„Слугинки“, „Криег“, „Folie a Deux“, „Лекција“, „Те чекам“, „Волкот на љубовта“, „Фетишист“, „Хинкеман“ и „Вај-Фај“ се претставите од независна сцена што деновиве ќе се играат во Драмски театар во рамки на неделата посветена на независната сцена. Ревијата ќе започне со изведбата на „Слугинки“ во режија на Теодора Силјаноска. Во претставата играат: Марија Кондовска, Кристина Гиева и Ванеса Тримчевска. На двете сцени на тратарот ќе се играат ...

Време за чекање нема, бидејќи од тоа зависи не само развојот, туку и опстанокот на нашата држава. За да се подобри студентскиот стандард во Македонија потребна е сеопфатна државна стратегија Нема „волшебно стапче“ со што веднаш ќе се надминат проблемите создавани со децении поради занемарување на високото образование и студентите, ниту може за кусо време да се подигне студентскиот стандард во Македонија. Проблемите не се само финансиски, туку ...

Во барот „Олд скул“ во Скопје вечерва во 21.30 часот концерт ќе одржи Енес Беговски. Тој ќе ја спои моќта на перкусиите со убавината на поезијата, носејќи медитативни тонови, балкански призвуци и украинска поетска страст. Во тоа ќе му помогнат Валентин Френкел, украински музичар кој повеќе од една деценија живее во Црна Гора и Стефан Дивчов, познат тромбонист кој овојпат ќе се претстави во ново светло, како перкусионист. Концертот ја носи ...

Групата „Фолтин“ утревечер во 21 часот во „Јавна соба“ во Скопје ќе одбележи 30 години од нивниот прв концерт. – Тоа е добар стаж, но за пензија е сè уште рано. Можноста за нови приказни е секогаш отворена – вели Пеце Трајковски – Брада. „Фолтин“ се познати по својата жанровска слобода, сценска разиграност и уникатниот баланс меѓу интимност и театар. Нивните концерти не се само изведби, туку ритуали на споделување, во кои, како што велат, ...

„ГеНарација Мир – Уметноста е начинот“ е насловот на регионалната младинска, мировна и уметничка средба која ќе се одржи во Прилеп од денеска до 12 септември во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Ќе бидат прикажани две претстави како дел од регионалната младинска средба во која ќе се сретнат млади луѓе од Македонија, Косово и Србија. За двете претстави влезот е слободен, а публиката ќе може да ги проследи со превод на англиски јазик. ...

Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Простори на конјункција / Картографија на фрагментот: Наративи, граници, меморија“. Ќе бидат претставени дела од реномирани македонски автори. Изложбата ја организира КИЦ во соработка со Националната галерија на Македонија. Куратори се: д-р Ана Франговска, Горанчо Ѓорѓиевски, Маја Неделкоска-Брзанова и Маја Чанкуловска-Михајловска од ...

Добитник на наградата „Златна камера 300“ за животно дело е кинематограферот Дариус Конџи, а оскаровецот Воли Фистер ќе ја добие „Специјалната камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност. Ова денес беше најавено на прес-конференција. Мал е бројот на кинематографери во светот кои имаат оставено зад себе филмски остварувања за кои може да се каже дека се постулат на модерната филмска уметност, кои со децении ќе се изучуваат на ...

Креативно справување со предизвиците на дигиталното родово базирано насилство е целта на Колаж-клубот на „Мрежа Стела“ што ќе се одржи денеска во 18 часот во кафе-книжарницата „Илика“ во Скопје. Клубот е наменет за сите креативни личности што сакаат да ја искористат својата имагинација во борбата против насилството. – Заедно ќе создадеме уникатен шпил карти преку колаж. Секоја карта ќе носи порака, мисла или одговор на штетните реалности на ...

„Гениј“ го нарече Ерик Клептон гитарскиот виртуоз Курт Роузвинкел кој на 1 октомври (20 часот) ќе настапи во Скопје како гостин на Националниот џез оркестар. Концертот ќе се одржи во Националната опера и балет под диригенство на маестро Владимир Николов. Веќе три децении Роузвинкел ја обликува современата џез-сцена со својот препознатлив стил и музичка длабочина. Од своите први настапи во Њујорк во 1991 година, тој се издигна како вистински ...

Премиерната изведба на магистерската претстава „Драга Јелена Сергеевна“ од Људмила Разумовскаја, во режија на Шенај Мандак е закажана за вечерва во 20 часот на малата сцена во Македонски народен театар. Овој проект е реализиран во рамките на соработката помеѓу Македонски народен театар и Факултетот за драмски уметности. „Драга Јелена Сергеевна“е безвременска приказна која зборува за генерацискиот судир, ги поставува прашањата за моралниот ...

Во преполниот салон на македонскиот Културно-информативен центар во Белград, пред бројна публика, претставници на дипломатскиот кор, на македонската заедница во Србија и на белградската академска и уметничка заедница, се одржа свечен празничен концерт со Скопскиот дувачки квинтет кој предизвика исклучителни емоции и долги аплаузи. Внимателно одбраната за овој повод музичка програма, во која доминираа теми од современото македонско музичко ...

Во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип од утре до 15 септември ќе се одржи 13. издание на Театарскиот фестивал за деца и младинци „Малиот принц“. Фестивалот ќе биде отворен утре со едночасовен концерт на бендот „Петко 5+“ (ОХО продукција). Во текот на фестивалот публиката ќе проследи претстави од врвни македонски театарски куќи и да учествува на специјална театарска работилница за деца. Програмата опфаќа претстави на Македонски народен ...

Кога требаше да се одлучам што да студирам, требаше да биде нешто поврзано со човекот, со неговата универзална потреба да го објаснува светот во којшто живее, да воспоставува и да одржува врски со други луѓе Пишува: Илина Јакимовска, раководителка на Институтот за етнологија и антропологија, при Природно-математичкиот факултет во Скопје Кога бев мала многу читав. Во осмо одделение ги имав совладано класиците, а омилени ми беа петте тома ...

Еден од ексклузивитетите ќе бидат наодите од некрополата од Корошишта, кои лани ја возбудија домашната и светската јавност За еден месец 36 кустоси, конзерватори и документатори, 15 надворешни соработници со помош од останатиот музејски персонал, деноноќно работеа за да ја подготват новата постојана поставка во Археолошкиот музеј во Скопје што официјално ќе биде отворена задутре, а од понеделник ќе биде достапна за целата јавност. На површина ...

Звуците на окарината стара 6.000 години во рацете на реномираниот музичар Драган Даутовски синоќа во холот на Археолошкиот музеј во Скопје го најави отворањето на новата постојана музејска поставка. Неколку стотици граѓани, археолози, конзерватори, историчари на уметност, етнолози, музејски работници, политичари и љубители на културата присуствуваа на отворањето. Драган Даутовски Директорката на музејот, Магдалена Манаскова најави дека ова е ...

По успешната праизведба летово на сцената во Македонскиот народен театар, претставата „Лов на дива свиња“ на 7 септември премиерно ќе се одигра пред публиката и во Градското позориште Подгорица. Ден потоа е закажана и првата реприза. Марија Сарап е современа писателка од Црна Гора, која од неодамна е уметнички директор на Црногорско народно позориште. Поплавска е македонска режисерка што на нашата публика ѝ донесе значајни претстави и ...

Со свечено отворање на Фестивалот на македонски филм – македонски филмски класици во Загреб денеска ќе биде одбележан 8 Септември, Денот на независноста на Македонија. Фестивалот ќе почне со проекција на почетоците на македонската кинематографија – со ексклузивна проекција на целокупниот дигитално реставриран филмски опус на браќата Манаки, првите сниматели на Балканот. Одбележувањето го организираат македонската амбасадата во Хрватска и ...

Во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ на 11 септември (20 часот) ќе биде отворена самостојната изложба на уметницата Калиопи Трпчева. Концептот на „Патување“ (проект – изложба) на Калиопи Трпчева е прикажување на уметниковите чувства преку ликови – портрети и фигури, а воедно е и експериментирање на мешавина од материјали, каков што е колажот и во сликите и во илустрациите. Насловот на изложбата – „Патување“ – сам по себе сугерира ...

Македонскиот Културно-информативен центар во Белград организира свечен празничен концерт со еминентни македонски музички уметници и ликовна изложба со десетина современи македонски ликовни уметници. Настаните се по повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија. Концертот ќе се реализира вечерва во 19 часот, а ќе настапи Скопскиот дувачки квинтет во состав: Марија Јакимовска, флејта; Васил Атанасов, обоа; Ристо Ѓоревски, кларинет; ...

Џим Џармуш ja освои наградата „Златен лав“ за најдобар филм со својата најнова драма-комедија „Татко, мајка, сестра, брат“ („Father Mother Sister Brother“) на 82. Филмски фестивал во Венеција. Филмот е структуриран како триптих и ги анализира сложените семејни односи помеѓу возрасните деца и нивните емоционално оддалечени родители, сместен низ сценарија во Њу Џерси, Даблин и Париз. Улогите ги толкуваат големи имиња како Адам Драјвер, Кејт ...

Ова е парадоксот на современиот дигитален активизам: тој е гласен, но краткотраен; видлив, но површен; масовен, но без органска врска со реалните структури на моќ Пишува: Андон Дамовски, докторант на Институтот за социологија, Филозофски факултет, УКИМ Во античките градови-држави, агората била срцето на демократијата: отворен плоштад каде граѓаните разменувале аргументи, идеи и визии за заедничкото добро. Во римската традиција, форумот бил ...

„Македонски мозаик“ е насловен концертот што ќе се одржи вечерва во Ерменската католичка катедрала „Сурп Асдваѕаѕин“ во Бејоглу, Истанбул во чест на 8 Септември, Денот на независноста на Македонија. Пред истанбулската публика ќе настапимешаниот хор „Про Арс“ од Скопје, предводен од реномираниот македонски диригент Сашо Татарчевски. Овој ансамбл, познат по својата интерпретативна зрелост и префинет израз, ќе се претстави со мозаик од ...

Освен Флисар, гости на 13. фестивал ќе бидат српскиот писател и поет Небојша Лапчевиќ, бугарската писателка Елена Алексиева, една од најпознатите словенечки писателки за млади читатели Јана Бауер, како и домашните авторки – поетесата и романсиерка Лидија Димковска и прозаистката Хана Корнети. Во дополнителната програма на фестивалот ќе се одржи и промоција на книгата „30 современи грчки автори“ Наградата „Прозарт“, што Интернационалниот ...

Документарецот „Силјан“ на режисерката двојно номинирана за „Оскар“, Тамара Котевска, ја освои наградата Cinema and Arts, една од ретките на Биеналото, позната и како „Наградата на Музата“. Оваа награда е дел од официјалната натпреварувачка програма, а во конкуренција на 20 филма за ова признание, „Силјан“ го освои првото место и беше прогласен за најинспиративен филм на Биеналето. Иако беше вон главната конкуренција („Out of Competition“) за ...

Филмовите „Мајка“ на Теона Стругар Митевска и „Диџеј Ахмет“ на Георги Унковски ќе учествуваат на престижниот 69. BFI London Film Festival (Лондонски филмски фестивал на Британскиот филмски институт). Ова е првпат два македонски наслови истовремено да бидат дел од овој фестивал и претставува историски успех за нашата кинематографија. „Мајка“ ја имаше својата светска премиера на 82. Венециски филмски фестивал на 28 август, каде што беше ...

Mанифестацијата „100 000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распишува поетски конкурс за јубилејното 15. издание на Фестивалот. Поезијата со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално. Секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на фејсбук-профилот на оваа ...

Со овој превод, делото на еден од најголемите македонски поети конечно доби рамноправно место во англофонскиот свет, каде што досега беше речиси непознато, велат организаторите Кристина Е. Крамер и Роли Грау за преводот од македонски на англиски јазик на книгата „Долго доаѓање на огнот“ од Ацо Шопов ја добија меѓународната награда „Драги“ за најзначаен превод на книжевно дело од македонски автор. Наградата ја доделуваат издавачката куќа ...

Во дворот на Офицерскиот дом во Битола, вечерва во 19 часот ќе се одржи симболичниот чин на предавање на уметничко пијано, донација од Халкбанк АД Скопје за Културно-информативниот центар Битола. Настанот е наречен „Пијано што ќе му припаѓа на градот“. -Ова пијано не е обичен инструмент – на неговата површина е изведена уметничка интервенција од македонски артисти, со што секој тон ќе добива и визуелна димензија. Вечерва, токму во Битола, ќе ...

Претставата „Гидионовиот јазол“ ја отвора сезоната на матичната сцена на Драмски театар Скопје на 9 септември во 20 часот, а веќе на 11 септември претставата се игра во Струмица во рамките на програмскиот дел на 33. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“. Фестивалот годинава се одржува до 13 септември на сцената на Центарот за култура „Антон Панов“. „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски Попова е претстава ...

Никола Маџиров е лауреат на 17. Меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ (Poetry and People – International Poetry Award) која викендот му беше доделена во кинескиот град Гуангџоу. Оваа независна поетска награда е востановена од книжевното списание „Поезија и луѓе“ и се доделува од 2005 година за посебен придонес во современата светска поезија. Досегашни лауреати се добитниците на Нобеловата награда за литература Дерек Волкот и Томас ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
62%
1027
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
6.69
53%
1026
weather icon

Загреб

13ᴼ / 10ᴼ
1.03
57%
1027
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
58%
1029
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
4.76
52%
1030
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 9ᴼ
0.45
72%
1028
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
4.02
57%
1027
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
36%
1026
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
44%
1026
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
1.34
52%
1031
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
0.89
51%
1028
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
76%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Платина

67998.83

Рутениум

45750.51

Родиум

368126.05

Цинк

3.27

Алуминиум

3.29

Бакар

11.75

Паладиум

51794.85

Калај

50.04

Сребро

2648.90

Кобалт

66.14

Злато

163613.54

Иридиум

229769.28