Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Во рамки на 14-та седница со одлука на Советот на Општина Карпош, локалната самоуправа им доделува еднократна парична помош на четири семејства, чии најблиски членови загинаа во сообраќајната несреќа на скопската обиколница, која се случи кон крајот на минатиот месец. Општина Карпош изрази искрено жалење за овој трагичен настан и како израз на солидарност кон семејствата, им доделува парична помош во износ од 100.000 денари за секое починато ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска ја отвори четвртата седница на Заедничкиот мониторинг комитет за ИПА III, организирана во соработка со Европската комисија и Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија. Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека Инструментот за претпристапна помош (ИПА) продолжува да биде еден од најзначајните механизми за поддршка на ...
Вчера за првпат во Прилеп е изведена AutoCart процедура на колен зглоб. Станува збор за современа биолошка метода за третман на оштетувања на зглобната ’рскавица, при која се користат сопствени клетки и биолошки материјали од пациентот, со цел поттикнување на регенерацијата на ’рскавицата и подобрување на функцијата на зглобот, извести Министерството за здравство. „Ова е нов чекор во современата ортопедија во Прилеп! Оперативниот тим го ...
Вулканот Марапи во Индонезија повторно еруптираше, исфрлајќи пепел на небото над Западна Суматра. Властите соопштија дека ерупцијата исфрлила облак од пепел, висок околу два километри во атмосферата. More video of today’s eruption from Russia’s Shiveluch volcano in Kamchatka. The volcano sent ash up to around 12 km into the atmosphere, triggering a red aviation warning. Марина Коллегова pic.twitter.com/yKs9dEVyOl — Volcaholic (@volcaholic1) ...
Вкупно 22 држави, вклучително САД, Австралија и повеќето европски нации, како и Македонија, упатија остра порака до Техеран, барајќи итно прекинување на нападите врз поединци на нивна територија. Во заедничката изјава, потписничките ги осудија иранските разузнавачки служби за ангажирање на меѓународни криминални групи за спроведување атентати, киднапирања и застрашувања низ Европа, Северна Америка и Австралија. „Односот помеѓу иранските ...
Иранското Министерство за надворешни работи остро ги осуди ноќните американски воздушни напади врз цели во земјата, оценувајќи дека со нив примирјето постигнато на 8 април станало „практично бесмислено“. Во соопштението се наведува дека нападите претставуваат кршење на Повелбата на ОН и на меѓународното право, како и на суверенитетот и територијалниот интегритет на Иран. Реакцијата следува откако американската војска втора ноќ по ред изврши ...
Судската постапка против Владимир и Милјана Кецмановиќ, родителите на момчето кое го изврши масакрот во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, влезе во последна фаза, а првостепената пресуда е закажана за 18 јуни. Обвинителството бара максимални казни, сметајќи дека родителите сносат кривична и морална одговорност за занемарување на детето и овозможување пристап до оружје, пишува Блиц. Шокантни пораки и ноќта пред злосторството ...
Центарот за граѓански комуникации денеска го објави истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.2). Како што инфорира ЦГК, анализирани се конкретни случаи на потенцијално незаконски спроведени тендерски постапки во коишто грижата за јавните пари не била примарна. Овие случаи се издвојуваат преку анализа на наодите од црвените знаменца кои ги применува Бирото за јавни набавки, преку истражувања кои почиваат на ...
Петстотини и шеесет деветтоодделенци од сите основни училишта на територијата на Кисела Вода синоќа заеднички ја прославија својата полуматура. Под мотото „Спремни за средно!“, локалната самоуправа приреди голема бесплатна забава, одбележувајќи го крајот на основното образование за оваа генерација. Настанот се одржа во спортската сала „Независна Македонија“ и помина во извонредна атмосфера. За музичкиот дел се погрижија популарното дуо ...
„ДУИ ја призна вината за Правосудниот испит. Шефицата на пратеничката група на ДУИ, Рина Ајдари, со свои зборови го кажа она што ВЛЕН го тврди со месеци: ДУИ додека беше на власт, не им даваше приоритет ниту на албанскиот јазик, ниту на Правосудниот испит“, велат од Влен. „Само неколку месеци по донесувањето на Законот за употреба на јазиците, ДУИ го изгласа Законот за Правосудниот испит без негова усогласеност. Пратениците на Али Ахмети со ...
Македонски државјанин е фатен при обид за криумчарење десет преносни компјутери од марката DELL во вредност од речиси 13 илјади евра при влез во државата на граничниот премин Богородица, извести Царинската управа. Случајот e откриен од царинските службеници кои, поради основано сомнение, извршиле претрес на возило во сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од осомничениот. При контролата, на различни места во возилото биле ...
Општина Аеродром викендов ќе биде центар на уличната кошарка и домаќин на најголемиот 3×3 турнир во светот – Red Bull Half Court, што по четврти пат се одржува во Скопје. На 13 и 14 јуни, паркот „Авионче“ ќе ги собере најдобрите македонски баскетџии, кои на новиот реконструиран терен ќе се натпреваруваат за титулата национален шампион и за можноста да бидат дел од светското финале на Филипини. Настанот ќе се одржи на целосно обновениот ...
Во бањалучката населба Лауш утрово одекна силна експлозија кога била активирана експлозивна направа при празнење на контејнер, потврдено е за РТРС. За среќа, повредени лица нема, а експлозијата се случила околу 06:00 часот на улицата Владимир Роловиќ. Случајот во полиција го пријавил работник на претпријатието „Чистоќа а.д.“ Бања Лука. До детонацијата дошло во моментот кога сметот се товарал во камионот. Местото на експлозијата веднаш било ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави видео од изградбата на железничката делница Бељаковце – Крива Паланка, оценувајќи дека станува збор за еден од најголемите инфраструктурни зафати во државата. „На делницата Бељаковце – Крива Паланка се градат мостови со столбови високи до 61 метар – повисоки од повеќекатници во урбана средина. Во изградбата ќе бидат вградени десетици илјади тони железо и 125.000 кубни метри ...
Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, го обвини министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, за неработење, арогантен однос кон Собранието, неисполнети ветувања кон земјоделците, доцнење на субвенциите, укинување на мерки за поддршка и целосно отсуство на политики за справување со растечките трошоци во земјоделското производство. Осврнувајќи се на работата на министерството, Спасовски потсети на блокираните европски средства и серијата ...
Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван утрово во Охрид. Потресот се случил во 5 часот и 36 минути, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот потекнува од подрачјето Пештани-Охрид-Струга. Земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Охрид и Струга. Текстот Земјотрес во Охрид е превземен од МАКФАКС. Земјотрес со јачина од 3 степени според ...
Делови од Скопје и околината денеска ќе останат без електрична енергија поради најавени прекини во снабдувањето, информираат од ЕВН Македонија. Во периодот од 7:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Покриена чаршија“ и дел од улицата „Ковачка“ во Старата чаршија, општина Чаир. Од 8:00 до 14:00 часот прекин ќе има во селата Рашче, Бојане, Копаница, дел од Кондово, како и кај Хлорната станица Рашче, во општина Сарај. Од ...
Пожарот што вчера попладне избувна на ридовите кај викенд-населбата Плуждино, над градските гробишта во Штип, е целосно локализиран, информираа од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Оттаму посочуваат дека во гаснењето не биле ангажирани авиони, бидејќи за тоа немало потреба. Пожарот во текот на ноќта почна да се шири кон населбите Кадидере и Ридарска Чешма во штипско Ново Село, како и кон црквата „Свети Спас“, поради што надлежните ...
Христијан Мицкоски повторно застана против македонските земјоделци и уште еднаш го спаси својот министер Цветан Трипуновски. По директен налог на Мицкоски, пратениците на ВМРО и владејачкото мнозинство во Собранието гласаа против интерпелацијата за Трипуновски, велат од СДСМ. „Со тоа Мицкоски уште еднаш застана против илјадниците земјоделци низ државата кои гласно бараа оставка од најеспособниот министер во историјата. Сега на сите ...
– Пред една година ја презедов одговорноста да го водам Министерството за здравство. Не беше лесен период, ниту систем во кој проблемите можат да се решат преку ноќ. Здравството е еден од најсложените и најчувствителните системи во државата, систем во кој секоја слабост ја чувствува пациентот, секоја одлука има човечка тежина, а секое одложување значи изгубено време за некого кому му е потребна грижа, истакна министерот за здравство, Азир ...
Холивудската актерка Џесика Алба (45) живее „нов живот“ по разводот од Кеш Ворен, со кого има три деца. Иако отсекогаш била во центарот на вниманието и позната по својата специфична убавина, нејзините „пет минути“ се чини дека пристигнаа токму сега. Набргу по разводот, Џесика почна да објавува попровокативни фотографии и одеднаш се појави насекаде. Потоа следеше врска со Дени Рамирез, кој е 11 години помлад од неа, а обожавателите на Алба ...
Кое е најпопуларното име за девојче, а кое е најпопуларното име за момче? Најпопуларните имиња за бебиња во Германија се уште се Софија и Ноа, според анализата на Друштвото за германски јазик за 2025 година и податоците од матичните служби. Софија и Ноа беа на првото место и во 2023 и во 2024 година. Зад Софија во првите пет се Миа, Лина, Ела и Хана. За момчиња, Матео, Тео, Лео и Емил следат зад Ноа. Во споредба со претходната година, Тео и ...
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека интересите на САД и Израел не се секогаш усогласени и дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „дефинитивно погрешил во некои работи“ во својот пристап кон односите со Вашингтон, особено во однос на Иран. Коментарите на Венс доаѓаат во време кога војната со Иран го стави на тест односот меѓу претседателот Доналд Трамп и Нетанјаху, објавува CBS News. „Премиерот Нетанјаху води земја која ...
Актерката Сиена Милер (44) неодамна се породи по трет пат, а сега пристигнуваат вести дека нејзиниот партнер Оли Грин (29) ѝ предложил брак. Ова е второ заедничко дете на среќната двојка, но тие сè уште не го откриле полот или името на бебето. Според E! News, ова е четврти пат Сиена да се сврши, но сè уште не се венчала. Сиена предизвика гласини за свршувачка за време на викендот кога се појави со нов блескав дијамантски прстен на домалиот ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во средата изјави дека забрзувањето на производството и иновациите во одбраната низ Алијансата е клучно за зајакнување на одвраќањето и обезбедување на колективната сигурност. Зборувајќи на Трансатлантскиот форум за пристап до одбранбената индустрија во седиштето на НАТО во Брисел, Руте ги повика одбранбените компании да го зголемат производството и побрзо да испорачуваат воена опрема во светлината на ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека планира наскоро да поднесе оставка и дека размислува да се кандидира за премиер. Вучиќ, чиј втор мандат истекува во мај следната година, е под силен притисок да поднесе оставка поради месеците антивладини протести. Во исто време, неговата владејачка Српска напредна партија му предлага да ја продолжи својата политичка кариера како премиер, со оглед на тоа што уставот му забранува да се ...
Британски турист се удавил во Венеција откако паднал во канал, покажа истрагата. Се верува дека Чачаван Тонгпија, 31, ја изгубил рамнотежата за време на вечерна прошетка низ градот на 3 ноември минатата година. Тој бил на одмор со својата партнерка, објави Скај њуз. Истрагата открила дека Тонгпија, кој живеел во Скарборо, штотуку пристигнал на петдневен одмор во Венеција со својата партнерка Саманта Личфилд. Првата вечер, Тонгпија, го ...
Руската манекенка Ирина Шајк едвај ги чека топлите денови, па нејзините објави во бикини станаа главна тема на социјалните мрежи. Слободното време го помина во Шпанија, каде што беше во друштво на Пенелопе Круз. Познатата манекенка ја покажа атмосферата на одмор со пријатели, а ако им верувате на фотографиите, се забавуваше подобро од кога било. Објавите доминираа снимки од излегувања, но првата фотографија во бикини го украде целото ...
Колку пати вложувате труд во вашата коса – маски, масла, третмани, трпение, а должината сè уште се чини дека стои во место? Тука се појавува фрустрацијата. Сепак, вистината е малку поинаква: косата всушност не престанува да расте, туку честопати се крши во исто време, па резултатот изгледа како стагнација. Просечниот раст на косата е околу 1 до 1,5 см месечно, но она што го гледате во огледалото зависи од тоа колку од тој нов раст успева да ...
Доналд Трамп објави дека именувал нов вршител на должноста директор на Националната разузнавачка служба и го повика Конгресот итно да дејствува по законот за безбедност, обвинувајќи ги демократите за загрозување на националната безбедност. „Исто како што направија со финансирањето на границите, радикалните левичарски демократи се обидуваат да ја држат нашата национална безбедност како заложник поради неповрзани прашања. Тие треба да ...