Пелистер добива нови инфо табли со нов и модерен дизајн кој има за цел да ја промовира важноста и културно-историското значење на петтоигличестиот бор МОЛИКА или познат како МАКЕДОНСКИ БОР. За почеток нови инфо табли се поставени во најпосетената зона на паркот, а подоцна со истиот дизајн ќе следи и поставување на нови табли на планинарските и на велосипедските патеки. Македонскиот бор кој е пронајден на Баба планина во 1839 година скоро два ...

Претставата „Кокошка“ на Битолскиот театар, вечер ќе биде изведена по 95 пат, токму на сцената во Драмски театар Скопје, а по повод 80. годишнината од постоењето на оваа театарска институција. Оваа претстава носи свет во кој апсурдот и реалноста се мешаат до точка на непријатна препознатливост, а ликовите чекорат по тенка линија меѓу смешното и болното. „Кокошка“ не е само комедија – таа е огледало на нашите карактери, суети, амбиции и ...

Булеварскиот влез во Битола од страната на Прилеп повторно го привлекува вниманието на битолската јавност. Додека граѓаните очекуваат финализација на започнатите работи, наместо тоа на терен се вршат корекции. Исечен асфалт на повеќе места, пропаднат тротоар, оградени делови каде треба да се корегира. Се прави па се преправа. Првата фаза опфаќа 840 метри и таму се вршат корекции на дури 11 позиции, откако надзорот утврдил дека треба да се ...

Општина Битола тонe во долгови од над 186 милиони денари, а паралелно троши огромни средства за плати и надоместоци. Според интернет порталот grado.live, за плата на градоначалникот Тони Коњановски годишно се трошат 1,3 милиони денари, за паушалите на советниците околу 10,6 милиони денари, а за администрацијата во општината годишно се одлеваат 310 милиони денари. Во врвот на општината, платите се следни: • Градоначалникот Тони Коњановски зема ...

Општина Битола “изби” на првото место на листата должници од јавниот сектор во градот со вкупни обврски од околу 186,4 милиони денари. Од нив 137,4 милиони денари се доспеани и неплатени, а 48,9 милиони недоспеани обврски. До 2025 година, оваа неславна позиција ја држеше ЈКП Водовод. Вкупниот долг на битолската локална самоуправа предводена од Тони Коњановски изнесува над 3 милиони евра! ЈКП Водовод сега е на второто место најголеми должници ...

Дуќанџии од старата битолска чаршија бараат уредување на малото паркче кај дрвениот мост. Посочуваат дека на самиот влез во Старата чаршија во Битола малото паркче со неколку дрвја – мал зелен простор со години бил убаво место за одмор и кратко задржување во центарот на градот. По најавата за поставување споменик на битолскиот пејач Јонче Христовски, минатата година просторот беше ограден и раскопан. Но, денес 28 април 2026, паркчето сè уште ...

Битолски ученици низ друштвената игра „Преспа“ имаа можност да учат како се штити живиот свет на Преспанско езеро. Македонското еколошко друштво во соработка со Националниот парк Пелистер организираше едукативна работилница во Основното училиште „Даме Груев“ во Битола, каде учениците ја играа друштвената игра „Преспа“. Се работи за друштвена игра преку која на забавен и креативен начин се мотивираат децата и возрасните да се грижат за заштита ...

Зачувување на популацијата на кафеавата мечка која што живее и во Македонија, вклучително и во Националниот парк Пелистер. Ова е целта е на нов европски проект кој во фокусот ја става кафеавата мечка во Динаро-Пиндскиот Регион. Се работи за прекуграничното управување и зачувување на динаро-пиндската популација на кафеавата мечка преку проектот LIFE DinPin Bear којшто до 2031 година ќе го спроведуваат дури девет европски држави, вклучително и ...

Денеска градоначалникот Тони Коњановски одржа прес конференција на која зборуваше за неколку актуелни проблеми во градот. Големото внимание кон последниот реализиран проект – асфалтирањето на улицата СРУ-5 во Касарната заради фактот што трансформатор го попречува безбедното минување низ улицата. Освен политичко, има и огромно негативно мислење на јавноста. Градоначалникот Коњановски на денешната прес конференција се обрати за многу од ...

Во пробна фаза се подготовките за стартување на планираниот меѓуградски воз меѓу Битола и Прилеп. Во моментов се прават проверки кои треба да го осигураат безбедното движење на оваа релација и осигурувањето на стандардите во железничкиот сообраќај. На релација Битола Прилеп ќе возат два возови, едниот познат како Шпанскиот воз, а другиот е кинески. Според претходните најави со кои беше посочено дека најдоцна од јуни оваа возна линија ќе ...

Полициски службеници од СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција лишија од слобода три лица осомничени за измама, при што од жена од Битола одзеле пари и златен накит под изговор за итна операција на нејзината ќерка. Станува збор за Е.Ј. (46) од Скопје, Д.Т. (48) од Свети Николе и А.Т. (45) од Дојран, против кои е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „измама“. Според информациите од МВР, на 9 март 2026 година ...

Постојат вести што не се читаат. Се трпат. Ти стојат во градите како камен и не знаеш што прво чувствуваш. Гнев, тага или срам. Таква е веста за шестоодделенката од Скопје која била тепана, горена со цигари и понижувана до степен да се изгуби човечноста. Чувставата се уште посилни кога оваа слика ќе се спои со онаа од пред еден месец кога јавноста дозна дека лице, вработено како психолог во училиште во нашиот град е осомничено за производство ...

Зоран Стојчевски е назначен за претседател на Општинската организација на СДСМ Битола. Тој е истакнат член на СДСМ во Битола и во два мандати советник во Советот на Општина Битола. Стојчевски е исто така член на Централниот одбор (ЦО) на СДСМ кој се залагаше за измени во статутот на партијата со цел членовите на локално ниво директно да го избираат своето раководство. Како советник, тој беше активен во дебатите за општинскиот буџет и ...

Наградата „4 Ноември“ е највисокото признание со кое Битола им се заблагодарува на своите најистакнати граѓани за нивниот животен труд. Добитниците на ова високо општинско признание секоја година засадуваат дрва во алејата во Градскиот парк во Битола. Просторот е обележан со соодветна табла на која пишува Алеја на добитниците на наградата за живтно дело „4 Ноември“ на Општина Битола. Инаку, првпат во оваа алеја дрвце посади лауреатката на ...

„Трафиката на Борис Ќориот“ еден од највпечатливите симболи на старата битолска чаршија и градскиот дух на Битола заминува во историјата. До 30-ти јуни на сопствениците им истекнува договорот со општина Битола, по што сами треба да ја отстранат трафиката. Велат дека иако со години се бореле да ја задржат локацијата од која што ја обезбедуваат егзистенцијата, сега веќе немаат друг излез освен да се откажат. Низ годините наназад се соочувале и ...

Вечерва на сцената на Народниот театар ќе се одржи првата реприза на најновата претстава „Секстет“ во режија на Марјан Ѓоргиевски. По премиерата викендов, одгласите се позитивни. Народниот театар во Битола викендов премиерно ја поставI комедијата „Секстет“ од Марк Камолети, во режија на Марјан Георгиевски. Овој проект означува враќање на водвиљот по 25 години, придружено со значителен пораст на посетеноста и нови партнерства со приватниот ...

Мала победа пред тендерите на властите извојуваа жителите на селото Љубојно. Државата ќе го менува планот за сеча на дрвја во атарот на љубојно потврдувајќи дека досега предвидените количини водат до комплетно соголување на шумата. Ова е барем првиот заклучок по информацијата што ја објавија жителите на ова преспанско село, по 255 дена континуиран протест и блокирање на патиштата кои водат до планината. Бараа привремена забрана за сеча, јавна ...

Најавуван како конечно добар проект за имиџот на градот, булеварскиот влез во Битола од северната, страната на Прилеп сеуште не ја оправдува идејата. Последната реакција од граѓаните до ТЕРА е за последниот дел од излезот, непосредно до раскрсницата која води до автопатот. Според едни пред две недели, според други пред повеќе од три недели, машини од општина го изгребале патот како дел од подготовката за асфалтирање на делот кој е воведот во ...

Улицата „Железничка“ во Битола со години претставува симбол на урбаниот контраст во градот – важна сообраќајна артерија, но истовремено и хроничен пример за недоволно одржување, импровизација и институционална негрижа. Сместена во близина на железничката инфраструктура и поврзана со индустриската и неколку станбени зони, минува покрај „чудната“ крстосница – тест за возачите и правилото на десна рака. „Железничка“ има значајна функција во ...

Деновиве вниманието во државава , и Битола е свртено кон акцијата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал. Тие ја започнаа својата финална акција за санкционирање на криминалот со нелегален увоз на средства за естетски интервенции. Претреси и апсења поради илегален ботокс и медицински средства спроведува основното јавно обвинителство за организиран криминал , а Битола е една од клучните точки во координираната ...

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го одбележува Денот на основањето, 25 април 1979 г. со традиционален настан Отворен ден – УКЛО и пријателите, со мото „Извонредност и кариера“. Годинава одбележувањето е посветено на 15 годишнината од формирањето и функционирањето на студентското радио УКЛО ФМ. И токму водечкиот тим на ова радио денеска ги водеше пристутните низ сите точки од сценариото. Соња Тантарова Груевска, најпрвин го повика ...

Во 32 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви :12,13,15,27,31,34,35 Добивка со седум погодоци немаше а имаше една добивка со шест погодоци вредна 691.659,00 денари. Фондот за седумка во следното коло изнесува : 10.000.000денари. Во ова коло шестоцифрениот џокер број е: 3,0,8,7,2,5. На џокерот добивки со шест погодоци немаше . Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци на играта џокер во следното коло изнесува 1.985.000 денари. Во 32 ...

Колку и на што најмногу трошат македонските граѓани онлајн во странство. Одговорот го дава анализата на Асоцијацијата за е-трговија која е изработена врз основа на податоци од Народната банка. Анализата покажува дека македонските граѓани во текот на 2025 година во странство најчесто онлајн плаќале патување, односно купувале авиобилети и плаќале резервации во хотели. Со оглед на најавата за поскапување на авионските билети поради кризата со ...

Туристичко-угостителската комора преку допис до грчкото Министерство за туризам побара во летниот период македонските граѓани да бидат изземени од биометриската контрола поради очекувано големиот интерес за патување во Грција во време на летните одмори кој би направил огромен застој на границите. Вакво барање веќе поднесе Србија, охрабрена од одлуката на грчката Влада во летниот период да ја суспендира биометриската контрола на граѓаните од ...

На 22 април – Светскиот ден на планетата Земја, групата Ван Гог го претстави новиот, трет сингл и видео спот – песната „За планетата S.O.S.“, од претстојниот единаесетти студиски албум на групата. Песната е замислена како еден вид музички триптих. Првата верзија на песната се појави во 2024 година, на издавањето на детскиот хор „Колибри“. Пред вас е втората верзија на песната од групата Ван Гог во 2026 година со гостувачки детски хор. Третата ...

На 23.04.2026 во 07:40 часот полициски службеници од СВР Битола на ул. „Филип 2 Македонски” во Битола го лишија од слобода С.В.(40) од Битола. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „рено” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал С.В., и по преземени мерки било констатирано дека нема возачка дозвола. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Во југоисточните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Од денес следува период на стабилно и потопло време со пораст на дневната температура. Денес и во петок утрата ќе бидат посвежи и утринската температура наместа се очекува да се спушти под нула степени , информираат од УХМР. Променливо облачно со сончеви периоди. Во југоисточните делови ...

Како младите да се свртат кон земјоделските и еко науките. Во време кога овие професии стануваат помалку атрактивни за младите Македонското еколошко друштво преку доделување стипендии настојува да ги зачува и надогради локалните капацитети кои во иднина треба да дадат свој професионален придонес токму во оваа сфера. Така, со цел надминување на локалниот недостиг од кадар во Преспа за стручни лица од природните науки поврзани со заштитата на ...

Помеѓу селата Царев Двор и Езерани, на патот кој го поврзува селото Езерани со Ресен, обновена е старата депонија која темелно беше исчистена минатата година. Мештаните велат дека несовесни жители од двете села овде нелегално депонираат отпад. Се носи од градежен шут до органски отпад. На местото може да се забележи стар мебел, покуќнина, расфрлани јаболка, пластични канти и картони. Локацијата е средишна точка помеѓу селата Царев двор и ...

Националниот парк „Пелистер“ започнува нова иницијатива за засилена промоција на локалната заедница. Преку нивната нова веб-страница, сите производители на храна, занаетчии и угостители од подпелистерието ќе добијат можност за бесплатна дигитална презентација. Поддршка на локалната економија и промоција на регионот преку иновативна дигитална платформа кадешто сите туристички содржини ќе бидат достапни на едно место. Оваа е најновата идеја на ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.44
65%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
3.13
68%
1018
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.22
75%
1017
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.05
73%
1019
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.3
70%
1018
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.51
77%
1018
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
4.02
57%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.06
77%
1018
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.04
63%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
68%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
65%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
3.35
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Цинк

0.00