Носителот на изборната листа „Александар Вучиќ – Обединета Србија“, Александар Вучиќ, изјави дека претставниците на Студентската листа сакаат да ги променат традиционалните вредности на Србија, обвинувајќи ги дека се залагаат за промена на црковниот календар и се мешаат во прашања поврзани со Српската православна црква. Во интервју за ТВ „Информер“, Вучиќ оцени дека новата власт ќе ѝ нанесе сериозна економска штета на земјата, предвидувајќи ...

Албанскиот премиер Еди Рама зборуваше за предизвиците на европската интеграција на Албанија и земјите од Западен Балкан во интервју со новинарката Марија Тадео на самитот „Eu o ews E la geme t Summit“. Рама се осврна на односите на Србија со Косово и Европската Унија, како и на перспективите за членство на Албанија во ЕУ, нагласувајќи дека целта на неговата влада е да ги заврши пристапните преговори до крајот на 2027 година, пишува „Топ ...

Александар Вучиќ, кој до неодамна беше претседател на Србија и кој редовно објавува содржини на социјалните мрежи по изборниот пораз – сподели ново видео. Во седиштето на Српската напредна странка, тој е прикажан како си подготвува сендвич, со сувомесни производи и сирење. Во видеото, Вучиќ се обидува да потпече леб и сече домат, притоа најавувајќи борба против „злото што ја уништува Србија“. „За разлика од другите, јас сум човек од народот ...

Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Србија го одобри почетокот на четвртата фаза од реконструкцијата и модернизацијата на железничката пруга Ниш – Димитровград, која ја поврзува Србија со Бугарија, пренесуваат српските медиуми. Новата фаза опфаќа околу 32 километри железничка пруга, реконструкција на четири железнички станици и изградба на четири патни премини. Работите ќе се изведуваат на делниците меѓу Долац и ...

Судoт во Истанбул ѝ одреди притвор на поранешната турска министерка за семејство и социјална политика, Фатма Бетул Сајан Каја, во рамки на истрага за финансиски неправилности поврзани со кризата во инвестициските фондови во Турција, пренесува „Ројтерс“. Според турската агенција „Анадолу“, Каја, која беше министерка од 2016 до 2018 година, е осомничена за прекршување на законот за пазарот на капитал и членство во организација основана за ...

Во Србија се уапсени осум полицајци поради сомнение дека се поврзани со смртта на Далибор Драгијевиќ во полициската станица во Бор. Тој бил брат на Дејан Драгијевиќ, еден од двајцата обвинети за убиството на двегодишната Данка Илиќ, пренесува „Нова.рс“. Според неофицијални информации, Вишото јавно обвинителство во Ниш би можело да наложи дополнителни апсења. Уапсените се припадници на Одделението за специјални акции при Управата на ...

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека ситуацијата во Албанија не може да се спореди со настаните во Србија, каде што масовното студентско движење доведе до политички промени. Во исто време, албанската полиција почна да применува нови закони против демонстрантите, а за само неколку дена 83 лица кои учествуваа во антивладините протести во Тирана беа казнети. Рама повтори на социјалните мрежи дека е подготвен да разговара со сите што веруваат ...

Два борбени авиона на српското воено воздухопловство пресретнаа авион на „Виз ер“, кој летал од Брисел кон Софија, откако пристигнала дојава дека во леталото има експлозивна направа. Од Министерството за одбрана на Србија соопштија дека ловците го идентификувале леталото и го придружувале до границата со Бугарија. Борбените авиони биле испратени по известување од Контролата на летање на Србија и Црна Гора (SMATSA). Одредени единици за ...

Црна Гора ќе стори сè што е во нејзина моќ за да најде компромис во „европски дух“ во однос на прашањата што ги покрена Хрватска, а кои се однесуваат на завршувањето на преговорите за пристапување, изјави црногорскиот премиер Милојко Спајиќ. „Црна Гора ќе направи сè што е во нејзина моќ за да најде компромис, во европски дух, за сите прашања што би можеле потенцијално да нè разделат. Верувам дека ова е одлична можност за дополнително ...

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ составена од група активистки и активисти, организира протест против фемицидите, институционалното насилство и неказнивоста во недела (08.11), со почеток во 12:00 часот, во паркот „Жена Борец“ во Скопје. Според активистите на оваа иницијатива, последниот случај на фемицид во Богданци каде беше убиена седумнаесетгодишната Билјана Кириќ од нејзиниот партнер повторно покажа институционално ...

„Бетон Герасимовски и Општина Центар, фатени сте живи како лажете, повлечете се од темава и извинете се. Наместо да ја манипулирате јавноста, одговорете на едно едноставно прашање: Зошто ги едитирате објавите и лажете дека сте доделиле некаква “Јубилејна награда”, а не Феникс. Дали поради тоа што знаете дека за доделување на “Феникс” потребно е прво изјаснување на комисија, а потоа и на советот. Во овој случај поминат е само филтерот на ...

Министерството за образование и наука објавува нов Конкурс за доделување 3.000 студентски стипендии за студиската 2026/2027 година, со кој се воведува значајно унапредување на досегашниот модел на студентско стипендирање. Новиот модел носи поинаков пристап во распределбата на државната поддршка – пристап кој истовремено ја препознава социјалната ранливост, го вреднува академскиот успех и го поттикнува образованието на кадри во области од ...

Утре со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во општина Центар насловена како „Ce ta Night Ru “, со траса на движење од ул.„Орце Николов“ (кај општина Центар), десно по ул. „Франклин Рузвелт“, десно по бул. „Илинден“ до крстосница со ул. „Наум Наумовски Борче“, назад по бул.„Илинден“, лево по ул. „Франклин Рузвелт“ се до крстосница со бул. „Партизански Одреди“, назад по ул. „Франклин Рузвелт“, ...

„ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски продолжуваат да се однесуваат ненаситно и Градот да го третираат како партиски плен! По скандалозните избори на членови во одборите, до Левица пристигнуваат информации дека поранешниот портпарол на ДПМНЕ, Димче Арсовски, е новопоставен директор на Младинскиот културен центар“, велат од партијата Левица. „МКЦ, кој важи за симбол на независната културна сцена, младинскиот бунт и слободното творештво, сега се соочува ...

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во телевизиско гостување порача дека ЗНАМ нема да отстапи од ставот дека правосудниот испит се полага само на македонски јазик, ниту ќе прифати Македонија повторно да прави отстапки во однос на уставните измени. За овие прашања нема политички пазарења, нема импровизации и нема отстапување од државните интереси. Во однос на правосудниот испит, Димитриевски беше ...

Градоначалникот на Град Скопје, вечерва, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, Мехмет Тевфик Гоксу, го пуштија во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост, во присуство на амбасадорот на Турција, Н.Е. Алпер Акташ, извршниот директор на Халк Банка, Фатих Шахбаз и почесниот конзул, Ајдован Адемоски. „Постојат места на кои секогаш им се враќаме, затоа што во нив препознаваме дел од себе. За ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 7 степени, а дневната од 8 до 18 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ...

ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да отвори предмет по допрен глас и да ги испита јавните настапи на СДСМ и претседателот на партијата, Венко Филипче, поврзани со случајот со Алта банка. Од партијата тврдат дека преку непроверени обвинувања се создава вознемиреност кај граѓаните и се нарушува довербата во банкарскиот систем. Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ намерно шири паника и предизвикува недоверба во институциите заради собирање ...

СДСМ реагира на обвинувањата од премиерот Христијан Мицкоски дека опозицијата шири паника по случајот со „Алта банка“, прашувајќи дали ширење паника претставуваат и предупредувањата за работењето на финансиската групација во Европа, Црна Гора и Србија. Од партијата велат дека уште пред една година алармирале за опасностите поврзани со влезот на банката на македонскиот пазар. Во соопштението СДСМ објавува хронологија на настаните, почнувајќи ...

Граѓаните и компаниите треба навреме да ги планираат своите плаќања, бидејќи денеска и утре, 7 и 8 ноември, се можни привремени прекини и ограничувања на дел од банкарските услуги. Причината се техничките прилагодувања што банките ги спроведуваат поради воведувањето нови стандарди во денарскиот платен промет, кои почнуваат да се применуваат од понеделник, 9 ноември, информира Македонската банкарска асоцијација. Ограничувањата главно се ...

Додека ВМРО-ДПМНЕ се подготвува да го претстави Скопје како Европска престолнина на културата, Европската комисија веќе укажува на сериозни недостатоци во транспарентноста на управувањето, стабилноста на финансирањето, навремената реализација и соработката со културните чинители, реагираат од Левица. Од партијата оценуваат дека наместо историската можност да се искористи за суштинска преобразба на културниот живот, постои опасност проектот ...

Алијансата за Албанците оценува дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, би можел да ја напушти Владата поради очекувањата за одржување предвремени парламентарни избори. Според партијата, прашањето за правосудниот испит му е потребно за да го искористи во предизборната кампања и да се претстави како „голем патриот“. Од Алијансата за Албанците упатија и иронични критики, нарекувајќи го Димитриевски „патриот на батерии од Кина“. ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против раководителка на филијала на штедилница во градот, осомничена дека подолг период ги злоупотребувала паричните средства на граѓаните кои имале депозити во установата. Според Обвинителството, постои основано сомнение дека осомничената реализирала фиктивни кредити на име на оштетени граѓани и неправилно ги евидентирала нивните депозити, со што прибавувала противправна имотна ...

Блејк Лајвли ќе добие околу 400.000 долари за судски трошоци од Џастин Балдони по нивната судска битка поврзана со филмот „It Ends with Us“. Актерката првично побара речиси 8 милиони долари, но судот значително го намали нејзиното барање, објавува Дејли Меил. Судијата Луис Лиман пресуди дека Лајвли има право на околу 363.000 долари за судски трошоци и дополнителни 44.000 долари за други трошоци, што вкупно изнесува нешто повеќе од 407.000 ...

Трендовите за убавина брзо се менуваат, но исто така се враќаат и оние што веќе сме ги заборавиле, па темните и прецизни веѓи наскоро би можеле да станат минато. На насловната страница на септемвриското издание на британскиот Вог, Никол Кидман речиси и да нема веѓи, барем на прв поглед. Наместо темни и прецизно обликувани лакови, нејзините веѓи се толку светли и дискретни што се вклопуваат со нејзиниот тен и боја на коса. Тоа е внимателно ...

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска без водоснабдување ќе бидат корисниците: – Поради изведување на водоводен приклучок ф-200мм на улицата Воин Драшкоци бб (за ООУ “Димитар Поп Георгиев Беровски„), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Воин Драшкоци и Исаија Мажовски. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. Текстот Денеска прекин на водоснабдувањето на две ...

Денеска поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без електрична енергија ќе останат: – Во период од 05,00ч до 07,00часот, улицата Беаз Куле, улицата Гостиварска и околината, општина Ѓорче Петров и – Во период од 09,00ч до 12,00ч ТС Подстаница, Драчево, улицата Сердарот. Текстот Делови од Драчево и општината Ѓорче Петров денеска без струја е превземен од МАКФАКС. Денеска поради планирани технички интервенции од ...

Поранешен извршен директор на „JPMorgan Chase“ им призна на американските пратеници дека споделувал класифицирани информации со Џефри Епстин, покажува транскрипт од Надзорниот одбор на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес. Џес Стејли сведочеше пред одборот во јули како дел од истрагата за Епстин и неговата партнерка Гислен Максвел. Транскриптите од сведочењето на 69-годишниот банкар беа објавени во среда, пренесе Ројтерс. Стејли ...

Само еден хороскопски знак ќе доживее неверојатна промена што ќе го натера да размислува на нови начини и, најважно од сè, ќе се осмелат да направат нешто за кое мислеле дека никогаш нема да можат. За некои, плановите за патување се појавуваат со месеци однапред, додека за други, можноста доаѓа сосема неочекувано. Еден хороскопски знак наскоро би можел да има причина да ги спакува куферите и да ја напушти својата позната околина за некое ...

Двајца работници на аеродромот во Франкфурт починаа од маларија откако шест вработени се заразија со сериозната болест што се пренесува преку комарци. Германските здравствени службеници веруваат дека заразените комарци пристигнале на најпрометниот аеродром во Германија со еден од нивните авиони. Првите случаи на инфекција се откриени во јули, објавува Би-Би-Си. Портпаролот на операторот на аеродромот Фрапорт изјави за Би-Би-Си дека еден ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Калај

46.54