На денешното рочиште за катастрофалниот пожар во дискотеката ,,Пулс“, воведен збор имаше обвинетиот Александар Нацев, сопственик на Агенцијата за обезбедување „Рубикон”. — реклама — Тој ги отфрли обвиненијата и се пожали дека девет месеци е жртва на јавен линч. Според него обвинението е „брутално силување“ на законите. Според неговата одбрана тој не бил ниту одговорно лице, ниту реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, туку ...

Во водите на реката Вардар, во атарот на скопското село Трубарево, денеска било пронајдено и извлечено тело на машко лице, соопшти Министерството за внатрешни работи. — реклама — Како што информира МВР, на 24 декември 2025 година во 14:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 11:00 часот во реката Вардар е забележано тело, по што веднаш биле преземени мерки за негово извлекување. По извршената идентификација, утврдено е дека станува ...

Лидерот на СДСМ, Венки Филипче од собраниска говорница праша:зошто поскапела струјата за граѓаните и изнесе неколку ставови и примери за неуспешното владеење на мнозинството, меѓу другото прашањата за мигрантите, загадувањето, платите, цените. — реклама — Премиерот Христијан Мицкоски упати навредливи зборови кон СДСМ, обвинувајќи го Филипче дека сака партијата да биде „Левица од Али експрес”. „Интересна пи-ар стратегија, договорена од новите ...

— реклама — Пратеничката од ДУИ, Рина Ајдари на седницата за пратенички прашања таа кажа дека оваа Влада ја укинала алатката за правична застапеност и оти речиси две години, Албанците се без заштитени права и се објавуваат, како што рече, скандалозни конкурси за вработување само на Македонци. ,,Испраќање невистини од говорницата нема да ви донесе политички поени туку дополнително ќе одите во негативна насока што не е добро за вас. Се што ...

Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде идентична со онаа што важи за останатите полициски радари, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. — реклама — Како што информираше министерот, за возење со брзина до 100 километри на час ќе се применува толеранција од шест километри, за брзини над 100 километри на час – осум километри, додека за брзини над 200 километри на час толеранцијата ќе изнесува 12 километри ...

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Наместа, особено во источните делови од земјата, се очекуваат пообилни врнежи, кои локално ќе надминат 25 литри на метар квадратен во текот на 24 часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. — реклама — Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утре се очекува ...

Драги Митковски Книга во „Претрес со Ландов” вели дека реално не биле триаголник со Данела Арсовска и Никола Груевски, но полесно доаѓал до проекти поради другарството со Груевски. — реклама — „Одговорно тврдам дека Груевски не се мешаше и не учествуваше во изборот на Данела за кандидат од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје”, вели Митковски. Реално му верува на Груевски и не верува дека е криминалец. — реклама — Сака да биде повикан како ...

Драги Митковски,викан Книга, кој беше еден од најблиските луѓе од доверба на екс градоначалничката Данела Арсовска и практично кадровик за директори на јавните претпријатија и кој ја прекинал комуникацијата со Арсовска е гостин во ,,Претрес со Ландов”. — реклама — Со Данела Арсовска вели не се сакаат и не комуницираат. За себе вели дека бил на функции и во време на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, а сметководителството не познава партиски граници. — ...

Велика Британија, Канада, Германија и низа други земји во средата ја осудија одлуката на Израел за одобрување на 19 нови населби на окупираниот Западен Брег, предупредувајќи дека овој потег го крши меѓународното право и ризикува да поттикне понатамошна нестабилност. Во заеднички апел, тие ја повикаа израелската влада да ја поништи одлуката. — реклама — Одлуката на израелскиот безбедносен кабинет, покрај Велика Британија, Канада и Германија, ...

Секторот за внатрешни работи Тетово, во рамки на Министерство за внатрешни работи, поднесе кривична пријава против А.Б. (44), М.А. (39) и Г.Ш. (25), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „измама“. — реклама — Според информациите од СВР Тетово, на 16 декември 2024 година пријавените се обиделе со лажно прикажување факти да измамат полициски службеници од сообраќајната полиција. Тие претходно се ...

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека ОВР Прилеп поднело кривична пријава против Д.Ц. (32) од Република Албанија, со престој во селото Долнени, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. — реклама — Според пријавата, осомничениот без согласност на едно лице ги искористил неговите лични податоци, така што неовластено ја користел неговата ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвини дека актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидува да го дефокусира вниманието на јавноста од реалните проблеми во енергетскиот сектор, овојпат префрлајќи ја вината врз Бугарија. — реклама — Од СДСМ реагираат дека во јавните настапи на претставници на ВМРО-ДПМНЕ сè почесто се зборува за уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот, додека паралелно се пласираат тврдења дека ...

Поради сообраќајна незгода на Качанички пат, сообраќајот на скопската обиколница се одвива со големи потешкотии и е во сериозен застој. — реклама — Според првичните информации, двете коловозни ленти се целосно блокирани, што довело до формирање долги колони возила и значително забавување на сообраќајот. Надлежните служби работат на расчистување на местото на незгодата, а на возачите им се препорачува да користат алтернативни правци и да ја ...

Интер ИКЕА Груп, глобалниот франшизер на брендот ИКЕА, соопшти дека во моментов не постојат конкретни планови за отворање продавници во Македонија, со што ги демантираше информациите кои неодамна се појавија во дел од медиумите за можен влез на компанијата на македонскиот пазар. — реклама — Од компанијата наведуваат дека континуирано ги анализираат можностите за проширување на ИКЕА концептот, како на постојните, така и на нови пазари, со цел ...

На европските берзи денеска преовладува празнична атмосфера, бидејќи голем дел од пазарите се затворени поради прославата на Бадник според Грегоријанскиот календар, додека останатите работат со скратено работно време за да им овозможат на вработените празничната вечер да ја поминат со своите семејства. — реклама — Франкфуртската берза денеска е целосно затворена, додека Лондонската и Париската берза работат со скратено работно време. Поради ...

Во езерцето во Градскиот парк во Струмица синоќа било пронајдено тело на почината жена, информираат надлежните институции. — реклама — По добиената пријава, на местото на настанот веднаш излегле јавен обвинител и полициски службеници, кои извршиле увид. Телото на починатата е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина, со цел да се утврдат причините за смртта, објави МИА. Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека ...

Три лица, меѓу кои и двајца припадници на сообраќајната полиција, загинаа во експлозија што се случила на југот од Москва, соопшти Истражниот комитет на Русија. — реклама — Според официјалните информации, полицајците забележале сомнително лице во близина на службено возило и му се доближиле со намера да го приведат. Во тој момент, осомничениот активирал експлозивна направа, по што дошло до силна експлозија. Во инцидентот на лице место ...

Цените на бакарот во САД денеска пораснаа на 5,5 долари за фунта, односно околу 2,12 евра за килограм, што претставува највисоко ниво во последните пет месеци. Ова е најголем износ од јули наваму и доаѓа во контекст на повторните најави за воведување царини од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Trading Economics. — реклама — Според анализите, пазарите реагирале на сигналите дека Белата куќа повторно ја разгледува ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска повика на продолжување и зајакнување на поддршката за Украина, предупредувајќи дека Европа би можела да се соочи со зголемени безбедносни ризици доколку покаже колебливост и ослабена решителност. — реклама — Руте истакна дека Украина мора да остане силна и способна да се брани, со цел да се спречат, како што рече, можни обиди на рускиот претседател Владимир Путин да го загрози НАТО. Според ...

Возачот на Дукати, Шпанецот Марк Маркез, изјави дека не очекувал да ја освои титулата во Мото ГП шампионатот дури пет трки пред крајот на сезоната, пренесоа шпанските медиуми. — реклама — Маркез ја обезбеди титулата на 28 септември, на трката за Голема награда на Јапонија, со што предвреме го потврди приматот во таканаречената „кралска класа“ на мотоциклизмот. Иако сезоната за него заврши порано од очекуваното поради повреда, успехот беше ...

Во седиштето на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Мала Речица попладнево се одржа првата седница на новиот Генерален совет на партијата, по неодамна одржаниот Конгрес. — реклама — Состанокот започнал околу 17:00 часот, а на него учествуваат 30 членови, што претставува значително проширување на ова партиско тело во споредба со досегашниот состав од 10 членови. Проширувањето е резултат на одлуките донесени на последниот Конгрес на ...

Забавниот парк „Зимзоленд“ вечерва не работи, откако, според неофицијални информации на “Скопје1”, попладнево биле извршени контроли од страна на Управа за јавни приходи, при што биле утврдени неправилности во работењето. — реклама — Иако засега нема официјално соопштение од надлежните институции, извори тврдат дека токму констатираните неправилности се причина поради која објектот вечерва е затворен за посетители. Откажан е настапот и на ДЈ ...

Почина поранешниот фудбалер Васил Рингов, еден од најголемите фудбалери во македонскиот фудбал. — реклама — Рингов е поранешен македонски, но и југословенски репрезентативец. На клупски план остави длабока трага во тимот на Вардар. Рингов, кој се прослави во вардаровиот дрес освојувајќи ја шампионската титула во поранешна Југославија во 1987 година, е роден во Струмица во 1955 година, каде и ја започна својата кариера во Беласица, по што ...

На 22.12.2025 во 15:30 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Л.С.(65) од Косово. — реклама — Тој се сомничи дека околу 15:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје учествувал во сообраќајна незгода со автобус на ЈСП, по што со неговото возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, го напуштил местото на настанот. По целосно документирање на случајот ...

На 22.12.2025 полициски службеници од СВР Велес и Полициската станица Градско ги лишија од слобода Е.З.(19) и С.М.(47), двајцата од Велес. — реклама — Тие се сомничат дека во периодот од октомври до декември 2025 година, во три наврати на место викано „Винце“, велешко, од плац на правно лице одзеле различни бакарни и предмети од месинг. Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. Е.З. и С.М. се приведени во полициска ...

Лишен од слобода малолетник од Скопје, управувајќи возило ја загрозил безбедноста во сообраќајот, следува пријава. — реклама — На 22.12.2025 во 16:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Индира Ганди“ и сервисна улица која ја поврзува со ул.„Вашингтонска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје и патничко возило „ауди“ со ...

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не тежнее кон директна војна со НАТО, туку има за цел постепено да ја ослаби Алијансата одвнатре и да го поткопа нејзиното единство. — реклама — Во интервју за германскиот весник Die Zeit, Писториус оцени дека не верува оти Москва планира фронтален судир со НАТО, но предупреди дека стратегијата на Кремљ е насочена кон разорување на довербата, ...

Магла и утрово го отежнува сообраќајот во државата. Според АМСМ, поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје. — реклама — Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Од 21:00 часот синоќа ГП Евзони е отворен за сите ...

Дел од последиците од вандализмот на плоштадот се санирани и на местото е донесена нова новогодишна елка. Со тоа, барем делумно е обновен празничниот изглед на јавниот простор кој претходно беше мета на уништување. — реклама — View this post on Instagram Но, паралелно со ова, забележани се нови оштетувања. Искршени и испокрадени се лампионите, а уништени се и вратичките од адвент-календарите, кои беа поставени како дел од празничната ...

Здрава татковска фигура е клучна за развојот на секое момче во стабилен и емоционално зрел маж. Без таков пример кој би го водел низ животните предизвици, мажот често се соочува со внатрешни борби, тешко гради здрави односи и развива искривена слика за себе, пишува порталот YourTango. — реклама — Мажот кој пораснал со лош татко обично лесно се препознава. Неговото однесување често открива дека во детството немал доволна поддршка и насоки. ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
51%
1027
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
4.63
48%
1026
weather icon

Загреб

16ᴼ / 12ᴼ
1.03
48%
1026
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
54%
1028
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
4.44
46%
1030
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
61%
1027
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
6.26
50%
1027
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
32%
1026
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
39%
1026
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
1.54
48%
1031
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
1.79
42%
1028
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
2.57
54%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Сребро

2648.90

Цинк

3.27

Бакар

11.75

Алуминиум

3.29

Родиум

368126.05

Платина

67998.83

Иридиум

229769.28

Злато

163613.54

Кобалт

66.14

Паладиум

51794.85

Рутениум

45750.51

Калај

50.04