Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Резиме Инфлацијата официјално порасна за 4,1% на годишно ниво, а премиерот Мицкоски најавува построги санкции и можни затворања на маркети кои ќе продолжат со нефер трговски практики. ССМ предупредува дека работниците ја плаќаат цената, со најниски плати, поскапа струја и раст на цените, додека контролите не даваат резултати. Инфлацијата во Северна Македонија и натаму останува висока речиси двојно над просекот во Европа и покрај уверувањата ...
Жителите на Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа в недела ќе гласаат за градоначалник, откако лани пропаднаат изборите, поради мала излезност на гласачи. Во новата трка, Влен смени играчи, додека НАИ продолжи со истите. Во Центар Жупа има само еден кандидат. Вкупно 128 илјади луѓе ќе можат да излезат на повторени избори на 11 јануари и да гласаат за градоначалници во Гостивар,Врапчиште, Маврово и Ростуше и во Центар Жупа. ...
Протестите против иранскиот верски естаблишмент се шират, опфаќајќи нови градови и места, социјални групи и симболи, во она што активистите го опишуваат како нова фаза на конфликт со властите. Она што започна како спорадични демонстрации поради галопирачката инфлација и падот на националната валута на 28 декември, сега се видливи на улиците и затворените пазари низ целата земја со околу 92 милиони луѓе, во сцени што потсетуваат на Исламската ...
Резиме Осумнаесет жени и две малолетни девојчиња биле убиени во Северна Македонија од 2023 година до ноември 2025. Според податоците кои МВР седум се жртви на семејно насилство. Невладините бараат подобра проценка на ризикот за да се намали или елиминира најексплицитната форма на семејно односно родово-базирано насилство, а тоа е фемицидот. Северна Македонија се наоѓа на третото место во Европа по бројот на фемициди, според Евростат. „Или ќе ...
Северна Македонија располага со стотици милиони евра од ЕУ фондови за инфраструктура, животна средина и реформи, но искористеноста е „релативно слаба“. ЕУ буџетот за 2026 предвидува финансирањето да се базира на конкретни резултати. Проблем се и злоупотребите како последниот со ИПАРД фондовите, поради што средствата се стопирани. Централната пречистителна станица за отпадни води во Скопје е проект поддржан од Европската унија со грант од 70 ...
Она што првично започна како протести поради економски проблеми, се претвори во најголема закана за иранските верски владетели во последните неколку години. Истакнати активисти во земјата кои разговараа со Радио Фарда на РСЕ рекоа дека националните демонстрации сугерираат дека многу Иранци сакаат клерикалниот естаблишмент да исчезне. Но, тие додадоа дека промената мора да дојде одвнатре, а не како резултат на странска интервенција. ...
Запленувањето на руски танкер за нафта под руско знаме од страна на САД во северниот Атлантик драстично ги зголеми влоговите во поморската блокада на Венецуела што ја спроведува Вашингтон, уривајќи ја очигледната стратегија на Кремљ за пререгистрација на бродовите од т.н. „флота во сенка“ под руско знаме, со цел да им се обезбеди заштита и, истовремено, поттикнувајќи пошироки тензии со Москва. Според податоци на компанијата за поморска ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави на својот профил на социјалните мрежи Truth Social дека Соединетите Американски Држави извршиле „голем воен напад врз Венецуела“ и „го заробиле нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро, и неговата сопруга“. „Соединетите Американски Држави успешно извршија голем напад врз Венецуела и нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро, кој беше заробен и изнесен од земјата ...
Резиме Николас Мадуро пристигна во американски затвор откако беше транспортиран во Њујорк по неговото апсење САД привремено ќе управуваат со Венецуела сè додека не се овозможи „безбедна, соодветна и разумна транзиција“ на власта Американски компании ќе инвестираат во нафтената инфраструктура Николас Мадуро од Венецуела е во американски затвор откако беше транспортиран во Њујорк по неговото апсење од страна на американските сили во акција ...
Таа е една од најголемите железнички мрежи во светот, вработувајќи околу 700.000 луѓе и управувајќи со 85.000 километри пруга што спојува 11 временски зони, превезувајќи милиони патници и милиони тони товар секоја година. И е на пат кон банкрот. Руски железници, државниот монопол што е водечка транспортна компанија во земјата, голем економски мотор и составен дел од животот на Русите, е во длабоки финансиски проблеми. Состојбата е толку ...
На листата на чекање органи во Северна Македонија има околу 200 пациенти - 165 за бубрези, 30 за срце, останатите за црн дроб или за коски. Некои пациенти чекаат со децении, а дел од нив никогаш не дочекуваат орган. На листата на чекање органи во Северна Македонија има околу 200 пациенти - 165 за бубрези, 30 за срце, останатите за црн дроб или за коски. Некои пациенти чекаат со децении, а дел од нив никогаш не дочекуваат орган, вели Душко ...
Најмалку три лица загинаа, а неколку други се повредени во северниот сириски град Алепо, соопшти државната новинска агенција САНА во вторник (6 јануари), по смртоносните напади за кои сириските владините сили и Сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите меѓусебно се обвинуваат. Министерството за одбрана на Сирија соопшти во своја изјава дека СДФ ја продолжиле „ескалацијата“ со насочување кон позиции на армијата и населени области ...
Девет месеци по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, последиците од трагедијата се уште силно се чувствуваат во малиот град на истокот на државата. Болката од загубата на 63 млади животи во трагичната несреќа на 16 март 2025 година се одразува врз психолошката состојба на граѓаните, но и врз економската состојба во градот и во социјалните контакти меѓу луѓето. Затоа, градоначалникот Владко Грозданов вели дека Кочани ги живее најтешките ...
За Кремљ, најочигледната поента од апсењето на Николас Мадуро од страна на САД, може да биде дека тоа е удар врз регионалното влијание на Русија и врз гордоста на Владимир Путин, истакнат сојузник кој склучи договор за „стратешко партнерство“ со рускиот претседател во мај, а сега одеднаш е надвор од власт и седи во затвор во Њујорк. Апсењето на Мадуро доаѓа малку повеќе од една година по падот на Башар ал-Асад, сирискиот лидер кој ѝ даде на ...
Официјални лица од повеќе од 30 западни земји од таканаречената „Коалиција на подготвените“ што го поддржуваат Киев во војната со Русија, ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски додека продолжуваат да го допрецизираат мировниот предлог насочен кон ставање крај на најголемиот и најсмртоносен конфликт во Европа од Втората светска војна. На состанокот на 6 јануари ќе има и присуство на САД. Главните преговарачи на ...
19-годинишниот Валон, син на пратеникот од ДУИ, Блерим Беџети отвори градежна компанија која не е пријавена како дел од имотот во Антикорупциска, а тој тврди дека нема да градат згради. Седиштето на компанијата е во стан во сопственост на таткото на Блерим, Беџет Беџети. ДКСК одлучи да ја истражува неговата имотна состојба. Во време кога Финансиската полиција ја водеше предистражната постапка против Блерим Беџети за фалсификување градежна ...
До скоро редовна практика, но сега владата во Србија гледа вонредни парламентарни избори во иднина. Можеби напролет, можеби за една година. Вака реагира српскиот претседател Александар Вучиќ, кој доаѓа од владејачката Српска напредна партија (СНС), на барањето на студентите во блокада. Политикологот Дејан Бурсаќ за Радио Слободна Европа изјави дека постои проблем ако СНС, која ја нарекува „изборна машинерија“, не оди на вонредни избори, иако ...
Со соборениот венецуелски лидер Николас Мадуро во американски затвор, претседателот Доналд Трамп ги предупреди авторитарните владетели на јужноамериканската земја дека ќе „платат многу голема цена“ ако не „соработуваат“ со Вашингтон, дури и во услови на глобална загриженост поради американскиот воен напад. Трамп, во интервју објавено на 4 јануари во „Атлантик“, ја предупреди вршителката на должноста претседателка на Венецуела, Делси Родригез ...
Земјите од Западниот Балкан изразија различни реакции на нападот на Соединетите Американски Држави врз Венецуела во саботата, кој му претходеше на апсењето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро и неговото спроведување во притвор во Њујорк. Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека Соединетите Американски Држави ќе „управуваат“ со Венецуела до „соодветен трансфер на власта“ и ќе ги искористат нејзините големи нафтени резерви, по ...
Информатичарот Ихар Каратку е на половина од издржувањето на петгодишна казна во Корективната колонија бр. 2, затвор во Бабрујск, југоисточно од Минск. Причината поради која е затворен е донација од околу 10 долари на полкот „Кастус Калиноуски“, единица белоруски волонтери кои се борат на страната на Киев во руската војна против Украина. Васил Храчиха беше исто така осуден на пет години затвор претходно оваа година, но неговото место на ...
Со хуморот ја отсликува голата реалност со кој се среќава секојдневно обичниот човек, вели стенд-ап комичарот Душан Петровски во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Според него македонските политичари имаат потенцијал за стенд-ап комичари, со секое нивно ветување. Петровски, како стана комичар? „Силом прилике“. Од мал забележував кај луѓето посебни работи на говор, на движење, на такви работи. И знаев многу добро да ги имитирам. Имав ...
Засега, камерите регистрираат четири прекршоци. МВР најавува дека опфатот ќе се проширува, а „Безбеден град“ ќе се имплементира и низ цела држава. Според статистиките и тврдењата на полицијата, камерите веќе ги „опаметуваат“ возачите бидејќи во Скопје е намален бројот и на прекршоци и на повредени во сообраќајќи. Од 1 февруари почнува примената на проектот „Безбеден град“. Што знаеме досега? Тест периодот започна на 1 декември 2025 г. До ...
Резиме Задоволен сум што не сум во затвор, вели за РСЕ првиот осуденик на куќен затвор кој носеше електронска алка. На крајот на 2025 во Северна Македонија имаше активни над 900 предмети со пробација. Меѓу успешните примери на пробација е и приказната за велешанец кој пиел и ја малтретирал сопругата за што бил осуден. За РСЕ ја раскажа неговата приказна откако успеал да се излечи од зависноста Инструментот на пробација не е застапен доволно ...
Резиме Обвинението против „Марковски компани“ и осум други лица е за тендер за дислокација на погонските станици од рудникот „Осломеј” во рудниците на РЕК Битола за сума од над 1,7 милиони евра. Со меѓународна правна помош, ОЈО обезбеди 1,2 милиони евра, 1.000 швајцарски франци, 3 златни монети и 1 златна плочка од банкарски сеф во Белград во сопственост на Борче Марковски. Замрзнати се и 10 нови товарни возила на име на српска компанија на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази поддршка за демонстрантите кои се соочуваат со брутална репресија од безбедносните сили во Иран, по пет дена протести поради економските проблеми во земјата, кои резултираа со неколку смртни случаи и десетици апсења. Протестите започнаа во Техеран на 28 декември, поттикнати од колапсот на курсот на иранската валута во однос на американскиот долар и инфлацијата која порасна на 52 проценти. Подоцна ...
Најголем енергетски потрошувач е зградата на Министерството за здравство, државен објект кој според новиот Национален инвентар на јавни објекти е приоритетен за реконструкција. Неодамна донесениот Законот за енергетска ефикасност, пропишува енергетски сертификат и за приватните згради за домување кој ќе се впишува во имотниот лист. Министерстовото за енергетика, рударство и минерални суровини тргна во процес на пребројување на државниот имот ...
Резиме Северна Македонија на мапата на шверцерската рута за животни, функционира и како транзитен и како дестинациски пазар нелегалната трговија со животни под радарот на надлежните Кучиња од Србија често завршуваат на македонски пазар Желките најтргувани животни покажува дата базата на CITAS Егзотични животни како лама, лемури, ној, африканска коза и мајмунче се појавуваат во објави на социјални мрежи за продажба или пак како дел од ...
Корупција од најниско ниво до највисоките ешалони, институционална незаинтересираност, нефункционален систем, доведоа до најтешката несреќа изминатава година, пожарот во дискотеката Пулс, во кој загинаа над 60 млади луѓе и над двесте беа повредени. Жртви и натаму на улиците, за што се протестираше со прашањето - Кој е следен? Да го пуштиш детето на забава и никогаш да не се врати дома е најголемиот страв на секој родител. Тој страв стана ...
Протестите во Иран поради падот на валутата и стравот од инфлацијата продолжија втор ден во главниот град, и покрај обидите на безбедносните сили да ги растераат толпите со солзавец. Радио Фарда на РСЕ објави на 29 декември дека толпи луѓе биле видени како извикуваат слогани за економската состојба и против владата на собирите во Големата чаршија, каде што многу трговци ги затворија своите продавници, но и на други места во центарот на ...
Додека бројките покажуваат дека секој петти граѓанин живее во сиромаштија, граѓанскиот сектор предупредува дека 40 отсто од населението е во ризик од сиромаштија. Синдикатите бараат повисок минималец, но дали тоа е доволно? „Прескапо е. Со две деца и со две просечни плати, шанси нема да се истуркаат две недели, не па цел месец“, вели скопјанката Даница, мајка на две малолетни деца, коментирајќи ги трошоците што како семејство во пресрет на ...