Претседателката на Бугарија Илијана Јотова и нејзината колешка од Словенија Наташа Пирц Мусар го разгледаа процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан. Разговорот се одржа во рамките на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, чиј домаќин денеска во Националниот дворец на културата (НДК) беше бугарската претседателка. Илијана Јотова и Наташа Пирц Мусар изразија задоволство од конструктивниот дух и дискусијата за време ...

Бугарија очекува од Република Северна Македонија да ги исполни европските критериуми за членство во Европската Унија. Ова го изјави шефицата на државата Илијана Јотова на средбата со претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, јавува Трибуна. Двете разговараа во рамките на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, чиј домаќин беше претседателката Јотова. Шефицата на државата истакна дека РСМ треба да го ...

Пејачката Кејти Пери долго време ужива во љубовта со поранешниот канадски премиер Џастин Трудо, а сега тие се појавија на црвениот тепих за прв пат како пар и разменија нежности, со што уште еднаш потврдија дека нивната љубовна приказна не е само минлива. View this post on Instagram A post shared by ELLE Magazine (@elleusa) Заедно дојдоа на фестивалот Трибека во Њујорк за новиот документарец на пејачката „Katy Perry: The Lifetimes Tour – ...

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет денес издаде остро предупредување до Куба за време на посетата на американската воена база во заливот Гвантанамо. Хегсет ѝ порача на кубанската влада дека би било неразумно да се набави оружје што би можело да стигне до американската база или до копното, објавува ДВ. „Не би било мудро кубанската влада да се обиде да набави или да добие оружје што би можело да стигне до оваа база или до американска ...

На маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Албулена Хаџиу, вршител на должноста претседателка на Република Косово. На средбата, обете изразија подготвеност за унапредување на македонско-косовските односи во интерес на стабилноста и европската иднина на регионот. Сиљановска-Давкова упати честитки за успешното спроведување на ...

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница истакна дека за СДС е непоимливо некој кој се огрешил пред законот, а при тоа е функционер, да одговара за сторениот криминал, бидејќи челниците на политичката партија која инфлагранти беше фатена во криминал и којашто доби поразителни 150.000 гласа од граѓаните, си ги оставила на слобода наместо во затвор. „На вас ви е чудно, а како и нема да ви биде кога ...

Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на денешната собраниска седница за интерпелацијата на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, порача дека по две години владеење на ВМРО, земјоделството е во полоша состојба, а најголемите жртви се земјоделците кои останаа без ветената поддршка. „ВМРО во програмата ветуваше 180 милиони евра годишно субвенции како директни плаќања кон земјоделците. Но денес во овој сектор речиси нема никакви ...

На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ангелинка Петкова која упати реплика кон пратеникот Благоја Бочварски, обвинувајќи ја претходната власт за лошо менаџирање со земјоделскиот сектор и повеќегодишни проблеми со кои, како што рече, се соочувале земјоделците и институциите. Петкова во своето обраќање истакна дека за време на раководењето на СДС се случиле повеќе протести и блокади на земјоделци, ...

„Ова не е интерпелација на министерот за земјоделие, ова е еден политички парадокс. Кога вие заедно ќе погледнете со кои луѓе сте потпишани на оваа интерпелација, вие, Љупчо Николовски, Венко Филипче, Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски, Фатмир Битиќи, Јованка Тренчевска, се министер до министер, луѓе коишто изминатите 7 години располагаа со средства, финансии, институции, законодавство. Вие се обидувате овде преку оваа интерпелација да ...

„Органодарителството претставува највисок чин на човекољубие, нема поголема вредност за човештвото воопшто. На Клиниката за урологија ние имаме историски успешна приказна во процесот на трансплантација на бубрези. Приказната датира уште од далечната 1977 година, кога е направена првата трансплантација. Досега имаме направено 530 трансплантации, од кои 99 се од кадавер, односно починат пациент. Иако ова се импозантни бројки за Македонија, ...

Интерпелацијата за министерот Трипуновски не е политички напад, туку одговор на реалните проблеми со кои се соочува земјоделството, кое никогаш не било во полоша состојба, нагласи пратеникот од СДСМ, Борче Цветков, на денешната собраниска седница на која на дневен ред беше интерпелацијата за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, поднесена од пратеничката група на СДСМ и коалицијата. Цветков посочи дека ...

На денешната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беа донесени кадровски решенија за претседатели на општинските комитети. „Дел од назначените претседатели се докажани искусни кадри кои со своето работење имаат придонесено за развој на локалната заедница од каде потекнуваат, а дел од нив се нови лица кои ќе донесат свежина во средината и нови успеси за општинските комитети. ВМРО-ДПМНЕ со новите кадровски решенија продолжува со подобрувањето на ...

Поврзаноста е клучот за успешниот развој на нашиот регион, бидејќи создава повеќе можности за инвестиции и за интензивни деловни контакти. Ова го изјави премиерот Румен Радев за време на средбата со албанскиот претседател Бајрам Бегај, јавува Трибуна. Во текот на разговорот во Владата, двајцата разговараа за потенцијалот за продлабочување на билатералната соработка во повеќе области од заеднички интерес. Премиерот Радев ги истакна можностите ...

Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, изјави пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом, кој ја истражува владината истрага за Џефри Епстин, дека тој никогаш не виктимизирал никого и дека средбата со Епстин била „сериозна грешка во проценката“. Гејтс денес се соочува со прашања за неговиот однос со покојниот финансиер, еден од најзначајните разговори што одборот ги имал од почетокот на истрагата за справувањето на владата со ...

Новинарите во Овалната соба го замолија претседателот на САД, Доналд Трамп, да разјасни претходна изјава дека Иран „ќе мора да плати цена“. „Па, ќе ги нападнеме, ќе ги нападнеме многу силно“, рече Трамп. На прашањето дали тоа значи продолжување на бомбардирањето, Трамп одговори: „Да, па, со оглед на хеликоптерот, претпоставувам дека имаме право на тоа“. Трамп претходно го обвини Иран дека соборил хеликоптер „Апачи“ покрај брегот на Оман со ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на собраниската седница се обрати до пратеничката од СДС, Славјанка Петровска која зборуваше за состојбите во земјоделието. Петрушевски истакна дека не очекувал, Петровска да се јави да зборува и критикува за земјоделието, додека поранешниот министер од редовите на СДС, Љупчо Николоски да не е присутен во салата. „Почитувана колешке, не очекував од вас дека ќе се јавите вие лично да говорите за ...

Министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова одржа билатерална средба со својот албански колега Ферит Хоџа во рамките на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, кој денеска се одржува во Софија. Министерката Петрова истакна дека Албанија е пријател и доверлив партнер на Бугарија во НАТО и во регионот. Двајцата министри беа едногласни дека заедничка цел е активниот ...

Министерката за надворешни работи Велислава Петрова оствари билатерална средба со првиот заменик-претседател на Владата и министер за надворешни работи и дијаспора на Република Косово, Глаук Коњуфца. Разговорот се одржа во рамките на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, кој денес се одржува во Софија. Министерката Петрова ја потврди доследната поддршка на Бугарија за европската ...

На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која оцени дека интерпелацијата поднесена против министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски е неоснована и упати критики кон СДС, посочувајќи дека токму во периодот кога тие биле на власт земјоделците се соочувале со неисплатени обврски, ниски откупни цени и незадоволство кое резултирало со протести. „Искрена да ...

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на денешната собраниска седница и реплицираше на пратеничката од СДС, Јованка Тренчевска и ја праша зошто доколку Љупчо Николовски бил добар како министер во нивно време го разрешиле, како и дали е скандал обелоденувањето на некој скандал и неговото побрзо заташкување со цел да се скрие некој партиски војник или да се обелодени некој скандал и веднаш да се повика правдата и ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, извршија увид во градежните активности за изградба на нов мега парк долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“, на локација која со децении беше запуштена и претставуваше симбол на негрижа и неискористен потенцијал. Станува збор за капитален проект со кој некогашната депонија и запуштен простор ќе се трансформираат во современ ...

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на денешната собраниска седница за интерпелација на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски порача дека зад гласните ветувања на Трипуновски останале само лаги, скандали, корупција и целосно разочарување кај земјоделците. „Велевте дека нема компромис со доброто на земјоделците, сточарите, нивните семејства. Ветувавте чуда, преродба, правна држава, систем. 3% од сето тоа кажано да го ...

Делегација од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди предводена од помошник на министерот м-р Ивица Станковски, во организација на DCAF, Женевски центар за управување со безбедносниот сектор, одржа работна посета на албанската Агенција за надзор на полицијата. Делегацијата на Одделот беше пречекана од директорот на Агенцијата за надзор на полицијата Клевис Ќосе. За време на посетата се разговараше за ...

Пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница за интерпелација на министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, порача дека земјоделството е доведено во алармантна состојба, а министерот мора да понесе политичка одговорност за неисполнетите ветувања, хаосот во секторот и корупциските скандали. „Денес расправаме за работата на најнеспособниот министер Цветан Трипуновски за неговата одговорност ...

„Денешната прес конференција на СДСМ е уште една лага и измислица. Сакаме да ја информираме јавноста дека постапката ја води општина Аеродром согласно сите законски процедури“, реагира Министерството за транспорт на прес-конференцијата на СДСМ. Од Министерството за транспорт е побарано мислење и Министерството даде позитивно мислење затоа што сите законски процедури се испочитувани. Со оглед на тоа дека намената е спорт Министерството за ...

На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески кој оцени дека интерпелацијата поднесена од опозицијата против министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, не се темели на факти и претставува обид за дефокусирање на јавноста од состојбите што, според него, ги наследила актуелната власт. Ристески истакна дека наследството од претходната власт предводена од Љупчо ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека израелската армија ќе продолжи силно да дејствува против Иран и неговите сојузници. Изјавата доаѓа во екот на вербалниот судир со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Ердоган оцени дека израелските напади врз Сирија и Либан достигнале ниво на кое претставуваат закана и за Турција. Тој додаде дека израелската агресија претставува поширока закана за регионот. Турција, која е членка на ...

По исцрпните дискусии изнесени на Јавната расправа одржана на 1.12.2025 година на тема: „Имплементација на конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулската конвенција)“, на продолжението на 9-та седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите беа донесени следниве заклучоци: 1. Заострување на казнената политика Фемицидот да се третира како најтешко ...

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) донесе одлука за значајно намалување на референтните цени на две клучни дијагностички услуги во рамките на програмата за рано откривање на рак на грлото на матката – ХПВ генотипизацијата и ликвид ПАП цитологијата. Мерката е веќе во сила и директно придонесува кон зголемување на бројот на достапни тестирања и подобрување на пристапот на жените до превентивна здравствена заштита. ...

Институтот за судска медицина утврдил присуство на инсектицидот метомил, во јавноста познат како ланате, во парчиња салама пронајдени во населбата Расадник во Општина Кисела Вода, во непосредна близина на детско игралиште. Информацијата денеска ја соопшти ЈП Лајка, од каде предупредуваат дека станува збор за високо токсична супстанца која претставува сериозна опасност и за животните и за луѓето. Според претпријатието, сомнителната храна била ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Бакар

13.01

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Злато

135639.33