Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Мај завршува со уште еден продолжен викенд, но не за сите граѓани. Петок, 29 мај, односно петокот пред Духовден, е неработен ден само за граѓаните од православна вероисповед во Македонија. Ова доаѓа во недела во која понеделник, 25 мај, беше неработен ден за сите граѓани, бидејќи Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, 24 мај, се падна во недела. За граѓаните од муслиманска вероисповед, пак, среда, 27 мај, е неработен ден по ...
Кревкото тримесечно примирје меѓу Вашингтон и Техеран се најде пред целосен колапс откако американските воени сили извршија серија воздушни напади во Јужен Иран и во стратешки клучната Ормуска Теснина. Како што пренесува светските медиуми, иранската страна тврди дека во нападите учествувало и израелското воено воздухопловство и дека има загинати ирански државјани. Од друга страна, Централната команда на САД експресно ги потврди нападите, но ...
Делови од Скопје денес, 26 мај, ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати во електроенергетската мрежа, информира ЕВН. Првиот прекин е најавен во општина Бутел, каде без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Мара Маждуречка“ и „Ферид Бајрам“. Исклучувањето ќе трае од 08:30 до 11:30 часот. Подолг прекин е најавен во општина Центар. Без електрична енергија ќе останат Музејот на современа уметност и дел од ...
Преговорите меѓу САД и Иран за постигнување договор се привремено стопирани поради несогласувања околу формулацијата на текстот, изјави американскиот државен секретар МАрко Рубио. Рубио, говорејќи пред новинарите во авионот на американската делегација на аеродром во Индија, изјави дека ќе бидат потребни неколку дена за да се надминат разликите. „Ќе бидат потребни неколку дена за да се решат несогласувањата околу еден збор, една реченица“, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иранскиот збогатен ураниум ќе биде испратен во Соединетите Американски Држави на уништување или ќе биде уништен на друга локација, додека продолжуваат преговорите за рамковен договор за завршување на војната со Иран. Збогатениот ураниум или „веднаш“ ќе биде предаден на САД и уништен таму, или ќе биде уништен на самото место или на друга прифатлива локација во координација со Техеран, напиша ...
Американската војска соопшти дека извршила нови напади врз цели во јужен Иран, и покрај актуелното примирје меѓу Вашингтон и Техеран. Според Централана команда на САД, нападите биле насочени кон ракетни лансирни позиции и пловила кои, како што тврдат од американската страна, се обидувале да постават мини во близина на Ормусткиот теснец. Од CENTCOM наведуваат дека акцијата била спроведена во „самоодбрана“ со цел заштита на американските сили и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека евентуалниот мировен договор со Иран „или ќе биде одличен и значаен, или нема да има договор“. Во објава на социјалната мрежа „Трут сошл“, Трамп порача дека договорот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран мора да биде подобар од нуклеарниот договор постигнат за време на администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама. Според Трамп, тој договор бил „катастрофален“ и, како што ...
Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци проценува дека повеќе од половина од украинските бегалци ќе останат во Европа најмалку до крајот на 2029 година, доколку војната меѓу Украина и Русија продолжи или не се создадат услови за безбедно враќање. Според анализата на УНХЦР, ако Русија ја задржи контролата врз окупираните територии, а привремениот статус на заштита за украинските бегалци во Европската Унија заврши во март 2027 ...
Делови од Скопје утре, 26 мај, ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати во електроенергетската мрежа, информира ЕВН. Првиот прекин е најавен во општина Бутел, каде без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Мара Маждуречка“ и „Ферид Бајрам“. Исклучувањето ќе трае од 08:30 до 11:30 часот. Подолг прекин е најавен и во општина Центар. Без електрична енергија ќе останат Музејот на современа уметност и дел од ...
Трамвај што сообраќал по улицата Цар Душан во Белград утрово излетал од шините и се забил во зграда, а според неофицијални информации има повредени лица. Несреќата се случила околу 9:30 часот. На местото на настанот пристигнале екипи на Брза помош, а според српските медиуми, неколку лица се пожалиле на повреди. Од службата за итна медицинска помош за Н1 изјавиле дека нивни екипи се на терен. Засега нема официјални информации за бројот и ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио ја спушти топката околу очекувањата за брз договор со Иран, по најавите дека Вашингтон и Техеран се приближуваат до политички расплет. Тој порача дека нуклеарната програма на Иран не може да се реши за 72 часа, бидејќи станува збор за технички и сложени преговори. „Нуклеарните преговори се високо технички прашања. Не можете да го решите нуклеарното прашање за 72 часа“, изјави Рубио во кратко ...
Русија изврши еден од најмасовните напади врз Киев и Киевската област од почетокот на инвазијата, а ден потоа насилството продолжи и во пограничните региони меѓу Русија и Украина. Двете страни пријавуваат нови жртви, повредени и оштетена инфраструктура, додека војната повторно влезе во ритам на одмазднички удари. Според украинските воздухопловни сили, во нападот врз Украина биле употребени околу 600 дронови и 90 ракети, а Киев бил главната ...
Починат 64-годишен маж од Скопје бил пронајден во саботата вечерта во летниковец на Средно Водно, кај местото познато како „Видиковец“. Станува збор за лице кое претходно било пријавено дека се оддалечило од домот. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 23 мај во 20:00 часот. На местото пристигнала екипа на Итна медицинска помош, чиј лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е ...
Украина побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации и состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) по масовните руски воздушни напади, изјави во неделата украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Сибиха, во објава на социјалната мрежа X, повика и на „соодветен и силен одговор кон агресорот“ по ноќните напади, кои главно биле насочени кон Киевската област, а во кои била употребена ...
Најмалку 3.151 лице загинале во израелските напади врз Либан од 2 март наваму, додека 9.571 лице се повредени, соопшти либанското Министерство за здравство, повикувајќи се на државната Национална новинска агенција. Меѓу загинатите има 123 медицински работници, најмалку 210 деца и речиси 300 жени, покажуваат податоците објавени во саботата. Израелската армија денеска ги засили нападите врз јужен и источен Либан, и покрај примирјето кое стапи ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската поморска блокада на Ормускиот теснец ќе остане во сила сè додека не биде постигнат, потврден и официјално потпишан договор со Иран. „Двете страни мора да одвојат време и ова да го направат како што треба. Не смее да има грешки“, напиша Трамп на платформата Truth Social. Тој додаде дека односите меѓу Вашингтон и Техеран стануваат „многу попрофесионални и попродуктивни“, но ...
Во масовниот воздушен напад што руските сили го извршија врз Киев, бројот на повредени се искачи на 81 лице, додека две жени го загубија животот, соопшти градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко. Според информациите објавени на Телеграм, меѓу повредените има и три деца. Во болниците во Киев се хоспитализирани 31 лице, од кои две се деца. Киевското градско обвинителство соопшти дека во нападот загинале 86-годишна и ...
Русија повторно ја употреби хиперсоничната балистичка ракета „Орешник“ во напад врз Украина, оружје кое Москва го претставува како речиси невозможно за пресретнување и способно да носи и нуклеарни и конвенционални боеви глави. „Орешник“, чие име значи „леска“, е ракета со среден дострел базирана на рускиот систем РС-26 „Рубеж“. Според западни и украински извори, досега била употребена двапати – во ноември 2024 и јануари 2026 година. Што ја ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека во преговорите со Иран е постигнат значаен напредок, откако претседателот Доналд Трамп соопшти дека мировниот договор со Техеран е „во голема мера усогласен“. Според американски извори, потенцијалниот договор би можел да вклучува привремен прекин на непријателствата, повторно отворање на Ормутскиот теснец и продолжување на разговорите за иранската нуклеарна програма. Во замена, САД би ...
Претседателот на Александар Вучиќ изјави дека постои можност наскоро да поднесе оставка, наведувајќи дека неговиот мандат се приближува кон крајот и дека нема намера вештачки да го скратува. Изјавата ја даде во Пекинг, за време на неговата посета на Кина. Вучиќ нагласи дека нема да следи практика на предвремено повлекување како што, според него, направил поранешниот српски претседател Борис Тадиќ, додавајќи дека „или се поднесува оставка или ...
Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во летниковец на Средно Водно – „Видиковец“ е пронајден починат Б.П. (64) од Скопје, за кој претходно било пријавено дека се оддалечил од својот дом. На местото на настанот интервенирала Итната медицинска помош, чиј лекар ја констатирал смртта. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција со цел утврдување на точните причини за смртта. Полицијата извршила увид ...
Русија потврди дека третпат ја употребила својата нова балистичка ракета со среден дострел „Орешник“ во напад врз Украина, наведувајќи дека станува збор за одговор на, како што тврди Москва, украински „терористички напади“ врз руски цивилни цели. Руското Министерство за одбрана соопшти дека ракетата била употребена како дел од масовниот напад врз Украина, а информацијата ја пренесе агенцијата „Интерфакс“. Украинските власти претходно ...
Од Азорските Острови до Романија, од северот на Норвешка до Сицилија, американски војници и денес се распоредени низ голем дел од Европа. Станува збор за сложена воена мрежа која постојано се менува, особено за време на вториот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп. Само неколку дена откако беше стопирана ротацијата на околу 4.000 американски војници во Полска, Трамп најави испраќање дополнителни 5.000 војници, нагласувајќи ги ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека подоцна во неделата е можна објава поврзана со договор со Иран, со кој би можело официјално да се стави крај на војната на Блискиот Исток. „Можно е светот во следните неколку часа да добие некои добри вести“, изјави Рубио за новинарите во Њу Делхи. За време на својата прва посета на Индија, тој посочи дека договорот што е во изработка ќе одговори на загриженостите на САД во врска со ...
Иран соопшти дека и понатаму ќе ја задржи контролата врз Ормутскиот Теснец, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека овој клучен поморски премин би можел наскоро да биде повторно отворен. Портпарол на иранските вооружени сили објави дека Ормутскиот Теснец ќе остане „под целосна иранска управа и суверенитет“, дури и во случај на договор со Соединетите Американски Држави. Иранската новинска агенција Фарс соопшти дека тврдењата ...
Иран, САД и Пакистан најавија можен напредок во преговорите за завршување на речиси тримесечниот конфликт, а дипломатските сигнали од Техеран и Вашингтон укажуваат дека во наредните денови би можело да се постигне договор. Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека Техеран е фокусиран на финализирање меморандум за разбирање, по состанокот меѓу главниот ирански преговарач Мохамад Бакер Калибаф, шефот на дипломатијата Абас ...
Под слоганот „Ти и јас, Славија“, денеска се одржува масовен студентски протест во Белград. Граѓани и активисти од цела земја континуирано пристигнуваат во центарот на српската престолнина, и покрај тоа што железничкиот сообраќај е целосно парализиран. Демонстрантите, поддржани од академската фела, бараат итно распишување на вонредни парламентарни избори и бараат одговорност од државните институции. Железницата во прекин додека колони ...
Главниот ирански преговарач Мохамад Багер Калибаф изјави дека Соединетите Американски Држави не се „чесна страна“ во преговорите за завршување на војната и порача дека Иран нема да прифати компромиси кога станува збор за неговите национални права. Калибаф ова го изјави во Техеран, за време на средбата со командантот на пакистанската армија, Асим Мунир, чија земја посредува во обидите за намалување на тензиите меѓу Иран и САД. Според ...
Студентското движење во Србија ги повика граѓаните на голем протестен собир на белградскиот плоштад Славија, како дел од кампањата „Студентите победуваат“, со која се бара распишување вонредни парламентарни избори и демократизација на земјата. Собирањето започна во текот на денот од 13 часот на четири локации во Белград, а централниот протест на Славија е најавен од 18 до 20 часот, објавија студентите на Инстаграм. Во меѓувреме, ...
Во Србија утрово е целосно запрен железничкиот сообраќај, само неколку часа пред закажаниот голем студентски и граѓански антивладин протест во Белград. Државната компанија „Србијавоз“ соопшти дека од 4:15 часот е прекинат сообраќајот на сите возови во земјата, без да бидат наведени официјални причини за ваквата одлука. Според дел од српските медиуми, илјадници граѓани и студенти од повеќе градови планирале да пристигнат во Белград токму со ...