Кога станува збор за фризури, не само за свечени пригоди, туку и за секој ден, брановите во косата станаа вистински класик. Тие најдобро се создаваат од вештите раце на фризерите во салонот, но ако сакате да ги носите секој ден, сигурно барате разни туторијали, совети и трикови со помош на кои ќе изгледаат барем толку добро како од салонот. Трикот беше споделен на TikTok профил од Glamour UK. За почеток, врзете ја косата во висока опашка и ...

Четиринаесет лица беа убиени, а повеќе од 20 ранети во израелските воздушни напади во јужен Либан, според властите и Црвениот крст, додека Израел вети дека ќе продолжи да ги таргетира проирански Хезболах и покрај заканите за одмазда од Техеран. „Во нападот на непријателот, Израел, во зори врз селото Зифта во регионот Набатија“, седум лица беа убиени, вклучувајќи „едно сириско дете и една жена, а осум беа ранети, вклучувајќи две жени“, се ...

Последните недели од Јупитер во Рак носат силна енергија на просперитет, експанзија и нови можности. Јупитер, планетата на среќата и изобилството, се сели во Лав на 30 јуни, а дотогаш, три хороскопски знаци ќе почувствуваат особено поволно влијание кога станува збор за финансиите. Астрологот Чани Николас истакнува дека овие три хороскопски знаци ќе имаат најголеми шанси за парична добивка, напредување и зголемен приход. Шкорпија Ако сте ...

Доналд Трамп беше исвиркан на кошаркарски натпревар во Њујорк. Негодувањето дојде откако незадоволните навивачи чекаа со часови во редици што се протегаа повеќе од два градски блока пред Медисон Сквер Гарден поради екстремно строгите безбедносни мерки преземени за пристигнувањето на претседателот, објави Би-Би-Си. HOLY SHIT: The boos just happened AGAIN and Trump stops clapping as they get even LOUDER by the end of the clip. This is ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера разговараше по телефон со американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер во обид да ги оживеат разговорите за ставање крај на војната во Украина. „Благодарен сум им за нивната подготвеност да се посветат што е можно повеќе во наредните недели на оживување на дипломатијата насочена кон ставање крај на војната на Русија против Украина“, објави Зеленски на социјалните мрежи по повикот. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го предупредил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не дозволи конфликтот со Иран да прерасне во целосна војна. „Му реков на Биби да внимава што прави бидејќи многу брзо може да остане сам против Иран“, изјавил Трамп за израелскиот Канал 12. Трамп тврди дека Нетанјаху го известил Вашингтон во последен момент за одлуката да изврши напад врз Иран и дека успеал да ги намали размерите на ...

Британскиот актер Кит Харингтон откри дека до својата 11-та година не знаел дека Кит не е неговото вистинско име. Ѕвездата од „Игра на тронови“ е родена како Кристофер Кејтсби Харингтон, но сите од детството го викале Кит. Вистината ја дознал за време на училишен тест, кога наставниците му објасниле дека официјално е запишан како Кристофер Харингтон. „Тоа беше прилично бизарна егзистенцијална криза за едно 11-годишно дете“, изјавил актерот. ...

На 9 јуни ќе се случи конјункција на Венера, планетата на љубовта, и Јупитер, планетата на среќата и изобилството, а астролозите сметаат дека тоа е еден од најповолните денови во годината. Според астролошките толкувања, овој транзит носи можност за убави вести, позитивни пресврти и пријатни изненадувања, а најголема корист од него ќе имаат седум хороскопски знаци. Најмногу среќа се предвидува за Раковите, бидејќи конјункцијата се случува ...

Иран остро ги осуди новите санкции што Европската Унија денеска ги воведе против ирански поединци и организации. Заменик-министерот за надворешни работи на Иран за правни и меѓународни прашања, Казем Гарибабади, ги нарече санкциите „лицемерни“ и „засновани на лаги“. „Самите земји-членки на ЕУ се меѓу најголемите прекршители на правата на иранскиот народ, а Европската Унија намерно молчеше и за американската поморска блокада на Иран, која се ...

Поранешната прва дама на САД, Џил Бајден, во своите нови мемоари „View from the East Wing“ откри детали од заедничкото возење со Меланија Трамп на денот на инаугурацијата на Доналд Трамп во јануари 2025 година. Бајден пишува дека атмосферата била толку напната што меѓу нив седел Џон Беслер, сопруг на сенаторката Ејми Клобучар, кој се обидувал да го одржи разговорот и да ја намали непријатната тишина. Според неа, Меланија Трамп на прашањата ...

Во Домот на културата во Кавадарци се одржа свечена манифестација по повод одбележувањето на 34 години од основањето на Лекарска комора на Република Северна Македонија. На настанот присуствуваа високи претставници на здравствените и образовните институции меѓу кои заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, директорот на Фондот за здравствено осигурување д-р Сашо Клековски, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, деканите на ...

Пејачот и текстописец Талај Рајли, чие вистинско име е Марк Орабији, почина на 35-годишна возраст откако бил избоден во источен Лондон, објави Скај њуз. Полицијата соопшти дека музичарот бил пронајден со убодни рани во населбата Силвертаун во петокот и починал на местото на нападот. Рајли беше добитник на Греми награда и соработуваше со голем број познати изведувачи, меѓу кои Дуа Липа, Бритни Спирс и Ели Голдинг. Во текот на кариерата ...

Војната на Блискиот Исток во изминатите сто дена ги зголемила трошоците за увоз на енергија во Европската Унија за 47 милијарди евра, изјави денеска портпаролката на Европската комисија. „Нашата сметка за увоз на фосилни горива се зголеми за повеќе од 47 милијарди евра во последните сто дена. Тоа е цената што ја плаќаме, а притоа не увезовме ниту една капка енергија повеќе“, изјави Хрничорова. Таа додаде дека во Европската Унија немало ...

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека на 9 јуни 2026 година (вторник) ќе има прекин на водоснабдувањето за дел од корисниците во Општина Центар. Прекинот е поради затворање на водоводен вод по барање на корисник кој има внатрешен дефект на адреса улица „Даме Груев“ 7/8. Без вода ќе останат дел од корисниците на булеварите „Кирил и Методиј“ и „Димитрие Чуповски“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот и ќе трае до ...

Триесет и седумгодишен Палестинец, кој добил азил во Грција, беше уапсен за време на викендот и обвинет за терористички дела поврзани со палестинската милитантна група Хамас, објави денеска Атинската новинска агенција. Според полициски извори, мажот пристигнал во Грција од Појасот Газа пред околу една година и добил азил. Тој бил уапсен во саботата на островот Крит, каде што работел во хотел. Обвинет е за членство во Хамас и за обука за ...

Министерството за правда констатира дека Дејанчо Цветановски од ЛДП пласира невистинити и тенденциозни тврдења во врска со работата на Работната група за подготовка на измените на Изборниот законик. „Особено е нејасно како Цветановски зборува за процес што наводно се водел „зад затворени врати“, кога токму тој како претставник на ЛДП активно учествува во работата на групата, присуствува на состаноците и има можност директно да ги изнесе ...

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за ...

Иранскиот Совет за национална безбедност ги предупреди САД и Израел да не направат „уште една грешка“, порачувајќи дека во спротивно регионот ќе стане „пекол“ за нив. Во пораката што ја пренесе иранската државна агенција Мехр, секретарот на Советот, Мохамад Багер Золгадр, изјави: „47 години и 100 дена отпор – од бојните полиња до градските плоштади, од градските плоштади до арената на политиката и дипломатијата – го променија светскиот ...

Собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија во прво читање ги поддржаа Предлог-законот за судска служба и Предлог-законот за јавнообвинителска служба, кои претставуваат дел од клучниот реформски пакет за зајакнување на независноста, професионалноста и ефикасноста на правосудството. Двата закона се подготвени во рамки на обврските утврдени во Реформската агенда и Развојната секторска ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека исходот од војната во Украина ќе биде одреден на бојното поле, а не преку преговори, пренесува Еуроњуз. Тој остро го критикуваше отвореното писмо што украинскиот претседател Володимир Зеленски му го упати на рускиот претседател Владимир Путин, оценувајќи дека таквиот потег покажува оти Киев нема интерес за преговори. Лавров го повтори и ставот на Путин дека за исходот од ...

Шефот на иранските служби за итни случаи, Џафар Миадфар, денеска изјави дека во неодамнешните израелски напади се повредени 15 лица, а засега нема загинати, пренесе Анадолија. Миадфар, кој раководи со Иранската организација за итни интервенции, изјави дека 14 повредени се регистрирани во округот Махшахр во југозападната покраина Хузестан, додека едно лице е повредено во Техеран, пренесе полуофицијалната новинска агенција Тасним. Според него, ...

Министерството за здравство информира дека со поддршка од Светската здравствена организација, Канцеларијата на СЗО во Северна Македонија и Канцеларијата на СЗО за квалитет на здравствена заштита и безбедност на пациентите во Атина, започна значајна национална иницијатива за зајакнување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите во земјата. Иницијативата, како што е соопштено, ја одразува заложбата на Владата за ...

Работната група за реформи во изборното законодавство денес ја одржа седмата седница, на која беа разгледани и анализирани предлозите, мислењата и забелешките доставени од надлежните институции, политичките партии, граѓанските организации и другите засегнати страни во процесот на подготовка на измените на Изборниот законик. На седницата беше потврден досегашниот напредок во усогласувањето на законските решенија со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, ...

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ги повика сите страни на воздржаност со цел да се зачува мирот, особено во момент кога конечната цел е речиси на дофат, порача тој во објава на социјалните мрежи. Претходно, иранската војска соопшти дека ќе ги прекине нападите врз Израел, но предупреди дека ќе одговори уште посилно доколку продолжат нападите врз Либан. Израелските медиуми, пак, објавија дека Израел ќе ги запре нападите врз Иран „на барање ...

Ослободителна пресуда за З.Ј. со чие возило беше предизвикана кобната сообраќајна несреќа на Булеварот Партизански одреди, а за која веќе е осуден неговиот син, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. „Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предметот со К.бр. 655/25 против З.Ј. за кривичното дело Загрозување на безбедноста на сообраќајот по чл. 298 ст.2 вв ст.1 од КЗ, по внимателна анализа на обвинението, изведените докази и ...

Синоќа во 22:20 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во паркот „Жена борец“ во Скопје има починато лице. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека починатото лице е Х.Р.Г.(79) од Индија. Извршен бил разговор со Т.М.Л.(43) од Индија, кој изјавил дека додека двајцата се движеле, одеднаш Х.Р.Г. паднал, по што тој повикал Итна медицинска помош. Извршен е увид, а по насоки на јавен ...

Во едно од своите најобемни политички обраќања, папата Лав го предупреди шпанскиот парламент дека ескалацијата на конфликтите, продлабочувањето на поларизацијата и широко распространетото непочитување на човековите права го турнаа светот во длабока криза. Лав силно го повтори своето противење на зголемените воени трошоци на Европа, повикувајќи ги политичарите наместо тоа, да ги прекинат војните што го уништуваат светот и да им помогнат на ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Сараево оствари средба со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ. На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и континуираната соработка меѓу двете држави, како и конструктивниот политички дијалог што се одвива на сите нивоа. „Одржуваме редовен и содржаен политички дијалог на сите нивоа и немаме отворени билатерални ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оцени дека одредени европски лидери, вклучувајќи го францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц, истовремено зборуваат за мир, но преземаат и чекори што, според Москва, го поттикнуваат продолжувањето на конфликтот во Украина. „И Макрон, и Стармер, и Мерц од една страна зборуваат за мир, а од друга страна ја нагласуваат својата намера да ...

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во интервју се осврна на клучните политички актери и случувања на денешницата, од Доналд Трамп и подемот на национализмот до домашните германски прашања. Во интервју за „Франкфуртер алгемајне зонтагсцајтунг“, Меркел призна дека нејзината одлука да прифати бегалци во 2015 година придонела за растот на десничарската Алтернатива за Германија (АфД). Таа, исто така, издаде остро предупредување за ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.79
41%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
4.02
56%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.88
41%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.85
53%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
6.43
52%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
46%
1017
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.02
50%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.46
55%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
47%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
43%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
3.13
52%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.63
99%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Калај

53.60