – Гас: 52,0 ...
Подготвена е методологијата на пресметка на просечната потрошувачка кошница и според пресметките, таа покажува дека секој месец таа е пониска за 13% од онаа на синдикалната кошничка, но не ја објавуваме бидејќи немаме навремени официјални податоци од Државниот завод за статистика, изјави денеска министерот за економија Бесар Дурмиши по седницата на Економско-социјалниот совет. Тој рече дека за март просечната потрошувачка според ...
Google ја воведува функцијата „Verified Email“ на Android, која овозможува најавување без OTP кодови, со побрз и побезбеден процес на регистрација. Google ги укинува кодовите за потврда на идентитет на корисниците: Android добива инстант најава во апликации Google воведува значајна промена во начинот на кој се најавувате во апликации на Android платформата. Новата функција „Verified Email“ им овозможува на корисниците да го прескокнат ...
Економско-социјалниот совет го издигнуваме на повисоко, стратешко ниво, по примерот на европските практики, каде социјалниот дијалог е суштински дел од носењето на политиките, изјави денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. На денешната едница на ЕСС, информира, се отворени важни прашања што директно ги засегаат работниците, работодавачите и граѓаните, при што фокусот е ставен на конкретни мерки и законски решенија. Министерот ...
Хрватската влада денеска ги испрати измените на Законот за странци на конечно читање во Парламентот, кои, како што истакна премиерот Андреј Пленковиќ, претставуваат чекор напред во системот за вработување, задоволување на потребите на пазарот на трудот и почитување на сите безбедносни аспекти. Една од измените на законот е воведувањето долгорочна виза со важност од една година за професионалните возачи на камиони и на автобуси кои се ...
„Тесла“ (Tesla Inc.) очекува дополнителни трошоци од неколку милијарди долари оваа година за да ги поддржи амбициите на Илон Маск за трансформација на компанијата од производител на електрични возила во компанија за вештачка интелигенција (ВИ) и роботика. Капиталните инвестиции оваа година ќе надминат 25 милијарди долари, соопшти компанијата во средата, што е околу три пати повеќе од минатата година. Планираните вложувања се зголемени во ...
Вториот дел од изградбата на автопатот Скопје – Блаце ќе почне да се гради многу брзо бидејќи се врши еваулација на понудите на тендерот, изјави министерот за транспорт и врски Александар Николоски. Тој појасни дека тендерот го објави и ги евалуира понудите Европската банка за обнова и развој и од неа зависи кога ќе почне изградбата. -Имаме 11 понуди за Скопје – Блаце од реномирани компании. Евалуацијата ја право Европската банка за обнова и ...
Компанијата „Смарт“ со концептниот модел под ознаката „#2“ откри како ќе изгледа наследникот на популарниот електричен двосед „EQ Fortwo“, чија производна верзија ќе биде претставена во септември. Брендот, кој од 2019 година е во поделена сопственост со германскиот „Мерцедес“ и кинеската компанија Гили“ (Geely), најави дека новиот најмал модел ќе ја користи новата ознака #2. Според новата филозофија на компанијата, сите модели сега се ...