Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Фудбалската Федерација на Мкакедонија објави дека започнува дисциплинска постапка против ФК „Вардар“ поради недоличното прославување и навредувачкото пеење против македонската популарна пејачка Каролина Гочева, а потоа и реакцијата на извршниот директор на фудбалскиот клуб Миленко Неделковски и споменувањето на уште една успечна битолчанка – Весна Бендевска. Портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски за ТЕРА Телевизија вели процесот започнува со ...
Уште еден брилијантен настап на битолчанецот Илија Балтовски викендов проследи балканската публика во рамките на белградското шоу „Никогаш не е доцна“. Изострено музичко чувство и стилски настап кој плени на прв поглед. Во овој стил битолчанецот Балтовски и викендов ја продолжи музичката трка на познатото шоу кое на задоволство на публиката им дава можност на талентирани музички гласови од цел Балкан да застанат на сцена и да се претстават во ...
Регионално признатиот виртуоз, пијанист и композитор Васил Хаџиманов, заедно со неговиот бенд, ќе бидат специјални гости на големиот самостоен концерт на Архангел, насловен „Срцевина”, закажан за 13 јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Ова концертно гостување е резултат на новата студиска соработка меѓу фронтменот на Архангел, Ристо Вртев и Хаџиманов. Отворајќи го сопствениот креативен процес кон други врвни музичари, Вртев истакнува дека ова ...
Недолично, мизогино и недостојно за спортски настан, и наместо славење на успехот, јавноста сведочи на навреди и говор на омраза. Ова се главно реакциите кои од викендот ги полнат содржините на социјалните мрежи. Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска најави дека ќе поднесе соодветни пријави против Миленко Неделковски и актерот Сашо Тасевски поради јавно ширење навреди, понижувања и омраза кон жените. Јадранка ...
Советот на општина Битола денеска усвои заклучок за осуда на говор на омраза, навредливо и недолично јавно однесување при спортски прослави. ја предложија советниците од советничката група на сдсм, но сите советници од овој инцидент на спортистите се чувствуваат навредени како битолчани, а иницијативата беше едногласно прифатена. Наместо прослава на успех Македонија виде парада на примитивизмот, па советничката група на СДСМ денеска предложи ...
Пред неколку денови Тера телевизија алармираше за проблемот со дивата депонија во непосредна близина на Студентскиот информативен центар во Битола. Глетка која ни најмалку не доликува во универзитетска зона и населено место на чекор до станбени згради и маркети. По нашата вест, денес на просторот на поранешната касарна беше спроведена акција за расчистување на насобраниот смет. На иницијатива на ректоратот, денеска екипите на „Комуналец“ со ...
ИНИЦИЈAТИВА ЗА УСВОЈУВАЊЕ НА ЗАКЛУЧОК за осуда на говор на омраза, навредлливо и недолично јавно однесување при спортски прослави Со оваа Иницијатива се предлага Советот на Општина Битола да усвои Заклучок тргнуваіќи од потребата за заштита на достоинството на граѓаните, спортскиот дух, меѓусебната почит и јавната култура, со кој: 1.Советот на Општина Битола најостро го осудува секој облик на омраза, навредливо, вулгарно, понижувачко и ...
Во рамките на 54.издание на престижниот меѓународен фестивал „Мајски оперски вечери“ на 20 мај со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини – едно од најемотивните и најизведуваните дела на светскиот оперски репертоар. Станува збор за музичка драма со силна човечка приказна, во која љубовта, надежта и предавството се испреплетуваат во трагична судбина. Диригент на ...
Цените на производите и угостителските услуги со почетокот на летната сезона се повеќе растат и ги празнат буџетите на македонските граѓани. Ако досега 10 дневен летен одмор во предсезона – мај/јуни и на крајот – септември/октомври чинеше околу 1000 евра, годинава ќе требаат двапати повеќе. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, „цените на угостителските услуги во Македонија бележат континуиран раст во последните ...
Семејното насилство е трета по ред причина за развод во Македонија, по економско-финансиските проблеми и долгорочните одвојувања поради работа во странство. Ова не е официјална статистика затоа што таква во државава нема. Според најновите достапни официјални и институционални податоци, семејното насилство во Македонија и во 2025 и во 2026 година останува сериозен општествен проблем, со речиси секојдневни пријави во полициските билтени. ...
Родителите чии деца се однесуваат насилно во училиштата ќе се соочат со парична казна од 250 евра. Истата глоба ќе се применува и доколку родителот одбие да соработува со училиштето или со другите надлежни институции, потврди денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Законските измени веќе се во собраниска процедура и на нив интензивно се работи со пратениците за финализирање на предлозите. „Државниот секретар е во постојан ...
На осомничениот за убиството на 31 годишната Ајнет Вејсел, мајка на четири деца Основениот суд Битола му определи мерка притвор и тој се наоѓа во КПУ Затвор Битола во притворското одделение. Дали убиството на 31 годишната Ајнет Вејсел, мајка на четири деца било планирано или се работи за злосторство што случило во наплив на емоции ќе треба да утврди истрагата што ја отвори Основното јавно обвинителство во Битола. Основното јавно обвинителство ...
Познатиот локалитет кај „Авионите“ во Битола наскоро би можел да прерасне во модерен „Македонско-американски парк на пријателството“. Иницијативата за овој проект беше официјално предложена од страна на советничката од СДСМ во Советот на Општина Битола, Софија Ристевска-Петрушевска, а советниците дадоа зелено светло за реализација на истата. Како што појасни советничката, идејата за вакво парковско уредување е инспирирана од младиот активист ...
Битолските советници дадоа зелено светло за предлогот на Димитар Кузмановски од ЛДП за проширување на досегашната парична помош за семејствата со деца со попречености. Новиот пакет мерки има за цел да го олесни секојдневието на овие семејства преку конкретна финансиска, терапевтска и логистичка поддршка. Кузмановски предложи доделување ваучери за деца со попречености за дефектолошки и логопедски третмани. Образложувајќи ја иницијативата, ...
Со презентации на студии на случај, научни излагања и тркалезна маса, успешно заврши четвртиот колабораториум на УКЛО КОЛОРС, одржан на темата: „Од нуспроизводи до функционална храна – Одржливи пристапи за здравјето на потрошувачите“ Настанот, реализиран во Колаборативниот простор во СИЦ на УКЛО, беше посветен на иновативни и одржливи пристапи во трансформацијата на прехранбените нуспроизводи во функционална храна со додадена вредност за ...
„Ние, граѓанските организации, најостро го осудуваме новиот фемицид што утринава се случи во Битола, каде 31-годишна жена беше убиена од нејзиниот сопруг со нож. Според информациите на МВР, сторителот ја нападнал жената со која не живееле заедно, а таа починала на лице место од здобиените повреди. Ова не е изолиран случај. Ова е уште еден аларм дека Македонија станува сè поопасно место за живеење за жените. Загрижувачкиот пораст на фемициди и ...
Денешното убиство во Битола е петто убиство на жена во контекст на семејно насилство во државата, а тоа е „последица на долго време непостапување како што треба, последица од непреземањето навреме на нашите обврски, неменувањето на законските решенија или нивното невостпоставување“, вели адвокатката Катерина Котевска – Стисниовска, познат гласноговорник против семејното насилство. „Национална стратегија за борба против семејното насилство, ...
Утрово, во битолската населба Баир, се случи тешко убиство кое ја потресе локалната јавност. Трагичниот настан, во кој животот го загуби 31-годишна жена, се случил по претходна расправија со нејзиниот сопруг. Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, крвавиот инцидент се случил околу 06:40 часот на улицата „5-та“. Триесет и тригодишниот А.Р. со остар предмет (нож) ја нападнал својата сопруга, А.В. (31), со која во ...
Убиство во битолската населба Баир. Убиена е 31 годишна жена. Засилено полициско присуство на улица “5-та“ во населбата Баир во Битола. Денеска (14.05.2026), полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р.(33) од Битола. Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош ...
Со најновото издание на фестивалот Си-До Битола и годинава пулсираше во ритамот на детската песна. Со грандиозен јубилеен концерт, еден од најстарите и најреномирани детски музички фестивали во Македонија – „Си-До“, го одбележа својот 30-годишен јубилеј. Она што започна како скромна иницијатива пред три децении, денес е вистинска институција и расадник на музички таленти. Низ сцената на „Си-До“ поминале стотици деца, од кои многумина денес се ...
Во рамките на 54. издание на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери” на 16 мај со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет во Скопје ќе се изведе ремек-делото „Тоска” од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина. Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер”. Во ...
Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, сите управувале возила без возачка дозвола, соопшти МВР. Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка дозвола. Четири возачи во Скопје, двајца во Струга, двајца во Битола и еден во Прилеп управувале возило без возачка дозвола. По целосно ...
Денеска во Битола во тек е дводневен настан со европска агенда за наука, иновации и одржлива исхрана. Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола како членка на Алијансата КОЛОРС е домаќин на дводневен меѓународен настан „CoLab: From By-products to Functional Foods – Sustainable Approaches for Consumer Health“ што се реализира на 12 и 13 мај 2026 година, посветен на иновативните и одржливи пристапи во трансформацијата на прехранбените ...
Обединетите нации го прогласија 12 мај за Меѓународен ден на здравјето на растенијата за да ја подигнат глобалната свест за тоа како заштитата на здравјето на растенијата може да помогне во искоренувањето на гладот, намалувањето на сиромаштијата, заштитата на биодиверзитетот и животната средина и поттикнувањето на економскиот развој. Деведесет и осум проценти од кислородот што го дишеме доаѓа од растенијата. Осумдесет проценти од храната што ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја запре истрагата за набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, откако по едногодишна постапка не биле потврдени сомневањата за злоупотреби, незаконски договори и перење пари. Во фокусот на истрагата беше компанијата „РКМ“, која го добила тендерот за набавка на мазут, како и нејзините сопственици Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски. Меѓу осомничените беше и Асмир ...
По 46 дена пауза, централната кујна во РЕК Битола повторно е ставена во функција, откако официјалните анализи потврдија дека во храната и просториите не е пронајдена бактеријата салмонела. Објектот, со кој управува компанијата „ЕСМ Молика“, доби дозвола за продолжување со работа по завршените инспекциски контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Центарот за јавно здравје. Според официјалните наоди, мострите земени од храната ...
Двајцата музичари, кои одбележаа цела една ера на македонската сцена, на големо се подготвуваат за концертот кој ќе биде исполнет со хитови, носталгија, емоции и врвна продукција. Јован и Елвир и претходно најавија неколку музички гости, а сега ги открија и нивните имиња – на сцената со нив ќе се појават и Пајак, Тони Зен, Маја Саздановска, Адријан Гаџа од Македонија, а од регионот Слаѓа Делибашиќ и Џус, но и специјален гостин изненадување . ...
Центрите за згрижување на бездомни животни не се единствената законска обврска за заштита од улични животни ов државава. сопствениците на миленици мора да ги стерилизираат и правилно да ги шетаат доколку не сакаат да се соочат со големи парични казни. Задолжителна стерилизација на кучињата како мерка за заштита од напуштање на кучињата и намалување на бројот на бездомни или улични кучиња. Ова е една од измените на Законот за заштита и ...
Децата од Преспа од најмала возраст учат како да ја штитат животната средина. Градинката „11 септември“ во Ресен покрај тоа што се вклучува во различни еколошки акции и спроведува еколошки едукативни активности за деца, сега преку соработка со “Тексомак“ и ЈП „Пролетер“ оди чекор понапред во заштитата на животната средина со поставување на контејнери за собирање на текстилен отпад. „Соработуваме со Тексомак за собирање на текстил, односно со ...
Цените на повеќето горива од полноќ повторно се менуваат, при што најголемо намалување има кај дизелот и екстра лесното масло, додека цената на бензинот Еуросупер БС-95 останува непроменета. Литар дизел, од полноќ, ќе се точи по 89,50 денари. Новата цена е за четири денари пониска од минатонеделната. Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек, за 1,78 отсто. Промена ...