Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Уште од средината на XIX век Србија целенасочено работи на бришење на бугарскиот идентитет во Македонија. Најмасовната дебугаризација се случува по 1944 година, кога југословенскиот диктатор Јосип Броз Тито и неговите партизани ја преземаат власта во Вардарска Македонија, пишува БГНЕС во најавата за премиерата на документарниот филм „Тито: Џелатот на XX век“, што треба да се случи на 5 јуни 2026 г. Филмот на Агенцијата БГНЕС раскажува за тоа ...
Никица Корубин Долго-најавуваниот Закон за соодветна и правична застапеност, конечно пристигна во собранието. После сите специјални консултации со Венецијанската комисија и повикување на сите можни европски стандарди за “малцински права” – правата на “малцинствата” се испорачани, разбирливо од “мнозинството”. Кое, очигледно не се замара ниту да се впушти во собраниска дискусија (која патем речено е обврска), за закон кој треба да регулира ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР), кои се однесуваат на работењето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Одлуката е донесена денес на колегиум на Комисијата, во рамките на нивните надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. „Предметот е отворен поради ...
Денеска во Собранието се одржа јавна расправа за утврдување на предлог-листа од пријавените кандидати по Одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. На јавниот оглас беа пријавени вкупно 11 кандидати, од кои осум ги исполнија условите утврдени со огласот. Кандидати кои го поминаа првичниот процес на селекција беа: Миле Стојановски, Јасна Оровчанец-Арангеловиќ, Исмаил Синани, ...
Масовна физичка пресметка го наруши јавниот ред и мир синоќа во скопската општина Шуто Оризари, при што две лица се здобиле со тешки повреди, а дури единаесетмина завршиле во полициска станица. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, инцидентот во СВР Скопје бил пријавен на 03.06.2026 година во 23:04 часот. Според пријавата, во тепачката учествувале повеќе лица. Во пресметката со тешки телесни повреди се здобиле Е.Ј. (35) ...
Земјите-членки на Европската Унија постигнаа прелиминарен договор за отворање на првиот преговарачки кластер во пристапните преговори со Украина и Молдавија, со што е направен важен чекор во нивниот европски пат, јавува Нова тв. Процесот досега беше блокиран поради резервите на Унгарија кон Украина. Блокадата е надмината по постигнувањето на „историски договор“ меѓу Будимпешта и Киев за правата на унгарското малцинство, соопшти унгарскиот ...
Во текот на 2025 година во државата се склучени вкупно 10.507 бракови, што претставува намалување за 5,1 отсто во споредба со претходната година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Наспроти ова, статистиката бележи нагорен тренд кај прекините на брачните заедници, односно во 2025 година се регистрирани вкупно 2.185 разведени бракови, што е за 8,0 проценти повеќе во однос на 2024 година. Според официјалните ...
Не е јасно каде е криминалот во случајот „Мазут“, вели правната експертска јавност. Професорот Гордан Калајџиев смета дека не биле приложени докази за случајот, а од друга страна никој не прашува дали некој ќе одговара што осомничените биле малтретирани цела година, ставени под мерки и бил извалкан нивниот углед. Од тоа што го има во увид во јавноста не е јасно каде е направен криминал и корупција, тоа го покажа и одлуката на Обвинителството. ...
Полицијата поднесе кривична пријава против 29-годишниот А.Љ. од Дебар, поради сомневање дека извршил две тешки кривични дела: „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 29 мај годинава. Пријавениот се движел со голема брзина со своето патничко возило, при што изгубил контрола и предизвикал ...
Територијалната противпожарна единица на Битола денеска беше модернизирана со теренско противпожарно возило со специјална надградба, цистерна за вода и теренско возило. Оваа опрема ќе овозможи побрза реакција, подобра мобилност на непристапни терени и поефикасно справување со пожари во шумски и рурални средини. Обезбедени се во рамките на проектот „FIREFLY-заедничка прекугранична иновативна заштита и превенција од шумски пожари“, проект кој ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на 68-та седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието на Република Северна Македонија, на која во прво читање беше разгледан Предлог-законот за правична и соодветна застапеност. Во текот на дискусијата беше истакнато дека начелото на правична и соодветна застапеност е уставна вредност која произлегува од Охридскиот ...
Фондот за здравствено осигурување на РС Македонија го презентираше Аналитичкиот извештај „Артропластика на колк и колено во РС Македонија 2023–2025 година“, кој покажува значително зголемување на бројот на ортопедски интервенции во јавните здравствени установи и подобрен пристап на пациентите до овие здравствени услуги. Според анализата, во текот на 2025 година во јавните здравствени установи биле извршени вкупно 4.044 операции на колк и ...
Унгарија постигна „историски договор“ со Украина за унгарското малцинство, соопшти унгарскиот премиер Петер Маѓар. Според договорот, ќе бидат обновени основните права на околу 100.000 Унгарци кои живеат во Украина. Киев се согласил одредбите од договорот да ги внесе во своето законодавство и во акцискиот план за преговорите за членство во Европската Унија, јавува 24 часа. Маѓар изјави дека е постигнат сеопфатен договор за проширување на ...
Општина Бутел во соработка со Град Скопје започна активности за изградба на пешачка патека и чистење на коритото на река Серава во Бутел 1. „По повеќе од 20 години, се реализира едно од најголемите барања на граѓаните на општина Бутел. Проектот напредува со одлична динамика и предвидува изградба на нова патека во должина од 1590 метри, со ново осветлување, нови клупи и хортикултурно уредување на просторот. Истовремено, ќе се изградат и нови ...
Бугарија и Грција ќе работат на долгорочно решение за прашањето со прекуграничните води, забрзување на енергетската и транспортната поврзаност и продлабочување на одбранбената соработка. Ова беше договорено на средбата меѓу бугарскиот премиер Румен Радев и неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис во Софија, јавува БГНЕС. Мицотакис нагласи дека е потребен долгорочен договор за водите на реките Арда и Марица, што е важно за земјоделството и за ...
Вработена во здравствена установа на подрачјето на скопската општина Центар пријавила во полиција дека била цел на агресивно однесување и закани од страна на нејзината претпоставена колешка, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според полицискиот билтен, вчера во 15:00 часот во СВР Скопје, 49-годишната М.К. од Скопје пријавила дека инцидентот се случил на 27 мај околу 13:40 часот. Според пријавата, во нејзината канцеларија на работното ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска присуствуваше и се обрати на Бизнис форумот на информатичко-комуникациски компании, во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Здружението на информатички компании на Грција (СЕТПЕ), што се одржа во Скопје. Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува уште еден важен чекор во градењето на ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес присуствуваше на Министерската конференција во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP), што се одржа во Софија, Република Бугарија. Конференцијата беше посветена на зајакнување на регионалната соработка во областа на климатските политики, заштитата на животната средина и одржливиот развој. На настанот учествуваа високи претставници од земјите од ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Академијата за судии и јавни обвинители за 2024 година, на сметката на основниот буџет. Овластениот државен ревизор изрази мислење без резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, но изрази мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики. ...
Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Ф.А.(63), Ѓ.К.(57), И.Ш.(35), Џ.Ш.(35), сите од Скопје, како и против С.Ј.(35) од Куманово и И.А.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“. Во текот на 2024 и 2025 година, Ф.А. и Ѓ.К. го ...
Вчера во 17:30 часот во с.Руница, општина Липково, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ ги лишија од слобода Ф.Ќ.(46) од с.Лопате, кумановско и Р.А.(51) од с.Слупчане, липковско. При преземање службени мерки и вршење патролна дејност, полициски службеници сопреле и извршиле контрола во товарно возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ќ.(46) и ...
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, потпиша 67 Решенија за доделување еднократна парична помош за набавка на велосипеди, информираат од општината. „И оваа година Општина Илинден ја реализира мерката за субвенционирање на велосипеди, со цел да се поттикне нивно почесто користење како еколошко и здраво превозно средство, како и да се промовираат здравите животни навики кај граѓаните. Преку оваа мерка, општината ...
Секој ден нова манипулација на власта во економијата. Премиерот Мицкоски прво ја прогласи РС Македонија за „третата најбрзорастечка економија во Европа“, а вчера ја спушти амбицијата на „првите пет земји во Европа според растот на БДП“, истакна на прес-конференција Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ. И во едниот и во другиот случај, како што рече, станува збор за иста политичка намера, од една статистичка бројка да се направи економска бајка, ...
Американската воена операција во Иран наречена „Епски бес“ е завршена, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Зборувајќи пред Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат, Рубио реагираше на размената на оган меѓу силите на Соединетите Американски Држави и Иран во последните неколку часа, велејќи дека станува збор за „одбранбени даноци“ од американска страна, објавува „NBC News“. „Она што го гледате во извештаите, ...
Украинската премиерка Јулија Свириденко изјави дека сите земји-членки на ЕУ се согласиле да започнат разговори со Украина и Молдавија за првата група прашања во рамките на нивните преговори за пристапување. Свириденко изјави на мрежата Икс дека ова е важен чекор кон членството на Украина во Европската Унија и рече дека земјата се приближува кон својата стратешка цел. Кипар, кој моментално претседава со Советот на ЕУ, објави дека започнале ...
„Градежништвото останува еден од најсилните двигатели на домашната економија, што јасно го потврдуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2026 година. Според државната статистика, градежниот сектор во првото тромесечје од оваа година бележи раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период минатата година“, соопшти министерот за транспорт Александар Николоски. „Овие бројки претставуваат силен показател ...
Пораките на Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и најновиот извештај на Вајц усвоен од Европскиот парламент се две силни потврди за она што СДСМ го говори со месеци, велат од опозициската партија. Мицкоски, додаваат од таму, ги лаже граѓаните за европската иднина на Македонија, неговата криминална Влада не испорачува никакви реформи. „Кошта јасно и недвосмислено порача дека уставните измени се единствениот услов за формално ...
Преспанскиот Регион претставува вистинска лабораторија на отворено, што јасно го потврдуваат и тековните теренски истражувања на биолошката разновидност кои Македонското еколошко друштво ги спроведува во соработка со локалните заштитени подрачја како дел од проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа“, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“. Долж крајбрежјето на Преспанското Езеро е веќе отпочнат мониторингот ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио пред комисијата на Претставничкиот дом изјави дека Венецуела мора да помине низ строга трифазна транзиција, стабилизација, закрепнување и избори, по американската воена операција и заробувањето на претседателот Николас Мадуро, објави Анадолија. „Венецуела што сите ја сакаат во иднина не е можна без слободни и фер избори“, рече Рубио, иако предупреди дека „конкретен датум“ за гласањето не може да се ...
Светската метеоролошка организација (WMO), специјализирана агенција на Обединетите нации, предупредува дека нова фаза од природниот временски модел „Ел Нињо“ би можела да започне за неколку недели, дополнително зголемувајќи ги температурите на планета која веќе е под притисок од климатските промени. Експертите на ОН проценуваат дека феноменот веројатно ќе се зајакне до крајот на годината и ќе предизвика екстремни временски услови низ ...