Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Американската армија објави нови информации за нападите врз ирански цели, потврдувајќи дека погодиле „иранска корвета од класата Јамаран“. „Бродот моментално тоне на дното на Оманскиот залив, близу пристаништето Чах Бахар“, се наведува во соопштението. Исто така, испратена е порака до иранските сили, цитирајќи го американскиот претседател: „Како што рече претседателот, припадници на иранските вооружени сили, Здружените сили на Чуварите на ...
Иранскиот корпус на чувари на Исламската револуција (IRGC) соопшти дека лансирал нов бран проектили и дронови кон земјите во регионот. Облаци чад се видливи како се креваат од околината на пристаништето во Абу Даби по силните детонации што се слушнале над градот. На снимките се гледа чад над пристаништето, додека жителите пријавиле дека слушнале летала над градот. Остатоците од иранскиот дрон погодиле и седиштето на израелската амбасада во ...
Нови Сад денеска одбележа 16 месеци од падот на надстрешницата од реновираниот објект на Железничката станица, која на 1 ноември 2024 година усмрти 16 лица, со 16-минутно молчење. Граѓаните се собраа на крстосницата кај Железничката станица и истакнаа голем транспарент „16 минути молчење додека правдата не проговори“. Учество зедоа и со транспаренти „Да не се повтори“, „Вториот пат умираш кога ќе те заборават – ние паметиме и не простуваме“ и ...
Иранскиот Корпус на чувари на Исламската револуција (IRGC) соопшти дека покренал нов бран на проектили и беспилотни летала кон земјите во регионот. Облаци од чад се видени како се креваат од подрачјето близу пристаништето во Абу Даби, откако низ градот се слушнале силни детонации. Сè уште не е јасно што точно било погодено во тој дел од градот. На видеоснимките се гледа чад над пристаништето, а локалните жители пријавиле дека слушнале ...
Израелските одбранбени сили (IDF) објавија дека во вчерашните почетни удари во Иран убиени се 40 „клучни“ ирански воени команданти, меѓу кои и началникот на Генералштабот, Абдолрахим Мусави. Според тврдењата на војската, овие 40 команданти, заедно со други високи ирански функционери, вклучително и врховниот лидер Али Хамнеи, биле елиминирани во напади изведени за помалку од една минута. IDF потврдува дека Мусави е меѓу убиените во првичните ...
Општина Карпош спроведе сериозни активности за уредување на јавните површини. Дивите депонии на повеќе локации се расчистени, а просторот околу Спортскиот центар „Борис Трајковски“ е целосно исчистен. На потегот кај „Скупи 5“ и кон Бардовци се подигнати над 3.500 кубни метри отпад, информираат од општината. Покрај тоа, од општината велат дека се реализирани повеќе од 50 интервенции на јавното осветлување, спроведена е редовна дератизација и ...
Нафен танкер беше нападнат во недела околу пет наутички милји од крајбрежјето на Масандaм во Оман, соопшти Морскиот безбедносен центар на земјата. Во нападот се повредени четири лица, а целата 20-члена екипаж беше евакуирана, пренесува CNN. Се работи за бродот „Skylight“, кој пловел под знаме на Палау, мала островска држава во западниот Пацифик. Интервенција на оманските сили Во акцијата за спасување учествувале оманската морнарица и армија, ...
По масовниот американско-израелски воздушен напад во кој беше убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, политичкиот ветеран Али Лариџани излезе како клучна фигура на привременото раководство во земјата. Лариџани, поранешен припадник на Иранската револуционерна гарда и долгогодишен преговарач за нуклеарни прашања, познат е како прагматичен политичар со длабоки врски во иранскиот естаблишмент. Тој беше на чело на напорите за ...
По американско-израелските напади кои започнаа вчера наутро, последиците од конфликтот се чувствуваат низ целиот Блиски исток. Во Кувајт, според извештаи на државните медиуми, во воздушни напади најмалку 12 лица се повредени, јавува Sky News. Пријавени полесни повреди Новинската агенција KUNA известува дека повредите се главно полесни: тупи трауми, повреди на рацете и површни повреди на лице и врат. Главната управа за цивилно воздухопловство ...
Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа на пацифичкиот остров Фиџи, соопшти Европско-медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Според објавените податоци, eпицентарот бил во отворено море на длабочината изнесувала 592 километри. Локацијата била на околу 467 километри од Сува, главниот град на Фиџи Поради големата длабочина, ваквите земјотреси често имаат помало влијание на површината. Засега нема ...
Доколку се потврди, тоа би бил историски момент за Блискиот Исток. Израелски функционери тврдат дека врховниот ајатолах Али Хамнеи е мртов и дека неговото тело е пронајдено во урнатините. Иран, засега, молчи. Што тврдат Израелците Висок израелски функционер изјавил за агенцијата Reuters дека Хамнеи е мртов и дека телото е пронајдено. Израелскиот Канал 12 пренесе дека на премиерот Нетанјаху наводно му е предочена документација за телото. ...
Агенцијата на Обединетите нации за нуклеарна енергија во саботата соопшти дека не регистрирала никакво „радиолошко влијание“ по американските и израелските напади врз Иран, ниту по иранските одмазднички акции во други земји од регионот. Во соопштението не е наведено дали биле цел на напад ирански нуклеарни постројки. „Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) внимателно ги следи случувањата на Блискиот Исток и повикува на воздржаност ...
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ја осуди најновата воена ескалација меѓу САД, Израел и Иран, предупредувајќи дека ситуацијата може сериозно да го загрози меѓународниот мир и безбедност. Во објава на социјалната мрежа X, Гутереш посочи дека употребата на сила од страна на Вашингтон и Тел Авив, како и иранската одмазда, претставуваат опасност од проширување на конфликтот на пошироко регионално ниво. Тој нагласи дека ...
Израелската војска во саботата попладне соопшти дека започнала нови напади врз Иран, насочени кон ракетни лансери, како дел од координирана акција со САД. Израелските воздушни сили изјавија дека „изведуваат прелети и во моментот ги напаѓаат лансерите во Иран за да ја спречат заканата кон Државата Израел“, наведено е во краткото соопштение. Над истовремено, Иран објави дека започнал нов бран ракетни напади врз американските бази во Персискиот ...
По години барања од корисниците, WhatsApp конечно ја тестира долгоочекуваната функција „Закажани пораки“. Оваа опција, која конкурентските платформи како Telegram ја нудат веќе подолго време, наскоро би можела да стане дел од стандардната верзија на апликацијата. Досега, корисниците – особено на iPhone – мораа да користат автоматизација преку Shortcuts или апликации од трети страни, што не секогаш беше практично ниту безбедно. Со новата ...
Во Техеран денеска повторно одекнаа експлозии, откако Израел во саботата наутро започна, како што го нарече, „превентивен напад“ врз Иран. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац соопшти дека низ целата земја е прогласена вонредна состојба. Тој потврди дека операцијата била координирана со Соединетите Американски Држави, кои исто така се вклучиле во офанзивата. Според наводите што се појавија во иранските медиуми, во нападите била погодена ...
Според информациите на бахреинската државна новинска агенција БНА, центарот на Петтата флота на американската морнарица утрово бил „изложен на ракетен напад“. Петтата флота на САД управува со воени операции на Блискиот Исток, вклучително и во Персискиот Залив, Црвеното Море, Арапското Море и делови од Индискиот Океан. Министерството за внатрешни работи на Бахреин соопшти на платформата X дека се активирани сирени за тревога и ги повика ...
Иран се подготвува за одмазда по утринските напади на Израел и САД, изјави официјален претставник од Техеран за агенцијата Reuters. Според него, „одговорот ќе биде разорен“. Сепак, засега не е јасно какви конкретни цели ќе бидат погодени или кои региони ќе бидат таргет. Израел го започна оној што го нарекува „превентивен напад“ врз Иран, поткопувајќи ги надежите за дипломатско решение на долгогодишниот нуклеарен спор на Техеран со Западот. ...
Претседателот Доналд Трамп во петокот изјави дека САД имаат „голема одлука да донесат” во врска со Иран, откако третиот круг американско-ирански нуклеарни преговори заврши без пробив. Трамп рече дека е „незадоволен” со текот на разговорите, бидејќи Техеран сè уште не е подготвен да се откаже од збогатувањето на ураниум. Оманскиот министер за надворешни работи Бадр Албусаиди, посредник во преговорите, соопшти дека Иран се согласил постојните ...
Авганистан и Пакистан повторно влегоа во вооружени судири долж нивната 2.600 километри долга и тешко проодна граница. Последната ескалација започна откако талибанските сили нападнаа пакистански позиции, наведувајќи дека станува збор за одмазда за претходните пакистански бомбардирања. Пакистан одговори со воздушни напади врз повеќе локации во Авганистан, вклучително и Кабул, Пактија и Кандахар. Двете страни изнесоа различни податоци за ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за ново зголемување на цената на дизелот, кое стапува на сила од полноќ. Малопродажната цена на еуродизелот се зголемува за два денари по литар, додека цените на бензините остануваат непроменети. Со оваа одлука, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 1,17 отсто. Според новата пресметка: Еуродизел ќе се продава по 71 денар за литар Екстра лесното масло за ...
Организацијата Mozilla со објавувањето на Firefox 148 официјално ја активираше можноста за целосно исклучување на сите функции базирани на вештачка интелигенција. Откако претходно беа најавени планови за поголема AI интеграција во прелистувачот, дел од корисниците изразија загриженост околу приватноста, телеметријата и насоката во која се движи развојот на Firefox. Како одговор на тие реакции, Mozilla воведе таканаречен „AI kill switch“, ...
Делови од Скопје денеска ќе останат без вода и струја поради технички дефекти и планирани интервенции на терен. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради уличен дефект на водоводна цевка ф-150 мм на улицата „Боро Менков“ 5/5, без вода ќе бидат корисниците од населбата Скопје Север. Водоснабдувањето е прекинато од 08:15 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот. Во исто време, дел од општина Центар денеска ќе остане ...
Третиот круг индиректни преговори меѓу САД и Иран е завршен со, како што беше наведено, „значаен напредок“. Средбата се одржа во швајцарска Келн со посредство на Оман. Оманскиот министер за надворешни работи соопшти дека разговорите ќе продолжат по консултациите во Техеран и Вашингтон, а технички преговори на експертско ниво се најавени за следната недела во Виена. Ал-Бусаиди им се заблагодари на преговарачите, на Меѓународната агенција за ...
Тензиите меѓу Пакистан и Авганистан драматично ескалираа откако пакистанските сили ноќеска бомбардираа цели во Кабул и во уште две покраини. Нападите следуваа само неколку часа по прекугранична акција на авганистанските сили врз пакистански погранични единици. Според извештаите, во главниот град на Авганистан се слушнале најмалку три силни експлозии. Авганистанското Министерство за одбрана соопшти дека во претходниот напад биле убиени 55 ...
Хилари Клинтон денеска изјави пред Надзорниот одбор на Претставничкиот дом дека не се сеќава дека некогаш го запознала покојниот сексуален престапник Џефри Епстин и дека нема информации што би можела да ги сподели за неговите криминални активности. „Не се сеќавам дека некогаш сум се сретнала со г. Епстајн. Никогаш не летав со неговиот авион, ниту го посетив неговиот остров, домови или канцеларии. Немам што да додадам на тоа“, рече Клинтон ...
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, ИСмаил Багеи, изјави дека разговорите меѓу Иран и САД во Женева биле „многу сериозни и интензивни“, при што Техеран јасно ги изнел своите ставови за нуклеарната програма и укинувањето на санкциите. Како што пренесуваат иранските медиуми, разговорите моментално се паузирани и се очекува да продолжат околу 17:30–18:00 часот по локално време. Според Багеи, паузата била неопходна за ...
Соединетите Американски Држави подготвуваат поостар настап на разговорите со Иран во Женева, каде што нивните претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, според пишувањето на „Волстрит џурнал“, ќе инсистираат на демонтирање на три значајни нуклеарни постројки – во Фордо, Натанц и Исфахан – како и на предавање на целиот збогатен ураниум. Според изворите на весникот, ваквиот пристап доаѓа под силно влијание на тврдата струја во американската ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски порачал дека сака што побрзо да се стави крај на војната со Русија, објавува порталот Axios, повикувајќи се на украински официјален претставник и уште два извора запознаени со разговорот. Според нив, целта на Трамп е да се постигне мировен договор до летото, иако разликите меѓу Украина и Русија, особено околу контролата врз териториите ...
Дел од строгото централно подрачје на Скопје утре ќе остане без електрична енергија поради најавени технички зафати во електродистрибутивната мрежа. Според информациите, прекинот е планиран за петок, 27 февруари 2026 година, и ќе трае од 07:30 до 15:30 часот. Без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Новопроектирана 2“, како и одредени објекти и деловни локали на булеварот „Партизански одреди“ (броеви 15–17) и булеварот „Климент ...