Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Договорот меѓу Унгарија и Украина за регулирање на образовните, културните и јазичните права на унгарското малцинство во регионот Закарпатје и официјално стапи на сила, соопшти денеска унгарскиот премиер Петер Маѓар на својот Фејсбук профил. Брзо решение по децениски застој Според информациите што ги пренесува новинската агенција МТИ, украинската страна се согласи целосно да ги исполни сите точки од официјалниот протокол. Договорот веќе е ...
Почетокот на летниот распуст и сезоната на годишни одмори ги донесе првите големи гужви на граничните премини кон Грција, една од омилените летни дестинации на туристите од регионот. Според сведоштва на патници, на граничниот премин Евзони се чека со часови, а колоните возила се движат многу бавно. „Чекаме веќе три часа, а границата сè уште не се гледа. Работат повеќе царински пунктови, но бројот на возила е огромен“, изјавил еден патник од ...
Вработен во Градските гробишта Бутел вчера во 17 часот пријавил во СВР Скопје дека едно лице оштетило 11 гробни места. Според информациите од МВР, лицето со иницијали К.К. со метален предмет предизвикало оштетувања на гробните места. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. Текстот Вандализам на гробиштата во Бутел, уништени 11 гробни места е превземен од МАКФАКС. Вработен во Градските ...
Софија очекува меѓу 300.000 и 400.000 посетители за време на одржувањето на Евровизија 2027, изјави општинскиот советник Димитар Петров за Радио Софија. Според него, Евровизија не е само концерт или фестивал што трае неколку дена, туку претставува „град во градот“, кој привлекува огромен број посетители и бара сериозна организација, особено во делот на безбедноста. Петров истакна дека Софија ги исполнува сите потребни услови за домаќин на ...
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски на седницата на која се носеше ребалансот на Буџетот за 2026 година кажа дека во Програмата за животна средина планирани се 4.8000.000 денари за набавка на електрични велосипеди, што ја потврдува тенденција за Битола да стане вело град, преку создавање на вело инфраструктура, но и набавка на велосипеди кои ќе можат да ги користат граѓаните. Како што објасни претседателот на Советот Бојан Бојкоски ...
Обвинителството од Битола почна истрага против 36-годишник кој од јануари до јуни годинава силувал 12 – годишно девојче. Контактот со детето бил воспоставен преку социјалните мрежи, каде што осомничениот и детето претходно се допишувале. Покрај делото силување, против 36-годишникот се води истрага и за прикажување на порнографски материјал на дете. Поради опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори делото, но и да влијае врз ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, оствари работна средба со Фатих Туркменоглу, директор на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која се разговараше за изградбата на автопатот Скопје – Блаце. На средбата, претставниците на ЕБОР информираа дека во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта успешно е завршена постапката за избор на Изведувач. Изведувачот на ...
Властите во јужниот дел на Холандија издадоа тридневно предупредување за околу 200.000 жители, откако бактеријата Ешерихија коли била откриена во водата за пиење. Предупредувањето се однесува на жителите на градовите Дордрехт, Звајндрехт и Хендрик-Идо-Амбахт, што предизвика недостиг од флаширана вода во супермаркетите. Надлежните соопштија дека целата вода од чешма мора да се преврива најмалку три минути пред да се користи за пиење, готвење ...
И покрај спуштените ролетни и вклучениот вентилатор, многу станови остануваат жешки во летните денови. Еден едноставен трик што често се занемарува е отворањето на ормарите при утринското проветрување. Според советите, големите ормари во текот на денот акумулираат топлина, особено ако се наоѓаат во близина на прозорци или се изложени на сончева светлина. Топлиот воздух останува заробен зад затворените врати и може дополнително да ја загрева ...
Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, 13 јуни, во 11:22 часот на подрачјето на Егејското Море, во близина на Измир. Според достапните податоци, епицентарот на потресот бил лоциран источно од турскиот град. Според податоците на Европско-медитерански сеизмолошки центар, хипоцентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од околу 7,5 километри под површината на земјата. Текстот Земјотрес во Егејското ...
Холивудскиот актер Мајк Мајерс ги изненади навивачите со своето појавување на натпреварот меѓу Канада и Босна и Херцеговина на Светското првенство. 63-годишниот актер, познат по улогите во „Остин Пауерс“ и како гласот на Шрек, го следеше натпреварот во Торонто во друштво на Рајан Рејнолдс. Мајерс бил прикажан на телевизиските камери за време на натпреварот, но коментаторите на „Би-би-си“ првично не го препознале. Дури подоцна било посочено ...
Жена се здобила со тешки повреди откако била нападната од ајкула на плажата Куџи во Сиднеј, по што властите затвориле неколку плажи во околината. Според австралиските медиуми, повредената, која е во триесеттите години, се здобила со сериозни повреди на раката и ногата. Капачи ја извлекле од морето, а медицински екипи ѝ укажале прва помош пред да биде пренесена во болница. Неколку сведоци изјавиле дека непосредно пред нападот забележале ...
Петтото издание на Ohrid Wine Festival ги носи Меморија, Дани Димитровска, Суперхикс, Солзи и Смеа, Битолски камерен оркестар, Куку Леле и уште многу музички имиња, кои ќе настапат од 25 до 27 јуни на Кеј Македонија. Фестивали.мк и годинава подготви програма за три вечери исполнети со музика во живо и вина од домашни и регионални винарии и гастрономска понуда, претворајќи го охридскиот кеј во едно од најживите места на почетокот на летната ...
Коалиција на американски јавни обвинители отвори истрага против „Опен АИ“, компанијата што стои зад популарната апликација „Чат ГПТ“, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на извори запознаени со случајот. Компанијата во петокот добила судски налог со кој се бара да достави документи поврзани со широк спектар на нејзините активности и нивното влијание врз корисниците. Меѓу другото, се бараат информации за рекламирањето, задржувањето на ...
Младите остануваат во фокусот на политиките на Владата, а за 2026 година се обезбедени речиси 40 милиони евра за мерки за вработување кои треба да опфатат повеќе од 10.000 граѓани, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, преку Оперативниот план за вработување во 2025 година биле опфатени над 2.600 лица, од кои речиси 1.500 млади до 29 години, а биле отворени и близу 2.200 нови бизниси. Средствата за планот биле зголемени за 7,5 милиони евра во ...
Меѓународниот монетарен фонд и Украина постигнаа договор на ниво на експертски тимови за првата ревизија на четиригодишната програма за финансирање на земјата. Доколку договорот биде одобрен од Извршниот одбор на ММФ, Украина ќе добие дополнителни 690 милиони долари. Од Фондот соопштија дека Украина до крајот на март ги исполнила сите клучни економски критериуми, иако дел од реформите доцнеле или не биле целосно спроведени. Поради тоа е ...
Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец кој повремено ќе достигнува брзина од 50 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени. Во Скопје, променливо облачно и посвежо. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец. Максималната температура ќе ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека американските сили го ликвидирале Хектор Рустенфорд Гереро Флорес, познат како Нино Гереро, водач на венецуелската криминална организација Трен де Аргуа. Трамп наведе дека операцијата била изведена по негова наредба и во координација со властите во Венецуела, но не откри каде точно се случил нападот. Администрацијата на Трамп претходно воведе санкции против Гереро и други лидери на групата ...
Висок претставник на администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, во телефонски разговор со новинари откри детали за напредокот на преговорите со Иран, според кои Техеран се обврзува на неопределено време да се откаже од нуклеарно оружје. Според информациите објавени од „Скај њуз“, ирански функционери блиски до врховниот лидер се задоволни од текот на преговорите. Сепак, американскиот претставник не потврдил дали ајатолахот ...
Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Русија развива сателитски систем за управување со борбени дронови, за време на состанок со воени претставници. Воедно, Путин потпиша указ со кој бројот на руските вооружени сили се утврдува на 2.399.130 лица, од кои 1.510.000 се активен воен персонал. Тој денеска најави и засилување на нападите врз украинската инфраструктура како одговор на украинските удари на руска територија. Според него, ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Народната канцеларија во Скопје се сретна со претставници на граѓанското здружение „САНО“, коешто ги обединува родителите и децата кои го победиле, или сè уште се борат со канцерот. Тие ја информираа за минатата и тековна работа на здружението, како и за проблемите и предизвиците со коишто се соочени. Мајките на излекуваните деца се навратија на тешко извојуваната победа на болеста, но и ...
Премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф, денеска објави дека е постигнат „конечен, усогласен текст на мировен договор“ меѓу САД и Иран. „Среде интензивните посреднички напори на Пакистан, целосно сме свесни за континуираната кампања на дезинформации што ја водат оние кои сакаат да го саботираат мировниот договор. Но, оставајќи го тоа настрана, можеме да потврдиме дека е постигнат конечен, усогласен текст на мировниот договор“, напиша Шариф на ...
Американското Министерство за одбрана денеска го објави третиот пакет декласифицирани документи за неидентификувани аномални појави (UAP), официјалниот термин што американските власти го користат за појави на небото, во вселената или под вода кои не можат веднаш да се објаснат. Во последните години, терминот UAP го замени популарниот израз НЛО (неидентификуван летечки објект), кој често се поврзува со вонземјани. Документите од денеска се ...
На една од најпознатите плажи на Сардинија, Пунта Молентис, воведена е забрана за користење чадори за сонце за поголемиот дел од посетителите, пренесува „Си-Ен-Ен“. Според новите правила, само семејства со деца помлади од 10 години и лица постари од 65 години имаат право да постават по еден чадор. За останатите посетители е забрането внесување чадори и друга опрема за создавање сенка. Од 5 јуни до крајот на октомври, влезот на плажата се ...
Судoт во Минхен пресуди дека „Гугл“ може директно да одговара за неточните информации што ги генерира неговата функција „AI Overview“. Спорот го покренаа две издавачки куќи, откако алатката по грешка ги поврзала со сомнителни деловни практики и измами. Судот оцени дека AI-резимеата не се обични резултати од пребарување, туку претставуваат нова содржина создадена од самиот Гугл. Судиите заклучија дека вештачката интелигенција не само што ги ...
Иако спортскиот успех зависи од талентот, работата и посветеноста, астролозите сметаат дека четири хороскопски знаци почесто поседуваат особини што ги водат кон врвни резултати. Овен – се издвојува со натпреварувачки дух, храброст и силна желба за победа. Поразите ретко го обесхрабруваат, туку го мотивираат да работи уште повеќе. Лав – сака успех, признание и лидерска улога. Самодовербата му помага добро да се носи со притисокот и важните ...
Од компанијата „Мета“ соопштија дека е отстранет техничкиот проблем поради кој денес накратко беа недостапни социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм. Дел од корисниците пријавија дека апликациите не им се вчитуваат, додека други имаа проблеми со освежување на почетната страница и објавување содржини. Од „Мета“ потврдија дека дефектот е решен и дека двете платформи повторно функционираат нормално. Текстот Мета: Повторно работат „Фејсбук“ и ...
Колумбиско-американската актерка, Софија Вергара, вели дека најголем проблем пред Светското првенство е како да одлучи кого од своето бројно семејство да поведе на натпреварите, бидејќи има ограничен број билети. „Се водеше вистинска мала битка околу тоа кој заслужува да оди на Светското првенство, но беше забавно“, изјави Вергара. Таа потврди дека ќе присуствува во Лос Анџелес и на финалето во близина на Њујорк, а планира да следи и уште ...
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, е избран за вршител на должност претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), кој ги обединува стопанските комори од регионот на Западен Балкан. На седницата одржана во Белград, Република Србија, Азески беше едногласно избран со мандат да спроведе темелни корекции во структурата на КИФ и на Бизнис советот, составен од најголемите компании од регионот. Во рамки на ...
Успешните средби на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со турскиот министер за трговија Омер Болат и министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу, резултураа со договори за воспоставување на директна авиолинија Анкара -Скопје и карго железничко поврзување меѓу двете земји, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата, Николоски. Министерот за трговија на Турција на социјалната ...