Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го објави поширокиот список на ракометарки на кои ќе смета во пресрет на клучните натпревари од квалификациите за Европското првенство 2026. На списокот се најдоа 35 имиња, без поголеми изненадувања во однос на претходните собири, што значи дека стручниот штаб продолжува со проверени сили во обидот да се обезбеди позитивен резултат во завршницата од циклусот. ...
Ракометна Автокоманда во сабота ќе „гори“ – дербито на сезоната меѓу Мулти Есенс и непоразениот лидер Младост од Богданци ќе реши многу работи, а едно е сигурно – ќе го добиеме одговорот и кој ќе патува директно во Супер лигата. Тренерот на непоразениот лидер, искусниот охридски стратег, Горан Андоновски за Спортска Мрежа отворено зборуваше за овој клучен меч на сезоната. Андоновски вели дека Младост заслужува да биде дел од Супер лигата, ...
Младиот Борис Трајков, асистент судија од Општинскиот фудбалски судија Прилеп, ја претставуваше Македонија на престижната UEFA CORE 63 програма во Нион, Швајцарија, заедно со судијата Бењамин Ќерими, за што веќе објави Спортска Мрежа, а каде се собираат најталентираните млади и перспективни судии од цела Европа. UEFA CORE програмата претставува своеобразна академија за развој на судии, каде учесниците добиваат можност да работат со врвни UEFA ...
Непоразениот лидер Младост в сабота ќе гостува во Автокоманда каде ќе ги одигра дербито на сезоната против Мулти Есенс – дерби кое ќе реши кој директно ќе патува во Супер лигата следната сезона. Младост не знае за пораз, а Мулти Есенс само еднаш загуби, токму од Младост во Богданци со 31:30. Бразилецот Жоао Габриел Диас Гекас кој го носи дресот на Младост за Спортска Мрежа ексклузивно истакна дека одлично е да се работи со искусен тренер како ...
Програмата продолжува и во наредниот период, а планирано е и ново собирање на учесниците на дополнителен курс во октомври. Изминатите денови, македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков престојуваа во седиштето на УЕФА во Нион, каде ја претставуваа Фудбалската федерација на Македонија во рамки на престижната UEFA CORE 63 програма, еден од најзначајните проекти на европската куќа на фудбалот за развој на судии. UEFA CORE 63 ...
Познати се двојките за завршницата од Купот на Македонија, а љубителите на ракометот ги очекуваат вистински дерби – пресметки во борбата за трофејот. Во полуфиналната рунда, РК Охрид ќе се соочи со РК Еурофарм Пелистер во обид да избори пласман во големото финале. Во второто полуфинале, силите ќе ги одмерат скопските ривали – РК Вардар и Алкалоид. Ждрепката одреди први на терен да излезат Охрид и Пелистер во петок на 17 април од 17 часот, ...
Во сабота ќе се одигра дербито на сезоната во Првата ракометна лига меѓу Мулти Есенс и Младост, кое речиси сигурно и ќе реши која од овие две екипи ќе има директен влез во Супер лигата, а која ќе преку потешкиот пат да го бара влезот во елитата, односно преку баражот. Младост е непоразен лидер, а Мулти Есенс единствениот пораз го има токму од тимот од Богданци кога загуби во гости со 31:30. Српскиот интернационалец Лазар Адамовиќ кој го носи ...
Кошаркарките на ЖКК Струга 2009 направија значаен исчекор кон пласман во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига, откако славеа во првиот натпревар од финалната плеј-оф серија против ЖКК Гевгелија со тесни 72:70 и поведоа со 1-0 во серијата. Стружанки пред домашната публика имаа одличен старт и по првата четвртина создадоа двоцифрена предност (26:14), најавувајќи сигурен тек на натпреварот. Сепак, гостинките од Гевгелија возвратија во вториот период, ...
По 14 одиграни кола во Трета лига – Запад лидер на табелата е Камјани, кој е на добар пат да го обезбеди второлигашкиот бараж. А, кога е во прашање листата на најдобри стрелци и овде Камјани е на врвот, имено Хузри Џемаили е најдобар стрелец во Трета лига – Запад, а тој за екипата на Камјани постигна 15 погодоци и е еден од клучните играчи на тимот за одличните резултати. Најблиску до Џемаили е фудбалерот на Доброшти, Агон Хашими кој има ...
Фудбалскиот клуб Палатица од Тетово, кој настапува во општинската лига, на достоинствен и симболичен начин му оддаде признание на спортскиот новинар Буран Муслиу од каналот „Спорти Сот“, наградувајќи ја неговата континуирана поддршка и присутност на натпреварите на тимот. Во знак на благодарност, раководството на клубот му подари дрес со името на каналот „Спорти Сот“ и бројот 23 – број кој има лично значење за новинарот. Овој гест претставува ...
Во сабота од 18 часот, Градскиот стадион во Штип ќе биде сцена на едно од најважните дербија сезонава во Втората македонска фудбалска лига, каде домашната Брегалница ќе го пречека лидерот Охрид. Штипјани најавуваат вистински спектакл, а дополнителен мотив за полни трибини е одлуката влезот да биде бесплатен. Се очекува силна поддршка од домашната публика, што значи дека лидерот Охрид ќе игра во жешка и непријатна атмосфера. Охрид влегува во ...
Од 10 до 12 април на фудбалскиот терен „Ване Трајанов“ во радовишкото село Злеово ќе се одржи традиционалниот меморијален турнир во чест на Ване Трајанов – човек кој остави длабока трага во селото и меѓу многу генерации. Три дена фудбалски натпревари 11 на 11, дружба и спортски дух ќе ги обединат екипите од ОФЛ Струмица, а турнирот се очекува да привлече голем број учесници и публика. Настанот не е само спортски, туку и прилика да се оддаде ...
Во сабота од 15 часот, салата во Автокоманда ќе биде центарот на ракометните возбудувања, каде Мулти Есенс го пречекува непоразениот лидер Младост од Богданци во директна пресметка која може да ја реши целата сезона во Првата ракометна лига. Гостите од Богданци пристигнуваат со јасна цел – да останат непоразени и со тоа практично да го заверaт пласманот во Супер лигата за сезоната 2026/27. Од друга страна, Мулти Есенс ќе се обиде на домашен ...
Fanzeal е официјалната мобилна платформа на Фудбалската федерација на Македонија, создадена како централизирано дигитално место кое ги поврзува навивачите, федерацијата и партнерите. Платформата нуди ексклузивни содржини, интерактивни игри и квизови, како и Match Center со статистика во живо, овозможувајќи им на корисниците да бидат во тек со сите важни моменти од натпреварите. Преку програмата за лојалност, корисниците можат да собираат ...
Македонската репрезентација утринава во тренинг центарот „Петар Милошевски“ ги финализира подготовките во Скопје пред првиот плеј-оф натпревар против Данска за пласман на Светското првенство. Играчот од средниот ред, Решат Рамадани, нагласи дека атмосферата во тимот е одлична и дека сите се максимално фокусирани на предизвикот што следи, со јасна цел – позитивен резултат. „Свесни сме за значењето на овој натпревар за нас. Ја знаеме вредноста ...
Ракометарите на ГРК Охрид в недела ги очекува првиот четвртфинален предизвик од ЕХФ Европскиот Куп против Олимпијакос во Атина. Охриѓани влегуваат подготвени во дуелот, свесни за квалитетот на противникот, но и за значењето на првиот натпревар пред реваншот на домашен терен. Еден од клучните играчи од редовите на охриѓани, Анте Иванковиќ, потенцира дека тимот имал доволно време за подготовка и детална анализа на противникот, кој располага со ...
Вечерва со два меча се затвори 15. коло во Втората футсал лига на Македонија. Убедлива победа однесе СЕЕ Университи откако тетовскиот тим со 11:3 го декласираше во целост составот на ССК. Едис Муртезани постигна четири погодоци за домаќинот во убедливата победа, по двапати стрелаа Гезим Азизи и Исмет Цека, а пак по еден гол постигнаа Самир Рамадани, Амин Шаќири и Хисен Мемеди. За гостинот стрелци ба Илија Алексовски, Даниел Јанков и Дамјан ...
Македонскиот прволигаш Шкупи е единствениот тим во Европа која нема триумф во сезона 2025/2026, барем во најдобрите шампионати. Тимот од Чаир по 24 одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига има 23 порази и едно реми и со еден освоен бод е на дното на табелата. Таман денес се чинеше дека Шкупи ќе се израдува на првата сезонска победа, кога имаше два брзи гола против Башкими, сепак не издржа, кумановскиот тим и со играч помалку му даде ...
Лидерот во Третата македонска фудбалска лига – Север, Еуромилк го Горно Лисиче го промени тренерот. Преку клупско соопштение „лисиците“ му се заблагодарија на досегашниот тренер Зоран Божиновски за досегашната соработка. Тимот од Горно Лисиче сега ќе го води Јован Трајков, кој ќе има за цел да ја продолжи победничката серија и да го обезбеди првото место кое води во баражот за Втора лига. Благодарност до тренерот Зоран Божиновски. ФК Еуромилк ...
По 16 одиграни кола во Трета лига – Север најдобар стрелец со 20 постигнати погодоци е искусниот Орхан Мифтар кој настапува во дресот на лидерот Еуромилк ГЛ. Најблиску до Мифтар е Стефан Богдановски, фудбалерот на Аеродром има постигнато 19 погодоци и борбата за тоа кој да биде најдобар стрелец во Трета лига – Север ќе се води меѓу овие двајца фудбалери. Трет најдобар стрелец е Гезим Бакиевски, фудбалерот на БВК Коњаре има 15 погодоци, а овој ...
Форца со убедлива победа од 9:5 го декласираше Бутел за комплетирање на 14. коло во Првата футсал лига, а играч на натпреварот е Берат Рамадани кој „тресна“ пет погодоци во мрежата на скопскиот тим и го реши натпреварот. Двоен стрелец за Форца беше Руфат Чалафи, а по еден гол постигнаа Јасир Зекири и Артан Јунузи. За тимот на Бутел двојни стрелци беа Андреј Јаневски и Владимир Трендафиловиќ, а пак по еден гол постигнаа Владимир Мојсовски. ...
Екипата на Младост службено го доби натпреварот со Кичево од 19. коло на Првата ракометна лига, откако истиот беше регистриран со службен резултат од 10:0, а тоа значи и службени бодови за непоразениот лидер од Богданци. Натпреварот требаше да се игра во Охрид, но поради технички причини истиот не беше одигра, а домаќин на истиот беше Кичево. Младост веќе фокусот го става на дербито кое следува – дерби кое може да ја реши сезоната, дерби кое ...
Прволигашот Пелистер официјално го назначи Марјан Секуловски за нов шеф на стручниот штаб, кој ќе го предводи тимот во финишот од сезоната, во обид да се надмине кризата и да се исполнат клупските цели. Од битолскиот клуб порачаа дека следниот период е клучен и повикаа на целосно обединување – сите структури во клубот, како и градот, да застанат зад тимот во последните девет натпревари од шампионатот. Раководството решението за излез од ...
Охрид вечерва славеше сигурна победа во македонското дерби против Тиквеш во рамки на 2. коло од ЕРС (eFootball Pro Champions), откако „рибарите“ со 2:0 го добија тимот од Кавадарци. Натпревар со многу шанси и чисти мрежи во првите 45 минути (0:0), па неизвесноста продолжи во вториот дел. Во 58. минута од мечот по една одлична нафрлена топка во шеснаесетникот со одличен удар со глава тимот на Охрид го отвори резултатот за водство од 1:0. Не ...
Македонската фудбалска репрезентација ја очекува тежок предизвик во полуфиналниот бараж против Данска, кој в четврток ќе се одигра во Копенхаген, во амбиент каков што ретко се гледа – пред комплетно исполнет стадион. Од данската федерација потврдија дека сите билети за „Паркен“ се веќе продадени, што значи дека околу 37.000 навивачи ќе создадат силен домашен притисок врз избраниците на селекторот Гоце Седлсоки. И покрај тоа, Македонија ќе има ...
Од денес нов претседател на фудбалскиот клуб Брегалница е Ангел Бојаџиев, кој веќе ја презеде функцијата и на самиот старт веднаш се започнати неколку активности. Бојаџиев ја презема Брегалница во моменти кога клубот води борба за влез во Првата лига, а тој и во минатото ја извршуваше оваа функција, што за него ова ќе биде позната средина. Инаку, веднаш се преземаат инфраструктурни активности за подобрување на теренот и стадионот комплетно ...
Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува сериозен европски предизвик во четвртфиналето од ЕХФ Европскиот Куп, каде ќе се соочат со силниот состав на Олимпијакос. Двомечот со грчкиот претставник носи можност за историски успех, но и бара максимален ангажман во сите сегменти од играта. Во таборот на Охрид владее респект кон противникот, но и јасна свест за сопствените амбиции. Тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ, за Спортска Мрежа го најави двомечот. ...
Башкими приреди вистинска драма во Куманово и со неверојатен пресврт го совлада Шкупи со 3-2, во меч од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига. Иако кумановчани беа фаворити, до бодовите стигнаа на далеку потежок начин од очекуваното. По мирното прво полувреме без погодоци, вториот дел донесе шок за домашниот тим. Шкупи за само две минути преку Зибери и Чајани обезбеди висока предност од 0-2 и најави сензација. Работите дополнително се ...
По неочекуваниот пораз од Работнички, фудбалерите на Башкими се целосно насочени кон следниот предизвик, со јасна цел – освојување на нови три бода и задржување на стабилната позиција во средината на табелата во Првата лига. Оптимизмот во редовите на кумановскиот тим се темели и на последниот меѓусебен дуел, во кој Башкими славеше убедлива победа од 2-0, со погодоци на Ор и Рибеиро. Напаѓачот Филип Алексовски е уверен дека тимот има квалитет ...
Шкупи и натаму ја бара својата прва победа во сезоната, а како што одминуваат колата во домашното првенство, задачата станува сè потешка. Конкуренцијата е силна, бидејќи секоја екипа се бори за своите цели – опстанок, место во Европа или врвот на табелата. И покрај тешката ситуација, во клубот од Чаир инсистираат на достоинствен настап на секој натпревар, свесни дека сè повеќе се наметнува реалноста за преселба во Втората лига следната ...