Под влијание на висок воздушен притисок (антициклон) и потопла воздушна маса од југ, во Македонија продолжува периодот на стабилно и суво време. Температурите ќе бидат значително повисоки од просекот за декември – дури за 10 или повеќе степени над нормалата, што ќе создаде впечаток дека е пролет, а не средина на зима. Тивко време, магла и ниска облачност по котлините Во следните денови ветерот ќе ослабне и времето ќе биде претежно тивко. ...

Неколку региони на југот и западот на Русија издадоа предупредувања за можни напади со дронови, додека четири јужни аеродроми го прекинаа своето работење поради безбедносни проблеми. Привремените ограничувања на аеродромите во Владикавказ, Грозни и Магас влијаеја на дојдовните и заминувачките летови, соопшти руската агенција за воздушен сообраќај Росавијација. Уште еден јужен град, Моздок, во кој се наоѓа воен аеродром, исто така го затвори ...

„Украина нема право, ниту според Уставот, ниту според меѓународното право, ниту според моралниот закон да се откаже од своите територии,“ рече Зеленски. Тој најави дека Киев ќе го ревидира сегашниот нацрт-предлог и ќе го врачи својот одговор на САД „веројатно во вторник навечер“. Говорејќи за обновата на Украина, Зеленски истакна дека финансиската поддршка е од клучно значење и дека европската позиција во тој процес има „пресудна улога“. ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива без поголеми пречки, при што на одделни делници коловозите се влажни. Намалена видливост поради магла е забележана на планинските превои Ѓавато и Пресека, информира ЈП Македонијапат. Од претпријатието додаваат дека на патните правци низ усеци и клисури е можна појава на помали одрони, кои се отстрануваат редовно. Се апелира до возачите да бидат внимателни, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација ...

Луис Хамилтон едвај чекаше да заврши сезоната во Формула 1, сезона во која ги забележа најлошите резултати во кариерата. Се очекуваше многу од Британецот, за кого ова беше прва сезона во Ферари, но целата сезона беше катастрофална. Хамилтон никогаш не успеа да стигне до подиумот во сезоната, која штотуку заврши, додека единствената победа ја забележа во спринтерската трка во Кина. Од друга страна, ниту Ферари не блескаше, тие имаа една од ...

„Нашиот полицаец Емре Албајрак, кој беше тешко повреден за време на операција против наркотиците во Чекмекој, не можеше да биде спасен,“ соопшти Кабинетот на гувернерот на Истанбул. Напаѓачот кој отворил оган врз полицијата бил убиен, а уште две лица се уапсени, соопштија локалните власти. Турција последниве години се соочува со пораст на криминал поврзан со дрога. Според извештај на Националниот оддел за борба против наркотиците, минатата ...

Речиси 40 проценти од студентите на холандските универзитети и универзитети за применети науки заостануваат во своите студии, при што стресот, депресијата и другите проблеми со менталното здравје се главните фактори, покажаа резултатите од новото истражување на најголемата холандска студентска организација Interstedelijk Studentenoverleg (ISO). Анкетата, во која учествувале 7.542 студенти, покажа дека 37 проценти пријавиле доцнење во ...

По серија состаноци што се одржаа во последните два дена, сега е јасно на чија страна застана Управниот одбор на Ливерпул. Во изборот помеѓу тренерот Слот и апсолутната клупска легенда Мохамед Салах, челниците на Ливерпул го избраа Слот. Ова најдобро го покажува фактот дека Салах не е дел од тимот што патува во Италија за натпреварот од Лигата на шампионите против Интер. „Мохамед Салах не е дел од Ливерпул. Тој не патува на натпреварот од ...

Иако се во тек мировни преговори под покровителство на САД, договор за клучното прашање за територијата во источниот украински регион Донбас сè уште не е на повидок, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува „Блумберг њуз“. Во телефонско интервју, Зеленски појасни дека елементите од американскиот предлог бараат понатамошни дискусии за голем број „чувствителни прашања“, вклучувајќи ги и безбедносните гаранции за регионите ...

Според податоците на камчатскиот огранок на Геофизичката служба при Руската академија на науки, се работи за силен земјотрес поврзан со разорниот земјотрес од 30 јули. Токму тој настан, со магнитуда од 8,8 степени, беше еден од најсилните регистрирани во регионот од 1900 година, а научниците оттогаш секојдневно бележат афтершокови. Најновиот потрес бил регистриран на 8 декември, со епицентар на отворено море во Тихиот океан, на длабочина од ...

Премиерката на Италија Џорџа Мелони во неделата телефонски разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на неговата претстојна посета на Лондон, Брисел и Рим, која е поврзана со преговорите за мировниот процес, соопшти кабинетот на премиерката. Мелони ја истакна солидарноста на Италија со Украина по новиот бран неселективни руски напади врз цивилни цели и најави итна помош во вид на опрема за енергетската ...

Началникот на Генералштабот на израелската војска Ејал Замир соопшти дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега претставува нова граница меѓу Израел и палестинската територија. За време на посетата на единиците на северот од Газа денес, тој изјави дека таканаречената „жолта линија“ е новата граница, предната одбранбена линија за израелските пошироки заедници, како и линија на напади. Жолтата линија значи нова територијална ...

Повеќето жени погрешно мислат дека поради својата сложеност се тешки за мажите. Обично, секогаш е поинтересно она што е сложено, а мажот кој одлучи да се посвети на таква жена отвора простор за искрена љубов и ѝ докажува дека е добар партнер на долг рок, пишува Stil. Повеќето жени погрешно мислат дека поради својата сложеност се тешки за мажите, дека тие нема да можат да се снајдат со нив и дека тешко ќе најдат животен партнер. Жените се ...

Купувањето мелено месо, било во супермаркет или кај месар, често не е едноставно. Иако може да изгледа свежо, во практика понекогаш во него се додаваат вода, соја, кожа, маснотии, па дури и презла, со цел да се зголеми количината и тежината на производот, пренесува Danas.rs. Совети за купување Таквите адитиви не само што го намалуваат квалитетот на месото, туку можат да влијаат и на вкусот на јадењето и на здравјето на потрошувачите. Затоа е ...

Витаминот Д е еден од најважните витамини за здравјето, но често е тешко да се внесе доволна количина само преку исхрана, па затоа додатоците во исхраната се многу популарни. Сепак, за да се искористи нивната максимална ефективност, важно е да се знае кога и како да се земаат. Иако многумина го земаат наутро, додека други го претпочитаат навечер, клучот е во правилната апсорпција. Витаминот Д е растворлив во масти, што значи дека не се ...

На 7 декември 1993 година замина Блаже Конески – поет, филолог, академик и еден од најтемелните градители на современиот македонски јазик и културен идентитет. Неговото име е длабоко вткаено во историјата на македонската литература и јазична нормација. Роден во 1921 година во Небрегово, Конески студирал филологија во Белград и Софија, а по Втората светска војна станал еден од клучните учесници во кодификацијата на македонскиот литературен ...

Ландо Норис ја освои шампионската титула во Формула 1, а меѓу првите од светот на спортот што му честита беше најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ. Британскиот возач во спектакуларниот завршеток на сезоната ја освои титулата со пласирање на третото место во Абу Даби, завршувајќи за два поени пред Макс Ферстапен. Веднаш по завршувањето на трката, порака испрати Ѓоковиќ, но не само до Норис, туку и до Ферстапен и Мекларен. Прво, ...

Националниот парк Шар Планина официјално стана дел од Мрежата Паркови на Динаридите, организација што ги обединува заштитените планински подрачја од осум земји, со вкупно 105 членки. Придружувањето беше потврдено на Седмата меѓународна конференција на Парковите на Динаридите, одржана во Подгорица под мотото „Глобални и европски перспективи на заштитените подрачја во регионот“. Од управата на паркот истакнуваат дека ова претставува значајно ...

Само преминот Дојран кон Грција е во моментов отворен за сообраќај. Преминот Меџитлија е затворен за товарни возила и автобуси од 12:00 часот, додека преминот Богородица е во прекин од 11:00 часот поради штрајк на грчките земјоделци. Од Авто-мото сојузот на Македонија известуваат дека времето на чекање на преминот Табановце кон Србија е околу 40 минути. Возачите се препорачува да ги следат најновите информации и да го планираат патувањето ...

Киселата зелка е омилена зимска намирница, идеална за сарми, подварок, варена зелка и различни салати богати со витамини кои го зајакнуваат метаболизмот. Веќе децении домаќинките чуваат тајна која го менува изгледот и вкусот на зелката Постапка на киселење на зелката Подготовка на зелката Прво исчистете ги главиците од првиот слој листови и измијте ги. Потоа издлабете ја средината за да го отстраните коренот и таа вдлабнатина наполнете ја со ...

На аеродромот Хитроу во Лондон утрово се случи инцидент поради кој интервенираа бројни итни служби. Неколку лица беа изложени на супстанца за која се верува дека е сузавец, а полицијата трага по други осомничени. Инцидентот се случи на повеќекатниот паркинг пред Терминал 3, а неколку лица побараа лекарска помош, при што повредите не се сметаат за сериозни. Лондонската служба за итни случаи прогласи „значаен инцидент“ и на терен беа испратени ...

Роберт Бровди, командант на украинските сили за беспилотни системи, објави снимки кои покажуваат удари врз нафтена рафинерија во Рјазан во Русија и челичарница во Алчевск на окупирана територија во Луганската област. Во својата објава на социјалните мрежи, Бровди објасни детали од операциите Да потсетиме, Генералштабот на Украина претходно веќе извести за ударите врз нафтената рафинерија во Рјазан и челичарницата во Алчевск, кои беа изведени ...

Вселената повторно не изненади астрономите открија неочекувана појава која ги придвижува границите на познатото. Со помош на телескопот James Webb Space Telescope (JWST), евидентиран е објект што не се вклопува во досегашните модели: галаксија со огромна црна дупка формирана на необичен начин, веројатно преку „директен колапс“ на гасов облак нешто што го менува нашето мислење за тоа како се раѓаат супермасивни црни дупки. Но тоа не е сè. ...

На прашањето при кои брзини автомобилот е најекономичен, секој има свој одговор, но постојат правила кои веќе се докажани. За повеќето возила важи правилото: забрзајте што побрзо, префрлете во највисока брзина, возете до околу 90 km/h и одржувајте ги вртежите на моторот меѓу 1500 и 2500 врт./мин. Во тој опсег потрошувачката е најниска, а моторот е најмалку оптоварен. Што е со брзините на автопат и економичното возење? Германската стручна ...

Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 загинати мигранти покрај бреговите на Крит, објави во саботата грчката јавна телевизија ERTnews. Двајца преживеани им кажале на спасувачите дека ја изгубиле контролата врз бродот за време на бура, по што останале на отворено море без вода и храна. Сè уште не е познато од каде доаѓаат мигрантите, а форензичарите и истражителите се обидуваат да утврдат што точно се случило на бродот. Криумчарските ...

Силен земјотрес со магнитуда 4,8 во саботата вечер го погоди градот Калаврита во Грција, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ). Епицентарот на земјотресот бил регистриран на длабочина од 10 километри, пренесува EMSC. Првичните извештаи говореа за магнитуда 6,3, како што пренесе и Reuters, но подоцна вредноста беше коригирана. „Прво се слушна татнеж, а потоа куќата почна да се тресе“, напишал еден од сведоците на EMSC. „За ...

Во јули 2025 година, астрономите забележаа нешто навистина необично, комета означена како 3I/ATLAS, која доаѓа од друг ѕвезден систем и за првпат влегува во нашиот Сончев систем. Тоа е само третиот потврден меѓуѕвезден објект што сме го „виделе“ и сега таа добива неверојатно внимание. Мисиите на NASA, од орбитални сонди до телескопи, ја следеа кометата додека поминуваше покрај Марс и продолжуваше кон внатрешноста на Сончевиот систем. Новите ...

Молдавскиот оператор за пренос на електрична енергија „Молделектрика“ се соочува со тешкотии поради синоќешните руски напади врз енергетскиот систем на соседна Украина и побара помош од Романија со електрична енергија. Големата електрана е исклучена, а интерконекциите се приближуваат до својата граница. Поради надминување на планираниот проток, Молделектрика побара итна помош од Романија“, се вели во соопштението, како што објави парискиот ...

Седум лица загинаа, а 11 се повредени во сообраќајна несреќа во која патнички автобус се судри со камион во населбата Бахче на автопатот Тарсус-Адана-Газијантеп во турскиот град Османије. Автобусот, кој сообраќал од Измир кон Газијантеп, удрил во задниот дел од камионот откако на камионот му пукнала гумата и застанал на патот. Автобусот го управувал А. А. (42), додека камионот го управувал Х. К. (52). Екипи на турската полиција и ...

Во понеделник, нејзиниот претседател Володимир Зеленски, британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц ќе разговараат за Украина во Лондон. Макрон денес на платформата X објави дека ќе ја „разгледаат ситуацијата и тековните преговори во рамките на американското посредништво“ за мир во Украина. „Мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија за да ја принудиме да склучи мир“, ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1005
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
4.12
92%
1000
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
91%
1001
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
65%
1005
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.5
84%
1003
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
96%
1001
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.89
83%
1009
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
72%
1006
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1004
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1001
weather icon

Будимпешта

-5ᴼ / -6ᴼ
1.34
89%
1002
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
8.23
66%
1008
Currency

61.555

Currency

52.9061

Currency

70.9285

Currency

35.3623

Currency

38.0301

Currency

66.0752

Currency

7.58295

Currency

0.66977

Currency

0.33514

Currency

0.5247

Currency

1.22495

Currency

0.58743

Родиум

311058.47

Калај

44.58

Цинк

3.11

Злато

143662.56

Платина

72143.25

Иридиум

169549.30

Алуминиум

3.08

Паладиум

58707.26

Рутениум

44142.98

Сребро

2492.14

Бакар

11.76

Кобалт

59.52