Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Овој резултат претставува третиот светски рекорд што тој го поставува во 2025 година и неговиот тринаесетти во кариерата. Дуплантис, кој има 25 години, претходно во февруари го постави рекордот од 6,27 метри во Клермон-Феран, а во јуни го надмина тој резултат со 6,28 метри на домашен терен во Стокхолм. На вчерашниот настап во Будимпешта, тој во својот втор обид ја прескокна летвата на 6,29 метри, иако ја допре со нога и со стомак, но летвата ...
Овој резултат претставува третиот светски рекорд што тој го поставува во 2025 година и неговиот тринаесетти во кариерата. Дуплантис, кој има 25 години, претходно во февруари го постави рекордот од 6,27 метри во Клермон-Феран, а во јуни го надмина тој резултат со 6,28 метри на домашен терен во Стокхолм. На вчерашниот настап во Будимпешта, тој во својот втор обид ја прескокна летвата на 6,29 метри, иако ја допре со нога и со стомак, но летвата ...
Вкупно 20 пожари на отворен простор се евидентирани денеска до 19 часот на територијата на државава. Од нив, седум се активни, два се ставени под контрола, а единаесет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни пожари се регистрирани во Македонски Брод, каде гори мешана шума во повеќенаменското подрачје „Јасен“, во Сарај, во селата Свиларе и Радуша кон Дворце, со пожари во ниска вегетација и мешана шума, ...
Според извештај на турското Министерство за животна средина, урбанизам и климатски промени, регионот околу Мраморното Море, каде што се наоѓа Истанбул, во јули го имал најсушниот месец во последните 65 години, со пад на врнежите од 95 проценти во однос на просекот. Иако во поголемиот дел од земјата врнежите се намалени за 40 до 80 проценти, во окрузите Караман и Мерсин во Централна Турција и Тунџели во источниот дел е забележано зголемување ...
Откако 474 мигранти пристигнаа преку Ламанш во понеделникот, вкупниот број на луѓе кои стигнале до Велика Британија на овој начин е 50.271, според Министерството, јави Би-Би-Си. Француските власти потврдија дека една жена починала вчера обидувајќи се да се качи на брод за да премине во Велика Британија, и покрај напорите на службите за итни случаи да ја реанимираат на францускиот брег. Според Меѓународната организација за миграција (ИОМ), ...
„Хуманитарното страдање во Газа достигна незамисливи нивоа. Луѓето гладуваат пред нашите очи“, објави ЕУ заедно со уште 24 други земји. Канада и Австралија се меѓу потписниците кои го повикуваат Израел да „дозволи премин на сите конвои со хуманитарна помош на меѓународните невладини организации и да ги отстрани пречките што ги спречуваат хуманитарните работници да интервенираат“. Соопштението го потпиша шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја ...
Симиќ додаде дека постојат најважни критериуми за таа листа и на неа нема претставници на опозицијата или на владејачката коалиција. „На неа нема да има лидер, сакаме да се откажеме од култот на личноста што нè следи“, рече студентот. Според него, тоа ќе бидат нови лица, луѓе кои претходно немале политички амбиции, кои можат да бидат „незагадени од политички контроверзии, интриги и злоупотреби“. „Идеологијата не ни е сосема важна, туку луѓе ...
Она што, според него, ја прави поинаква од сите досега е тоа што на неа нема да има претставници ниту од опозицијата, ниту од власта, пренесува Nova.rs. „На листата нема да има лидери. Сакавме да се откажеме од култот на личноста кој со години ја заробува политичката сцена,“ истакна Симиќ во гостување на Н1. Тој појасни дека критериумите биле јасни: нови лица, луѓе кои досега немале политички амбиции и кои не се оптоварени со политички ...
Љубовната приказна помеѓу Ѓорѓе Јовановиќ и Скопскиот џез-фестивал започна уште во 1996 година – а годинава кулминира со честa токму тој да го изработи официјалниот постер за фестивалот. „Овој фестивал длабоко го обликуваше мојот музички вкус и светоглед,“ вели Јовановиќ, присетувајќи се на незаборавните концерти на Џон Лури и The Lounge Lizards, Џанлуиџи Тровези, Раби Абу Халил и многу други. Со текот на годините, преку Скопскиот ...
Париз – Топол бран „историски интензитет“ го погодил Франција, особено југозападниот и централно-источниот дел од земјата. Метео-Франс издаде црвено предупредување за топол бран во 14 департмани, со прогноза дека денеска топлината ќе се зајакне во регионот Оверњ-Рона-Алпи, пишува весникот „Ле Фигаро“. „Исклучителен топол бран продолжува и се шири: црвената алармна состојба ќе остане во сила на југозападот до среда, а денеска ќе стигне до ...
Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала се случил денеска во Пацификот, во близина на Камчатка, соопшти Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките. Како што се наведува, земјотресот се случил во 13:42 часот по локално време, со епицентар на 126 километри југоисточно од градот Петропавловск Камчатски. Хипоцентрото (жариштето) било на длабочина од 68,4 километри, пренесува Интерфакс. Засега нема издадено ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која ќе се спречи воведувањето на високите американски царини за увоз на кинески стоки во следните 90 дена, изјави денеска функционер на Белата куќа. Си-Ен-Би-Си објави дека извршната наредба е потпишана само неколку часа пред полноќ, кога требаше да истече рокот за воведување на гореспоменатите царини за Кина, објавени од Трамп. Одложувањето беше очекуван исход од последната ...
Во јуни годинава во земјава престојувале 126 415 туристи, од кои 20,1 отсто се домашни, а 79,9 отсто странски, кои оствариле вкупно 243 157 ноќевања. Од ноќевањата 26,7 отсто се реализирани од домашните, а 73,3 отсто од странските туристи. Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем број од странските туристи во јуни – 34 366 се од Турција, по што следи Србија со 8 897, Германија со 8 011 и Холандија со 3 604 туристи. Во ...
Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо конечно ѝ предложи брак на својата долгогодишна девојка Џорџина Родригез по девет години врска. Зашеметувачката Џорџина се пофали со својот голем дијамантски прстен на социјалните мрежи. „Да, и во овој живот и во сите други животи“, напиша таа во описот. Како што е наведено, вереничкиот прстен вреди 200.000 евра. Долго време се шпекулираше за тоа кога фудбалерот ќе се сврши со убавата Џорџина, но не го ...
Што точно прави Fan режимот? Кога е вклучен овој режим, работи само вентилаторот на климата, додека компресорот е исклучен. Тоа значи дека уредот не ја менува температурата или влажноста во просторијата, туку само го движи воздухот и овозможува рамномерна циркулација. Кога е најкорисно да се користи? Во влажни денови Fan режимот не е препорачлив, бидејќи воздухот само ќе циркулира без да се намали влагата. Во такви услови, подобра опција е ...
Според болничките извори, во нападите извршени вчера и денес животите ги загубиле 34 лица, меѓу нив и членовите на екипа на „Ал Џезира“. Израелската војска тврдеше дека нападот бил насочен кон лице за кое постоеле сомнежи дека соработувало со милитантната група Хамас. Очевидци сведочат дека меѓу жртвите има и деца, а денес војската пукала врз цивили во близина на коридорот Мораг, каде што луѓето се обидувале да преземат помош од пунктовите на ...
Десетици лица се повредени денес по силна експлозија во челичарницата „Clairton Coke Works“ во предградието Клертон, во американската сојузна држава Пенсилванија, јавуваат локалните медиуми. Пожарникарските екипи се на терен и се борат со пожарот, додека од постројката се издига густ чад. Портпаролката на Службата за итни случаи на округот Алегени, Кејси Рајнер, потврди дека има повеќе повредени, но засега нема информации дали има загинати. ...
Веста ја потврди самата Георгина (31) преку објава на Instagram, каде што сподели фотографија од својата рака со голем веренички прстен, поставена врз раката на Роналдо (40). Во описот, таа напиша емотивна порака: „Да, прифаќам. Во овој и во сите мои животи.“ Парот е заедно од 2016 година, а Роналдо во минатото изјави дека е „1000 отсто сигурен“ дека ќе ја ожени Георгина, но досега избегнуваше да го направи големиот чекор. Според британските ...
Сѐ уште гори мешана шума во ловиштето Јасен. Пожарот што започна вчера е активен, додека тој во селото Долно Дупени, во близина на Преспанско езеро е под контрола. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, екипите на Јасен и Национални Шуми се излезени на терен, но поради непристапноста не се во можност да дејствуваат. Денеска со пожарот се борат два полициски хеликоптери, но поради силниот ветар ефектот на делувањето од воздух ...
Денес во 15 часот во Плоче е измерена највисоката температура во земјата – 40,1°C. Поради екстремните температури, издадено е црвено предупредување за регионите Книн, Риека, Сплит и Дубровник, кое ќе биде во сила до петок. Во Сплит, ноќта меѓу неделата и понеделникот беше историски жешка. Мерната станица на Марјан регистрираше минимална температура од 31,5°C – највисока забележана ноќна температура од почетокот на мерењата во 1948 година. Со ...
„Ова е единствениот веродостоен излез од сегашната ситуација, која е неприфатлива за семејствата на заложниците и за народот на Газа“, рече Макрон во соопштение објавено од Елисејската палата. „Не“ за израелската воена операција, „Да“ за меѓународна коалиција под покровителство на ОН за борба против тероризмот, стабилизирање на Газа и поддршка на населението“, додаде францускиот лидер. Макрон прецизираше дека мисијата ќе помогне во ...
Во сите земји од ЕУ, вклучително и Албанија, младите луѓе имале значително поголема веројатност да учествуваат во активности на социјалните медиуми отколку вкупното население. „Креирањето кориснички профил и објавувањето поврзани пораки или активности е широко распространета практика кај младите луѓе во Албанија, на возраст од 16 до 29 години, во споредба со вкупното население. Но, само 49 проценти од младите луѓе на споменатата возраст, ...
Некои освојуваат со насмевка, други со топлина, а трети со својата посебна комбинација на харизма и животна енергија. Во астрологијата, два знака посебно се истакнуваат по тоа што нивните припадници лесно ги освојуваат срцата на другите, и тоа без никакво претварање или настојување да привлечат внимание. Тие се едноставно искрени и автентични, што ги прави незаборавни и посакувани во друштвото. Лав Лавовите зрачат со самодоверба, топлина и ...
Kомпанијата од Тексас Fintiv поднесе тужба во Атланта против корпорацијата Apple поради наводна кражба на патенти и деловни тајни поврзани со мобилен паричник, кој послужил како основа за услугата Apple Pay вредна милијарди долари. Во тужбата се тврди дека Apple, во периодот од 2011 до 2012 година, под изговор на партнерство со претходникот на Fintiv – компанијата CorFire, стекнал доверливи информации за нивната технологија и подоцна ги ...
Се намалуваат цените на бензините за половина денар и на дизелот за еден денар. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, еуродизел ќе се продава за 68,5 денари, БС – 95 за 74,5, а БС – 98 за 76,5 денари. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1,5 денари за литар и ќес е продава за 68 денари, а на мазутот за 0,159 денари за килограм и ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 07 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, 165 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.9. Според досегашните податоци со кои располага ...
Освен превозот и сместувањето, туристите често ги забораваат дополнителните такси кои се наплаќаат на лице место и кои не секогаш се јасно прикажани при резервацијата. „Овие такси ја поддржуваат локалната туристичка понуда и заштитата на животната средина, но е важно да бидете информирани за нив однапред“, вели Мелиса Улрих, советничка за патувања. Стручњаците советуваат секогаш да ги вклучите и овие дополнителни трошоци во вашиот буџет. ...
Иако на голо око Сатурн изгледа како посјајна „ѕвезда“ со жолтеникаво-бел сјај, со телескоп ќе можете да ги видите неговите познати прстени и деталите на планетата. Месечината, со нецелосната осветленост, ќе овозможи подобар контраст за набљудување на кратерите и планините долж нејзината „терминаторска линија“ – границата меѓу светлата и темната страна. Најдобро време за набљудување е околу 22:30 часот, гледајќи кон источниот хоризонт. ...
Македонија годинава ќе биде претставена од двајца истакнати автори: Филип Фидановски, со 7 скулптури во керамика од изложбата „Пикасо можеби јас 2“ и Ана Митевска, со 4 слики акрил и масло на платно од циклусот „Надеж“. Настанот е под мотото „Уметноста поврзува“ и ќе се претстават уметници од повеќе земји од Европа. Претставувањето на македонските уметници се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам, со ...
Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, соопшти дека починал 81-годишен маж кој претходно беше извлечен жив од урнатините на една станбена зграда во Сундерга. Иако веднаш му била пружена медицинска помош, на жалост тој починал. Министерот додаде дека состојбата на повредените е стабилна и дека нема опасност по нивниот живот. Во земјотресот се оштетени 16 згради во руралните делови на регионот. Агенцијата за управување со ...