Бугарскиот премиер Росен Жељазков и неговата влада поднесоа оставка на 11 декември по едни од најмасовните протести во современата историја на Бугарија. Протестите беа предизвикани од предлог-буџетот за 2026 година што предвидуваше зголемување на даноците и повисоки социјални придонеси, чекори предложени од влада што многу Бугари ја сметаат за корумпирана. Жељазков ја соопшти одлуката во телевизиско обраќање од Софија, и тоа кратко пред во ...

Резиме Шефот на скопското Вишо обвинителство Мустафа Хајрулахи повеќе не работи како обвинител. Си поднесе оставка откако во изминатава година против него се водеа дисциплински постапки- за нестручни одлуки и „делење предмети на рака“ на Виши обвинители. Еден од неколкуте предмети кои му „пресудија“ на Хајрулахи беше предметот против фирмата за чистење „Серта“, за кој истражуваше Радио Слободна Европа. Станува збор за обвинение кое се ...

Резиме По повеќе од еден месец од избор на градоначалник и речиси два од изборот на новиот Совет, во Струга не може да се консолидира локална власт. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја доведе во прашање поддршка за градоначалникот Менди Ќура, велејќи дека оставил прв „катастрофален впечаток“. Од друга страна, ниту една од партиите што влегоа во Советот нема и засега не може да обезбеди мнозинство поради што сè уште не е ...

Околу 150 илјади луѓе протестираа во Софија против Делјан Пеевски и Бојко Борисов. Никогаш во Бугарија немало вакви демонстрации против било која влада, ако се исклучи милионскиот кој беше одржан на „Орлов Мост“ во 1990 година. Бројот на луѓе наведени овде е пресметан со апликација што овозможува броење на толпата врз основа на квадратните метри што ги зафаќа и густината на присутните. „Ова е историски ден“, рече проф. Веселин Методиев во ...

Резиме По повеќе од десет години мирување, нафтоводот Солун–Скопје се враќа во игра, откако во 2013 година грчката компанија „Хеленик Петролеум“, денешна HELLENiQ Energy, го стави вон употреба како непрофитабилен. Повторниот транспорт на нафтени деривати кон Северна Македонија се очекува најдоцна до крајот на годината, како што најави премиерот Христијан Мицкоски. „Ние како држава ги спроведуваме сите чекори тој продуктовод, кој долги години ...

Во услови на забрзани дипломатски активности околу предлогот на Соединетите Држвави за мировен договор, украинскиот претседател Володимир Зеленски на 8 декември изјави дека Киев нема ниту законска, ниту морална основа да отстапи дел од својата територија. „Секако, Русија инсистира да се откажеме од територија. Секако дека не сакаме да дадеме ништо. За тоа се бориме“, рече Зеленски, чија земја се спротивставува на руската воена агресија од ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да одржи избори во земјата разурната од војна доколку Соединетите Држави и другите партнери можат да обезбедат потребна безбедност за нивно безбедно одржување. Белата куќа веќе некое време ја повикува Украина да одржи избори. Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Политико објавено на 9 декември изјави дека „дојде време“, иако украинскиот устав не дозволува ...

Во Собранието е во тек седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, по претставката од родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“. Тие бараат случајот да се разгледува како повреда на човековите права, како брза и темелна истрага. ВМРО-ДПМНЕ бараше изземање на претседателот на комисијата, Димитар Апасиев, но тој одби. Родителите на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ ...

Резиме Владата на Северна Македонија именуваше повереници за четирите општини каде што на локалните избори не беа избрани градоначалници поради недоволната излезност. Именуваните повереници се Аријан Ибраим за општина Центар Жупа, Буњамин Кадриу за општина Врапчиште, Фадил Џелили за Општина Гостивар и Онер Јакупоски за Маврово и Ростуше. Тие вршат работи од надлежност на градоначалници додека не се одржат новите избори закажани за 11 јануари. ...

Резиме Кинески компании работат на изградба на нов мост на реката Сава во Белград, но клучните информации за договорите, процесот на избор на изведувач и условите на проектот не се јавно достапни. Мостот се гради во средината на елитниот станбен и деловен проект „Белград на вода“, на местото каде што до јули имало челичен мост изграден во 1942 година, за време на Втората светска војна. Деловите за новиот мост се произведуваат во источната ...

Два клучни документи објавени во Вашингтон во последниве денови претставуваат различни патеки на надворешната политика, давајќи им на сојузниците и противниците на САД многу теми за размислување додека разгледуваат големи стратешки прашања. Стратегијата за национална безбедност (СНБ) на Белата куќа од 33 страници, објавена минатата недела, ги привлече насловите со пристапот „Америка на прво место“ во кој „деновите кога САД го потпираа целиот ...

Резиме Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со европски лидери во обид да се осигура дека напорите предводени од САД за ставање крај на војната на Русија против Украина нема да резултираат со едностран договор што би ја наградил Москва за агресијата против нејзиниот сосед и би го оставил Киев ранлив на идни напади. На брифинг со новинарите по состанокот, Зеленски рече дека Украина нема право да отстапува територии „ниту според ...

Резиме На Балканот, каде што безбедносната рамнотежа и понатаму е кревка, а државните потези често се толкуваат над нивната вистинска тежина, дури и малите чекори добиваат посебно значење. Во овој контекст, планираното производство на муниција во Косово претставува ограничен чекор, но со потенцијал да влијае на тоа како земјата се перципира во областа на одбраната. Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, потврди дека првата ...

Северна Македонија сака да го активира економскиот потенцијал на бројната дијаспора преку нова Национална стратегија насочена кон привлекување повратници, инвестиции и развој на бизниси. Млади и образовани иселеници за РСЕ велат дека не би се вратиле поради корупција, неефикасност на институциите и ограничените можности во земјава. „Мојот единствен обид да го добијам конзулатот во Минхен беше неуспешен. На телефон не се достапни, а одговор на ...

Добро што има критичка дебата за буџетот во правосудството, а контроверзната дебата на крајот на краиштата е добар доказ за демократијата, вели германската амбасадорка Петра Дрекслер. Таа посочува дека не може да се очекува ефикасност од судството, ако не се пополнат испразнетите места. Амбасадорке, како ја оценувате сегашната состојба со македонските евроинтеграции? Односите меѓу Северна Македонија и ЕУ - Северна Македонија, Западен Балкан е ...

Владата на Северна Македонија ги оквалификува како неточни написите во некои британски медиуми објавени на 5 декември дека води преговори со Велика Британија за прифаќање на мигранти кои се одбиени за азил. Портпаролката Марија Митева во изјава за медиумот СДК.МК вели дека ваквите написи се за „внатрешно-политичка употреба“. „Единствената вистина е таа што ја кажа и амбасадорот на Британија во Македонија Метју Лосон во јавна изјава во мај, ...

Францускиот претседател Емануел Макрон го заврши патувањето во Кина каде што побара помош од Пекинг за притисок врз Русија да се согласи на прекин на огнот со Украина, во услови на неодамнешен бран дипломатски преговори околу американскиот предлог за прекин на војната. Но, аналитичарите и европските претставници кои разговараа со Рaдио Слободна Европа се сомневаат дека Пекинг ќе ги послуша повиците на Макрон до кинескиот лидер Си Џинпинг да ...

Наводен украински напад со беспилотно летало го потресе чеченскиот главен град Грозни рано на 5 декември, само неколку часа откако украински преговарачи се сретнаа со американски претставници на Флорида. Корисници на социјалните мрежи објавија видеа што Радио Слободна Европа ги потврди, на кои се гледа огромна дупка во облакодер во Грозни, во напад што се случил на помалку од еден километар од резиденцијата на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров. ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема информации од бугарска страна за евентуални разговори преку кои би се откочиле евроинтеграциите на Северна Македонија. Германската амбасадорка во Скопје, Петра Дрекслер, за РСЕ вели дека постои политичка волја за напредок меѓу двете држави и Германија „целосно го поддржува тоа“. Но, колку евентуалната политичка криза што се наѕира во Бугарија, е дополнителен проблем? „Немаме партнер за танго, сè ...

Во досега невиден потег, Иран се стреми да увезе вода како официјална стратегија за справување со една од најлошите кризи за вода во неговата модерна историја, објави министерот за енергетика Абас Алиабади на 3 декември. Овој потег доаѓа во време кога Иран се соочува со она што официјалните лица го нарекуваат најсушна година за повеќе од половина век. Врнежите од дожд низ целата земја се намалија нагло, резервоарите зад големите брани се ...

Резиме Прашањето дали Босна и Херцеговина влегува во мрежата на долгови и политичко влијание на официјален Пекинг се поставува откако Кина презентираше нов петгодишен план, ветувајќи ѝ на БиХ партнерство „win-win“ и можности за инвестирање - од инфраструктура и енергија, преку земјоделство, до високи технологии, како што е вештачката интелигенција. Додека официјален Пекинг вели дека „држењето чекор со Кина е исто како држењето чекор со ...

Невладините кои ја следеа фазата на интервјуа на кандидатите за македонски судија во судот во Стразбур нотираат слабости во методологијата и транспарентноста на процесот, конфликт на интереси и силни сомнежи за усогласеноста со стандардите на Советот на Европа за транспарентен и непристрасен избор. Претседателот на Комисијата, Дарко Костадиновски само делумно се согласува со извештајот. Кандидат за судија на Северна Македонија во Европскиот ...

Младите лекари реагираат за неправичност при вработувањата во јавното здравство и бараат укинување на дискреционото право како архаична алатка која на директорот му дава ексклузивно право да одбере кој ќе биде вработен. Властите најавуваат законски измени за нова постапка на вработување. Дури ни по 100 пополнети апликации на огласи за вработување, по кои следувале десетина интервјуа, млада докторка од Скопје не успеала да добие постојано ...

Белата куќа потврди дека на 4 декември во Мајами, специјалниот американски пратеник Стив Виткоф ќе се сретне со шефот на украинскиот Совет за национална безбедност, Рустем Умеров. Напорите за наоѓање решение за запирање на речиси 4-годишната војна на Русија против Украина се чини дека наидоа на пречка по состанокот во Москва меѓу американските преговарачи и претседателот Владимир Путин, бидејќи Кремљ и руските претставници сигнализираа мала ...

СДСМ ќе добие ново раководство додека лидерот Венко Филипче останува. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе им дадат уште по еден мандат на Христијан Мицкоски и Али Ахмети, додека ВРЕДИ конечно најавува спојување во една партија. Промените по изборниот пораз се логични за опозицијата, сметаат дел од аналитичарите. Но, дали се доволни? Од кадровски освежувања до нови стратегии и формални обединувања, се дел од промените кои веќе се случуваат или ќе следуваат во ...

Резиме По речиси една година истрага, Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) ги казни четирите големи маркети и Сојузот на стопански комори за кои уште во февруари отвори истрага за договарање на цени зад затворени врати. КЗК соопшти дека одлучила да ги казни маркетии по 50 илјади евра, а Сојузот на стопански комори со 18,6 илјади евра „поради забрането договарање и усогласено однесување во однос на цените“. Кога КЗК ја започна во ...

Десетици илјади луѓе излегоа на улиците на Софија и други бугарски градови за да се приклучат на протестите доцна на 1 декември против буџетските планови на владејачката коалиција, принудувајќи ја владата да ги повлече следниот ден наутро. Но, толпите, исто така, скандираа „оставка“ по продлабочениот гнев поради корупцијата и економските проблеми, додека Плоштадот на независноста беше исполнет со луѓе во најголемите демонстрации од 1990-тите. ...

Учесниците во дискусијата во Комитетот за надворешна политика на Претставничкиот дом на САД ја повикаа администрацијата на претседателот Доналд Трамп да се ангажира повеќе во Западен Балкан со цел да се стабилизира тој регион, со оценки дека е најмногу го дестабилизира Русија преку Србија. Отворајќи го сослушувањето во Поткомитетот за Европа, републиканскиот претседател Кит Селф оцени дека Западен Балкан, освен Украина, која е под руска ...

Резиме Американската делегација, предводена од специјалниот претставник Стив Виткоф, на 2 декември во Кремљ разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и неговите помошници речиси пет часа за предлогот насочен кон ставање крај на инвазијата на Москва во Украина. Во еден ден на интензивни дипломатски напори за ставање крај на најголемиот и најсмртоносен конфликт во Европа по Втората светска војна, украинскиот претседател Володимир ...

Следната недела во Собранието треба да почне да заседава анкетна комисија на која ќе се дискутира за пожарот во Кочани. Неа ја бараа и родителите на загинатите деца, кои преку овој инструмент ќе се соочат и со пратениците во парламентот. Што може да донесе анкетната комисија додека паралелно тече судскиот процес во кој сите обвинети рекоа дека не се чувствуваат виновни за трагедијата што одзеде 63 животи, а над 200 лица беа повредени? ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
86%
1006
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
92%
1000
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
91%
1002
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
64%
1007
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.46
83%
1003
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
96%
1002
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.34
82%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.66
67%
1006
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1004
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
77%
1002
weather icon

Будимпешта

-5ᴼ / -6ᴼ
2.68
89%
1002
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
9.77
62%
1009
Currency

61.555

Currency

52.9061

Currency

70.9285

Currency

35.3623

Currency

38.0301

Currency

66.0752

Currency

7.58295

Currency

0.66977

Currency

0.33514

Currency

0.5247

Currency

1.22495

Currency

0.58743

Кобалт

59.52

Иридиум

169549.30

Калај

44.58

Рутениум

44142.98

Сребро

2492.14

Цинк

3.11

Платина

72143.25

Родиум

311058.47

Алуминиум

3.08

Паладиум

58707.26

Злато

143662.56

Бакар

11.76