Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо не е задоволен во целост од играта на неговиот тим во победата над Севилја. Реал синоќа на домашен терен славеше со 2:0 во 17. коло од шпанското фудбалско првенство. – Ќе имаме време да размислиме каде сме. Денес беше натпревар што мораше да го добиеме. Знаеме дека сме способни да играме подобро и сакаме да играме подобро. Ја знаеме нашата ситуација, имаме одредени барања и елемент на самокритика што ќе ни ...

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека е задоволен од настапот на тимот против Евертон (1:0) синоќа на гостински терен во 17. коло од англиската Премиер лига. – Многу сум среќен од победата, навистина е тешко да се игра на теренот на Евертон. Тие се многу добро организиран противник. Исто така, би сакал да истакнам колку е прекрасен стадионот, неговата убавина ми предизвикува наежување. Имаше периоди во првото полувреме кога навистина ...

Во еден од најинтересните натпревари во историјата на кошаркарската Евролига, Барселона синоќа на домашен терен ја победи Басконија дури по три продолженија. Предводник до триумфот на каталонскиот великан беше Кевин Пантер со 43 постигнати поени. На гостувањето во Каунас кај Жалгирис, тимот на Партизан го претрпе еден од најтешките порази од своето постоење. Резултати на натпреварите од 17. коло на Евролигата одиграни синоќа: Анадолу Ефес – ...

Автомобилскиот бренд „Chery“ и Гранд Ауто како генерален увозник на овие возила на македонскиот пазар, од денес се нов партнер на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Претседателот на РФМ Александар Стефанов изрази задоволство што македонските ракометари добиваат уште еден партнер. – Директорот на Гранд Ауто, Дритон, без размислување, уште на „прва“ ја прифати мојата да биде дел од Управниот одбор на федерацијата. Знам колку тој го ...

На Ал-Наср му е забрането да регистрира нови играчи, објави на својата веб-страницата Светската фудбалски федерација (ФИФА). Според „Аријадитах“ одлуката е донесена бидејќи клубот не успеал да изврши една од своите плаќања за трансферот на дефанзивецот Ајмерик Лапорт од Манчестер сити. Забраната ќе биде укината откако ќе се плати сумата, која според изворот е девет милиони евра. Триесет и едногодишниот Лапорт играше за Ал-Наср од 2023 до 2025 ...

Барселона одлучи за иднината на напаѓачот Маркус Рашфорд, кој е на позајмица од Манчестер јунајтед. Како што пишува „Мундо Депортиво“ тренерот на каталонскиот клуб, Ханс-Дитер Флик, ја цени разновидноста на британскиот напаѓач во нападот. Се наведува дека откупот на 28-годишникот би можел да го чини клубот 30 милиони евра. Рашфорд одигра 23 натпревари за Барселона во сезоната 2025/26, постигнувајќи седум гола и 11 асистенции. Неговата ...

Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, го престигна поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, на листата на голови во Премиер лигата. Норвежанецот постигна два гола во денешната победа од 3:0 над Вест Хем во 17. коло од Премиер лигата. Халанд сега има 104 гола во Премиер лигата, еден повеќе од Роналдо. Норвежанецот ја достигна оваа бројка во 114 лигашки настапи, додека на Португалецот му беа потребни 236 натпревари. ...

Атлетико Мадрид е заинтересиран за потпишување на играчот од средниот ред на Баерн, Леон Горецка. Според „АС“, 30-годишниот фудбалер би можел да се приклучи на клубот како слободен агент во летниот преоден рок, бидејќи Баерн нема намера да го продолжи договорот на Горецка, кој истекува во јуни 2026 година. Јувентус и Наполи, исто така, наводно ја следат ситуацијата на играчот. Според „Трансфермаркт“, моменталната пазарна вредност на Горецка ...

Иако Ливерпул во последните денови беше во центарот на вниманието поради ситуацијата околу Мохамед Салах, кој изјави дека чувствува дека клубот го „фрлил под автобусот“, раководството на „Енфилд“ веќе прави планови за летото 2026 година. Според германскиот весник TZ, на „црвените“ им е „понудена“ ѕвездата на Баерн, Дајот Упамекано. Договорот на францускиот дефанзивец со Баерн истекува на крајот од сезоната, што значи дека тој може да ...

Тимот на Валенсија, за кој Столе Димитриевски не беше ниту на клупата за резерви пред своите гледачи во рамките од новото коло од шпанската Примера одигра нерешено 1:1. Домаќинот имаше проблеми откако по само 23. минути игра Мајорка преку Саму Коста стигна до 0:1. Валенсија успеа да излезе од негатива во 52. минута откако Дуро погоди за 1:1. До крајот на мечот Валенсија не успеа да стигне до комплетен пресврт и полн плен. Мајорка е ...

Екипата на Борусија Дортмунд на за себе најдобар начин ја отвори викенд програмата во Бундес лигата. Пред своите гледачи вечерва Борусија обезбеди триумф над тимот на Борусија Менхенгладбах со конечни 2:0. По само десет минути игра, Џулиан Брандт, погоди за домашно водство. Иако и во меѓувреме домаќинот имаше ситуации за втор погодок, сепак, истиот дојде дури во последната минута од мечот. Во седмата минута од продолжението, Максимилан Беиер ...

Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Куртис Џонс, изјави дека напаѓачот Мохамед Салах им се извинил на своите соиграчи за неговото интервју во кое ги критикувал клубот и менаџерот Арне Слот по ремито 3:3 со Лидс. – Мо е свој човек и може да го каже она што го мисли. Ни се извини и рече: „Ако сум навредил некого или сум направил некого да се чувствува непријатно, се извинувам.“ Таква личност е тој. Можам да зборувам само од она што го знам ...

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, даде загрижувачка прогноза за иднината на клубот, предупредувајќи дека може да помине уште една деценија пред повторно да го кренат трофејот од Премиер лигата. Јунајтед ја освои последната титула во лигата во 2013 година, точно во последната сезона на шкотскиот стручњак на клупата. Фергусон денес има 83 години и освои 13 титули во англиското првенство и две Лиги на шампиони со ...

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, одговори на прашањето дали планира да остане со тимот по 2027 година, кога му истекува сегашниот договор. – Да, но зборуваме само за денес. И многу работи треба да се случат во следните неколку месеци за да се заработи тоа право. Мислам дека тренерот мора да го заработи правото да биде во тимот утре. Зависи од тоа како реагира, како се однесува во соблекувалната, пораката што ја пренесува и колку играчите го ...

Милан е блиску до потпишување на напаѓачот на Вест Хем, Никлас Филкруг, објави инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа X. Според Романо, конечните детали сè уште не се договорени. Клубовите продолжуваат со преговорите. Самиот играч се согласил за трансферот на позајмица пред неколку дена. Милан ќе го добие 32-годишниот Германец на позајмица со опција за откуп за 14-15 милиони евра. Трансфермаркт ја проценува неговата вредност на 8 ...

Екипата на ТФТ оствари победа во првиот дуел од 11.коло од М-Тел Супер лигата откако вечерва го совлада тимот на Тиквеш со 89:58. Со овој триумф екипата на ТФТ го обезбеди првото место по првиот дел од сезона. Дуелот со кавадарчани беше изедначен и по две четвртини беше нерешено 32:32. Фаворитот во продолжението успеа да се одлепи и без поголеми проблеми во завршницата да стигне до убедлива победа. Рејмонд Сомервил од ТФТ со 19 поени беше ...

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, ги коментираше гласините извештаите за можно продолжување на договорот. – Ако клубот ми понуди нов договор? Прашање е за клубот дали заслужувам нов договор, го цитираше новинарот Фабрицио Романо Мареска. Четириесет и петгодишниот Италијанец е тренер на Челзи од летото 2024 година. Под негово водство, „сините“ одиграа 89 натпревари и постигнаа 55 победи, 14 нерешени и 20 порази. Во тековната сезона, Челзи освои ...

Интер синоќа загуби од Болоња во полуфиналето на Суперкупот на Италија што се одржува во Саудиска Арабија. Натпреварот на стадионот на „Универзитетот на Крал Сауд“ во Ријад беше решен по изведување пенали (3:2), откако основните 90 минути немаше победник (1:1). Напаѓачот на „нераѕурите“, Маркус Турам, го отвори резултатот во втората минута. Пред полувремето, Рикардо Орсолини реализираше пенал за израмнување на резултатот. Во финалето, Болоња ...

Францускиот фудбалски репрезентативец и член на Ал-Хилал, Тео Ернандез, откри дека го напуштил Милан под притисок од раководството. -Никогаш не сакав да го напуштам Милан. Бев подготвен да останам, но кога раководството ќе ве повика и ќе ви каже: „Ако останете, ќе ве изоставиме од тимот“… Тогаш единственото нешто што треба да се направи е да се бара нова средина, рече Ернандез во интервју за „Газета дело Спорт“. Дваесет и осумгодишниот ...

Кошаркарската федерација на Македонија во недела 21.декември 2025 година ќе ги организира All Star натпреварите, кои повторно стануваат дел од официјалниот календар како симбол на современа, отворена и атрактивна кошарка. Планирани се три натпревари: натпревар за македонските надежи (М20) – почеток 12 часот; женски сениорски All Star натпревар – почеток 15 часот и машки сениорски All Star натпревар – почеток 18 часот. Во двата сениорски ...

Федерико Валверде и натаму го нема на тренинзите на Реал Мадрид и по се изгледа ќе мора да го пропушти мечот со Севиља викендов. На тренингот пред натпреварот против Севиља, Уругваецот тренирал сам во затворен простор на „Валдебебас“. Валверде сè уште страда од повреда на глуждот што ја заработи во Виторија за време на натпреварот против Алавес. Тој исто така има и грип, што го прави неизвесен за последниот натпревар од годината. Во ...

Дваесет и четирикратниот освојувач на Грен слем, Новак Ѓоковиќ, ќе ја започне својата сезона на АТП 250 турнирот во Аделаида. Турнирот ќе се одржи од 6 до 11 јануари. Во натпреварувањето ќе учествуваат и Британецот Џек Дрејпер, Гркот Стефанос Циципас, Американецот Томи Пол и Бразилецот Жоао Фонсека. Триесет и осумгодишниот Србин е победник на 101 АТП турнир во поединечна конкуренција и олимписки шампион во 2024 година. Фото: ЕПА МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ...

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, го навредил менаџерот на Наполи, Габриеле Оријали, за време на полуфиналето од Суперкупот на Италија (0:2). Инцидентот се случил за време на препирките меѓу клупите на тимовите по прекршокот на Адриен Рабио врз Матео Политано. Клупата на Наполи втрча на теренот, барајќи на играчот од средниот ред на Милан да му биде покажан црвен картон. „Спортмедиасет“ тврди дека Алегри го нарекол Оријали „кретен“ пред ...

Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола во пресрет на дуелот од викенд колото против Вест Хем одговараше и на прашања за неговата иднина во клубот откако се појавија вести за негов наследник следната сезона. Тој саркастично одговори дека ќе замине кога ќе има 75 или 76 години. – Секогаш во одреден период во сезоната ме прашувате за мојата идина во клубот. Така да на 75 или 76 години ќе заминам од Манчестер Сити. Имам уште 18 месеци од ...

Тензиите меѓу менаџерот на Ливерпул Арне Слот и најдобриот играч на клубот од ланската сезона Мохамед Салах се во состојба на мирување. Причината е едноставна Салах како дел од репрезентацијата на Египет го очекува настап на АФКОН (Африкански куп на нации). Слот на прес конференцијата во пресрет на утрешниот дуел со Тотенхем се осврна и на оваа ситуација: Минатата недела изјавив дека делата зборуваат повеќе од зборовите. Продолжуваме ...

Кошаркарите на Денвер го совладаа синоќа во НБА лигата Орландо со 126-115, предводени од Србинот Никола Јокиќ, кој реализираше трипл-дабл со 23 поени, 13 асистенции и 11 скокови. Јокиќ сега изби на чело на вечната листа според асистенции во НБА меѓу центрите, надминувајќи го легендарниот Карим Абдул-Џабар. Српскиот кошаркар има 5.667 асистенции, надминувајќи го вкупниот број на асистенции во кариерата Абдул-Џабар за седум асистенции. Најдобар ...

Голманот на ПСЖ Матвеј Сафонов ќе мора да направи пауза од еден месец поради скршена дланка, изјавија од клубот од Париз. Сафонов стана вистински херој откако пред неколку дена во финалето на Интерконтиненталниот куп против Фламенго успеа да одбрани четири пенал во серијата по завршувањето на регуларниот дел. Инаку, Сафонов е првиот голман во светот, кој на еден натпревар во организација на ФИФА успеа да одбрани четири удари од белата точка ...

НБА лигата ја објави синоќа идеалната петорка на неодамна завршеното куп натпреварување во кое триумфираа кошаркарите на Њујорк. Во идеалниот тим на НБА купот се најдоа кошаркарите на Њујорк, Џејлен Брансон и Карл-Ентони Таунс, Дирон Фокс од Сан Антонио, словенечкиот репрезентативец и член на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, како и играчот на Оклахома Сити Шеј Гилџес-Александер. Идеалниот тим беше избран од медиумски панел составен од 20 ...

Македонскиот фудбалски првак Шкендија и покрај поразот во последното коло од Конференциската лига во Ларнака од АЕК (1:0) избори место во нокаут фазата односно ќе имаат „фудбалска пролет“. Задоволството и резултатот се големи, а тетовчани освоија седум бодови кои овозможија пласман во следната фаза. – Прво сонувавме да влеземе во Конференциската лига, потоа да ја минеме групната фаза. Сега кога го направивме и тоа ќе сонуваме да поминеме уште ...

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, ги демантираше денеска информациите дека е потенцијален наследник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, посочувајќи дека станува збор за стопроцентна шпекулација. Мареска работеше во Манчестер Сити како помошник тренер и пристигна во Челзи во 2024 година. Во својата прва сезона во лондонскиот клуб го освои трофејот во Лигата на конференции, а потоа и титулата на Светското клупско првенство во јули, победувајќи ...

Мвр билтен

10 минути - МИА
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
3.09
81%
1027
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
3.6
58%
1026
weather icon

Загреб

11ᴼ / 6ᴼ
0.51
59%
1026
weather icon

Софија

8ᴼ / 4ᴼ
4.12
59%
1028
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.8
70%
1028
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 5ᴼ
0.74
66%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.58
65%
1027
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
71%
1027
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
2.24
66%
1029
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
0.89
55%
1027
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
68%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Платина

68963.35

Кобалт

66.14

Злато

166253.76

Сребро

2711.59

Цинк

3.24

Калај

50.64

Бакар

11.73

Рутениум

47358.05

Родиум

372948.66

Иридиум

231355.22

Алуминиум

3.42

Паладиум

51794.85