Во Владата ќе има промена најмалку поради тоа што еден министер заминува - на локалните избори, министерот за животна средина и вицепремиер Изет Меџити беше избран за градоначалник на скопската општина Чаир. Премиерот Мицкоски уште летово најави смени во Владата за веднаш по локалните избори. Аналитичари очекуваат тоа да се случи веќе следниот месец. Реконструкција на Владата е неизбежна, а можно е и прекројување на силите во Собранието за ...

Српскиот парламент треба да одобри посебен закон за забрзување на планираниот проект во Белград од страна на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, игнорирајќи ги локалните загрижености во врска со проектот. Пратениците, на 4 ноември, ќе ги разгледаат предлозите, поддржани од владејачката Српска напредна партија (СНС) на претседателот Александар Вучиќ - кој со ентузијазам зборуваше за планот, велејќи дека тој ќе ...

Може да се случи повторно. Во 2019 година, Соединетите Држави го поддржаа лидерот на опозицијата кој сакаше да го собори претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. Русија се спротивстави на ова, обезбедувајќи дипломатска помош и мала воена поддршка на владата што може да биде најважниот партнер на Москва во Латинска Америка. Мадуро ја преживеа кризата кога повикот на Хуан Гваидо за воено востание не успеа и неговиот обид да дојде на власт ...

Неколку часа по прогласувањето на победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, премиерот Христијан Мицкоски со владина делегација заминаа во Брисел. Таму ќе се презентира извештајот за напредокот на земјава во кој е наведено дека сè уште не е исполнета обврската за уставни измени. Северна Македонија сè уште не ги усвоила потребните уставни измени со цел вклучување на Бугарите во Уставот, наведени во Заклучоците на Советот од јули 2022 година, ...

Владејачките партии извојуваа убедлив триумф на локалните избори во Северна Македонија, што им носи и огромна одговорност во наредниот период. Опозицијата, пред сè СДСМ, е десеткувана. Може ли да „забега“ власта со апсолутната моќ, на што предупреди и премиерот Христијан Мицкоски, но и како опозицијата да се врати по поразот? Дури 65 од вкупно 81 градоначалничко место во Северна Македонија завршија на контото на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ (ВЛЕН). ...

Северна Македонија сè уште не ги усвоила потребните уставни измени со цел вклучување на Бугарите во Уставот, наведени во Заклучоците на Советот од јули 2022 година, кои земјата се обврза да ги започне и постигне, се наведува во редовниот годишен извештај на Европската комисија за напредокот на земјите кандидати за членство во Европската унија (ЕУ). „Властите продолжија да работат на патоказите за владеење на правото, реформата на јавната ...

„Лудо е да се испраќаат пораки до кој било странски граѓанин дека не е добредојден во нашата земја. Тоа е економско самоубиство“, изјави премиерот Милојко Спајиќ во парламентот во четврток поради антитурската хистерија што ја тресе Црна Гора. Неговата влада претходно воведе визи за турските граѓани по итна постапка. На одлуката ѝ претходеше масовна тепачка во која, како што се сомнева, еден турски и еден азербејџански државјанин му нанесоа ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно посочи дека не размислува за обезбедување ракети „Томахавк“ за Киев - кој се залагаше за оружјето со долг дострел за кое вели дека е клучно за возврат на ударот врз Русија, бидејќи Кремљ ги интензивира воздушните напади врз украинските градови. На прашањето на новинар на „Ер Форс Уан“ на 2 ноември дали размислува за обезбедување софистицирани крстосувачки ракети за Украина, Трамп рече: „Не, не ...

Експертите стравуваат од „многу жртви“ откако земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди северниот авганистански град Мазар-е Шариф рано наутро на 3 ноември. Само пред два месеци, смртоносен и разорен земјотрес го погоди источниот дел од земјата. Геолошкиот институт на Соединетите Држави соопшти дека неговите модели укажуваат дека „веројатни се значителни жртви и дека катастрофата е потенцијално широко распространета“ околу градот со околу ...

Голема победа на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ прогласи лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски по вториот круг локални избори. Според досега објавените резултати, по двата круга, ВМРО-ДПМНЕ би имал 55 градоначалнички места, ВРЕДИ десет, шест се за СДСМ, НАИ четири, а ЗНАМ и Унијата на Роми би имале по еден градоначалник. Филипче и Ахмети најавија консолидација на партиите. Голема, голема победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ...

Мирно и без проблеми поминува изборниот ден во вкупно 33 општини, вклучително и Градот Скопје, каде што денеска, 2 ноември се одржува вториот круг од локалните избори во кој треба да се изберат градоначалници за следниот четиригодишен мандат. Гласачките места се отворија во 7 часот наутро, а ќе се затворат во 19 по што се очекува ДИК да почне со пребројување и објавување на гласовите. Гласањето се одвива непречено и во мирна атмосфера, ...

Десет лица од кои за деветмина се проценува дека имаат повреди опасни по живот се хоспитализирани по нападот со нож во возот на линијата Донкастер-Лондон Кингс Крос на 1 ноември. Полицијата добила повици од патници во возот околу 19:40 часот, кои ги известиле за инцидентот, јавува Би-Би-Си. Околу 21:45 часот, градоначалникот на Кембриџшир објави дека две лица се уапсени и се во притвор. Полицијата на Кембриџшир подоцна го потврди ова. ...

Во вкупно 33 општини, вклучително и Градот Скопје, денеска (2 ноември) се одржува вториот круг од локалните избори во кој треба да се изберат градоначалници за следниот четиригодишен мандат. Гласачките места се отворија во 7 часот наутро, а ќе се затворат во 19 по што се очекува ДИК да почне со пребројување и објавување на гласовите. Право на глас имаат 1 013 375 граѓани. Втор круг се одржува онаму каде што ниту еден од кандидатите не освои ...

08:21 Втор круг локални избори за градоначалници во 33 општини Во вкупно 33 општини, вклучително и Градот Скопје, денеска (2 ноември) се одржува вториот круг од локалните избори во кој треба да се изберат градоначалници за следниот четиригодишен мандат. Гласачките места се отворија во 7 часот наутро, а ќе се затворат во 19 по што се очекува ДИК да почне со пребројување и објавување на гласовите. Право на глас имаат 1 013 375 граѓани. Втор ...

Србија на 1 ноември ја одбележува годишнина од трагедијата во Нови Сад, кога загинаа 16 лица по уривањето на бетонската настрешница на железничката станица. Настанот, што ја потресе јавноста, предизвика најголеми антивладини протести во последните децении. Српскиот претседател Александар Вучиќ повика на мирна комеморација додека земјата го одбележува националниот ден на жалост на 1 ноември, првата годишнина од смртоносниот пад на ...

На 18 октомври, Роман Сопин ја повикал мајка си и ја замолил да му донесе облека, пари и контактни леќи. Тој бил однесен од една улица во Киев од страна на офицери за регрутација и се подготвувал да биде примен во украинските вооружени сили за да се бори против напаѓачките руски трупи. Еден ден подоцна, Сопин бил во болница со тешка повреда на главата која се покажала како фатална: Починал на 23 октомври. Војската тврди дека Сопин се ...

Вториот круг од локалните избори во земјата ќе се одржи утре, додека денеска вообичаено први гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во старските домови. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), денеска треба да гласаат 4 826 болни и изнемоштени лица, чии барања се одобрени од Општинските изборни комисии. Ќе гласаат и затворениците и лицата во домашен притвор од општините каде се бираат градоначалници. Во ...

Во шумските пожари во Северна Македонија летово е опожарена површина од 17.107 хектари. „Национални шуми“ проценија дека штетата е до 50 милиони евра. Според полицијата, многу пожари биле намерно подметнати што повторно го покренува прашањето за одговорност и превенција. Системски пристап и инвестиции во опрема и во кадар можат да спречат идни катастрофи и да ги заштитат вредните шумски ресурси. Како да изгоре речиси целата шума на Водно - ...

Македонските граѓани ќе гласаат на вториот круг за градоначалници во 33 општини, откако во првиот круг ниту еден од кандидатите таму не обезбеди мнозинство. Во Град Скопје силите ќе си ги одмерат канидатите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица Вкупно 474 илјади Скопјани со право на глас в недела (2 ноември ) ќе имаат право со заокружување на бројче во избирачкото ливче да донесат одлука, кој ќе ја наследи актуелната градоначалничка Данела Арсовска. Во игра ...

Резиме Еден ден откако Соединетите Држави ги укинаа санкциите против Милорад Додик, се поставува прашањето - дали ова значи ново политичко поглавје во Босна и Херцеговина? Аднан Черимагиќ, аналитичар на Европската иницијатива за стабилност од Берлин, смета дека со овој потег САД покажуваат дека сè уште се „на возачкото седиште“ кога станува збор за меѓународниот ангажман во Босна и Херцеговина. „Одлуката за укинување на санкциите е дел од ...

Во четирите општини, бројот на гласачи е поголем од бројот на резидентното население што беше попишано во 2021 година. Иако и статистичарите и ДИК посочуваат дека Избирачкиот список и пописот се различни категории и не може да се споредат, сепак, податоците даваат слика колку лица се иселени и зошто, меѓу другото, не се постигнува цензус. Ги има на хартија, но ги нема пред гласачките кутии. Недоволниот број на луѓе што излегоа на гласање ги ...

Резиме Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, и неговиот кинески колега Си Џинпинг, одржаа разговори во Јужна Кореја, каде што разговараа за војната во Украина и се согласија да ги ублажат елементите од нивната тешка трговска војна. По состанокот во четврток, Трамп рече дека имал „неверојатен состанок“ со Си и дека се согласиле за „многу важни прашања“, вклучувајќи трговија, царини и ретки минерали. Тој им рече на новинарите дека ...

Ни леви, ни десни, ни граѓански, ни националистички. И покрај ставот на студентското движење да не одлучува за прашања што би го поларизирале општеството во Србија, годината масовни антивладини протести беше обележана со десничарски и националистички пресврти. „Десницата апсолутно се обидува да го преземе протестот, но не е толку голема. Само е погласна и добро организирана“, оцени политикологот Душко Радосављевиќ за Радио Слободна Европа ...

За соочувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и НАИ во Кичево и ВЛЕН и НАИ во Тетово, но и гласањата во Карпош и Центар, клучни може да бидат гласовите од кандидатите кои отпаднаа во првиот круг. Но, прашање е дали ќе има јавни или тајни соработки меѓу партиите и колку овие гласачи ќе бидат „послушни“? Кој кого ќе поддржи во вториот круг од локалните избори и може ли евентуалната поддршка меѓу различни партии да пресуди кој ќе стане градоначалник во ...

Наместо полесен пристап до јавните информации, со нов нацрт-закон за отворени податоци се предлага процес со кој „во одредени случаи“ државните институции ќе бараат дозволи за повторна употреба на нивните податоци. Новинарите стравуваат дека тоа ќе ја претвори транспарентноста во долгa административна процедура. Министерството за дигитална трансформација подготви Нацрт-закон за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот ...

Запалени автомобили, демолирани барови, физички напади и пораки „Турци надвор“ се сликите од Црна Гора овие денови. Спиралалата на насилство врз турските граѓани започна по тепачка во која, како што се сомнева обвинителството, турски и азербејџански државјани лесно ранија маж од Подгорица. Потоа следеа напади врз турски граѓани и нивниот имот, како и организирани протести со заканувачки пораки испратени до нив. Владата воведе визи за турските ...

Претставници на влади, меѓународни организации и приватниот сектор на Меѓународниот форум за енергија за одржлив развој ќе бараат начини како да се трансформираат глобалните енергетски цели во конкретни акции. Ставот е дека енергетската стабилност не е само економско, туку и безбедносно прашање. Децентрализирање на енергетските системи не е повеќе прашање на избор, туку стратешка одлука која носи отпорност, пониски трошоци и енергетска ...

Tаблетите за абортус ги има на црниот пазар, додека МАЛМЕД и натаму не ги регистрира и затоа во аптеките ги нема. Но, се купуваат на интернет или во странство, како и со посредство на некои матични гинеколози. Овие абортуси не се контролирани од лекар, а пациентки со компликации помош барале Гинеколошките клиники. На интернет, во дел од гинеколошките ординации, но и во аптеки во земјите од соседството – таблетите за абортус се набавуваат ...

Рускиот претседател Владимир Путин го прими највисокиот дипломат на Северна Кореја во Кремљ на 27 октомври, министерката за надворешни работи Чое Сон Хуи, додека руските сили продолжуваат со својот напад во источна Украина, продирајќи во клучен град во услови на жестоки борби. Севернокорејските медиуми објавија дека министерката за надворешни работи Чое Сон Хуи разговарала за „многу идни проекти за постојано зајакнување и развој“ на ...

Украинските мажи кои сакаат да избегнат воена служба плаќаат до 15.000 долари на шверцерски банди кои вработуваат деца како водичи за да ги пренесат преку границата во Романија. Тоа е еден од феномените што придонесува за постојаните проблеми со регрути додека Киев се бори против руската инвазија. Две ситни бели фигури може да се видат како трчаат на црно-бел екран. Неколку моменти подоцна, трета фигура се приближува од спротивната насока и ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
86%
1006
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
92%
1000
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
91%
1002
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
64%
1007
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.46
83%
1003
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
96%
1002
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.34
82%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.66
67%
1006
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1004
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
77%
1002
weather icon

Будимпешта

-5ᴼ / -6ᴼ
2.68
89%
1002
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
9.77
62%
1009
Currency

61.555

Currency

52.9061

Currency

70.9285

Currency

35.3623

Currency

38.0301

Currency

66.0752

Currency

7.58295

Currency

0.66977

Currency

0.33514

Currency

0.5247

Currency

1.22495

Currency

0.58743

Платина

72143.25

Злато

143662.56

Иридиум

169549.30

Цинк

3.11

Кобалт

59.52

Паладиум

58707.26

Калај

44.58

Алуминиум

3.08

Бакар

11.76

Сребро

2492.14

Родиум

311058.47

Рутениум

44142.98