Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Најмалку четири лица загинаа во масовен украински напад со дронови врз повеќе руски региони, од кои три во Московската област и едно во Белгород. Руските власти тврдат дека нападот врз Москва бил најголем во последната година. Во Московската област загинале жена во Химки и двајца мажи во селото Погорелки. Повредени се 12 лица, најголем дел во близина на московската нафтена рафинерија, каде биле пријавени оштетувања, но не и удар врз клучната ...
Американската администрација не го продолжи исклучокот од санкциите што привремено им дозволуваше на држави, меѓу кои и Индија, да купуваат руска нафта транспортирана по морски пат. Одлуката значи дека претходната дозвола истече без ново продолжување. Исклучокот беше воведен за да се ублажи притисокот врз снабдувањето и цените на енергенсите, во услови на нарушувања на пазарот поради кризата околу Ормускиот Теснец. Американското Министерство ...
Деветнаесетгодишен доставувач на храна е убиен синоќа во Дрниш, Хрватска, откако бил застрелан на тераса од семејна куќа. Полицијата трага по 50-годишен маж, осомничен дека пукал со огнено оружје и побегнал од местото на настанот. Убиството се случило околу 23:05 часот во Постоларска улица. Младиот човек, хрватски државјанин, починал од повредите на местото на настанот. Хрватските медиуми објавија дека тој доставил нарачана храна до адресата ...
Европска истрага разоткри криминална мрежа која продавала лажни лекови и суплементи на пациенти со сериозни дијагнози, претставувајќи ги производите како терапии за тешки и неизлечиви болести. Мрежата, според истражните органи, остварила најмалку 240 милиони евра преку незаконски трансакции. Групата работела од 2019 година, преку компании, стотици веб-страници и профили на социјални мрежи. Во рекламите биле користени имиња и фотографии на ...
Virgin Galactic најавува дека е на пат да ги обнови комерцијалните суборбитални летови до крајот на 2026 година, по речиси двегодишна пауза од последната мисија со цивилни патници. Компанијата го развива новиот Delta SpaceShip, со кој треба да ја продолжи понудата за вселенски туризам. Првиот нов вселенски авион треба да влезе во фаза на копнени тестирања, а летачките тестови се планирани за третиот квартал од 2026 година. Комерцијалните ...
Велика Британија и 45 други европски земји потпишаа договор со кој експлицитно се поддржуваат плановите за испраќање несакани баратели на азил во центри од трети земји. Во политичка декларација од 46-те членки на Советот на Европа, телото кое го надгледува спроведувањето на Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП), се вели дека државите имаат „несоборливо суверено право“ да ги контролираат своите граници. Се подразбира дека Велика ...
Соборувањето на авторитарниот режим на унгарскиот премиер Виктор Орбан не создава никаков страв кај српскиот претседател Александар Вучиќ. Запрашан да коментира за информациите дека по промената на власта во Унгарија се појавил проблем со исплатата на надоместокот по напуштањето на функцијата на Виктор Орбан, Вучиќ, со ништо директно не предизвикан, одговори дека и нему му се заканувале дека ќе заврши како либискиот диктатор Моамер Гадафи. ...
Во текот на оваа недела, во Црна Гора беа уапсени тројца наводни платеници на „шкаљарците“. Според најновите информации, овие тројца подготвувале снајперски атентат врз висок член на кланот Кавач, Радослав Гиле Станишиќ. Висок член на кланот Кавач, Радослав Гиле Станишиќ (42) од Подгорица бил цел на повеќечлена група, но планот бил осуетен од повеќедневна операција на црногорската полиција во обвинителството, при што биле уапсени неколку ...
СДСМ обвини дека посетата на претседателот на Српска напредна странка, Милош Вучевиќ, на Македонија е поврзана со, како што наведуваат, „спасување на Орбановата медиумска мрежа“ во земјава. Од СДСМ тврдат дека на состанокот присуствувале и почесниот конзул на Македонија во Србија, Душан Адамовиќ, како и вицепремиерот Иван Стоилковиќ. Во соопштението, СДСМ наведува дека Адамовиќ е „бизнис партнер на Мицкоски и офицер за врска меѓу сестринските ...
Во Македонија во недела, 17 мај 2026, ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со услови за дожд, локални врнежи и грмежи. Најизразена нестабилност се очекува во југозападниот, полошкиот, источниот и југоисточниот регион, каде се активни предупредувања за дожд или грмежи. Најсвежо ќе биде во Дебар, Берово и Крива Паланка, додека највисоки температури се очекуваат во Дојран, Кавадарци, Тетово, Гостивар и Кичево. Во западните и ...
Во Виница денеска првпат се одржа протестниот „Марш за ангелите“, посветен на 63-те жртви од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Маршот започна од плоштадот „Ангел Винички“, продолжи низ централните улици до полициската станица и заврши повторно на плоштадот. Родителите на починатите повторно побараа одговорност од институциите, тврдејќи дека трагедијата не може да се сведе само на прашањето за јаглерод моноксид. Тие посочија дека кај дел ...
Во излевање на хемикалија во компанија во Нирнберг, јужна Германија, еден човек загина, а околу 30 други беа повредени во трагедијата што се случи вчера. Баварскиот Црвен крст соопшти дека 17 од повредените се однесени во болница на понатамошно лекување и набљудување. Полицијата соопшти дека шест лица претрпеле респираторни повреди. Двајца вработени ја изгубиле свеста на местото на настанот, од кои еден подоцна починал во болница, соопшти ...
Нова медиумска истрага во САД повторно го отвори прашањето за границата меѓу претседателската функција на Доналд Трамп и деловните интереси на неговото семејство. Во фокусот се криптовалути, странски инвестиции, настани на имоти поврзани со Трамп, помилувања и одлуки на администрацијата што отвораат сомнежи за судир на интереси. Еден од главните делови од истражувањето се однесува на крипто-проектите поврзани со Трамп. Неговиот мемекоин ...
Осум лица се повредени, од кои четворица потешко, откако автомобил влетал меѓу пешаци во центарот на Модена, во северна Италија. Инцидентот се случил на улицата „Виа Емилија“, каде возилото се движело со голема брзина пред да удри во луѓе и да заврши во излог. Возачот, 31-годишен маж, се обидел да побегне од местото на настанот, но бил совладан од минувачи и потоа приведен од полицијата. Дел од италијанските медиуми објавија дека при ...
Во врска со видео објава споделена на социјалната мрежа Фејсбук, на која се забележува лице кое управува скутер на едно тркало и со таквото однесување ја загрозува безбедноста во сообраќајот, полициски службеници веднаш презедоа мерки и активности за идентификација на лицето. По преземените активности, од страна на СВР Штип утврдено е дека на 11.05.2026 година околу 21.00 часот, на раскрсницата помеѓу улиците „Сремски Фронт“ и „Борис Крајгер“ ...
СДСМ повторно ја отвори темата за урбанистичките измени во Куманово поврзани со земјиште на кое треба да се гради објект на „Лидл“, обвинувајќи дека случајот покажува судир на интереси и можна злоупотреба на јавна функција. Партијата тврди дека Драган Митевски, кум на градоначалникот Максим Димитриевски, купил земјиште од Димитриевски и неговото семејство за 250.000 евра, а потоа го препродал на „Лидл“ за 600.000 евра. Според партиските ...
Бугарија е победник на Евровизија 2026, откако Дара со песната „Бангаранга“ освои 516 поени во големото финале во Виена. Победата е прва за Бугарија во историјата на натпреварот и ѝ го носи правото следната Евровизија да се одржи во земјата. Дара победи убедливо со силна поддршка од публиката и од жирито. Од вкупниот резултат, 312 поени дојдоа од јавноста, а 204 од националните жирија. Второто место го освои Израел со 343 поени, а трета ...
Се враќаат блокадите на планината Кожуф, во одбрана на реката Дошница на која и се заканува изградба на мала хидроцентрала. Граѓанските организации кои минатата година со месеци кампуваа на патот што води кон реката, објавија дека дозволата за градба на малата хидроцентрала е продолжена, заради што тие повторно се враќаат на блокадите. „Знаеме и дека се подготвува внесување на механизација со обезбедување, но Дошница е наша и нема сила што ќе ...
САД не ја исклучуваат можноста за операција за заробување на армискиот генерал Раул Кастро, еден од водачите на Кубанската револуција, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извори. Порано, американските медиуми објавија дека САД се подготвуваат да покренат обвиненија против 94-годишниот Кастро, веројатно поврзани со инцидентот од 1996 година во кој кубанските воздухопловни сили соборија два авиони што ѝ припаѓаа на организацијата во егзил ...
Кирил Дмитриев, претставникот на Кремљ одговорен за деловните односи на Русија со други земји, ги поздрави високите рејтинзи на одобрувањето на крајнодесничарската Алтернатива на Германија (AfD) пред изборите во три германски покраини. „AfD стана НАДЕЖ за Германците“, напиша Дмитриев на X во петокот вечерта како одговор на резултатите од анкетата во североисточната покраина Мекленбург-Западна Померанија, кои ги сподели лидерката на AfD, Алис ...
Манчестер Сити го победи Челзи во финалето на ФА Купот на Вембли и го освои својот втор трофеј оваа сезона. Малку порано „граѓаните“ го освоија и Лига Купот. Финалето на ФА Купот на Вембли имаше момент што ќе се памети долго време. Брилијантниот Семењо постигна спектакуларен гол за Манчестер Сити против Челзи, а многумина веќе тврдат дека тоа е еден од најубавите голови видени во финалето на ова натпреварување, а и во историјата на познатиот ...
Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 17 возачи поради безобѕирно управување, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Од нив, шест возачи од Крива Паланка, Куманово, Делчево и Радовиш управувале возило под дејство на алкохол. Возачот од Радовиш предизвикал и сообраќајна незгода, по што го напуштил местото на настанот. Осум возачи од Скопје, Делчево, Гевгелија, ...
Над 50.000 луѓе се собраа во Лондон на маршот „Обединето Кралство“ организиран од крајнодесничарскиот активист Томи Робинсон, а во градот се одржуваат и спротивставени пропалестински демонстрации, кои исто така привлекоа илјадници луѓе. Во меѓувреме, десетици илјади фудбалски навивачи се упатија кон стадионот Вембли за финалето на ФА Купот, што предизвика масовни безбедносни мерки во главниот град. Поради високиот ризик од судири, повеќе од ...
Потрагата по телата на четворицата италијански нуркачи кои се удавија додека истражуваа длабока подводна пештера на Малдивите е продолжена. Вкупно пет италијански државјани загинаа во несреќата што се случи во четврток на атолот Ваву . Операцијата со висок ризик за извлекување на телата беше привремено прекината во петокот поради лоши временски услови, објавува „Гардијан“ . Продолжување на потрагата во опасни услови Според италијанското ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против 45-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничен е дека вршел семејно насилство во Кисела Вода при што телесно ја повредил неговата поранешна партнерка. Ја извлекол на сила од домот во кој живеела жртвата, ја влечел и туркал до неговиот дом во близина, ја внел внатре и физички ...
Сценските светла во Виена се подготвени за големото финале на 70-годишниот јубилеј на Евровизија, а атмосферата е на врвот. По две возбудливи полуфиналиња, познат е списокот од 25 финалисти. Патот до финалето и фаворитите за победа Според обложувалниците, борбата за победа ќе биде неизвесна, но еден фаворит се издвојува. Финското дуо составено од виолинистката Линда Лампениус и пејачот Пит Парконен со месеци е на врвот на топ листите со ...
Има нешто длабоко болно во оваа земја кога шампионска титула, наместо да заврши со спортска радост, завршува со вулгарна песна за жена. Не за противнички играч. Не за судиска одлука. Не за фудбалски ривал. Туку за жена која со децении е еден од најчистите симболи на македонската култура. Каролина Гочева. Има уште поболно нешто кога човек што треба да биде директор, претставник на клуб, некој што треба да внесе ред, достоинство и ...
Министерството за спорт излезе со своја реакција по вчешраното видео на кое фудбалерите на Вардар славеа со навредлива и вулгарна песна. „Во однос на синоќешните видеоснимки кои се појавија од прославата на ФК Вардар, како Министерство, но и од мое лично име како министер за спорт, сакаме да ја известиме македонската јавност дека недвосмислено го осудуваме ваквиот тип прослави, кои вклучуваат навреди по која било основа, особено доколку во ...
Премалку или премногу сон може да го забрза стареењето на мозокот, срцето, белите дробови и имунолошкиот систем и да биде поврзано со голем број болести, објави Euronews. Меѓународен тим научници анализирал податоци од речиси половина милион учесници од UK Biobank и идентификувал јасен модел. Луѓето кои редовно спијат помалку од шест часа или повеќе од осум часа покажуваат знаци на побрзо биолошко стареење на телото. Истражувачите користеле ...
На 19 и 20 мај Владимир Путин ќе ја посети Народна Република Кина, соопшти денес Кремљ. За време на таа посета, која ќе се одржи само неколку дена по посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина, рускиот лидер ќе разговара со својот кинески колега Си Џинпинг за начините за „понатамошно зајакнување на сеопфатното партнерство и стратешката соработка“ меѓу Русија и Кина, објави истиот извор. Путин и Си ќе „разменуваат мислења за ...