По големата победа од 2:1 над Атлетико Мадрид на отворањето на новата сезона во Ла Лига, фудбалскиот свет не зборува само за резултатот, туку за неверојатно страствениот говор на тренерот на Еспањол, Маноло Гонзалес. Неговата приказна и емотивниот однос кон клубот го прават овој момент уште попосебен. While Atleti’s collapse will take headlines , Manolo’s story stands out — Starting coaching at 16 , Spending years in regional football , And ...

Ига Швјонтек повторно стреми кон врвот на ВТА листата, откако ја запечати и својата победа над Елена Рибакина во полуфиналето на турнирот во Синсинати. Швјонтек ја победи Рибакина по четврти пат во меѓусебните дуели, после возбудливиот меч кој заврши со 7-5, 6-3 во сетови. Шампионката од Вимблдон губеше со 5-3 во првиот сет, пред да направи пресврт и да дојде до посакуваната победа. “На почетокот нивото на игра беше на лудо ниво. Игравме ...

Денес во рамките на првото коло од Премиер лигата се одиграа три натпревари, а можеби најинтересен за гледачите беше оној меѓу ривалите Арсенал и Манчестер Јунајтед. Иако Манчестер после подолго време одигра сосема добар натпревар, сепак не успеа да постигне погодок во голот на расположениот Давид Раја, кој со седум одбрани заслужено беше играч на натпреварот. Арсенал пак, од друга страна не покажаа некое посебно издание, но благодарение на ...

Тренерот на Челси, Енцо Мареска, верува дека неговиот тим денес требало да го победи мечот против Кристал Палас, но истакна и дека играта ќе мора да се подобри во наредните натпревари. “Сините” денес имаа дури 71% посед на топката за нивниот премиерен натпревар сезонава, но и покрај шансите тие не успеаја да постигнат ниту еден погодок на домашен терен. Марк Кукуреља имаше шанса да постигне гол со глава уште на самиот старт, а и во вториот ...

Колку и да изгледа мала приказната за фудбалскиот клуб Моркам, сепак ни претставува особено задоволство да пишуваме за инспиративни фудбалски приказни, а денес една таква имаше среќна разврска. Имено, после целосното блокирање на работењето на Моркам, англиски фудбалски клуб со 105 годишна традиција, денес комитетот на Националната лига објави дека било дозволено клубот да премине во сопствеништво на “Panjab Warriors”. Oдлуката клубот да биде ...

Македонија повторно ќе ја слуша химната на најголемата европска сцена – четврти пат по ред сме меѓу најдобрите! Во меч што значеше “сè или ништо”, нашите момци одиграа како вистински херои и ја декласираа Грузија со убедливи 3-0 (25-13, 25-16, 25-17). Мораше победа со три сета разлика и ја добивме на најдоминантен можен начин! Предводени од непокорот капитен Никола Ѓоргиев, “Спартанците” од првата топка покажаа дека ја посакуваат победата на ...

Манчестер Јунајтед загуби 0-1 од Арсенал на Олд Трафорд, но главниот стратег Рубен Аморим по мечот изјави дека токму ова издание на “црвените ѓаволи” е доказ дека неговиот тим има сила да победи во секој натпревар од Премиер лигата. Мечот го реши голот на Рикардо Калафиори уште во 13-та минута, кога по корнерот на Деклан Рајс, голманот Алтај Бајандир лошо интервенираше, а Италијанецот ја смести топката во мрежата од непосредна близина. Иако ...

Њукасл Јунајтед денес објавија дека го комплетирале трансферот на Џејкоб Ремзи од Астон Вила. 24 годишниот фудбалер е четврто засилување за тимот ова лето, а Ремзи претходно изјавил дека токму Њукасл е негова желба за продолжување на кариерата. Играчот од средниот ред доаѓа од Академијата на Астон Вила, а прв пат дебитирал за сениорскиот тим во 2019 година. Тој исто така бил дел и од младинските репрезентации на Англија, вклучувајќи го и ...

Арсенал ја започна новата сезона во Премиерлигата со позитивен резултат. Имено, “топџиите” го совладаа Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд со минимални 0-1, во дербито од првото коло. Избраниците на Микел Артета продолжија таму каде што застанаа во изминатата сезона. Веќе во 13-та минута, по корнерот на Деклан Рајс и несигурната интервенција на Алтај Бајиндар, новото засилување Рикардо Калафиори реагираше најдобро и од непосредна близина ја ...

На денешен ден, 17 август 1964 година, Ливерпул го одиграа првиот европски натпревар против Рекјавик во Исланд. Точно 60 години се сметало дека снимката од овој натпревар е засекогаш изгубена, сè додека минатата година не била пронајдена во архивите на Националната филмска агенција на Исланд. Минатата година, прв човек кому му била покажана снимката, бил токму играчот на Ливерпул Гордон Волас, првиот фудбалер кој постигнал гол за Ливерпул во ...

Диого Жота остави силен печат во Премиер лигата, а пред да игра во Ливерпул, Португалецот беше миленик на навивачите на Вулверхемтон. На вчерашното отворање на сезоната, Мулинекс стадионот на Вулвс беше обоен во сеќавањата за прерано починатиот фудбалер. Навивачите со огромна кореографија на трибините го исцртаа фудбалерот во жолтиот дрес на Вулвс, а под него напишаа: “Ќе се сеќаваме на тебе кога ќе чекориш низ златните полиња”. Во публиката ...

Откако Њукасл вчера го одигра првиот меч од сезоната без својот најдобар напаѓач Александер Исак, следниот предизвик ќе им биде токму Ливерпул, клубот во кој играчот цело лето чека трансфер. Исак најверојатно нема да се појави ниту на тој натпревар, освен ако можеби дотогаш не се комплетира трансферот, па да приреди вистинско изненадување облечен во “црвената” боја на теренот. Неговиот соиграч Ентони Гордон, после вчерашниот натпревар на ...

Ако во женска конкуренција бевме изненадени од елиминацијата на минатогодишната шампионка Арина Сабаленка во четврт-финалето, во машка конкуренција можеби сосема очекувано се најдоа Јаник Синер и Карлос Алкараз. Двајцата тенисери кои неодамна се сретнаа и во финалето на Вимблдон, ќе ни приредат уште еден тениски спектакл, овој пат на турнирот во Синсинати. Јаник Синер го победи францускиот тенисер Теренс Атман, со резултат од 7(7)-6, 6-2 во ...

Во рамките на првото коло од Премиер лигата, на вториот ден од натпреварувањата вчера се одиграа пет мечеви. Манчестер Јунајтед доминантно го совлада домаќинот Вулвс, со резултат од 4:0, а овој натпревар го одбележа сеќавањето на поранешниот играч на Вулвс, Диого Жота. Халанд постигна два погодоци, во 34-та и 61-та минута, започнувајќи ја силно новата голгетерска сезона. Другите два гола им припаднаа на новите засилувања во Сити, па Реијдерс ...

Италијанката Јасмин Паолини во тежок четврт-финален меч кој траеше 2 часа и 3 минути, успеа да ја совлада фаворизираната американска тенисерка Коко Гоф. Гоф, која е втора на ВТА листата, не успеа да ја совлада деветто пласираната Паолини, а резултатот на крајот беше 2-6, 6-4, 6-3 во сетови, во корист на Италијанката. Противничка на Паолини ќе и биде Вероника Кудерметова, која откако по потешкиот пат стигна до четврт-финалето, таму ја победи ...

Со вчерашните два четврт-финални натпревари на турнирот во Синсинати, се комплетираше и втората полуфинална двојка. Карлос Алкараз успеа во тежок меч да го совлада Андреј Рублев со 2:1, или 6-3, 4-6, 7-5 во сетови. Алкараз оваа сезона е во трка со Јаник Синер за освојување на првото место на АТП листата, а како што стојат работите, тие ќе се сретнат во уште едно финале. Но, Шпанецот прво ќе мора во полуфиналето да го помине третопласираниот ...

Тимот на Македонија Ѓорче Петров денес ќе го одигра првиот натпревар од новата сезона пред домашната публика, а пред себе има голем предизвик во тимот кој оваа година се натпреварува на европско ниво – Шкендија. Откако загубија на гостувањето во Струга, денес тие имаат можност да ги освојат првите бодови и да го совладаат актуелниот шампион. “Првото коло секогаш е тешко да се игра, особено ако тоа значи гостување во Струга. Голем удел во ...

Во пресрет на првиот натпревар сезонава во Ла Лига, Барселона објави дека потпишале нов договор со Џулс Кунде, кој ќе остане во каталонскиот тим до 2030 година. Ова ќе биде четврта сезона за Кунде во Барса, откако тој се приклучи на тимот во 2022 година од Севиља. Како што велат од клубот, неговата бескрајна енергија и игра на десната страна се клучни во тимот на Ханси Флик. Со неговата игра во одбраната и поврзување на нападот, тој беше еден ...

Фудбалскиот клуб Работнички денес на Градскиот стадион во Скопје ќе го пречека тимот на Башкими, во обид да дојде до првата победа сезонава. После ремито во Кавадарци со Тиквеш, сега тие на домашен терен ќе го пречекаат тимот кој оваа година е нов во Првата лига, а напаѓачот Дашмир Елези верува дека “романтичарите” можат да дојдат до посакуваната победа. “Мотивирани сме да стартуваме со победа на домашен терен. Ни гостува Башкими, нов ...

Кингсли Коман го напушта ФК Баерн и кариерата ќе ја продолжи во Ал-Наср од Саудиска Арабија. 29-годишниот офанзивец се приклучи на германскиот рекордер по титули во летото 2015 година како позајмен играч од Јувентус, а трансферот беше откупен две години подоцна. Во 2020 година го постигна победничкиот гол во финалето на Лигата на шампионите против Пари Сен-Жермен, со што го запиша своето име во историјата на клубот. Макс Еберл, член на ...

Мо Салах денес постигна огромен успех во кариерата, станувајќи првиот фудбалер во историјата на Премиер лигата кој постигнал 10 погодоци на мечот од отворањето на сезоната. Но, тагата ја надмина среќата, па тој не можеше да ги задржи солзите кога на крајот од натпреварот навивачите почнаа да ја пеат песната која е посветена на прерано починатиот Диого Жота. Салах беше последниот од играчите на Ливерпул кој остана на теренот по завршувањето на ...

Ливерпул официјално го комплетираше трансферот на 18-годишниот централен дефанзивец Џовани Леони од Парма. Италијанецот го помина лекарскиот преглед и потпиша долгогодишен договор во тренинг-центарот на Ливерпул. Леони доаѓа по импресивна сезона во Серија А, каде за Парма настапи на 17 натпревари и постигна еден гол во сезоната 2024/25. Во првото интервју за официјалната страница на клубот, тој ја изрази својата голема радост што ќе го облече ...

Со вечерашниот гол во 94-та минута од мечот против Борнмут, Мохамед Салах се запиша во историјата на Премиер лигата како фудбалер со најмногу постигнати погодоци на премиерниот натпревар во сезоната. Вечерашниот гол беше десетти за “Кралот од Египет” и тоа пред домашната публика на Енфилд, со што тој се искачи на врвот на листата, оставајќи го зад себе легендарниот Алан Ширер кој има постигнато 9 голови. Сепак, легендарниот Ширер од Њукасл е ...

Оваа година турнирот во Синсинати ќе има нова шампионка, откако фаворитката и најдобра тенисерка во светот, Арина Сабаленка беше елиминирана во четврт-финалниот меч од Елена Рибакина. 26 годишната тенисерка од Казахстан, која моментално се наоѓа на 10-та позиција на ВТА листата, успеа да ја совлада минатогодишната шампионка со 6-1, 6-4 во сетови. Ова е трет пат сезонава Рибакина да стигне до полуфиналето на ВТА 1000 настан, откако претходно ...

Какво отворање на новата сезона во Преми-ер лигата! Актуелниот шампион, Ливерпул, и жилавиот Борнмут приредија вистински спектакл на “Енфилд”, во натпревар кој понуди сè, шест гола, пресврти, дебитантски голови и драма до последната секунда. На крајот, Ливерпул славеше со 4:2, но Борнмут покажа дека оваа сезона ќе биде “тврд орев” за секого. Екитике го отвори шоуто, Гакпо ја продолжи доминацијата Честа да го постигне првиот гол во новата ...

Вардар ја впиша својата втора победа оваа сезона, славејќи со 1:2 на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци. Натпреварот беше решен во вториот дел, кога “црвено-црните” создадоа недостижна предност, а домашните успеаја само да го ублажат поразот. Првата вистинска закана дојде уште во 20-та минута, кога Закариќ беше лице в лице со Стевковски, но голманот на Тиквеш со блескавa интервенција ја спаси својата мрежа. Домаќините возвратија во 34-та ...

На почетокот на денешниот натпревар помеѓу Ливерпул и Бортмунт, кој го означи и официјалниот старт на новата сезона во Премиер лигата, беше оддадена почит на прерано починатите Диого Жота и Андре Силва. Ова претставува прв официјален натпревар во Премиер лигата кој тимот го игра без својот соиграч, а навивачите ги испишаа иницијалите и броевите на двајцата фудбалери на трибините. Претходно пишувавме и за навивачот кој веќе 30 години од љубов ...

Премиер лигата се врати со стил! Честа да го постигне првиот гол во новата сезона 2025/2026 му припадна на најновото засилување на Ливерпул, Иго Екитике, кој го “отвори” Борнмут во 37-та минута. Ова не беше само прв гол во сезоната, туку и дебитантски гол за Французинот во црвениот дрес. Иако голот дојде по малку среќен, “билијард” одбиток, тоа не го намали воодушевувањето кај навивачите. “Ова е како гол од EA FC 25”, “Го има бесот на Дарвин, ...

Денес требаше да се одигра натпреварот меѓу Шкупи и Силекс во рамките на второто коло од Првата македонска фудбалска лига, но Шкупи го откажаа натпреварот. Поради тоа, екипата на Силекс го доби службено натпреварот со резултат 3:0. Ова требаше да биде прво гостување на Силекс оваа сезона, откако претходно во првото коло на домашен терен ја совладаа екипата на Брера со одличен резултат од 5:0. Следен натпревар за нив ќе биде повторно на ...

Чекањето заврши! Најбогатата и најгламурозната фудбалска лига во светот, англиската Премиер лига, вечерва (21:00 часот) ја отвора новата сезона 2025/2026 со натпреварот помеѓу актуелниот шампион Ливерпул и Борнмут. Ова е почеток на уште една долга и исцрпувачка битка за тронот, во која клубовите ова лето потрошија милијарди за да ги засилат своите редови. Иако преодниот рок трае до 1 септември и нè очекуваат уште многу трансфери, веќе може да ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Белград

5ᴼ / 1ᴼ
2.06
76%
1025
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.5
59%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.62
81%
1028
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
0.53
75%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
5.14
72%
1025
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
76%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
82%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / -3ᴼ
1.54
59%
1026
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
75%
1028
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Калај

50.64

Рутениум

47358.05

Кобалт

66.14

Платина

68963.35

Паладиум

51794.85

Цинк

3.24

Бакар

11.73

Сребро

2711.59

Злато

166253.76

Родиум

372948.66

Алуминиум

3.42

Иридиум

231355.22