Една жена од Санкт Петербург даде отказ од работа во општинска агенција за да избегне инсталирање на апликацијата. На студентите од сибирскиот универзитет им било кажано дека не можат да полагаат завршни испити, па дури и им се заканувале со исклучување, ако не почнат да ја користат. Еден човек ги излажал своите шефови за тоа и рекол дека можеби ќе мора да купи втор телефон. Пред шест месеци, со голема помпа, руските власти почнаа да ...

Илјадници работоспособни лица примаат социјална помош, додека работни места остануваат празни, вели во интервју за РСЕ Ѓоко Велсковски заменик министер за социјална политика, демографија и млади. Тој зборува и доцнењето на социјалните исплати, дефицитот во ПИОМ и мерките за младите. Г-не Велковски, минатиот месец доцнеше исплатата на додатоците за социјално загрозените граѓани. Дали и следниот месец може да се очекува доцнење? Да, гледам дека ...

Во агресивна изјава за време на состанокот со високи функционери на 17 декември, рускиот претседател Владимир Путин некои неодредени европски лидери ги нарече „млади свињи“. Еве зошто го кажа тоа. Уште од 1999 година, кога ги нарече чеченските сепаратисти терористи и се заколна дека ќе ги „фрли во тоалет“, Путин користеше уличен сленг и суров, навредлив јазик за да пренесе пораки до Западот, светот и рускиот народ. Во случајот со неговата ...

Парите од ИПАРД се уште се стопирани поради истрагата за поткуп. Роковите за исплата на компаниите се ближат, а институциите не прецизираат кога ќе се одблокираат парите. Истрагата во ОЈО е во тек, а проверките на апликациите се уште се спроведуваат заедно со Европската комисија. Винарии од здружението „Вина од Македонија“, во кое членуваат најголемите производители и извозници на македонско вино, се наоѓаат во лимбо ситуација за добивање ...

Рускиот претседател Владимир Путин го започна маратонскиот годишен настап зборувајќи со самодоверба за позицијата на Русија на бојното поле во нејзината војна против Украина и не даде никаков сигнал дека Москва е подготвена да направи значителни отстапки во име на мирот. Настанот „Резултати од годината 2025“ на 19 декември, кој комбинираше прес-конференција со темелно проверени прашања од руски граѓани, се одржа во услови на дипломатски ...

Резиме Американскиот Конгрес во предлогот за обемниот Закон за одбрана оцени дека зависноста на земјите од Западен Балкан од руските фосилни горива ги врзува нивните економии и политика за Москва и ги попречува нивните аспирации кон европска интеграција, додека корупцијата, вклучително и меѓу клучните политички лидери, продолжува да претставува една од најголемите пречки за понатамошен економски и политички развој на регионот. Во предлогот на ...

Резиме Живеачката станува сѐ поскапа, а тоа ги чини родителите постојани калкулации за туркањето на секој нареден месец во кој трошоците растат. Новата анализа на Центарот за еднаквост и правда покажа дека трошоците за одгледување дете се движат од 150 до 200.000 денари годишно, или на месечно ниво, од 12 до 16.000 денари, додека просечната плата е над 45 илјади денари. Финансискиот товар е уште поголем кај самохраните родители и кај ...

Резиме Европската Унија ќе обезбеди бескаматен заем од 90 милијарди евра (106 милијарди долари) на Киев за да помогне во финансирањето на земјата разорена од војна, откако не успеа да се договори за предлогот за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на економските и воените потреби на Украина во наредните години. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во објава на платформата X на 19 декември изјави дека средствата ќе ...

Резиме На една недела пред Уставниот суд да донесе конечна одлука за спорните измени на Кривичниот законик од пред две години, пратениците решија да ги „претркаат“ судиите и да ги заострат казни. За делото „злоупотреба на службената положба“, чие намалување на казните во септември 2023 предизвика најмногу критики од домашната јавноста и од Европската Унија, во предлогот се предвидуваат поголеми затворски казни, но горната границата за нив ...

Неодамнешните потези на Вашингтон и Брисел во врска со Белорусија покажуваат дека сојузниците се движат во спротивни дипломатски насоки што го истакнува растечкиот јаз меѓу нив по прашањето на европската безбедност. Другата страна на Атлантикот, Соединетите Држави се ангажираат околу Минск и неговиот авторитарен владетел Александар Лукашенко, ублажувајќи ги санкциите во замена за ослободување на политички затвореници, вклучувајќи 123 минатиот ...

Резиме Пензионерот Драган Ивановски секое утро станува и оди на работа - во мал хотел на периферијата на Скопје, блиску до неговиот дом, каде од пред половина година го одржува зеленилото во дворот. Во пензија отишол минатиот март, кога наполнил 64 години, возраста на која се пензионираат мажите во Северна Македонија. „Работев во државна градежна фирма, која одамна се затвори. Останав на улица без доволно стаж, а млад за во пензија. Неколку ...

Заедно со руските „Мигови“ и француските „Рафали“, Србија се сврте и кон кинеските беспилотни летала и системи за противвоздушни операции. Во последните две години, домашната наменска индустрија увезувала стока од Кина во вредност од околу 240 милиони евра. Ова го покажуваат царинските податоци до кои Радио Слободна Европа имаше пристап, а кои се однесуваат на 2024 и 2025 година до јуни. Министерството за одбрана не одговори на прашањето на ...

„Нанесена е огромна штета на Србија“, е првиот коментар на српскиот претседател Александар Вучиќ откако компанијата на зетот на американскиот претседател Доналд Трамп објави дека се повлекува од планираниот проект за изградба на луксузен комплекс во Белград. На местото на зградите на Генералштабот, кое беше уништено за време на бомбардирањето на НАТО во 1999 година, инвестициската компанија „Афинити партнерс“ на Џаред Кушнер планираше да ...

Резиме Државниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка од функцијата непосредно пред да почне собраниската седница на 16 декември која треба да се расправа за предлогот на власта за негово разрешување. „Од почетокот тврдев дека евентуалната постапка за мое разрешување е политичка одлука, затоа денеска поднесов неотповиклива оставка од функцијата јавен обвинител на Република Северна Македонија“, рече Коцевски. Тој ја извршуваше функцијата ...

Државните ревизори утврдиja сериозни неправилности во финансиското работење на Државна лотарија за 2024 година. Нелогични и непостоечки трансакции, злоупотреба на пари, незаконско работење во благајна, тендери без критериуми за квалитет. Во дел од извештајот, ревизорите ги потврдија истражувањата на РСЕ за Државна лотарија, кои резултираа и со обвинителски истраги. Лотариските апарати за коцкање купени за 9.700.000 евра, за кои ...

Советот на Европската Унија го поздравува фактот што евроинтеграцијата останува стратешка цел на Северна Македонија и ја повикува да ги интензивира напорите за унапредување на реформите поврзани со ЕУ. Ова меѓудругото се наведува во нацрт-заклучоците на Советот за проширување на ЕУ, а во пресрет на самитот на Унијата и лидерите на Западен Балкан, кој треба да се одржи утре, 17 декември во Брисел. Потсетувајќи на заклучоците од јули 2022 ...

Американски и украински претставници изјавија дека постигнале значителен напредок за време на дводневните разговори насочени кон ставање крај на руската инвазија, при што Вашингтон наводно му понудил на Киев безбедносни гаранции моделирани според „Член 5“ на НАТО за меѓусебна одбрана. Иако остануваат прашањата за клучните прашања, вклучително и судбината на територијата што Киев сè уште ја држи во источниот регион Донецк, американскиот ...

Увозникот на бразилско пилешко месо не е казнет затоа што е спречено таа храна да се продава на македоскиот пазар, велат од АХВ. Но, оттаму не ѝ го соопштуваат името на фирма која не ги почитувала македонските забрани за увоз на ова месо поради ризик од птичји грип. Според информациите од АХВ еден увозник на замрзнати производи е казнет годинава за обид да продава помфрит со помина рок. Вкупно 26 тони пилешки батаци без коска зачинети со ...

Еден ден откако беа ослободени во договор со Минск посредуван од САД, неколку белоруски политички затвореници кои поминаа повеќе од четири години зад решетки рекоа дека не жалат што се спротивставиле на авторитарниот лидер Александар Лукашенко. Во разговор со новинарите на 14 декември во украинскиот град Чернигов, истакнати личности од опозициското движење во 2020 година, Виктор Бабарика и Марија Калесникава, им рекоа на новинарите дека ...

Агенцијата за управување со одземен имот вели дека има раст на приходи од продажби на конфискуван имот и покрај недоволниот број вработени, ограничен буџет и мала оперативност. Европската комисија бара подобра евиденција за криминал, со фокус на враќање средства и конфискации. Агенцијата за управување со одземен имот во повторена постапка ќе се обиде да продаде дел од конфискуваниот имот на екс шефот на Управата за безбедност и ...

Резиме Некогаш дел од стратешката визија на Соединетите Држави, денес Косово речиси и да не постои во националната стратегија. Приоритетите на Вашингтон се променија, а Косово не го искористи периодот на мир и остана ранливо. Порано овој месец, Белата куќа на претседателот Доналд Трамп ја објави Националната безбедносна стратегија - документ издаден од секоја американска администрација за да ги објасни своите приоритети во надворешната ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американските претставници завршија повеќе од пет часа преговори во Берлин на 14 декември, без никакви индикации за потенцијални резултати, само што разговорите ќе продолжат денеска, 15 декември. „Средбата во Берлин меѓу претседателот Зеленски, специјалниот претставник Стив Виткоф, Џаред Кушнер и делегации од Соединетите Држави и Украина траеше повеќе од пет часа“, објави Виткоф на платформата X по ...

Резиме Седнавте на фотељата непосредно по извештајот на Европската Комисија којашто нотираше нарушен кредибилитет на институцијата по апсењето на екс-претседателката Татјана Димитриевска. Како да се врати интегритетот? Прашањето за интегритетот е лично прашање на личен интегритет на кој било носител на јавна функција. Дефинитивно тоа што се случи со поранешната претседателка остави трага во одреден период на работата на Kомисијата и нормално ...

Во Скопје денеска се одржа протестен собир за поддршка на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК), обвинети за воени злосторства. Собирот е организиран од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој на собирот ја истакна праведноста на војната на ОВК и поддршката за борците за слобода. Протестот претходно го поддржа и градоначалникот на Општина Чаир Изет Меџити од ВЛЕН, која е коалиционен партнер во актуелната влада. На плоштадот ...

Опозициската СДСМ и владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска разменија меѓусебни обвинувања околу прашањето за мигрантите и наводните планови за нивно прифаќање во Северна Македонија. Од СДСМ во соопштение порачаа дека прашањето за мигрантите е државно, а не локално, и побараа од премиерот Христијан Мицкоски да се изјасни дали ќе потпише резолуцијата со која, како што велат, би се гарантирало дека во земјава нема да се носат мигранти „за пари“. Според ...

Момчињата беа уапсени откако фотографиите на кои тие носат облека слична на онаа што ја носело семејството Шелби во популарната драмска серија Peaky Blinders станаа вирални на социјалните мрежи. Талибанската морална полиција уапсила четворица млади мажи во градот Херат, западен Авганистан, бидејќи биле облечени како ликови од познатата британска ТВ серија Пики Блајндерс (Peaky Blinders). Тие биле уапсени откако нивни фотографии во облека ...

Стотици млади лекари уште чекаат вработување во јавното здравство каде напливот на пациенти е несразмерен со бројот на вработени, а исто толку ја напуштаат државата. Здруженијата и Лекарската комора бараат стратегија за специјализации, затоа што недостасуваат анестезиолози, педијатри, онколози... Смената на министри во здравството и изборните процеси во последните две години, го одложија вработувањето на приватните специјализанти кои преку ...

Резиме И покрај забелешките во јавноста дека новиот Закон за контрола на индустриски емисии им овозможува на големите постројки да кријат што согоруваат како „деловна тајна“, Министерството за животна средина и просторно планирање тврди дека европските правила се во целост транспонирани во законот и дека правото на доверливост за индустриските капацитети одамна е воспоставено во македонското законодавство. „Новата Директива на ЕУ за ...

Резиме На местото каде што бил застрелан од снајперист како 10-годишник во октомври 1992 година, Елведин Суљиќ стои мирно денес, размислувајќи за лице што никогаш не го видел. Кој е човекот што го застрелал него и стотици други деца за време на опсадата на Сараево? „Шпицеста карпа“ била едно од снајперските гнезда на Армијата на Република Српска во тоа време. Од тоа место, снајперистите имале поглед кон улицата на Елведин, во старата населба ...

Резиме Шест месеци откако Русија ја започна целосната инвазија на Украина, каде што се родиле, Дмитриј Лаговски и неговата сопруга, го напуштија животот во московските предградија и се преселија во Србија со своите две деца. Борбата не беше опција, рече тој, па затоа избраа бегство. „Нашите пријатели се таму, родителите на мојата сопруга. Би било катастрофа ако отидам во војна против Украина“, изјави Лаговски во неодамнешното интервју за ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
86%
1006
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
92%
1000
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
91%
1002
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
64%
1007
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.46
83%
1003
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
96%
1002
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.34
82%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.66
67%
1006
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1004
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
77%
1002
weather icon

Будимпешта

-5ᴼ / -6ᴼ
2.68
89%
1002
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
9.77
62%
1009
Currency

61.555

Currency

52.9061

Currency

70.9285

Currency

35.3623

Currency

38.0301

Currency

66.0752

Currency

7.58295

Currency

0.66977

Currency

0.33514

Currency

0.5247

Currency

1.22495

Currency

0.58743

Калај

44.58

Рутениум

44142.98

Цинк

3.11

Родиум

311058.47

Платина

72143.25

Сребро

2492.14

Иридиум

169549.30

Бакар

11.76

Паладиум

58707.26

Кобалт

59.52

Алуминиум

3.08

Злато

143662.56