Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Соопштение на СДСМ: Со години ВМРО-ОКГ ширеше страв, хистерија и лажен патриотизам, убедувајќи ги граѓаните дека ние во СДСМ сме предавници кои го го загрозуваат македонскиот идентитетот, јазик и култура. Вистината излезе на виделина. Ниту СДСМ се предавници ниту е загрозен македонскиот идентитет. Тоа го призна и ВМРО-ОКГ. Мицкоски призна дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата, Силјановска призна дека македонскиот јазик, ...
Секоја пролет, кога Хрватска почнува да се подготвува за туристичката сезона, повторно се отвора истата приказна: илјадници работници од регионот заминуваат кон Јадранот во потрага по подобра заработка. Меѓу нив има и голем број Македонци, најчесто млади луѓе, угостители, готвачи, келнери, собарки, рецепционери и помошни работници кои летото го гледаат како можност за неколку месеци да заработат повеќе отколку дома, пишува Centar.mk. ...
Соопштение на СДСМ: Владата се фали со пари кои ги добиваат сите кандидати на Балканот освен Србија, но не кажува колку пари загубивме. ЕУ ослободи само 65,7 милиони евра за Македонија а вкупната сума која требаше да се повлече само за периодот јуни 2025 – декември 2025 е 134 милиони евра. Молчи Владата за клучното прашање колку пари загуби Македонија поради тоа што нема продолжување на европскиот пат? Остануваат уште само 10 дена до рокот ...
Иако не беше постигнат договор со нискобуџетната авиокомпанија “Рајанер”, Владата продолжува со отворање на нови авиолинии и проширување на мрежата на летови од македонските аеродроми, потенцира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој најави 5 нови дестинации ова лето. Николоски истакна дека државата останува отворена за соработка со сите авиокомпании, но нема да прифати условувања кои би биле на штета на останатите ...
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Ве известуваме дека на 21.05.2026 (четврток) се воспоставува нормален режим на сообраќај поради завршување на санацијата на горниот строј на Ленишки мост на км 47+900 на државен пат А1, Плетвар-Прилеп. ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 ...
Постојат периоди кога човек има чувство дека колку и да се труди, животот постојано го става на испит. Чека вистинска љубов, подобри финансии, мир во душата, признание за трудот, а наместо тоа добива нови одложувања и разочарувања. Но ѕвездите понекогаш подготвуваат пресврт токму тогаш кога надежта почнува да слабее. Во наредниот период, два хороскопски знаци конечно ќе почувствуваат дека тежината од минатото полека исчезнува. По години ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без возачка дозвола и двајца со активна забрана. Еден возач во Македонски Брод и по двајца возачи во Скопје и Прилеп управувале возило без возачка дозвола. Еден возачите во Прилеп бил и под дејство на алкохол. По еден возач во Скопје и Кичево управувале возило со активна забрана. ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на панел-дискусијата во рамки на конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“, порача дека Македонија не смее да дозволи српското и руското влијание да ја оттурне од европскиот пат и нагласи дека проширувањето на Европската Унија денес е јасна геостратешка цел и за самата Унија. Филипче истакна дека скептицизмот кон проширувањето е надминат ...
Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, се сретна со хрватскиот експерт Владимир Дробњак, кој беше главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со Европската Унија. На средбата беа разменети мислења и искуства во однос на евроинтегративните процеси, предизвиците со кои се соочуваат земјите кандидати и перспективите за понатамошното проширување на Унијата. Во разговорот, Филипче се осврна на актуелната ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска се осврна на закочениот европски пат на државата, преговарачката рамка и реформските процеси. Тој во своето обраќање, на панел-дискусијата во рамки на конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“, нагласи дека не треба да се губи време, дека постојат јасни чекори на патот кон Европската Унија и дека тие веќе се дефинирани од страна на ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето обраќање на панел-дискусијата во рамки на конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“, рече дека без европско правосудство не може да се врати довербата на граѓаните во државата и дека системските слабости и партизацијата ја разградуваат довербата во институциите. Осврнувајќи се на состојбата во правосудството, Филипе посочи на ...
На 19.05.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишија од слобода маж(51) од Гостивар, со живеалиште во Скопје. Имено, околу 21:40 часот, при опсервација на терен, забележана е и спречена група од пет лица – турски државјани и мажот од готстивар, кој им бил придружба, при обид илегално да ја преминат границата од Р.С. Македонија кон Република Грција. Турските ...
Припадниците на Логистичката база (ЛБ) денеска во касарната „Илинден“ во Скопје со воена свеченост го одбележаа 20 Мај – Денот на Логистичката база, единица која претставува носечки столб на логистичката поддршка во Армијата. На свеченоста присуствуваа министерот за одбрана, Владо Мисајловски, заменик-министерот за одбрана, Адмир Шабани, заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, генерали во Армијата, ...
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска присуствуваше на завршниот настан на проектот „Земјоделство безбедно од пожари во Општина Новаци, спроведуван од здружението Центар за ресурси во животната средина. На настанот беа презентирани активностите и резултатите од проектот на кој се промовираа и се поставија темелите за спроведување на земјоделски практики што ќе ги намалат достапните горива, ризикот од палење, стапката на појава и ...
Соопштение на СДСМ: Додека новиот унгарски премиер Петер Маѓар открива нови детали за бегството на полскиот министер, кој имаше заштита од Орбан и преку Србија избегал во САД, во Македонија, Мицкоски и Филков со месец молчат за Никола Груевски. Прашањето е едноставно: Дали Мицкоски и Филков намерно не ги испраќаат документите за екстрадиција за да му овозможат на Груевски да ја избегне правдата, а самите да не се соочат со своите партиски ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на проектот Градски воз кој од 1 септември започнува со изградбата на првата линија и што тоа ќе значи тоа за Скопје, изјави: „Тоа ќе значи нов еколошки транспорт за голем дел граѓани коишто имаат дневна рутина да се движат кон центарот на градот на потегот од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Аеродром до ...
– Уште еден од низата проекти коишто беа планирани за реализација. Би сакал да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата, на пратеникот којшто доаѓа од општината Ѓорче Петров, на колегите од Владата, на министерството за образование и наука, за посветената работа, трудот којшто го вложуваат, поддршката којашто ја даваат, бидејќи не е лесно да се износат сите овие ...
Секторот за контрола и истраги преку Одделението за оперативни работи спречи обид за нелегален пренос на готовина во износ од половина милион евра пронајдени во специјално контруиран бункер на минибус, што резултираше со историски најголема заплена на девизи, потенцира директорот на Царинска управа, Бобан Николовски на прес-конференција на која информираше за случајот. Девизите и возилото се трајно одземени, а сторителот, државјанин на ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавите за зголемени инвестиции во образованието и што ќе значи тоа конкретно за образовната заедница, изјави: „Во науката, исто така покрај овие инфраструктурни, би рекол капитални инвестиции, ако се спореди буџетот оваа година со оној од 2024, ќе дојдете до двојно зголемување. Сега е некаде околу 770 милиони ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Молкот на Филипче кон навредливите изјави од Бугарија е срам и понижување за Македонија. Речиси две недели Филипче избегнува јасно да ја осуди изјавата на бугарската министерка Петрова Чамова, која македонскиот народ го нарекува “северномакедонци”. Венко Филипче нема достоинствен став и не застанува во одбрана на националниот идентитет, Филипче молчи за навредите, прави лични калкулации и продолжува со сервилност. ...
Соопштение на СДСМ: Како што месеци наназад предупредувавме дека Вучиќ управува со Македонија, сега ВМРО директно организира граѓани на Македонија за контра-митинг во Белград во поддршка на Александар Вучиќ. На плакатот што го шират низ Македонија јасно се гледа: собирање и поаѓање на митингот пред српскиот конзулат во Куманово, со цел да се поддржи Вучиќ. Ова е срамно мешање во внатрешните работи на друга држава. Ова е токму она што ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец мај 2026 година изнесува 68 743,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2026 год. која изнесува 68 797,00 денари е намалена за 54,00 денари, соопшти ССМ. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец мај изнесува 84 117,00 денари. Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец мај 2026 година изнесува 68 743,00 денари, споредена со вредноста на ...
Следниот неработен ден доаѓа на 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден, со што во мај имаме еден продолжен викенди за сите граѓани. Но за православните граѓани неработен ден е и 29 мај кој се паѓа во петок, со што се добива уште еден продолжен викенд. Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2026 година ...
Во 2025 година загубите на вода на национално ниво изнесуваат 63,05% и се помали за 0,16% во споредба со 2024 година – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2025 година за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален (РКЕ). Намалување од 0,33 m³ има и кај просечната месечна потрошувачка на домаќинствата на вода која во 2025 година изнесувала 12,59 m³. Домаќинствата од ...
Соопштение на СДСМ: Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание од организираната криминална група ВМРО – дека Владата на Мицкоски е полна со луѓе кои имаат бугарски пасоши. ВМРО-ОКГ и Мицкоски одбија да го прифатат предлог-законот на СДСМ со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства. Зошто го одбија? Затоа што пола Влада веднаш ќе требаше да си замине. Може во ...
Wizz Air, вчера го одбележа својот 22-ри роденден, означувајќи повеќе од две децении раст, иновации и трансформација во европската авијација. Од својот прв лет во 2004 година, авиокомпанијата прерасна во една од водечките нискобуџетни авиокомпании во Европа и продолжува со силен развој, поврзувајќи милиони патници низ широка мрежа на дестинации, додека континуирано инвестира во модерна технологија, оперативна извонредност и одржливост. Како ...
На 18.05.2026 во 10:40 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода С.А.(64) од Република Турција затоа што по извршена гранична контрола и проверка е констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол Германија. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка. На 18.05.2026 во 10:40 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на ...
Претседателката, д-р Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на посетата на Република Словенија, одржа предавање на Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана, на којшто докторирала, на тема: „Уставните трансформации на патот кон ЕУ: реформи или уставен инженеринг?“, пред бројни професори, студенти и претставници на дипломатскиот кор. Предавањето се однесуваше на природата на уставот, како највисок правен акт и најширок и најважен договор ...
Во рамки на вториот ден од работната посета на Вилнус, Република Литванија, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, оствари билатерална средба со заменик-министерот за национална одбрана на Република Литванија, Томас Годлиаускас. На средбата се разговараше за зајакнување на соработката во областа на сајбер-безбедноста, размена на искуства и градење поотпорни институционални капацитети за справување со современите дигитални ...
На 18.05.2026 околу 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Јурумлери, скопско, на крстосница од регионален пат Скопје-Велес и општински пат с.Јурумлери-с.Долно Лисиче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(44) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од М.П.(33)од с.Идризово, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил ...