Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Почитувани, Во текот на денешниот ден до Нашата редакција пристигна Писмо од страна на НУ Универзитетска библиотекa „Св.Климент Охридски“ Битола со предмет: Барање за јавно извинување и повлекување објава во врска со наша објава: „Библиотеката во Битола купува книги на парче – заобиколен системот за јавни набавки!!! “ која објава претставува само дел од Нашата истражувачка сторија, која во рамките на новинарската професија, ја обработува ...
Нивото на Преспанското Езеро бележи значително зголемување во 2026 година, со пораст од околу 90-100 сантиметри во последните шест месеци. Ваквиот раст на езерото мерен до месец април е позитивен знак за обновување на водостојот. Се проценува дека порастот е резултат на поволните временски услови и врнежите, со што езерото е значително повисоко во споредба со претходниот критично низок период. Имено, езерото со децнии се соочува со ...
Од 18 јуни 2026 година, Грција воведува значително построги правила за задолжителната опрема во возилата, со што директно се засегаат и странските возачи кои секојдневно транзитираат или летуваат во земјата, меѓу нив и македонските туристи. Имено, сите возила што влегуваат во Грција мора да носат нов, пообемен комплет за прва помош, кој содржи 16 специфични предмети, меѓу кои и специјализирано изотермално спасувачко ќебе и облози за ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13 проценти во однос на претходната одлука. Од ноќеска на полноќ, цените на бензините и дизелот се намалуваат за 1,50 денар по литар, додека екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 0,50 денари. Според новата одлука, од 21 април во 00:01 часот, максималните цени ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС-95 – 80,50 ...
За сите љубители на планината и природата. Во рамки на работниот викенд, вработените од НП Пелистер во соработка со Extreme Bike Team Bitola работеа на целосно уредување на планинската патека која води од Цапарска пресека преку Горна скала, Лоша стена па се до с.Цапари. Лоша стена е еден да најлесно достапните природни видиковци кои ги има НП Пелистер. Се наоѓа на околу 1220 мнв југоисточно од с.Цапари и сега е веќе лесно достапна локација за ...
На 20.04.2026 во 00:50 часот на ул.„Крушевска република” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода Ј.З.(37) и А.Т.(33), двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај Ј.З. била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 19.04.2026 во 19:50 часот на ул.„Мукос” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиja од слобода 16-годишник од Битола затоа ...
„Мода со втор живот: пренамена, реупотреба и одржливост“ – Ова беше темата на модниот форум кој денеска се одржа во Офицерскиот дом во Битола во организација на „Добредојде Македонија – Welcome Centre“. „Ние веќе 4 години работиме на поддршка на женското претприемништво преку занаети и одржливост со цел да ја подигнеме свесноста дека занаетите можат да бидат основа за самовработување затоа што во нашата колективна меморија се знаењата за ...
Цените на дел од основните прехранбени производи бележат пораст, при што најголемо зголемување е забележано кај зеленчукот, маслото за јадење и јајцата, кои поскапеле во просек за околу 10 отсто. Ова го покажува најновиот извештај на Државен пазарен инспекторат. Анализата е направена врз основа на споредба на цените на 55 производи во четири големи трговски синџири при што се споредени податоците од 1 февруари и 1 април 2026 година. Според ...
Денес, 17 април 2026 година, во Битола се случила тешка сообраќајна несреќа на една од градските крстосници, при што со тешки телесни повреди се здобил 50-годишен маж. По ударот, пешакот е веднаш пренесен во Клиничката болница во Битола. По извршените медицински прегледи, од страна на дежурните лекари се констатирани тешки телесни повреди. Увидна екипа од СВР Битола излезе на местото на настанот за да изврши целосен увид. Полицијата работи на ...
Ако за една улица која е раскопана цела година, градоначалникот излегува да се извинува, што треба да направи за сите лажни ветувања и изневерени очекувања во овие четири и пол години? Неговото признание дека системот што самиот тој го раководи не функционира, не го менува секојдневието на граѓаните. Што фајде ако и тој стана свесен дека ветувањата биле поголеми од капацитетот и дека реалноста ја победи пропагандата? Но, Козара не е проблем ...
„Добредојде Македонија-Welcome Centre“, на 17.04.2026( петок), ве поканува на: Вториот моден форум на DMWC на тема: „Мода со втор живот: пренамена, реупотреба и одржливост“, којшто ги отвора вратите за сите коишто веруваат дека: модата може да биде креативна, одржлива и инспиративна! Настанот е дел од проектот: „Зајакнување на женското претприемништво преку занаетчиство и одржливост“, реализиран со поддршка на Амбасадата на Република ...
Почетокот на 2025 година донесе нов импулс за НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола. Со новото раководство дојде и јасна амбиција за модернизација, дигитализација и позиционирање на институцијата како современ културно-образовен центар. Во јавноста, библиотеката навистина делува поактивно. Но, под површината, сликата е посложена. Во изминатиот период, институцијата бележи зголемен број на настани, поинтензивна медиумска ...
Со воведување на шумски ред и соодветни мерки на терен Националниот парк Пелистер пристапува кон сериозна заштита на моликата на Пелистер. Старите моликови шуми се на удар на временските непогоди, но превентивните активности се важни за создавање услови за нови моликови стебла на во националниот парк. „Во декември 2024 година и почетокот на 2025 година имаше природни непогоди во поголеми размери во форма на снегоизвали, ветроизвали и ...
Од јуни на релација Битола и Прилеп ќе вози меѓуградски воз, што би собраќал до индустриската зона „Жабени“. Целта е да се овозможи полесно сообраќајно поврзување на двата пелагониски градови чија комуникација е отежната поради изградбата на автопатот Прилеп-Битола. Во моментов, додека трае изградбата на автопатот, се користи стариот пат Прилеп – Битола, којшто е со помал капацитет. Поради ова движењето трае подолго. Со оглед на ваквите ...
Ако во овој бизнис постои човек кој 1000% остава срце на терен во своите настапи, тоа е STEVE AOKI! Познат по својата неверојатна енергија, интеракција со публиката и легендарните “cake throwing” моменти, Aoki има настапувано на најголемите светски фестивали како Tomorrowland, Ultra, Coachella, Untold и многу други… Тие што биле – знаат, а тие што не биле – сега ќе дознаат: Steve Aoki не приредува само шоу, туку вистинско аудио-визуелно ...
Двајца битолчани возеле под дејство на алкохол во Прилеп и Демир Хисар. На ул.„Добривое Радосављевиќ” во Прилеп, полициски службеници го лишија од слобода Б.Р.(47) од Битола. При сообраќајна контрола тој бил сопрен со неговото патничко возило„хонда” со битолски регистарски ознаки, при што констатирано било дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,93 промили алкохол во крвта. По ова бил задржан во полициска станица и по ...
Ако за една улица која е раскопана цела година, градоначалникот излегува да се извинува, што треба да направи за сите лажни ветувања и изневерени очекувања во овие четири и пол години? Неговото признание дека системот што самиот тој го раководи не функционира, не го менува секојдневието на граѓаните. Што фајде ако и тој стана свесен дека ветувањата биле поголеми од капацитетот и дека реалноста ја победи пропагандата? Но, Козара не е проблем ...
Вчера во рамките на 27 коло од првата македонска фудбалска лига Пелистер му гостуваше на екипата Арсими од с. Чегране. Позитивните резултати од претходните два натпревари паднаја во сенка по поразот од 1:0 од екипата на Арсими. Ова беше еден од директните дуели за опстанок во лигата, но очигледно Пелистер е се подалеку и веројатно спасот ќе го бара преку бараж натпреварите за опстанок иако според ситуацијата на табелата и таму шансите не се ...
Повеќе од седум години по првите најави во 2019 година, детската градинка во просторот на поранешната касарна во Битола сè уште не е ставена во функција. Најавено е дека оваа градинка ќе има капацитет од 250 деца во предшколска возраст. Проектот на Општината за изградба на градинка во касарната беше најавен како решение на проблемот со листите на чекање. И оттогаш, уште се гради и санира и рехабилитира изграденото, па пак гради, а во ...
Со рекордна брзина и огромен интерес од публиката, билетите за отворањето на 54.Мајски оперски вечери се распродадоа за само 30 минути. Овој резултат уште еднаш ја потврдува позицијата на фестивалот како еден од најзначајните културни настани во земјата и регионот. Овогодишното издание носи репертоар што ја поврзува традицијата со современата уметничка визија. Од драматичната моќ на „Риголето“, преку интензитетот на „Тоска“, до длабоката ...
Во 29 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви :3,6,10,17,20,27,37 Добивка со седум погодоци немаше а имаше четири добивки со шест погодоци вредни 89.894,25 денари. Фондот за седумка во следното коло изнесува : 10.000.000денари. Во ова коло шестоцифрениот џокер број е:6,1,6,2,8,6. На џокерот добивки со шест погодоци немаше . Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци на играта џокер во следното коло изнесува 1.894.000 денари. Во 29 ...
Поради скината цевка во сегмент од котел, ТЕ Битола 3 е исклучен од електроенергетската мрежа од вчера во 18:00 часот, соопшти АД ЕСМ. Претходно, се започна со подготвителни активности за вклучување на термоблокот Битола 1, што се очекува да биде синхронизиран на мрежа во текот на денешниот ден. Поради поволната хидролошка состојба и намалениот конзум, РЕК Битола и во изминатиот период работеше со еден блок, а истиот режим на работа ќе ...
Денеска седум села од Битолско се без снабдување со електрична енергија. Од Електродистрибуција велат дека се работи за планирани прекини заради реконструкција и одржување на мрежата. Селата Кишава, Граешница, Лажец , вклучително и ТС ХМС Лажeц), Драгош, Жван, Мојно, Алинци и Мусинци денеска се без струја. Според достапните информации од Електродистрибуција, за денеска се најавени повеќе планирани прекини во снабдубањето со електрична ...
Почитувани, Во текот на вчерашниот ден во попладневните часови, до Нашата редакција пристигна е-маил од страна на Здружение за фолклор, игри и обичаи КУД Илинден Битола, Преку полн. адвокатско друштво Ипсо Jype , со прилог Барање за објавување на демант, исправка и јавно извинување во врска со наша објава „Исти луѓе, иста адреса, една фамилија – кој управува со Битола која објава претставува само дел од Нашата истражувачка сторија, која во ...
Почитувани, Во текот на вчерашниот ден во попладневните часови, до Нашата редакција пристигна е-маил од страна на Од Здружение на луѓе кои имаат желба за трчање „Трчај Бе” Битола преку полн. адвокат Дарко Јанкуловски од Адв. друштво Димитровски Битола, со прилог: Барање за објавување на демант, исправка и јавно извинување во врска со наша објава „Исти луѓе, иста адреса, една фамилија – кој управува со Битола која објава претставува само дел ...
Почитувани, Во текот на вчерашниот ден во попладневните часови, до Нашата редакција пристигна е-маил од страна на Здружение атлетски клуб ОЛИМП Битола преку полномошник: Адвокат Маја Ристова од Адвокатска канцеларија “РИСТОВА”,Скопје, со прилог Барање за објавување на демант, исправка и јавно извинување во врска со наша објава „Исти луѓе, иста адреса, една фамилија – кој управува со Битола “ која објава претставува само дел од Нашата ...
„Старее нацијата, институциите немо следат развој на демографска криза„.Ова е заклучокот на Државниот завод за ревизија( ДЗР) по анализата за институционалната подготвеност за справување со демографската криза во државата. Извештајот на Државен завод за ревизија открива сериозни слабости во системот за грижа за старото население и предупредува на растечки притисок врз пензискиот и здравствениот систем. Ревизорите констатираат дека државата ...
Ноќеска во Прилеп фатен битолчанец кој возел под дејство на алкохол. На ул.„Добривое Радосављевиќ” во Прилеп, полициски службеници го лишија од слобода Б.Р.(47) од Битола. При сообраќајна контрола тој бил сопрен со неговото патничко возило„хонда” со битолски регистарски ознаки, при што констатирано било дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,93 промили алкохол во крвта. По ова бил задржан во полициска станица и по ...
За време на празничните неработни денови, поточно на 11.04 во 1 часот и 30 минути по полноќ беше извршен вандалски чин со палење на контејнерите во дворот на медицинското училиште во Битола, при што пожарот се прошири и предизвика оштетување на фасадата на задниот дел на објектот. Благодарение на навремената интервенција на надлежните служби од противпожарната единица и Министерството за внатрешни работи, пожарот беше локализиран и спречени ...
Третиот ден од прославата на Велигден, познат како Светол вторник, претставува значаен дел од таканаречената Светла седмица – период исполнет со радост, духовна обнова и продолжување на празничната атмосфера што започнува со Христовото Воскресение. Духовната и литургиската димензија говори дека Светлиот вторник се одбележува со богослужби во кои продолжува прославата на Исус Христос и Неговото Воскресение. Вратите на олтарот во црквите ...