Скопје
-7ᴼ /
-7ᴼ
Во експлозија на југот од Москва, синоќа загинале три лица, меѓу кои и двајца припадници на руската сообраќајна полиција. Двајцата полицајци забележале сомнително лице во близина на нивното возило кога му се приближиле со намера да го легитимираат и приведат, била активирана експлозивна направа. Загинале двајцата полициски службеници, како и лице што се наоѓало во нивна близина. Пред два дена од автомобил-бомба беше убиен руски генерал. ...
Јавното обвинителство на белгиската провинција Лимбург соопшти дека идентификувала 12 ученици кои упатувале онлајн закани кон министерката за образование во Регионалната влада на Фландрија, Зухал Демир, меѓу кои најмладиот бил на возраст од само 10 години. – Тоа се ученици на возраст меѓу 10 и 15 години, од цела Фландрија. Сите ќе добијат пријави и соодветни мерки, изјави Ана Дегран од Јавното обвинителство на Лимбург. Според Дегран, ...
Папата Лав XIV во пресрет на католички Бозиќ, повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет, не споменувајќи никаков конкретен конфликт, но изразувајќи жалење што „Русија се чини дека го отфрли барањето за примирје”. „Ја повторувам оваа молба до сите луѓе со добра волја да одбележат барем еден ден мир на овој празник на раѓањето на Спасителот”, рече папата додека. Лав XIV ја одржа својата прва божиќна миса откако беше избран за папа. ...
Младиот напаѓач на Реал Мадрид, 19-годишниот Бразилец Ендрик ќе игра на позајмица во Лион до крајот на сезоната, потврди францускиот клуб на своите социјални мрежи. Поранешното „чудо од дете“ не успеа да се наметне во соблекувалната, па затоа реши да го побара спасот во Франција. Главната причина за заминувањето е потрагата по повеќе време за играње, бидејќи младиот Бразилец сè уште се надева дека ќе биде на списокот за патување за Светското ...
Владата на Црна Гора објави дека ги укинала визите за граѓаните на Турција, со намалување на дозволениот престој од 90 дена на 30, со цел да се спречи нелегалната миграција и во согласност со визната политика на Европската Унија. Одлуката донесена без одржување седница, врз основа на согласноста на мнозинството членови, е дел од поширок пакет мерки за усогласување на визната политика со Европската Унија, што вклучува и прилагодување на ...
Началникот на Генералштабот на либиската армија, Мохамед Ал Хадад, и неговата придружба загинаа денес во авионска несреќа што исчезна од радарот кратко по полетувањето од аеродромот Есенбог во Анкара во Турција. Авионот наводно се урнал на околу два километри од селото Кесикавак во округот Хајмана. Снимките од безбедносните камери што кружат на социјалните мрежи покажуваат блиц за кој се верува дека е поврзан со падот на авионот. Турскиот ...
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, изјави дека новиот селектор на македонската репрезентација, Гоце Седлоски, е вистинскиот избор за оваа позиција. „Баравме човек со ‘фајтерски’ карактер, го добивме во Седлоски, тој беше таков и на терен“, рече Омерагиќ. „Го знам како карактер, како човек и мислам дека е вистинскиот избор за селектор на репрезентацијата. Се работи за човек што многу дал на македонскиот ...
Еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња, Васил Рингов, почина на 71-годишна возраст по кратко боледување. Рингов е еден од најголемите фудбалери во историјата на македонскиот фудбал и на Вардар. Роден е во Струмица на 17 април 1955 година, каде што ја започна својата кариера во локалната Беласица. Кратко време го носеше дресот на Партизан, а потоа играше во Тетекс, а оттаму се пресели во Вардар, каде што остави најимпресивна ...
За оние, кои преферираат парадокс, кои бараат, но не разговараат кога ги повикуваме на дијалог, ќе повторам: оваа Влада нема да подлегне на уцени и од друга страна не можеме да бидеме пристрасни кон една општествена група на сметка на останатите, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница осврнувајќи се на протестите на земјоделците, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис изрази надеж дека ...
Русија го смета за охрабрувачки изборот на новиот генерален директор на УНЕСКО, Халед Ел Анани, кој вети дека ќе ја реформира организацијата, првенствено преку деполитизација, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. „За време на изборната кампања, тој се залагаше за реформа на УНЕСКО, првенствено преку деполитизација на нејзините активности. Поточно, реформирање на тоа што францускиот генерален директор, кој ја имаше оваа ...
Колумбискиот претседател Густаво Петро прогласи 30-дневна економска и социјална вонредна состојба за да ѝ овозможи на владата да воведе нови даноци откако Конгресот ја отфрли неговата даночна реформа за финансирање на буџетот за 2026 година. Петро, првиот левичарски претседател во историјата на Колумбија, тврди дека земјата се соочува со „непосредна фискална криза“ што може да влијае на благосостојбата на населението, објави „Фигаро“. ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека очекува Русија да преземе тешки напади по Божик. Тој пред дипломатите во Киев наведе дека е сосема нормално Русија да почне масовни напади за Божик, потенцирајќи оти ситуацијата е тешка поради недостиг на системи за воздушна одбрана. Украина го слави Божиќ на 25 декември, иако многу Украинци се придржуваат до православните традиции и го слават празникот на 7 јануари, како во Русија. ...
Полски и сојузнички авиони утрово полетаа за да го заштитат полскиот воздушен простор откако Русија изврши воздушни напади врз западна Украина, во близина на полската граница. Борбените авиони беа мобилизирани, а копнениот систем за воздушна одбрана и радарскиот систем за извидување беа ставени во состојба на висока готовност, објави полската армија на платформата Икс. Полската армија посочи дека преземените мерки се со превентивен карактер ...
Пишува: Никола Тасев Али Ахмети повторно се обидува да се заканува. На неделниот когрес ги извади истите, одамна потрошени трикови. Со говор полн со закани, митологија и самовеличење се обиде да нe убеди дека сe уште ги држи конците на Македонија во свои раце. Го заборави тој поразот од локалните избори или се уште од него му се врти во главата па му дојдоа вакви изблици? Или пак, може е лут оти гледа чести апсења на неговите соработници за ...
Од ЕУ пак ни стаса убавата вест дека Унијата многу сакала да се проширува со нови членки. На вчерашниот Самит ЕУ – Западен Балкан беше издадена декларација каде буквално стои: “Иднината ви е во Унија. Проширувањето претставува реална можност што треба да се искористи”. Беше нагласено дури и дека „Итноста на нашето време бара одржлив моментум”. Вакви пораки добиваме долго време. Ама ниту има проширување, ниту има некаква итност во Брисел кога ...
Американската мултинационална компанија Амазон блокира повеќе од 1.800 пријави за работа под сомнение дека се поднесени од севернокорејски агенти. Главниот директор за безбедност на Амазон, Стивен Шмит изјави дека државјани на Северна Кореја се обиделе да аплицираат за ИТ работни места од далечина користејќи се со украдени или лажни идентитети. – Нивната цел е обично едноставна: да добијат работа, да бидат платени, а потоа да ги пренасочат ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека основниот пакет нацрт-документи како дел од мировниот план за завршување на војната е подготвен. Според него, мировниот план содржи вкупно 20 точки и претставува основа за понатамошни разговори, иако, како што посочи, не е совршен. „Сè што требаше да се направи за првите нацрти е веќе завршено. Постои план од 20 точки. Не е сè идеално, но планот постои“, изјави Зеленски, пренесува ...
Смртта на генералот Фанил Сарваров во Москва е ужасно убиство, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков додаде дека руските безбедносни служби ќе преземат се што е потребно во рамки на истрагата за убиството, пренесе „РИА Новости“. Според Рускиот истражен комитет, Сарваров, началник на одделот за оперативна обука на Генералштабот на руските вооружени сили, бил тешко повреден кога експлодирала направа поставена под неговиот ...
Дејан Станковиќ се врати на клупата на Црвена звезда, како што беше и во 2019 година, кога за прв пат го предводеше својот омилен клуб, наследувајќи го Владан Милојевиќ. На официјалната промоција, Станковиќ откри дел од својата голема цел и со одбрани зборови зборуваше за Синиша Михајловиќ, како и за тандемот Александар Катаи – Мирко Иваниќ. Владан Милојевиќ кратко се прости преку веб-страницата на клубот, велејќи: „Ти благодарам за се, ...
Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа на 66. место на најновата ранг-листа на ФИФА, последна за 2025 година. Декемвриското рангирање, објавено денеска, покажува дека македонските фудбалери назадувале за едно место, со идентичен број бодови (1378,57) како и на претходната листа. На врвот на ранг-листата останува Шпанија, пред Аргентина, Франција и Англија. Португалија се задржа на шестото место, Холандија на седмото, Белгија на ...
Авион на Ryanair се судри со камион за гориво на аеродромот во Единбург, по што патниците беа евакуирани како мерка на претпазливост. Леталото требало да полета кон Фаро во 10 часот наутро. Според првичните информации, во инцидентот нема повредени лица. Очевидци велат дека авионот се движел со мала брзина во моментот на судирот, што спречило посериозни последици. „Беше навистина ужасно искуство, иако пилотот се јави и се обиде да ја смири ...
Кремљ денеска соопшти дека американските разузнавачки агенции грешат кога веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин сака да ја преземе цела Украина и делови од Европа што некогаш биле дел од поранешниот Советски Сојуз. Британските медиуми минатата недела објавија, повикувајќи се на шест неименувани извори, дека извештаите на американските разузнавачки служби продолжуваат да предупредуваат дека Путин не се откажал од својата цел да ја ...
Руски генерал е убиен во бомбашки напад во Москва, соопштија денеска државните истражители, пренесе ДПА. Истражниот комитет соопшти дека генерал-потполковник Фанил Сарваров загинал од експлозивна направа поставена на неговиот автомобил во станбена област во јужниот дел на рускиот главен град. Истражителите испитуваат неколку можни мотиви за убиството, вклучително и дали биле вклучени украинските разузнавачки служби, изјави портпаролката на ...
По неколкудневните блокади и протести, земјоделците во Грција донесоа одлука да не ги блокираат граничните премини за време на божиќните и новогодишните празници. Земјоделците привремено се откажале од блокадите со цел да не се создава дополнителен проблем во периодот на зголемена празнична фреквенција. Граничните премини меѓу Македонија и Грција во изминатиот период беа често затворани или функционираа со ограничен режим, што предизвика ...
Украински, руски и европски делегации беа во Мајами во текот на викендот за продолжување на преговорите за прекин на војната што почна пред околу четири години. Иако не беа одржани директни разговори меѓу украински и руски претставници, сепак специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф објави дека се одржале серија продуктивни и конструктивни состаноци со американските и европските партнери. И рускиот преговарач Кирил Дмитриев, преговорите во ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја критикуваше одлуката на ЕУ да воведе санкции против Русија со намера да се „скрши Русија”. Вели се случило токму спротивното. – Брисел вети дека санкциите ќе ја скршат Русија. Наместо тоа, ја скршија Европа. Цените на енергенсите експлодираа, конкурентноста опадна, а Европа заостанува. Тоа е цената на лошите одлуки. Потребни се преговори, а не ескалации, напиша Орбан. Тој истакна дека народот на Европа ...
Белата куќа соопшти дека американското Министерство за финансии на САД од почетокот на годината собрало 235 милијарди долари приходи од царини. Ова тврдење беше изнесено за време на божиќен пренос во живо на официјалниот Јутјуб-канал на Белата куќа, во кој наизменично се прикажуваше листа на, како што беа наречени, „победи на МАГА (MAGA) во 2025 година“, проследени со музика во позадина. На левата страна од поделениот екран се прикажуваа ...
Недела вечер е моментот кога телото и умот конечно се релаксираат по напорната недела. Токму тогаш, стресот се топи, а енергијата за блискост и романса е на својот врв. Ова е идеално време за споделување моменти со партнерот, за да се зајакне врската и да се почувствува интимност која го освежува и духот и телото. На крајот на неделата, кога нема работни обврски, двајцата можете да се посветите еден на друг целосно, без пречки или журба. ...
Главниот настан на Ол старот, „Собирот на сите ѕвезди“ на македонската кошарка, вечерва се одржа во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје. На теренот се сретнаа селекциите на „Македонија“ и „Светот“. Играчите демонстрираа атрактивна кошарка, а фановите имаа можност да уживаат во најдобрите потези на играчите кои оваа сезона настапуваат во „МТЕЛ“ Супер лигата. Победник на мечот беше тимот на „Македонија“, кој славеше со резултат 119:115. На ...
Астон Вила оствари значајна победа од 2:1 против Манчестер Јунајтед во натпревар од 17. коло во Премиер лига, одигран на Вила Парк. Домашниот тим поведе во финишот на првото полувреме, кога Морган Роџерс погоди во 45. минута по асистенција на Џон Мекгин. „Црвените ѓаволи“ израмнија во судиското продолжение од првиот дел преку Матеус Куња за 1:1. Во второто полувреме Астон Вила повторно ја презеде иницијативата, а стрелец уште еднаш беше ...