Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изрази надеж дека Европската Унија нема да пропадне поради наметнување на едноумие, како што тоа им се случи на Југославија и Советскиот Сојуз. Милановиќ е во дводневна посета на Словачка, каде што утре ќе се сретне со словачкиот колега Петер Пелегрини и со премиерот Роберт Фицо. На состанокот со претставниците на хрватското национално малцинство во хрватската амбасада во Братислава, Милановиќ ...

Мирен протест, но со мал одзив од граѓаните, се одржа пред грчкиот Парламент во рамките на 24-часовниот штрајк на синдикатот на вработените во државниот сектор поради гласањето на буџетот за 2026 година, што вечерва се очекува да биде изгласан од пратениците, јави дописничката на МИА од Атина. Од синдикатот сметаат дека новиот буџет е „антиграѓански и носи дополнителни даночни оптоварувања за работниците“, што воедно беа и пораките што ги ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, поднесе тужба од 10 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари 2021 година, во документарецот „Панорама“. Трамп го обвини британскиот јавен радиодифузер за клевета и кршење на законите за трговски практики, според судските документи поднесени во Флорида. Тој бара отштета од пет милијарди долари за секое од двете обвиненија. Би-Би-Си му се извини на Трамп минатиот месец, ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија не сака привремено примирје што би ѝ дало пауза на Украина за да ја продолжи војната, туку целосен мир. „Ние сакаме мир. Не сакаме примирје за да ѝ дадеме пауза на Украина и да ја подготвиме за продолжување на војната“, изјави Песков пред новинарите, коментирајќи го предлогот на Киев за божиќно примирје. Песков додаде дека Москва ќе учествува во разговорите само ако постои искрена ...

Сериозен и трагичен инцидент се случил во училиште во Московскиот регион утрово кога малолетник со нож нападнал луѓе во образовната институција. Петнаесет-годишник е уапсен во селото Горки, во близина на Москва, откако е осомничен за убиство на десет-годишно момче. Тешко ранил уште тројца ученици и еден обезбедувач, во напад врз училиште. Според достапните информации, тинејџерот Т.К. е ученик во деветто одделение во училиштето. Тој го ...

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара итно донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи. Платформата на граѓански организации за борбата против корупцијата изразува сериозна загриженост поради бавниот процес на донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи. Иако Платформата активно учествуваше во работната група формирана од Министерството за правда и беа одржани 15 состаноци и две јавни ...

Со по двајца претставници од шестте пратенички групи од најголемите партии ќе се формира работна група која ќе работи на новиот Изборен законик. Со неа ќе претседава претседателот на Собранието Африм Гаши. Тој најави дека работната група ќе организира широка дебата во врска со новиот закон. Неодамна премиерот Христијан Мицкоски изјави дека предлогот на новиот закон е готов, а дебатата за него ќе почне по завршувањето на дополнителните ...

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа вистински спектакл на „Олд Трафорд“, кој заврши без победник, но со неверојатни осум погодоци – 4-4. Во натпревар полн со пресврти, двата тима неколкупати водеа и се враќаа од негатива, приредувајќи еден од највозбудливите дуели сезонава. Јунајтед тргна офанзивно и уште во првите десет минути создаде сериозен притисок со шест удари кон голот на гостите. Иницијативата беше крунисана во 13. минута, кога ...

Џаред Кушнер се повлече од планираниот проект за изградба на хотелот „Трамп“ во Белград, откако иницијативата предизвика масовни протести и кривични постапки против високи српски функционери, објави „Волстрит џурнал“. „Бидејќи значајните проекти треба да обединуваат, а не да разделуваат, и од почит кон народот на Србија и градот Белград, ја повлекуваме нашата апликација и во овој момент се повлекуваме“, изјави портпарол на инвестициската ...

Во Австралија знамињата ќе бидат спуштени на половина копје во знак на жалост за жртвите од масовното пукање на плажата Бондаи во Сиднеј, соопшти австралискиот премиер Ентони Албанезе. На прес-конференција, Албанезе истакна дека Австралија нема да дозволи поделби, насилство и омраза да ја разнишаат државата и порача дека нацијата ќе помине обединета низ овој тежок период. Во меѓувреме, министерот за здравство на сојузната држава Нов Јужен ...

Недостатокот на редовна сексуална активност не влијае само на интимниот живот, туку може да има последици и врз целокупното здравје, предупредуваат експерти. Иако сексуалната активност е личен избор и зависи од многу фактори, бројни истражувања покажуваат дека подолг период без секс може да се одрази и физички и психички. Редовниот секс придонесува за подобро расположение, бидејќи при интимен однос се ослободуваат хормони како ендорфин и ...

Десетици илјади луѓе синоќа протестираа во Будимпешта поради новообјавени информации за долгогодишен скандал со злоупотреба на деца во државни институции, јави ДПА. Протестот беше организиран од опозициската Партија Тиса на лидерот Петер Маѓар, откако беше објавен владин извештај со над 3.000 случаи на злоупотреба во домови за згрижување. Извештајот бил завршен во 2021 година, но останал во тајност. Министерството за внатрешни работи го ...

Најмалку 12 лица загинаа, а 29 се повредени во вооружен напад на плажата Бонди во Сиднеј, соопшти полицијата на сојузната држава Нов Јужен Велс. Меѓу загинатите има девет цивили и еден напаѓач, додека двајца полицајци се повредени при интервенцијата. Според првичните информации, еден од напаѓачите е убиен на местото на настанот, а втор осомничен се наоѓа во критична состојба. Полицискиот комесар на Нов Јужен Велс, Мал Ланион, изјави дека ...

Поранешниот претседател на Боливија, Луис Арсе, вчера беше префрлен во затворот „Сан Педро“ во Ла Пас, каде ќе помине пет месеци во истражен притвор поради сомнежи за злоупотреба на јавни средства наменети за проекти за домородното население. Истрагата се однесува на периодот кога Арсе ја извршуваше функцијата министер за економија во владата на Ево Моралес, која беше на власт од 2006 до 2019 година. Со силно полициско обезбедување, Арсе ...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека постигнал нов договор за прекин на непријателствата меѓу Тајланд и Камбоџа, по најновата ескалација во која загинаа десетици лица од двете страни. Трамп потсети дека претходно учествувал во постигнувањето на мировен договор меѓу двете земји, но дека односите повторно се влошиле по инцидент во кој експлозија покрај пат усмртила и повредила повеќе тајландски војници. „Утрово имав ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД набрзо ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела за САД. Трамп изминатите недели повеќе пати се закануваше дека ќе нареди напади со цел да ги пресретне пакетите со дрога што се транспортираат по копнен пат. Американската армија напаѓа и бродови во Карипско Море, за кои се сомнева дека шверцуваат дрога во рамките. Додека претседателот на Венецуела, ...

Советникот за надворешна политика на рускиот претседател, Јуриј Ушаков изјави дека Москва не го видела ревидираниот американски предлог по последните разговори со Украина. – Не ја имаме видено ревидираната верзија на американскиот предлог. Кога ќе ја видиме, можеби нема да ни се допадне, така чувствувам, наведе Ушаков. Тој додаде дека се очекува европските и украинските претставници да учествуваат во „активна сесија за размена на идеи“ во ...

Парламентот на Бугарија со 227 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“ денеска ја прифати оставката на владата н Росен Жељазков. Тој вчера на итна конференција во Парламентот изјави дека владата поднесува оставка. Оставката е дадена пред гласањето за недоверба на владата поднесена минатиот петок од партијата Промените продолжуваат – Демократска Бугарија (ПП-ДБ) и поддржано со потписите на пратениците од Алијанса за права и слободи ...

Безбеден град ќе започне да функционира од 1 февруари 2026 година на територија на Скопје, Тетово и Куманово, како и долж коридорите 8 и 10, потврди МВР за МИА. За прекршоците регистрирани преку системот „Безбеден град“, Министерството за внатрешни работи (МВР) на сопственикот на возилото со кое е направен сообраќајниот прекршок испраќа СМС порака и е-пошта на контактите дадени при регистрација. Во пораката ќе има линк за преземање на ...

Украинските сили извршија напад врз нафтеното поле Филановски на руската компанија „Лукоил“ во Каспиското Езеро, објави Блумберг. Според извештаите, украински дронови ја погодиле офшор платформата најмалку четири пати, со што било прекинато производството на повеќе од 20 бушотини. Од „Лукоил“ засега нема официјална реакција. Полето Филановски, кое се наоѓа во рускиот дел од Каспиското Езеро, има годишен капацитет од околу шест милиони тони ...

Добитничката на Нобеловата награда за мир, Марија Корина Мачадо, изјави дека се надева дека Венецуела „конечно ќе биде слободна“. „Им кажувам на сите граѓани на светот во овој момент дека се надевам дека Венецуела ќе биде слободна и дека ќе стане бастион на надежта и демократијата“, изјави Мачадо на прес-конференција во Осло. Таа додаде дека „мирот е најголемиот чин на љубов“ и дека ја добила Нобеловата награда „поради љубовта на милиони ...

Многумина се прашуваат дали мастурбацијата навечер е лоша навика. Одговорот не е толку едноставен како што се мисли. Истражувањата покажуваат дека таа, всушност, нема сериозни здравствени последици ако се практикува умерено и без да го нарушува сонот или секојдневните обврски. Навечер, мастурбацијата може да има дури и позитивен ефект. Таа помага за ослободување од стресот и напнатоста, па дури и може да ја подобри квалитетот на сонот кај ...

Кина го погуби Баи Тианхуи, поранешниот генерален директор на компанијата за управување со средства „Чајна Хуаронг Интернешнал Холдингс Лтд.“, откако беше осуден за примање мито во вредност од 156 милиони долари. Егзекуцијата беше извршена во северниот кинески град Тјанџин по одобрување од Врховниот народен суд, според државните медиуми. Со пресудата од мај 2024 година, Баи е осуден на смрт, одземени му се политичките права доживотно, ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека планира да интервенира поради обновените судири на границата помеѓу Тајланд и Камбоџа. Тој наведе дека е можно телефонски да разговара со лидерите на двете земји. – Малкумина можат да се јават по телефон и да ја спречат војната помеѓу две многу моќни земји, Тајланд и Камбоџа, наведе Трамп при синоќешната посета на американската сојузна држава Пенсилванија. Околу шест недели по ...

Венецуелската добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година, Марија Корина Мачадо нема да присуствува на денешната церемонијата на доделување награди во Осло поради заканите од авторитарното раководство на нејзината земја, соопшти денеска Нобеловиот институт. Директорот на Институтот, Кристијан Берг Харпвикен изјави дека Мачадо не е во Норвешка и нема да присуствува на денешното доделувањето на наградата во Градското собрание на ...

Папата Лав, по вчерашната средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Европа мора да има централна улога во напорите за завршување на војната во Украина и оцени дека секој мировен план што ја игнорира европската улога е нереален. Тој нагласи дека конфликтот се води на европско тло и дека европските држави мора да бидат вклучени во обезбедувањето безбедносни гаранции за Украина. Одговарајќи на новинарско прашање, ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Европската Унија може да ги реши отворените геополитички прашања во регионот само доколку ги прифати сите држави заедно, без селективен пристап. Тој ова го порача на панел-дискусијата „Европска конкурентност во фрагментирана геополитичка средина“, одржана во рамки на форумот „BELTALKS“. „Ако прифатите еден, двајца или тројца од нас, што ќе правиме со останатите? Како ќе се справиме со тоа и ...

Дерби дуелот од 6. коло во Лигата на шампионите се одигра во Милано, каде Интер беше поразен од Ливерпул со 0-1 на „Џузепе Меаца“, откако победничкиот гол беше постигнат од пенал во самиот финиш. Во првото полувреме, во 32. минута, Конате ја затресе мрежата на домаќините, но погодокот беше поништен поради игра со рака на еден од фудбалерите на Ливерпул. Клучниот момент се случи во завршницата, кога Бастони направи прекршок во шеснаесетникот, ...

Британецот Дерек Ричи (63) мора да врати 28.640 евра кои 11 години ги примал поради административна грешка направена уште во 2014 година. Наместо навремено известување, службите дури во март годинава му испратиле писмо со извинување и барање целата сума да ја врати – одеднаш или на рати. Ричи побарал дополнително објаснување, но не добил никаков одговор. Наместо тоа, по три месеци добил предупредување дека ќе биде тужен доколку не започне со ...

Руски воен транспортен авион се урна во северниот регион Иваново – соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Во авионот имало седум лица – соопшти Министерството. Дневниот весник „Комерсант“ објави дека сите патници загинале. Според извештаите, во тек е операција за пребарување и спасување во ненаселеното подрачје. Авионот „Антонов Ан-22“ е развиен за време на советската ера во 1960-те. Според медиумските извештаи, ова бил последниот ...

weather icon

Скопје

-7ᴼ / -7ᴼ
0.51
86%
1015
weather icon

Белград

-10ᴼ / -11ᴼ
2.06
92%
1012
weather icon

Загреб

-9ᴼ / -9ᴼ
0.51
92%
1009
weather icon

Софија

-5ᴼ / -5ᴼ
3.6
74%
1014
weather icon

Сараево

-2ᴼ / -2ᴼ
6.53
68%
1011
weather icon

Љубљана

-8ᴼ / -9ᴼ
2.57
86%
1011
weather icon

Атина

9ᴼ / 6ᴼ
3.13
50%
1014
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
80%
1017
weather icon

Подгорица

-2ᴼ / -2ᴼ
2.06
74%
1017
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -4ᴼ
5.81
80%
1006
weather icon

Будимпешта

-6ᴼ / -11ᴼ
2.24
82%
1009
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
4.12
65%
1009
Currency

61.555

Currency

52.853

Currency

70.9578

Currency

35.3623

Currency

38.0917

Currency

66.0649

Currency

7.56297

Currency

0.65614

Currency

0.33649

Currency

0.5246

Currency

1.22495

Currency

0.58743

Иридиум

169549.30

Бакар

11.67

Калај

44.87

Цинк

3.17

Платина

69516.08

Сребро

2439.02

Злато

142522.91

Рутениум

44142.98

Родиум

316684.85

Алуминиум

3.10

Паладиум

54399.06

Кобалт

59.52