На 23.05.2026 во 16:28 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на ул.„8 Септември“ на место викано „Стара автобуска“ во Радовиш, 22-годишниот Т.Ј. од Радовиш, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш. На 23.05.2026 во 16:28 часот во ОВР Радовиш е ...

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор: Денеска го одбележуваме Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј – основачите на првото словенско писмо. Делото на Кирил и Методиј не е само симбол на духовноста и писменоста кај словенските народи, туку темелот на нашиот македонски идентитет, јазик и култура. Ние, и сите идни генерации, имаме обврска да го почитуваме и негуваме ...

Сè почесто работодавачите велат дека тешко наоѓаат работници, а младите одговараат дека проблемот не е во тоа што „не сакаат да работат“, туку во тоа што со понудената плата не можат да изградат нормален живот, анализира Centar.mk. Една од најчестите суми што се спомнува во огласите и разговорите е околу 30.000 денари. За некои работодавачи тоа е „солидна почетна плата“, но за многу млади луѓе таа сума денес изгледа недоволна за самостоен ...

Честитка од Африм Гаши, Претседател на Собранието на Република Северна Македонија: По повод 24 мај – Денот на Светите Кирил и Методиј, изразувам почит и благодарност кон двајцата просветители, кои со својата мисија ги поставија темелите на писменоста, образованието и духовниот и културниот развој на словенските народи. Наследството на Светите Кирил и Методиј останува трајна инспирација за зачувување на универзалните вредности на знаењето, ...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј: Малкумина луѓе во историјата имале чест да бидат перцепирани од многу народи и држави како апостоли и заштитници на Европа! Такви се солунските браќа, творците на глаголицата, објавувачите на божјата вистина на старословенски јазик, втемелувачите на сесловенската историја, описменувачите и просветителите на ...

Соопштение на СДСМ: Уште само 7 дена остануваат до 1 јуни, рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на Реформската агенда и клучните обврски за продолжување на европскиот пат. 7 дена до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски. 7 дена до уште една потврда дека ВМРО-ОКГ намерно ја држи државата заглавена, изолирана и далеку од европската иднина. Од 10 клучни точки од Реформската агенда, реализирани се само ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, ...

Фејсбук статус на Венко Филипче, претседател на СДСМ: „Денеска го одбележуваме 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост и духовност. Мисијата на браќата Кирил и Методиј има непроценлива улога во промовирањето на стремежот за еднаквост на народите и рамноправност на јазиците, но и во создавањето на македонската писменост. Горди сме што нивното просветителско и ...

Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека по речиси две години власт на ВМРО и Мицкоски, граѓаните живеат потешко, а економската состојба во државата е сериозно влошена. „Се поставува прашањето дали граѓаните сега, после скоро две години од владата на Христијан Мицковски живеат подобро. Одговорот е не. Со празни џебови, со празни фрижидери, со секојдневна борба да се преживее од први до први“, рече ...

На 22.05.2026 околу 11:00 часот во ОВР Берово е пријавено дека во с.Црник, пехчевско, 12-годишен малолетник од с.Црник управувајќи електричен тротинет, удрил во петгодишно дете од истото село. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил петгодишникот, констатирани во Итната медицинска помош Пехчево. Увид на местото изврши увидна екипа на ОВР Берово. На 22.05.2026 околу 11:00 часот во ОВР Берово е пријавено дека во с.Црник, пехчевско, ...

Државно-црковната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во чиј состав се пратениците Мицевски, Спасовски, Ќоку и Стојчевски, како и генералната секретарка Димовска, во рамки на традиционалната манифестација „Во чест на Свети Кирил“, учествуваше на Молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим. Во словото со кое заврши Молебенот, со кој чиноначалствуваше ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола, од кои пет малолетници, четворица под дејство на алкохол и двајца возеле без дозвола и под дејство на алкохол. Во Скопје две малолетни лица управувале возило без возачка дозвола, шестмина во Кичево (тројца малолетници), двајца во Велес и по еден во Струга и Прилеп. По ...

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 17 часот и 41 минута беше почувствуван земјотресот чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.5 Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува IV степени според Европската макросеизмичка скала. Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија ...

Попладнево земјотрес со јачина од 3.5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во околината на Скопје, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Потресот е регистриран во 17:41 часот по локално време, со епицентар на околу 21 километар источно од Скопје. Земјотресот бил на длабочина од 5 километри. Граѓани на социјалните мрежи и на EMSC коментираат дека потресот бил краток, но почувствуван во повеќе ...

Соопштение на СДСМ: Уште само 8 дена остануваат до 1 јуни, рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на сите точки од Реформската агенда. 8 дена до уште едно големо неисполнето ветување. 8 дена до нов доказ дека организираната криминална група ВМРО не сака Македонија да стане членка на ЕУ. Мицкоски ветуваше дека до 1 јуни ќе ги заврши сите точки од реформите. Секако, клучни се се уставни измени и внесување на малцинствата ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Лагите на Филипче и СДС се повторни демантирани, Филипче и СДС лажеа за мигранти, лажеа дека државата ќе банкротира, лажеа дека е празен Буџетот, лажеа за ИПАРД фондовите, а лажеа и за Реформската агенда и изјавите на Вајц. Филипче и СДС ширеа лаги и го манипулираа народот, но веднаш се демантирани и тоа од релевантните институции. Токму затоа Венко Филипче нема кредибилитет и никој не му верува. Македонија доби ...

Купувањето стан во Скопје за многу млади луѓе веќе не изгледа како нормален животен чекор, туку како тешко достижна цел. Она што порано се планираше по неколку години работа, денес за многумина значи долг кредит, висока рата, помош од родители или живот под кирија на неодредено време, пишува Centar.mk. Цените на становите во главниот град продолжуваат да бидат една од најголемите теми за младите семејства, брачните парови и сите што сакаат да ...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите Почитувани сограѓани Власи, Вие припаѓате на древната духовна лоза на балкански народи, чие историско опстојување не е врзано за моќ и граници, туку за јазикот, меморијата и свеста за посебниот влашки идентитет. Во влашкиот јазик, традиција и култура се вткаени вековната истрајност, силното чувство на припадност и духовното достоинство, пренесувани ...

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Ве известуваме дека на 21.05.2026 (четврток) се воспоставува нормален режим на сообраќај поради завршување на санацијата на горниот строј на Ленишки мост на км 47+900 на државен пат А1, Плетвар-Прилеп. ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на влашката заедница, предводени од Стерјо Папули, претседател на Организациониот одбор за одбележување на Националниот ден на Власите. По повод празникот, претседателката упати честитки до припадниците на влашката заедница и истакна дека Власите, како автохтона заедница, се нераскинлив дел од историскиот, културниот и општествениот развој на македонската држава. Таа ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 76-годишник управувал товарно возилo МАН со прикачена полуприколка со косовски регистарски таблички, по северната обиколница на град Скопје во насока ...

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските ...

Соопштение на СДСМ: До кога треба да чекаат граѓаните на Македонија за Мицкоски и Филков да ги пратат документите за екстрадиција на Никола Груевски? Помина повеќе од еден месец, патуваа документите со денови, Министерството ги собираше документите, сега молчат за едно од најважните прашања поврзани со правдата и владеењето на правото. Зошто се кочи постапката? Или вистината е многу едноставна – Мицкоски и Филков не сакаат Груевски да биде ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Фондацијата „Фросина Кулакова“, формирана во чест на Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, поминувајќи на зелено светло. Со меморандумот се утврдува рамка за заедничка соработка во насока на унапредување на безбедноста во сообраќајот, подигнување на ...

Со свечена академија и доделување награди на најдобрите дипломирани студенти во академската 2024-2025 година, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денес ја одбележа 77-годишнината од основањето и својот патронен празник – 24 мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј. Покрај ректорката на универзитетот, проф. д-р Биљана Ангелова, поздравно обраќање имаше и министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска која нагласи ...

Зад секој политички говор за „воведување ред“ и зад секој предлог-закон донесен набрзина и далеку од очите на јавноста, стојат реални луѓе. Луѓе со семејства, со кредити, луѓе кои секое утро одат на работа за чесно да си го заработат лебот. Денешниот предупредувачки протест на вработените од индустријата за игри на среќа е почеток на битката што работниците во индустријата на среќа се подготвени да ја водат за да бидат слушнати од креаторите ...

Соопштение на Влен: Според анкетата спроведена од STRATUM RID, доколку денес се одржат избори, ВЛЕН би бил првата политичка сила во албанскиот политички блок, оставајќи ја ДУИ зад себе. На прашањето „За кого би гласале ако денес се одржат избори?“, 34,5% од анкетираните се изјасниле за ВЛЕН, додека 30,9% за Демократската унија за интеграција (ДУИ). Со тоа, ВЛЕН бележи видлива предност пред ДУИ, што претставува јасен показател дека граѓаните ...

– Ве информираме дека Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи, соопшти Министерство за транспорт. Министерството за транспорт соопшти дека согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објави согласно законските прописи во најбрз можен рок. – Ве информираме дека Државната комисија по жалби за јавни ...

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши предводи државно–црковна делегација во посетата на Ватикан по повод традиционалната манифестација „Во чест на Свети Кирил“. Делегацијата предводена од Гаши која присуствуваше на Аудиенција кај папата е во состав: координатори на пратеничките Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку; Зоран Љутков, министер за култура; Марина Димовска, генерална секретарка на ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.79
41%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
4.02
56%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.88
41%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.85
53%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
6.43
52%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
46%
1017
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.02
50%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.46
55%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
47%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
43%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
3.13
52%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.63
99%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Калај

53.60

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97