Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
На 19 декември во 13:40 часот во СВР Скопје, 77-годишна жена од Скопје пријави дека истиот ден била измамена од машко лице за сума од 150.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, претставувајќи и се како доктор и ѝ кажало дека треба да даде пари затоа што на нејзината ќерка требало да и се направи операција, откако претходно наводно паднала и се повредила додека ги шетала кучињата. Според пријавеното, таа парите ги ...
Изјава, Петар Огњеновиќ, член на Извршниот одбор на СДСМ: Нов ден, нов доказ дека власта сака да ја задуши слободата на говор и да воведе цензура со неуставната Резолуција. Пратеникот на ДПМНЕ, Бојан Стојановски, синоќа, во интервју на Сител Телевизија потврди се она што го говориме цело време. Фалејќи ја Резолуцијата Бојан Стојановски вели „Ова е добро за медиумите“ бидејќи ќе се „санкционирало ширењето невистини во јавноста„. Они да бидат ...
Трезорот во состав на Министерството за финансии функционира редовно и врши исплати и ќе продолжи до 31 декември 2025 како и останатите институции. Ќе се реализираат сите преземени обврски од страна на државата до крајот на годината. Нашата цел е целосно да се реализираат и приходите и расходите во Буџетот согласно планираното, како и буџетскиот дефицит да се заврши на планираното ниво. Ова го истакна заменик-министерот за финансии Николче ...
На 19.12.2025 во 16:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека врз Х.И.(44) од Либражд, Република Албанија, при изведување работни активности на трафостаница во близина на селото Требеништа, општина Дебрца, паднала работна машина-пумпа за бетон. Тој со тешки повреди, со патничко возило бил пренесен во близина на аеродромот Охрид, каде бил предаден на екипа од Итната медицинска помош, која констатирала дека Х.И. починал. Увид на местото на ...
Соопштение на СДСМ: Скопје е втор најзагаден град во Европа. Граѓаните на Скопје дишат отров, токсични материикои штетни по здравјето на луѓето. Наместо да инвестира пари во проекти и политики за почист воздух, наместо да преземе мерки и да ги заштити граѓаните, владата на Мицкоски гледа како повеќе пари да испумпа преку криминални тендери. 161 тендер за една фирма, 9 милиони евра за друга, само за тоа има владата на Мицкоски пари. Нема за ...
Соопштение на СДСМ: Најновото „истражување“ на агенцијата „ИПИС“, објавено денес, воопшто не претставува реално мерење на политичките расположенија, туку чист пропаганден потег на власта, како резултат на драматичниот пад на довербата во Владата. Сега, кога на сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува избори на пролет, а мигранти во јуни, тие веќе немаат ниту трошка поддршка од последните избори. По воведувањето на забраната на слободата на ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител ги обезбеди сите докази и со соодветни вештачења ги утврди причините за сообраќајната несреќа која се случи на 14 септември по полноќ во селото Марино. Осомничениот ...
Денеска, 20 декември 2025 година, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, во организација на Здружението „Херои на Македонија 2001-2015“ и Министерството за одбрана, се одржува 25. Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители од 2001 и 2015 година, припадници на македонските безбедносни сили. На денешниот настан присуствуваа министерот за одбрана Владо Мисајловски кој го отвори турнирот, министерот за внатрешни ...
На 19.12.2025 во 11:20 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на кружен тек од ул. „Димо наредникот“ и бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(73) и велосипед, управуван од 46-годишната А.Ј., двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ј., констатирани во Општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 48-годишен жител на селото Подмоље, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Според пријавата, на 30.10.2025 година на улицата „Маркс Енгелсова“ во Струга, осомничениот, управувајќи возило од марката „Пежо“ со охридски регистарски ознаки, од пиштол марка „Взор“ калибар 7,65 милиметри испукал неколку куршуми кон стан во сопственост ...
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари официјална средба со претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), на која беа потврдени одличните односи, а се разговараше и за проширување на институционалната соработка. Претседателот Гаши изрази голема благодарност за 20-годишната активност на ТИКА во Северна Македонија, во која се реализирани над 1.300 проекти во витални области ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против маж(35) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување’’. Пријавениот, во својство на службено лице во банка во Битола, во неколку наврати вршел неовластено зголемување на лимитите на неговата кредитна картичка и специјален лимит, како и зголемување на лимитот на неговата сопруга, а извршил и незаконско зголемување на својот ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Јасмина Георгиевска-Павловска и генералниот секретар на Црвениот крст, д-р Саит Саити, денеска на Плоштад „Македонија“ присуствуваа на показна вежба на децата од средното скопско училиште „Владо Тасевски“, во рамки на превентивната кампања „Сигурни празници, без употреба на пиротехника“. Кампањата се ...
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, оствари средба со новоназначената амбасадорка на НР Кина во Република Северна Македонија, Н.Е. Џианг Сјаојен. На средбата, претседателот Костадиновски ја запозна амбасадорката со актуелните предизвици со кои се соочува Уставниот суд, како и со улогата и надлежностите на Судот како столб на демократијата и гарант на уставните права и слободи. Тој ги претстави своите заложби за ...
– За мене претставува голема чест и задоволство што работи коишто денес ги гледаме во тука во Алкалоид во Скопје и во најсовремените светски фармацевтски компании, индустрии, изјави премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата на “Алкалоид”. – Тоа што не прави посебно горди е што го имаме тука и сме горди што е македонско. Јас му благодарам на директорот, благодарам на сите луѓе коишто денес ни покажаа со што располага оваа фармацевтска ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, дали има најава за нови инвестиции во државата, информираше дека веќе има потврда за две нови странски инвестиции во вкупна вредност од околу 80-тина милиони евра. „Па да, ние генерално, преговараме со многу компании коишто доаѓаат надвор од земјава, коишто ќе инвестираат во Македонија. Можам да потврдам дека веќе имаме потврда од ...
Како што истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, по даденото ветување за време на изборниот период, денес започнуваат градежните активности за поставување на нова водоводна мрежа во должина од повеќе од 600 метри, во соработка со Општина Бутел и ЈП „Водовод и канализација“, со што ќе се обезбеди сигурно, квалитетно и континуирано снабдување со вода за пиење за домаќинствата во Бел Камен. Во прилог објавата на социјални мрежи од ...
Владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за транспорт и министерот за одбрана, Александар Николоски и Владо Мисајловски, денеска се во работна посета на Унгарија. За време на посетата министрите Мисајловски и Николоски остварија средби со главниот советник за национална безбедност, Марцел Биро и со Мате Лога, државен советник во Министерството за национална економија, за економски развој и национални финансиски сервиси. ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими, Абдула Ерен, претседател на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА и неговите соработници. Акцентирајќи ја плодната дводецениска соработка, претседателката истакна дека ТИКА ужива заслужена почит не само од државните и јавни институции, туку и од македонските граѓани, без оглед на нивната етничка и верска припадност. Впрочем, не случајно ТИКА беше одликувана со едно ...
Соопштение на СДСМ: Секоја конструкција креирана во кујните на ДПМНЕ, како оваа со Шилегов и обидите да се вмешаат и двајца наши членови (преку измислени иницијативи), е продолжение на нивната кампања за дефокусирање на јавноста од главната тема – „мигранти за пари“. Секој ден излегуваат вести за старо/нови лица во СДСМ, истите излитени вести од фиоките на Никола Груевски и Латас. На кого сѐ уште не му е јасно? Новата сила во СДСМ ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, се обрати на конференцијата за промоција на националната ИКТ Стратегија СМАРТ/МК 2030, нагласувајќи дека дигиталната трансформација се реализира преку конкретни, мерливи решенија што директно го подобруваат секојдневието на граѓаните. „Дигиталната трансформација мора да биде достапна за сите, без разлика на дигиталните вештини ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари работен состанок со Џејсон Винички, заменик-директор за буџет и финансиска одговорност во Канцеларијата за техничка помош-ОТА на Министерството за финансии на САД. На состанокот се разговараше за унапредување на буџетските процеси во рамки на Реформската агенда и имплементацијата на Законот за буџети, при што беше нагласено дека поддршката од Канцеларијата за техничка помош (ОТА) ...
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка: Овие денови ДПМНЕ-ЗНАМ изгласаа неуставна Резолуција само да ја замолчат опозицијата. Немаат како да се борат со вистината, за една голема тема, мигранти за пари. Па сакаат да воведат цензура против слободата на говорот. Но вистината не може да се сокрие, вистината секогаш излегува и секогаш победува. Денеска ќе објавиме нов доказ. Па граѓаните сами нека заклучат кој ја говори ...
– Денес не промовираме само еден стратешки документ. Денес ја потврдуваме нашата решителност да ја изградиме модерната, паметна и дигитална држава. Држава што работи за граѓаните, држава што е транспарентна, ефикасна и правична, порача премиерот Христијан Мицкоски. – Националната стратегија за развој на ИКТ – СМАРТ/МК 2030 е визија, но и јасен план. Таа е одговор на реалните предизвици со кои се соочува нашето општество и патоказ за тоа ...
Соопштение на СДСМ: Со неуставна Резолуција ДПМНЕ-ЗНАМ сакаат да ја задушат демократијата и слободата на говор во Македонија. Целта е по секоја цена да се обидат да ја замолчат опозицијата да зборува за темата мигранти и нивниот договор. Со забрани и закани за кривични пријави да нема дебата за она што тајно го договориле далеку од очите на јавноста. СДСМ тоа нема да го дозволи. Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме ...
Соопштение на СДСМ: Резолуцијата што ја изгласаа ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието не е ниту наивна, ниту случајна. Станува збор за опасно сценарио со кое се удира директно врз демократијата, слободата на говор и уставниот поредок на државата. Клучното прашање е: зошто токму сега? Со закани за кривична одговорност и судски прогон, власта се обидува да ја спречи секоја јавна дебата за една голема и важна тема, за договор за кој граѓаните веќе ...
Во текот на ноќта на 17 и 18.12. 2025 година, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал спроведоа координирана акција на повеќе локации во Скопје и околината, како и во Куманово, Неготино, Велес, Пехчево, Пробиштип и Кочани. Во рамките на акцијата од слобода се лишени 11 лица. Вчера (18.12.2025 година), ...
Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар: Кога Уставниот поредок и основните човекови права се загрозени, потребна е заедничка акција. Денеска СДСМ поднесе иницијатива до Уставниот суд против неуставната Резолуција на ДПМНЕ-ЗНАМ усвоена во Собранието. Конкретно, за повреда на дел 1 од Уставот, членот 16, кој ги гарантира: слободата на говорот, слободата на јавниот настап, слободата на уверувањето и јавното ...
Тамара Мијовиќ Спасова, програмска директорка на тинк тенкот „Аналитика“, денес се обрати на Јавната расправа во Собранието на Република Северна Македонија на тема „Заштита на децата и младите од штетните влијанија од пушењето“. Во своето обраќање таа ги презентираше најновите истражувања и анализи на Аналитика и упати јасни препораки за законски измени и институционални интервенции со цел превенција и намалување на пушењето кај децата и ...
По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата, на кој беше истакната нејзината клучна улога во одржувањето на јавниот ред и мир и во заштитата на безбедноста на граѓаните на главниот град. Во своето обраќање, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нагласи дека Интервентната полиција во изминатиот период се етаблирала како еден од носечките столбови ...