Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
„Над 3 милијарди и 100 милиони леки(320 милиони евра) е сметката што Централната изборна комисија ја плати за гласање и во земјата и надвор од неа. Она што ги направи мајските парламентарни избори најскапи беше гласањето на дијаспората. Спроведено за прв пат, тоа е една од главните причини зошто изборите во 2025 година поставија рекорд на потрошени пари“, објавија медиумите во Тирана. Поделен во две категории, најголемиот дел од буџетот бил ...
Регионалниот гувернер Иван Федоров на својот канал на Телеграм изјави дека Русија извршила „најмалку четири напади“, најверојатно со авионски бомби, рано утринава околу 6:00 часот по локално време. На објавените фотографии од украинските служби за вонредни ситуации се гледаат телата на жртвите и пожарникари како се борат со пожарот што го зафатил одморалиштето. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека овој напад нема воена ...
Националниот џез оркестар ќе одржи концерт на 10 август 2025 година на сцената во Долни Сарај, заедно со својот гостин – енергичниот и инспиративен Шеун Кути, саксофонист, вокален уметник и музички наследник на легендарниот Фела Кути. Диригент на концертот е Џијан Емин. Се очекува коцерт полн со енергија, слобода и автентичен звук кој ги надминува сите граници. Афро-џез експлозија која го слави животот и културната моќ на музиката од Нигерија ...
Планот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за повторна окупација на целата територија на Појасот Газа е “длабоко загрижувачки” и може дополнително да ги загрози животите на палестинските цивили, како и на израелските заложници кои сè уште се држат од страна на Хамас, предупреди високиот претставник на Обединетите нации. Помошникот генерален секретар на ОН, Мирослав Јенча, обраќајќи се пред Советот за безбедност, потенцираше дека според ...
Управата за хидрометеоролошки работи за денес, најавува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне, ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Од утре ќе следи стабилизација на времето и температурите кои се типични за овој период од годината. Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до ...
Во Женева, Швајцарија, започнаа преговорите за историски договор со кој би се ставил крај на кризата со пластичното загадување. Ова е шестиот круг на разговори, а надежта е дека ќе биде и последен. Спорот се однесува на тоа дали договорот треба да вклучува ограничување на производството на пластика, како и фазно укинување на пластиките за еднократна употреба и одредени хемикалии. Повеќе од 100 земји поддржуваат обврзувачки договор за ...
„Тековната војна во Газа повеќе не е војна за постигнување политички цели или ослободување на заложници“, рече Сиси на прес-конференција со неговиот виетнамски колега Луонг Куонг. Сиси додаде дека војната одамна ја надминала „секоја логика или оправдување и станала војна на глад и геноцид, како и средство за истребување на палестинското прашање“. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно денеска изјави дека Израел мора целосно да го ...
Според локалните извештаи, планот на Нетанјаху се соочува со отпор од страна на началникот на Генералштабот и други високи воени команданти. Анонимниот функционер остро реагирал на тие несогласувања: „Ако тоа не му одговара на началникот на Генералштабот, нека поднесе оставка.“ Планот, меѓу другото, предизвика загриженост кај семејствата на израелските заложници, од кои 20 од 50 се верува дека сè уште се живи во Газа. Јавните анкети ...
Најновиот пакет трговски мерки на САД вклучува зголемување од 15 проценти на царините за увоз на луксузна стока, значително зголемувајќи ја цената на производите од висока мода за американските потрошувачи. На 27 јули, САД и Европската Унија постигнаа трговски договор за царина од 15 проценти, со што завршија месеци неизвесност, објави американскиот претседател Доналд Трамп по состанокот со претседателката на Европската комисија, Урсула фон ...
Во разговор со новинарите во Долниот дом на Парламентот, Тајани повтори дека Италија не е подготвена да ја признае државата Палестина. „Признавањето на Палестина кога Палестина не постои е правна фикција, тоа не е дури ни политичка одлука. Ние сме за палестинска држава, тоа е јасно, тоа го кажуваме со години“, истакна тој. Тајани рече дека Италија работи на изградба на палестинска држава. „Веќе кажав што треба да се направи и што сме ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе предложи целосно повторно окупирање на Појасот Газа на состанокот со својот кабинет за безбедност, јавуваат израелските медиуми. „Коцката е фрлена. Се стремиме кон целосно освојување на Појасот Газа – и кон победа над Хамас“, локалните новинари цитираат висок функционер. Одговарајќи на извештаите дека началникот на армијата и другите воени лидери се противат на планот, неименуваниот функционер рече: ...
Вечерва, на Националната Арена “Тодор Проески, македонскиот фудбалски првак Шкендија, игра нов натпревар од квалификациите за најпрестижното европско клупско натпреварување. Во Скопје на првиот меч од квалификациското коло, доаѓа Карабах, шампионот на Азербејџан, сериозен клуб со моќна европска репутација и искуство што се градело повеќе од деценија. Тренерот на екипата од Тетово, Јетон Беќири верува дека неговиот тим може да одигра на високо ...
Изложбата ќе биде отворена на 6 август (среда), во 12 часот, во галеријата „Метаноја“ на улицата Максим Горки бр. 19 во Скопје. Познат по својот препознатлив стил и симболиката на цветот како универзален знак на љубов и мир, Цветин со децении создава уметност која се обраќа на совеста на поединецот. Неговите дела се наоѓаат во над 50 земји ширум светот, а цвеќето што го слика постојано е посветено на хуманизам, толеранција и мирна иднина. Со ...
Партнери во проектот се: Општина Св. Ана од Гвадалуп – Франција и невладината организација Men A Lespwa – Асоцијација за помош на реформската црква во Гвадалуп – Франција; Општина Пазарџик од Бугарија и НВО Фонд за превенција на криминалот ИГА од Бугарија, како и Општина Кочани и Здружението на Роми „Авена“ од Македонија. Целта на проектот е дизајнирање и имплементирање на меѓудисциплинарна програма за пренасочување на адолесценти, ...
Температурата во пустинскиот град Свеихан достигна 51,8 степени Целзиусови на 1 август, што е само малку пониско од највисоката температура на сите времиња во ОАЕ од 52,1 степени Целзиусови, која беше измерена во јули 2002 година, исто така во Свеихан. Иако метеоролозите ги предупредија жителите да го ограничат изложувањето на сонце и да избегнуваат престој на отворено во најжешкиот дел од денот, ваквите мерки на претпазливост не се секогаш ...
Попладнево дождот го зафати главниот град, носејќи значително освежување по претходните пеколни денови. Според метеоролошките најави, врнежите ќе продолжат до околу 19 часот. Со пристигнувањето на дождот, температурите опаднаа во голема мера, и моментално се движат околу 22°C. Влажното и посвежо време донесе олеснување за граѓаните, особено по неодамнешните горештини. Граѓаните се советуваат да понесат чадори доколку планираат активности на ...
Слаб земјотрес со епицентар во регионот меѓу Тетово и Гостивар беше регистриран попладнево во 16:14 часот од страна на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според првичните податоци, земјотресот бил со магнитуда од 2.7 степени според Рихтеровата скала и бил почувствуван во околните населени места. Ова го информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Од ...
Тие истакнаа дека се потребни 539 милиони долари за да им се помогне на најранливите семејства во таа земја. Речиси 10 милиони луѓе, една четвртина од населението на Авганистан, се соочуваат со „акутна несигурност за храна“. Како резултат на тоа, едно од три деца е заостанато во растот. Светската програма за храна соопшти дека зголемувањето на неисхранетоста кај децата е поврзано со намалувањето на итната помош за храна во последните две ...
Некои луѓе продолжуваат понатаму и ги забораваат оние кои им помогнале во тие времиња. Но, има хороскопски знаци кои никогаш не го прават тоа. Тие можеби не зборуваат често за своите чувства, но длабоко во себе паметат сè – секој поглед полн разбирање, секој збор утеха и секоја подадена рака кога биле на дното. За нив, благодарноста не е само моментална емоција – таа е основа на секоја врска. Шкорпија Шкорпиите се познати по својата ...
Повеќе од 10.000 хотели од повеќе од 25 европски земји покренаа заедничка тужба против Booking.com, тврдејќи дека биле принудени да се придржуваат до таканаречените клаузули за „најдобра цена“ што им забранувале да нудат соби по пониски цени насекаде освен на платформата Booking.com, дури и на нивните сопствени страници. Хотелскиот сектор ја темели својата тужба на пресудата на Европскиот суд на правдата од 19 септември 2024 година, во која ...
Не ги менувајте околностите, туку – мозокот Не мора да се преправате дека сте среќни, да чекате надворешни промени или да форсирате позитивни мисли. Клучот е да го репрограмирате алгоритмот на мозокот за да го засили она на што се фокусирате. Ако го започнете денот со стрес – тој само се множи. Ако се фокусирате на проблемите – тие се шират. Трик – телото не знае да лаже Лајф тренерката Јована Прибиќ објаснува едноставен трик што го користи ...
Екстремната жештина во Португалија минатата недела уби 264 лица, според податоците објавени од Португалскиот генерален директорат за здравство. Екстремната жештина предизвика смртни случаи, особено кај лицата со хронични заболувања и кај оние над 75 години. Владата на Португалија прогласи состојба на тревога поради ризикот од шумски пожари, особено поради новиот топлотен бран што почнува денеска и се очекува да ја погоди земјата до 7 август. ...
Независните граѓански иницијативи од Скопје формираат партии со цел учество на локалните избори кое им беше оневозможено. „Зелен Хуман Град“ кои настапуваат независно на овие локални избори, но и „Шанса за Центар“ кои формираат партија заедно со „Независни за Карпош“ и „Зелените од Гази Баба“ го почнаа процесот на собирање 1000 потписи за основање на политичка партија. Овие граѓански иницијативи ги повикуваат граѓаните кои сакаат да дадат ...
Градот Скопје од денеска ќе почне со терестричната дезинсекција против комарци, која ќе трае до четврток. Градските власти информираат дека прскањето ќе се реализира од 22 до 3 часот наутро, а доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, активноста ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Градот Скопје апелира пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за ...
На граничните премини Табановце и Богородица, утринава се чека околу половина час, информира Авто мото сојузот на Македонија. „На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.“ Густината на сообраќајот на патните правци вон урбаните зони е зголемена. Сообраќајот на државните патишта се одвива без застои, по суви коловози. АМСМ известува дека од денес до 16 септември 2025 година, на ...
Четири големи пожари, во кои гори шума се активни во моментот, информира Ценарот за управување со кризи. До утрово, од вкупно 23 пожари, 17 биле изгаснати, два се под контрола, а четири се уште се активни. Во Општината Чашка над селото Богомила гори мешана шума, во Липково помеѓу селата Ваксинце и Слупчане, нискостеблеста шума, во Студеничани има шумски пожар во планина, а во Општина Македонски Брод, кај селото Грешница пожар зафатил ...
Бројот на загинати мигранти од Африка при бродоломот кај брегот на Јемен денеска се искачи на најмалку 68 лица, а 74 се сè уште исчезнати, соопшти Меѓународната организација за миграции (IOM). Шефот на мисијата на IOM во Јемен, Абдусатор Есоев, изјави за агенцијата AP дека на бродот во моментот на несреќата имало 154 мигранти од Етиопија, од кои само 12 преживеале. Бродот се превртел во близина на јеменската провинција Абјан. Телата на 54 ...
Голем пожар избувна во складиште за нафта близу Сочи откако беше нападнато од украински дрон, во близина на Црното Море. Станува збор за еден од нападите кои Украина ги започна викендов, а се насочени кон јужниот дел на Русија кон градовите Рјазан, Пенса и Воронеж. Повеќе од 120 пожарникари се бореа за запирање на новиот пожар во Сочи, додека двете страни негираат дека ги таргетираат цивилите во војната меѓу двете држави. Киев тврди дека ...
На местото каде беше Грета Тунберг беа истакнати транспаренти со пораки: „Стоиме против геноцидот во Газа“, „Солидарност со народот на Палестина“ и „Со жртвите, не со злосторниците“. Грета неодамна беше депортирана од Израел, откако се обиде да достави хуманитарна помош во Газа. Таа тогаш порача дека еколошката борба е нераскинливо поврзана со борбата против неправдата, авторитаризмот и „смртоносниот фашизам“. Посетата на Сараево е дел од ...
Во Манчестер, демонстранти кои се залагаат за поддршка на мигрантите, заедно со групи против расизам, се судрија со учесници на маршот организиран од крајнодесничарската партија „Велика Британија на прво место“ (Britain First). Судирите на почетокот од протестот биле кратки, а полицијата брзо интервенирала и ги раздвојувала групите. Слична ситуација се случила и во Лондон, каде што контрапротести биле организирани околу хотелот Barbican ...