Во првите три месеци од годинава Tриглав Осигурување АД Скопје оствари нето добивка од работењето во износ од 47,4 милиони денари, што е за 74% повеќе од минатата година, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Нето приходите од премија за 2026 година изнесуваат 319 милиони денари, што претставува зголемување во однос на 2025 година за 6%, односно за 19 милиони денари. Гледано аналитички, причините за растот се: растот на бруто премијата ...

Во годишниот извештај за работењето за минатата година, објавен преку Македонската берза, НЛБ Банка АД Скопје, меѓу друго ги објави и годишните платите и другите надоместоци на членовите на Управниот одбор (УО). Мора да се напомене дека ваков тип на информација објавуваат многу малку друштва кои котираат на Берзата, но и генерално во Македонија. Објавувањето на овој податок покажува колку сериозно Банката ја сфаќа транспаретноста. Тони ...

Унипласт го промовираше новиот чамец Stia 580, дел од брендот на компанијата – УниМар. Во наутичката индустрија оваа компанија работи од 2003 година. Произведува чамци за европските пазари, меѓу кои Холандија и Италија. По повеќе од две децении искуство и развој, компанијата направи значаен исчекор – основаше сопствен бренд и отвори специјализиран производствен погон, посветен исклучиво на пловни објекти. Моделот Stia 580 е чамец кој е ...

Советот за безбедност и здравје при работа денеска во Скопје организира настан по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, поддржан од проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“. Целта на проектот е намалување на повредите и заболувањата на работните места преку зајакнување на законската и регулаторната рамка, модернизација на трудовата инспекција, воспоставување национален информациски систем за ...

„Мајкрософт“ (Microsoft Corp.) и „Опен еј-ај“ (OpenAI) се согласија да престане ексклузивното право на софтверскиот гигант да ги продава моделите на вештачка интелигенција на стартапот на Сем Алтман, отворајќи ја вратата за креаторот на „Чет ГПТ“ (ChatGPT) да склучува договори со конкурентите во областа на „компјутерските услуги во облак (cloud computing)“ како што е „Амазон“ (Amazon.com Inc.) Во замена за прекинување на таа ексклузивност - ...

Екипата „CodeLeap“ триумфираше на локалниот натпревар од 11-тото издание на CASSINI Hackathon: Space for Water, кое се одвиваше помеѓу 24-ти и 26-ти април во Скопје. Со својот проект RedMetrics, тимот разви систем за откривање и известување за токсични цветања на алги (познати како „црвени плими“) што користи машинско учење. Решението е наменето за примена во здравствениот и осигурителниот сектор. RedMetrics ги поврзува сателитските податоци ...

Бизнисот очекува продлабочување на кризата и ако има потреба, од Владата ќе побара таргетирани мерки. Како што рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, засега ситуацијата е под контрола. -Очекуваме продлабочување на кризата со оглед на информациите што ги слушаме секојдневно и кои можат да ја докомплицираат ситуацијата. Но, мислам дека имаме капацитет засега, заедно со Владата, да ја контролираме состојбата извесен ...

Пушењето кај жените често е поврзано со емоционални навики, што го прави процесот на откажување значително потежок. Истражување на Универзитетот Јеил покажува дека кај жените одлуката да запалат цигара често е под силно влијание на стресот, расположението и секојдневните емоционални предизвици. Поради тоа, се поголемо внимание се посветува на алтернативни никотински производи како никотинските ќесички, кои во некои земји се препознаени како ...

Европскиот парламент усвои нови правила за пакет аранжмани кои носат поголема заштита за патниците, појасни рокови за враќање на средства и построги обврски за туристичките агенции. Новите правила, усвоени од Европскиот парламент, попрецизно дефинираат што се смета за пакет аранжман, воведуваат појасни правила за ваучери и ги прошируваат правата на патниците кога станува збор за откажување на патување. Една од клучните иновации се однесува ...

Триглав пензиско друштво АД Скопје успешно ја реализираше петтата емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда, со која се изврши зголемување на основната главнина на Друштвото. Емисијата, одобрена од Комисијата за хартии од вредност, опфати издавање на 20.000 обични акции со номинална вредност од 50 евра по акција во денарска противвредност по средниот курс на Народната банка, односно вкупна вредност од 1 милион евра. По ...

Акционерското друштво за производство на електрична енергија во државна сопственост Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) Скопје склучи договор за ремонтни активности во ТЕ за 2025 година – Услуга за специјализирана работна рака (РЕК Битола), со друштвото за изградба, производство на опрема и монтажа на енергетски и индустриски објекти Монтинг енергетика ДОО Скопје. Договорот е во вредност од 41.423.192 денари или 673.548 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ...

Во годишниот извештај за работењето минатата година објавен преку Македонската берза, Фершпед АД Скопје меѓу друго соопшти дека вкупно на сите вработени, вклучувајќи ги и членовите на Одборот на директори (ОД), вработени во Друштвото во текот на 2025 година, на бруто основа биле вкалкулирани 234.889 илјади денари за плати, регрес, награди, како и за други надоместоци од работен однос пропишани со закон. -Во извештајната 2025 година беа ...

Државното акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за републиката, Скопје, склучи договор за градежни работи за изведба на објект – дел од ДУП 8 урбана заедница Блок 8.2 во Охрид, со друштвото за производство, градежништво, трговија и услуги Нет инвест гроуп ДОО експорт-импорт од селото Слатно, Општина Теарце. Договорот е во вредност од 264.105.891 денар или 4.294.405 евра. Државното ...

„Гугл“ (Google) ќе инвестира 10 милијарди долари во „Антропик“ (Anthropic PBC), со можни дополнителни 30 милијарди долари подоцна, зајакнувајќи го односот меѓу двете компании кои истовремено се партнери и ривали во трката за развој на вештачка интелигенција. „Антропик“ соопшти дека „Гугл“ сега се обврзува на готовинска инвестиција од 10 милијарди долари при проценета вредност од 350 милијарди долари, исто како и вреднувањето во рундата на ...

Германската компанија „Хенсолдт“ (Hensoldt AG), снабдувач на радарска и сензорска технологија, не очекува кинеските извозни ограничувања да имаат материјално влијание врз нејзиното работење или изгледите. „Хенсолдт“ беше меѓу компаниите додадени на листата за извозна контрола поради нивна вмешаност во продажба на оружје за Тајван. „Хенсолдт“ не зависи од директни стратешки набавки од Кина за критични компоненти релевантни за нејзиниот ...

На само десетина минути од Битола, над Дихово“, вдишете го чистиот планински воздух во ресторанот “Вила Виста“, а од терасата на ресторанот се простира градот Битола со сета своја убавина и ќе ќе уживате во единствениот поглед.Во “Вила Виста“ можетеда ручате се семејството, со деловни пријатели и да вечерате подалеку од градските гужви и да уживате во богатството на различни вкусови. Тука, ќе бидете послужени и со доручек, а може и да го ...

Централна кооперативна банка АД Скопје во годишниот извештај за работењето лани, објавен преку Македонската берза, меѓу друго соопшти дека на тројцата членови на Управниот одбор (УО) на Банката лани по основ на плати по менаџерски договори им исплатила 17,08 милиони денари бруто, износ кој претставува фиксен дел и дека не е исплатен варијабилен надоместок за таа година. Во текот на 2025 година, во УО на Банката беа Неделин Валчев, кој е ...

Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот со над 5%, компанијата Настел ДООЕЛ продала нови акции. Настел кој изминатиов период во неколку наврати продаде акции во Реплек, сега продал 12 акции. Сега поседува вкупно 14.679 или 5,66% од вкупниот број на акции. Коста Котески, членот на Управниот одбор на Реплек, пак купил 10 акции. Сега поседува вкупно 430 акции или 0,17% од вкупниот број на акции на Реплек. ПОВРЗАНИ ...

Од Стопанска банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека е добиена согласност од Извршниот одбор на Народната банка, Милица Чапаровска Јовановска, да се именува за генерален директор за банкарство на мало и за член на Управниот одбор (УО) на Банката. Таа ќе има мандат од 4 години. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како работела Стопанска банка Скопје лани Колкава дивиденда ќе дели Стопанска банка Скопје Колку пари чувале граѓаните и фирмите во ...

Од Скопски пазар АД Скопје преку Македонската берза информираа дека на 22. април членот на Надзорниот одбор (НО), Димитар Џеков поднел неотповиклива оставка од функцијата – независен член на НО. Во НО на Скопски пазар според официјалната страна на компанијата се и Сафет Етеми, кој е претседател на НО и Ацо Дудулоски, кој е член. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како работел лани Скопски пазар Реизбрани членовите на УО на Скопски пазар Кој е Ацо Дудулоски, ...

Жито Полог АД Тетово во првите три месеци од годинава остварил загуба од 14,918 илјади денари пред оданочување, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – март 2026 година изнесуваат 46,656 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2025 година бележат зголемување за 2%. Во структурата на приходите најголемо учество 99% имаат приходите од продажба на производи и ...

Профитот на фармацевтската компанија „Sanofi“ во првиот квартал ги надмина очекувањата на аналитичарите, објави „Bloomberg“. Ова е добра вест за новиот извршен директор Белен Гарихо, кој ќе се соочи со предизвикот да го оживее портфолиото на нови лекови на компанијата. Заработката по акција изнесуваше 1,88 евра, што е над просечната прогноза од 1,78 евра по акција од страна на економистите анкетирани од „Bloomberg“. Продажбата, исто така, ги ...

Продажбата на пивото „Heineken“ падна малку повеќе од очекуваното во првиот квартал поради послабата побарувачка на клучните пазари, вклучувајќи ја Европа и Америка. Холандската пиварница, која поседува брендови како „Tecate“ и „Amstel“, изјави дека обемот се намалил за 0,8%, во споредба со очекувањата на аналитичарите за пад од 0,7%. Компанијата ја задржа својата прогноза за раст на органскиот оперативен профит за целата година од 2% до 6%. ...

Додека глобалните потреси на енергетскиот пазар предизвикуваат сериозни нарушувања во авионскиот сообраќај ширум Европа, патниците сè почесто се соочуваат со неизвесност околу своите патувања. Во услови на раст на цените на горивото и масовни откажувања на летови, клучно прашање е – кои се правата на патниците? Конфликтот на Блискиот Исток и блокадата на Ормутскиот теснец предизвикаа сериозен удар врз снабдувањето со енергенси. Последиците ...

Одлуката на „Уникредит“ (UniCredit SpA) да го зголеми својот удел во „Асикурациони Џенерали“ (Assicurazioni Generali SpA) има цел да ги поддржи своите комерцијални врски и да ја зајакне позицијата на банката во можни зделки што го вклучуваат осигурителот, а кои би ги иницирале други играчи, според лица запознаени со ситуацијата. Овој потег ги поддржува тековните разговори за пошироки комерцијални договори меѓу извршниот директор на ...

Акциите на „Енвидија“ (Nvidia Corp.) во петокот пораснаа до прв рекорд по неколку месеци, што е најнов пример за подобрување на моментумот кај лидерот во чипови за вештачка интелигенција. Акциите добија 4,3 отсто и достигнаа 208,26 долари во услови на широк раст на секторот за полупроводници, надминувајќи рекорд што стоеше од октомври. Последните добивки овозможија акцијата да излезе од ценовен опсег во кој се движеше поголемиот дел од ...

Компаниите од здравствениот сектор, членки на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ), најостро ги осудуваат сите наводи и постапки кои укажуваат на евентуално вршење на нелегални медицински третмани и употреба на недозволени препарати. Ваквите дејствија, се наведува во соопштението на ССКМ, доколку се потврдат од надлежните институции, претставуваат сериозно нарушување на медицинската етика, директна закана за здравјето на ...

Собранието на акционери на Тетекс АД Тетово донесе одлука за исплата на дивиденда, информираа од таму преку Македонската берза. Вкупната сума за таа намена е 21.600.672 денари, а е обезбедена од добивката на Друштвото од минатата година. Висината на дивидендата по акција бруто изнесува 1,795% од номиналната вредност, односно 55,56 денари бруто. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 08.05 2026 година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како работел ...

Компанијата “АБЦ Дојчиновски“ од Битола врши продажба на пелети, камини и котли за парно греење. “АБЦ Дојчиновски“ на потрошувачите им нуди голем избор, дестина типови на пелети, сите сертифицирани со сертификатот N+A2 или N+A1, по прифатливи цени, како и разни поволности при плаќање, чување и транспорт на пелетите. “АБЦ Дојчиновски“ покрај пелетите продава и печки, камини и котли на дрва и пелети, и секако резервни делови за нив. ...

Европските берзи денеска бележат претежно негативен тренд, додека инвеститорите остануваат претпазливи и внимателно ги следат глобалните економски и геополитички случувања. Најголемиот пад меѓу водечките индекси го забележа рускиот RTSI, кој ослабе за над 2 проценти, додека и шпанскиот IBEX 35 се најде под силен притисок со пад поголем од 1 процент. Загуби бележат и другите клучни европски пазари. Лондонскиот FTSE 100 се намали за 0,75 ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.44
65%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
3.13
68%
1018
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.22
75%
1017
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.05
73%
1019
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.3
70%
1018
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.51
77%
1018
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
4.02
57%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.06
77%
1018
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.04
63%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
68%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
65%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
3.35
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Бакар

13.01