Дождливото време кое го зафати регионот деновиве повторно го актуелизираше проблемот со руинираните објекти во градот. Старите и неодржани градби, нагризани од забот на времето, и натаму остануваат стануваат сериозна закана за безбедноста на минувачите и возилата, а секое ново невреме дополнително ја нарушува нивната и онака кревка стабилност. Еден од ваквите примери се наоѓа во самиот центар на Битола, на улицата „Никола Тесла“. Примерот не ...

Македонскиот павилјон во Венеција и проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ на мултимедијалниот уметник Велимир Жерновски привлекува големо внимание кај посетителите на Биеналето. Сместен во Спацио Кастело 77 на влезот во престижното Арсенале, публиката љубопитно влегува во просторот каде е изложена монументалната претстава на „Пиета“ прекриена со златни фолии на 61. Биенале. Тема на годинашната голема изложба е „Во молски тоналитети“ ...

МВР поднесе кривична пријава против стрелачко друштво од Прилеп, против управителот и ракувачот со оружје за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. ОВР Прилеп во координација и содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал реализиран е случај на недозволена трговија со оружје ...

Дел од директорите на основните училишта во Битола, ги спорат податоците објавени во официјалниот „Извештај за пријавени обврски по субјекти за период декември 2025 година“ на Министерството за финансии што нашата телевизија ги објави вчера. Станува збор за бројки што, според процедурите, самите институции ги доставуваат до ресорното министерство, а потоа се објавуваат во државниот систем за финансиско известување. По објавувањето на текстот ...

Повеќе од две децении по нивниот последен студиски албум, македонскиот рок состав Архангел официјално се враќа со нова музика. Со објавувањето на синглот „Дни оловни”, чиј автор на музиката и текстот е фронтменот Ристо Вртев, бендот го најавува своето петто дискографско издание во пресрет на големиот самостоен концерт „Срцевина”, закажан за 13 јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Звукот и лириката на „Дни оловни” носат специфична тежина и ...

Откако вниманието на јавноста во Битола го привлече случајот со ученик од ОУ Стив Наумов во Битола кој им се заканувал на своите соученици, а за што вчера изјава за ТЕРА телевизија даде и директорот на училиштето, синоќа се огласи и Училишен одбор на ООУ„Стив Наумов“ – Битола. Од таму информираат дека е одржана вонредна седница и како орган на управување во училиштето, согласно надлежностите и обврските утврдени со Законот за основно ...

Во јавноста често се зборува за проблемите, долговите и нефункционалноста на јавните претпријатија. Но, бројките за ЈП Комуналец покажуваат и една поинаква слика за постепена финансиска консолидација и стабилизирање на претпријатието во изминатите години. Според податоците од извештаите за пријавени обврски по субјекти доставени до Министерството за финансии, ЈП Комуналец заклучно со декември 2025 година има доспеани, а неплатени обврски во ...

Ученик од Битола од закани на социјалните мрежи кон свои соученици до закани испишани на ливчиња во училиштето, предизвика паника во ОУ „Стив Наумов“. За случајот, според неофицијални информации, била известена полицијата, а на родителите им било посочено дека ученикот привремено нема да посетува настава со физичко присуство, туку ќе следи онлајн настава. Ливчиња на кои стои закана за сигурноста и безбедноста на учениците од 7мо-в одделение ...

По повеќегодишни алармантни вести за драматичното повлекување на водата, Преспанското Езеро конечно испраќа охрабрувачки сигнали. Најновите мерења откриваат дека за само шест месеци, водостојот е зголемен за речиси метар и половина, вест која донесе бран надеж кај локалното население, екологистите и надлежните институции. Ова зголемување не е само бројка; тоа означува прекин на долгогодишниот тренд на постојано опаѓање. Експертите проценуваат ...

Системот за видео-надзор и контрола „Безбеден град“ до крајот на оваа година ќе биде целосно функционален на територијата на целата држава, најави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тоа значи дека во истиот рок системот треба да биде функционален и во Битола. Се работи на етапна имплементација според техничките можности. Ова значи дека проектот не се воведува истовремено насекаде, туку се одвива во фази кои зависат од техничката ...

Во очајна состојба се киосците на дел од автобуските постојки низ градот. Иако и во минатото се алармираше дека на локациите каде што има киосци, истите за жал служат само за собирање смет, до денес, цели 8 години откако ТЕРА телевизија алармирала за овој проблем, ситуацијата не е променета. По пријава на граѓани денеска ја регистриравме состојбата на автобуската постојка кај новиот пазар во Нова Битола. Еве што затекнавме таму. Откорната ...

Сточари од здружението Пелагониско Поле денеска пред медиумите го искажаа својот револт за задоцнети субвенции. Оствариле средба со министерот за земјоделие во март годинава, но до денеска не им се исплатени парите од 2025 година. Претставници на здружението на сточари „Пелагониско Поле“ упатија јавна критика до министерствозо за земјоделство со информации дека не им биле доделени субвенциите ниту за млекото ниту тие по грло стока за ...

Денеска в Општина се одржа третата презентација на работата врз физибилити студијата за жичница односно гондола на Пелистер. Студијата е сеопфатна, но првиот впечаток е дека нема конкретни гаранции за оправданост на скапиот проект. Допрва градот треба да одлучува како, кога и дали ќе пристапи кон реализација на студијата. На презентацијата беше претставена завршната верзија на анализата реализирана од странски експерти од Франција, Андора и ...

5 мај се празнува како Ден на македонскиот јазик во чест на 5 мај 1945 година, кога Народната влада на Федерална Република Македонија ја усвои македонската азбука како официјално писмо. Овој чин ја означи кодификацијата на македонскиот литературен јазик, поставувајќи ја основата за неговиот современ развој. Генезата на македонскиот писмен јазик ја следиме уште од првите црковнословенски ракописи од X-XI век, кога се појавуваат првите типично ...

Носењето синтетички материјали е како да сме се намачкале со нафта и тоа го носиме на нас. Вака македонската модна дизајнерка и едукаторка за одржливост Ирина Тошева го илустрира проблемот со преголемото присуство на синтетички материјали од кои денес се произведува облеката. Со цел да понудат ниски цени на пазарот на облека производителите користат материјали кои не се погодни за човечкото тело. „Сигурна сум дека секој граѓанин почувствувал ...

Емо/пост-хардкор бендот Yöu оваа пролет оди на европска турнеја која опфаќа 13 концерти во осум земји во централна Европа и регионот. Турнејата започнува на 15. мај во Скопје со концерт во Буква, на кој ќе настапи и кочанскиот бенд Корка, по што следува интензивен концертен циклус од 11 настапи во 11 дена низ Словенија, Италија, Германија, Австрија, Чешка, Хрватска и Србија. Финалниот настап е закажан за 6 јуни во Битола, на главната бина на ...

По повод одбележувањето на 20 години постоење на Агенцијата за филм започнува серија на мастеркласови со врвни меѓународни професионалци, со цел унапредување на знаењето и вештините во помалку застапените, но клучни сегменти на филмската индустрија. Првиот мастерклас ќе се одржи во Скопје на 7 мај (четврток) со почеток во 11 часот во киното Cineplexx во Skopje City Mall. Гостин-предавач е Andy Kennedy од Англија, еден од водечките светски ...

Патот кој води кон манастирот во селото Крстоар, познат како дестинација за духовен мир и чист планински воздух, се претвори во непријатна глетка на човечката негрижа. Наместо природни убавини, посетителите таму се пречекани од купишта отпад и дива депонија. Оваа состојба отвора сериозни прашања за колективната свест. Додека честопати вината ја префрламе на државата и на нефункционалните системи, реалноста на терен покажува дека уништувањето ...

На Педагошкиот факултет денеска се одржа промоција на романот „Три Марии“ од авторката Оливера Ќорвезироска. Преводот го направија студенти од Македонски на Англиски јазик. Сите вклучени, фактот што студенти преведуваат романи од Македонски на Англиски го оценија како многу повеќе од обична академска вежба — тоа е културен чин со пошироко општествено значење. Седум студенти го направија преводот на романот „Три Марии“ заедно со својата ...

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи (ОВР) Крушево синоќа приведоа две лица поради предизвикување општа опасност со употреба на огнено оружје за време на семејна прослава во селото Пресил. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 03.05.2026 година. Околу 21:20 часот, на семејна веселба во споменатото село, пријавените започнале да пукаат од огнено оружје, со што го ...

Податоците за улицата СРУ 5 што Општина Битола ги стави на располагање на нашата телевизија отвораат редица прашања, почнувајќи од законитоста на одобрението за градба, па до исцртаните велосипедски патеки на коловозот. Улицата е предвидена со Деталниот урбанистички план за АРМ четврт 1, донесен во 2010 година. Основните проекти се изработени во 2012 и 2013 година, а одобрението за градба е издадено во 2014 година. Според законските правила, ...

4 Mај е ден на празнувања. Nо различни општества прославуваат различни празници – во Mакедонија се чествува ликот и делото на Гоце Делчев, на Балканот – ликот и делото наТтито, во САД се одбележува големината на филмската франшиза „Војна на ѕвездите“ преку реченицата „Силата да биде со тебе !“. На 4 мај, датум што на прв поглед изгледа како обичен ден во календарот, различни општества впишуваат сосема различни значења. Во Македонија, ...

403 лица од Битола добиле помош преку Мобилните тимови за бесплатна правна помош кои до 15 мај ќе продолжат да нудат правна поддршка во Скопје, Битола и Штип. Информативната иницијатива „Мобилни тимови за бесплатна правна помош“ се спроведува во просториите на Управата за водење на матичните книги од ноември 2025 година и ќе продолжи до 15 мај 2026 година. Таа има за цел да обезбеди директна помош за граѓаните и да го подобри пристапот до ...

УШТЕ ЕДЕН ОБИД ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ОБРАЗОВНА НАСОКА ВО БИТОЛА ОТВОРЕНО ПИСМО ДО МИНИСТЕРКАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ПРОФ ВЕСНА ЈАНЕВСКА До Министерот за Образование на Република Северна Македонија Почитувана Министерка Проф Др. Весна Јанева, Би сакале како родители на учениците од Државно Средно Музичко Училиште да се обратиме до Вас со желба најнапред да се заблагодариме што во Битола се отвори при Државното Средно Музичко Училиште насоката за ...

„Безбеден град“ носи промена, односно веќе има новитети при регистрацијата на возила. Министерството за внатрешни работи воведува нова процедура при регистрација на возилата, со цел да се намалат можните грешки при доставување известувања и санкции од системот „Безбеден град“. Сопствениците на возила, при регистрација во станиците за технички преглед или во управните служби, ќе треба да остават мобилен телефонски број и електронска адреса. ...

Влажните живеалишта на влекачите и водоземците во Преспа се особено ранливи на исушување – процес што сè поизразено го засега овој регион кој е од исклучително еколошко значење. Токму затоа, нивниот систематски мониторинг претставува клучна алатка за следење на состојбите во екосистемот и за навремено планирање и спроведување на соодветни мерки за заштита. Во насока на зајакнување на истражувачките капацитети на заштитените подрачја во ...

Полицијата во Битола работи на расветлување на насилство што се случило синоќа во дворот на едно од локалните основни училишта, во кое жртва е малолетно дете. Според информациите од Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола, инцидентот бил пријавен доцна навечер, околу 22:30 часот. Пријавата ја поднел 39-годишен битолчанец, кој во полициската станица изјавил дека неговиот единаесетгодишен син бил цел на напад. Според исказот на родителот ...

На 29.04.2026 во 21:30 часот во с. Црнилиште, општина Долнени, полициски службеници од ПО Ропотово ги лишија од слобода Т.Т.(33) и Џ.Т.(59), двајцата од с.Црнилиште. Претходно, истиот ден околу 12:30 часот, во атар на с.Стровија, општина Долнени, од страна на полициски службеници од Шумска полиција Прилеп биле затекнати двајцата како , при што агресивно се однесувале кон полициските службеници, а Џ.Т. со моторна пила нападнал еден од ...

Музиката има неверојатна моќ да спојува генерации и да пренесува емоции на начин на кој зборовите често не можат. Вистински доказ за тоа е најновото музичко освежување на домашната сцена – преработката на хитот „Невозможна љубов”, во изведба на нашиот познат пејач Ѓоко Јовиќ и малата, но исклучително талентирана Ива Пауновиќ. Песната, која во оригинал ја изведуваат Пеѓа Јовановиќ и Бресквица, веќе е добро позната на балканската публика. Зад ...

На 7 мај 2026г./четврток/ од 20.00 часот во организација на НУЦК „Марко Цепенков“, во Прилеп за првпат ќе се одржи концерт на клавичембало – еден од најзначајните инструменти на барокната епоха, кој ја обликувал музичката мисла и изведувачката практика на 17 и 18 век, а е исклучително редок инструмент во Македонија, со само два функционални примероци во земјата според достапните податоци. Концертот, под наслов „Музиката на европските дворови ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.44
65%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
3.13
68%
1018
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.22
75%
1017
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.05
73%
1019
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.3
70%
1018
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.51
77%
1018
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
4.02
57%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.06
77%
1018
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.04
63%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
68%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
65%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
3.35
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Бакар

13.01