Според едни од неофицијалните информации кои редовно излегуваат, Samsung планира намалување на резолуцијата на предната камера кај наредната генерација од нивниот најсилен Galaxy S модел. Наместо сегашните 40 мегапиксели, кои ги има Galaxy S22 Ultra, наредниот модел, Galaxy S23 Ultra, наводно ќе дојде со предна камера со 12 мегапиксели. Ова на прв поглед делува како влошување на овој дел од телефонот, но како што знаете, бројот на пиксели кај ...

По купувањето на Twitter од страна на Елон Маск, некои работи мора да се признае дека „се измешаа“ непотребно. Сакајќи од една страна да го промени претходниот, според него нефер, начин на добивање на ознака за верификуван профил, а и да се зголемат приходите на компанијата, Маск го овозможи синиот беџ за сите кои ќе ја платат месечната Twitter Blue претплата. Со ова настана забуна зошто оваа ознака веќе не е тука да гарантира дека профилот е ...

Скоро сигурно е дека идната година Samsung нема да го користи својот Exynos чип во Galaxy S23 серијата, па наместо тоа, ќе го користи Snapdragon 8 Gen 2 во сите региони од светот. Како што е познато, со години Samsung во САД и уште неколку земји, го користи чипот од Qualcomm, додека во Европа го користи нивниот Exynos чип. Ова изминатите години не помина баш најдобро кај корисниците од Европа кои добиваа телефони со нешто послаби перформанси, ...

Елон Маск, кој уште на почетокот најави дека привремено ја презема директорската позиција во Twitter, оваа недела објава анкета преку која ги праша неговите следбеници дали да ја напушти позицијата. Со не толку мала разлика, резултатите беа во корист на гласовите „за“, па два дена покасно, Маск излезе со коментар. Во новата објава Маск истакнува дека тој ќе даде оставка од главната директорска позиција кога ќе најде некој доволно „будалест“ ...

Претставувањето на наредната генерација од телефоните на OnePlus, поточно моделот OnePlus 11, ќе се случи на 7 февруари идната година. На овој настан ќе бидат претставени неколку производи, меѓу кои OnePlus Buds Pro 2, како и првата тастатура од компанијата. Оваа тастатура ќе виде механичка, нешто што е посебно популарно изминатите година дена, како кај гејмерите, во поново време и за корисниците кои ја користат тастатурата за пишување на ...

Можеби Viber е попопуларна апликација на нашите простори, но сепак мора да се истакне ваква мала, но многу корисна функција која ја воведува конкурентот WhatsApp. Сигурно секој од нас имал ситуација да испрати нешто кое сепак не сака да остане, односно сака да ја избрише пораката. Со притискање на пораката, наместо бришење за сите, по грешка се притиска на бришење за себе и пораката веќе е „отидена“ и не може да се избрише за сите. Со „undo“ ...

Google овие денови ја одржува својата Google for India конференција, од која можевме да видиме дека од компанијата работат на можноста Google Lens да го чита лошиот ракопис на докторите. На оваа конференција беа презентирани повеќе вакви новини, а меѓу тие кои привлекуваат посебно внимание се новите функции најавени за YouTube. За жал, овие новини ќе бидат достапни во земјата каде што се презентираат, односно во Индија, но навистина би било ...

Twitter, како надоврзување на пуштањето на новата Blue претплата, го најавија Blue for Business. Засега овој нов дел од Twitter Blue е пуштен како тест на ограничен број на компании, а се најавува дека идната година може да се очекува дополнително проширување на достапноста. Blue for Business донесува неколку новини кои ќе ги издвојат компаниите од другите профили, но од Twitter истакнуваат дека може да се користи и од страна на брендовите, ...

Во јуни оваа година можевме да прочитаме дека Internet Explorer конечно заминува во историјата. Заврши поддршката за прелистувачот и истиот беше тргнат од компјутерите преку посебна надградба. Сепак, IE остана достапен за одредени уреди, односно за уредите кои продолжија да плаќаат за продолжена поддршка за Windows 7 и Windows 8/8.1. Со оглед на тоа што поддршката за овие системи завршува на 10 јануари идната година, јасно е дека веќе нема ...

Иако OnePlus преку Weibo најавија дека нивниот OnePlus 11 ќе биде првиот кој ќе работи на новиот Snapdragon 8 Gen 2, сепак изгледа плановите биле други или во меѓувреме се промениле. Како и да е, OnePlus официјално ја закажа датата за нивниот „OnePlus Cloud 11“ настан, а таа е 7 февруари 2023 година. Настанот ќе се одржи во Њу Делхи, Индија, а на него покрај OnePlus 11 5G телефонот, ќе ги видиме и слушалките OnePlus Buds Pro 2. Од ...

За време на конференција од Google во Индија, од компанијата презентираа нова можност на која работат за нивната Google Lens функција. Google Lens, која започна како посебна апликација, а сега е интегрирана во Google апликацијата за мобилните, овозможува препознавање на текст и објекти со камерата. Ова е доста корисна функција која сега ќе стане уште покорисна. Како дел од развојот на веќе достапната можност за препознавање на ракописен ...

Компаниите кои стојат зад развојот на трите најпознати интернет прелистувачи и веб технологии, се здружија за развој на алатка за мерење на перформансите на прелистувачите. Apple, Mozilla и Google работат на развојот на третата верзија од познатата алатка Speedometer, која е развиена од страна на Apple. Овие три компании ги држат најпознатите прелистувачи и нивните технологии, односно Apple Safari и WebKit технологијата, Mozilla Firefox и ...

Microsoft ја пушти првата верзија од новиот додаток за Microsoft Teams, наречен Microsoft Teams Premium. Овој додаток, кој може да се користи 30 дена бесплатно, е достапен за бизнис корисниците на сервисот, односно за претплатниците на Microsoft 365. Со оглед на тоа што овие корисници веќе плаќаат претплата, овој додаток ќе треба да вреди за дополнителните 10 долари кои треба да се додадат на веќе постојната цена. Листата на функции кои се ...

19.12.2022 г. Скопје – Предлог на Закон за измени и дополнувања на Законот за данок на добивка наместо да создаде услови за правично оданочување предизвикува сериозен удар врз малите и микро фирми, го загрозува нивниот опстанок, а предизвикува и стимулирање на даночна евазија, истакнува Сојузот на стопански комори на Македонија. Со укинување на постојното ослободување од обврската за плаќање на годишен данок на вкупен приход на субјектите со ...

Елон Маск, кој уште претходно најави дека само привремено ќе биде главен извршен директор на Twitter, објави анкета преку која прашува дали треба да се тргне од оваа позиција во компанијата. Резултатот од анкетата ќе биде почитуван од страна на Маск, а тој на 46 минути пред завршувањето е во корист на тие кои гласале со „да“. Имаат гласано повеќе од 16 милиони следбеници на Маск и гласовите за имаат 57,5%, додека гласовите против имаат ...

Со гордост Women In Tech Macedonia ве покануваат на предновогодишна хуманитарна забава со почеток во 21:00 часот на 22ри декември во Среќа бар. „Во соработка со Ways2Help и Startup Macedoniа ја организираме оваа предновогодишна хуманитарна забава со што ќе донесеме насмевка на дечиња од социјално загрозени семејства во овој период каде сите би сакале да се израдуваме на подароци. Целта е да ја пренесеме онаа новогодишна атмосфера до секое ...

До претставувањето на Galaxy S23 серијата, односно до Galaxy Unpacked настанот кој сите го чекаме, има уште два месеци. Иако шпекулациите ги има одамна, тие што излегуваат сега веќе може да се сметаат како доста поточни. За изгледот на Galaxy S23 серијата можевме да прочитаме повеќе пати, а сега ги имаме и првите макети од телефоните кои во основа ги потврдуваат досегашните информации. Се гледа дека телефоните нема да имаат некоја драстична ...

Еден од неколкуте познати музички сервиси, Tidal, во САД почна да тестира можност за обичните корисници да бидат „диџеи“ за своите пријатели или за било кои други корисници на сервисот. Во основа, корисниците на HiFi Plius претплатата ќе можат да започнат диџеи сесија, да и дадат име, по што ќе можат да го споделат линкот до истата кој сака да се приклучи. Со приклучување преку линкот, корисниците ќе можат да ја слушаат истата музика што ја ...

Некогаш еден од најпознатите интернет прелистувачи, а денес со многу мал процент од пазарот, Opera, во својата најнова верзија воведе функција која треба да ги подобри онлајн видеата кои се постари, односно со полоша резолуција. Lucid Mode е наречена оваа нова функција и истата ја зголемува острината на видеата, а истото може да се направи и за сликите. Се работи за CSS филтер кој работи со помош на графичката картичка на компјутерот. Иако ...

Samsung објави нова реклама од кампањата „The Galaxy Awaits You“, а оваа „епизода“ е наречена „One the Fence“. Со оваа реклама Samsung сака да каже дека им доста луѓе кои се мислат дали да ги користат мобилните од Apple или да се префрлат на Samsung. Рекламата е за Galaxy Z Flip4 и е втора преку која од компанијата сакаат да го истакнат фактот дека Apple уште нема модел на преклопување. Првата е објавена на кинеската мрежа Weibo и е реклама ...

Meta, односно Instagram, објави неколку новини кои се во правец на заштита на сметките на корисниците. Главната новина е пуштањето на страната Instagram.com/hacked која корисниците можат да ја посетат доколку немаат пристап до нивната сметка. До страната може да се пристапи преку мобилните и преку десктоп. Оваа страна може да се користи и за други проблеми со пристап до сметката, не само поради хакирање, па така може да се добие помош поради ...

Xiaomi објави Бела книга во која е наведена интелектуалната сопственост на компанијата („IP“). Овој документ ги прикажува достигнувањата и иновациите кои оваа глобална компанија ги постигнала. Исто така, беше посочена и сложеноста на прашањата за интелектуална сопственост со кои се соочуваат бројни светски компании. По 12 години развој, благодарение на стратегијата „Smartphone × AIoT“, Xiaomi се прошири на повеќе од 100 пазари ширум светот, а ...

Заштитата на податоци никогаш не била поважна. Бизнисите постојано се соочуваат со сајбер-закани кои доколку не се сфатат сериозно може да предизвикаат големи проблеми кои често водат до целосно затварање на организациите. Надминувањето на растечката сложеност на ИТ-инфраструктурите и денешните сајбер-напади бараат сеопфатно резервно решение за да останат податоците безбедни. За ефективна заштита на критичните податоци, резервната копија не е ...

Microsoft пред некоја година планираше да го прекине развојот на Skype, очекувано со оглед на значењето кое го даваат на Teams апликација која доби и бесплатна верзија за приватните корисници. Сепак, корона кризата и огромната популарност која ја добија видео повиците направи да од компанијата се премислат, па минатата година најавија и дека апликацијата ќе добива нови функции. Мобилната апликација изминатите години доби повеќе промени на ...

Oppo го има еден од уредите кои најдобро му конкурираат на Samsung и нивната Galaxy Z Fold серија. Oppo Find N, кога беше претставен минатата година, привлече големо внимание, а посебно со форматот и мала фалта која се појавува на делот каде се превиткува екранот. Форматот кој го користи Oppo овозможува корисниците да добијат најблиско што може корисничко искуство со смартфоните, односно помалиот надворешен екран е поширок во споредба со ...

TikTok започна со тестирање на повеќе класичен формат на прикажување на видеата на нивната апликација, кои се хоризонтални и се прикажуваат на целиот екран. Корисниците кои се дел од тестот ќе можат да притиснат копче на видеата кои се во формат на квадрат или правоаголник, по што тие ќе биде прикажани на целиот екран во хоризонтална позиција. Ова е нешто што станува популарно кај голем број на објавувачи на содржина на TikTok, иако оваа ...

По суспендирањето на сметката направена од страна на 19 годишниот Џек Свини, која ја објавува точната моментална локација на приватниот авион на Елон Маск, Twitter ги промени правилата за овој вид на сметки. На оваа мрежа веќе нема да може да се објавува локацијата во вистинско време на личности, а секој кој го прави тоа ќе биде суспендиран. Се постави прашањето што е тоа што се има променето од минатиот месец кога Маск истакна дека ...

Tesla официјално ја пушти интеграцијата на нивниот систем за забава со Steam сервисот за игри. Со ова, сопствениците на поновите Model S и Model X од оваа година, ќе можат да ги играат достапни повеќе од 6000 игри на Steam. Достапноста кај овие модели е во главно поради подобрите карактеристики кои ги има системот, заедно со 17 инчниот екран во „пејзаж“ позиција и 16GB RAM. Игрите кои се достапни се тие кои се верификувани како прилагодени ...

Twitter профилот „@elonjet“ од денеска не е достапен, односно е суспендиран. Овој профил, кој е направен од страна на 19 годишниот Џек Свини, има само еден вид на објава, а тоа е локацијата на приватниот авион на Елон Маск. Според информациите, Маск се обидел да му понуди пари на Свини за да ја исклучи сметката, но тој побарал доста повеќе пари, па не успеале да се договорат. Свини изминатите денови објави дека му имаат испратено делови од ...

Microsoft оваа година пушти нова Media Player апликација која ги унифицира дотогаш достапните две апликации, една за музика и една за видео содржина. Ова секако има повеќе логика, а така функционираа работите порано со познатата Windows Media Player апликација. Оваа нова апликација во основа ја заменува Groove Music апликацијата и ја прави повеќе универзална апликација преку која може да се слуша музика и да се гледаат видеа. Новата Media ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
44%
1027
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
7.72
41%
1026
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
39%
1024
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
7.2
45%
1030
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
4.45
50%
1030
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
2.06
43%
1023
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
8.23
60%
1026
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
47%
1024
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
44%
1025
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
5.14
53%
1032
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
5.66
46%
1026
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
11.32
64%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Бакар

11.57

Алуминиум

3.42

Кобалт

66.14

Рутениум

47358.05

Иридиум

231355.22

Паладиум

52052.06

Родиум

374556.20

Цинк

3.24

Злато

164352.04

Сребро

2696.16

Калај

50.61

Платина

68931.20