Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, на 27.07.2026 (понеделник) е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија). Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се ...
На 21.07.2026 во 18:55 часот во ОВР Кичево, од Територијалната противпожарна единица Кичево, пријавено е дека настанал пожар во стан на улицата „4 Јули“. во Кичево. Од екипа на ТППЕ Кичево пожарот бил изгаснат, а во станот било пронајдено опожарено телото на С.С.(37) од Кичево. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на ОВР Кичево, за јавноста соопшти портпаролот на СВР Охрид, ...
ОВЕН Оние од вас кои денес сте во деловно партнерство, можат да очекуваат солидна ситуација. Во принцип, искористете го секој момент што ви овозможува да објасните или да добиете нешто поврзано со финансии, правни прашања, договори и деловни проекти. Емоционалните проблеми наскоро ќе ескалираат, подобро е сега да се справите со нив. БИК Во текот на денот, ќе имате неколку можности да најдете одговори кои ќе ви помогнат подобро да ги ...
Водата за пиење од градските водоводи во Битола, Демир Хисар, Ресен и Кичево е целосно безбедна, покажуваат анализите на ЈЗУ Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) Битола. Според ЦЈЗ Битола, во текот на 2026 година биле анализирани 418 примероци од градските водоводи, при што сите покажале 100% бактериолошка и физичко-хемиска исправност. Од друга страна, анализите на локалните селски водоводи, како и на крајпатните и споменичните чешми, покажале ...
Територијата на Македонија во следните часови и понатаму се поизразено ќе потпаѓа под влијание на значително свежа воздушна маса од север кој ќе услови да дува повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Ќе има и локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Значително свежо и ведро утро ќе ни донесе денот четврток 23 јули кога минималните температури во Македонија ...
ОВЕН Денес ќе се чувствувате остроумно и ќе донесувате добри заклучоци во врска со вашиот живот. Вашата самодоверба ќе зависи од тоа колку сте им корисни на луѓето околу вас. Ќе се чувствувате како да сносите одговорност за сите и како да сте родител на секој околу вас. Оставете им простор на луѓето сами да ги донесуваат своите одлуки. БИК Оние кои се занимаваат со уметност, ќе добијат помош која ќе им помогне во нивната кариера. Сите ...
Село Белица и годинава ќе биде домаќин на традиционалната манифестација „Белички средби“, која ќе се одржи од утре, 25 и 26 јули, ветувајќи два дена исполнети со музика, дружење и вистинска народна атмосфера. Организаторите упатуваат отворена покана до сите граѓани, иселеници и љубители на македонската традиција да бидат дел од оваа летна манифестација, која со години претставува место каде што се негуваат пријателството, заедништвото и ...
ОВЕН Обидете се да направите се што сте рекле дека ќе направите. Оние од вас кои ветуваа што не можете лесно да ги исполните во последно време, ќе се чувствувате под притисок денес. Ова не е време за тврдоглавост затоа прифатете ги вашите грешки и веднаш искрено кажете за што станува збор за да избегнете посериозни конфликти со луѓето што ги сакате. БИК Работите полека си доаѓаат на своето место, затоа не отстапувајте и не забавувајте сега. ...
На 23.07.2026 во 10:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на автопатот во изградба Кичево-Охрид, помеѓу кичевските села Извор и Попоец, С.Ј.(25) од Индија, кој работел на изградба на автопатот, управувајќи товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел со возилото. Тој со медицинско возило е пренесен во Општа болница во Кичево, а увид на местото на настанот извршија полициски екипи. ОВР Кичево во ...
На 23.07.2026 околу 03:30 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Грдовци-Зрновци, 24-годишниот Д.Н. од с.Градец, виничко, управувајќи патничко возило „опел“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.С.(28) од с.Јакимово, виничко, додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.А.(28) од с.Истибања, виничко, ...
Во средата, градоначалникот на Општина Кичево Д-р Александар Јовановски, заедно со директорот на ЈП „Студенчица“ г-дин Дејан Пандилески и пратеникот г-дин Ѓорѓија Сајкоски извршија увид во тековните градежни активности за реконструкција на патниот правец кон Манастирот „Св. Богородица – Пречиста“, еден од најзначајните духовни и културно-историски локалитети во регионот. Проектот опфаќа реконструкција на пат во вкупна должина од 4 километри, ...
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека во сила е Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, објавен во Службен весник на 06.07.2026. Со овој закон, меѓу останатото се направени измени и дополнувања на правилата кои го регулираат сообраќајот на електричните тротинети и тоа: – Направена е измена на дефиницијата на овој тип возила која гласи: „Лесно електрично возило” е ...
Игралиштето во поранешно „Домот на АРМ“ сегашен Правен факултет во Кичево повторно е целосно подготвено за кошаркарски натпревари, тренинзи и рекреативна игра, откако беа поставени два нови професионални кошаркарски обрачи. Иницијативата е реализирана од КК Баскет Кичево, кој со сопствени средства ги набави новите обрачи, со цел да обезбеди подобри и побезбедни услови за спорт и развој на децата и младите во градот. Од клубот истакнуваат ...
ОВЕН Денес ќе имате помали промени на работното место. Нема да ви биде лесно да ги остварите своите планови. Моментално состојбата помеѓу вас и саканата личност води до проблеми и кавги. Не сте задоволни од врската. Потребно ви е повеќе сон. БИК Добро сте расположени и мотивирани за работа. Може да очекувате остварување на добри резултати. Доколку сте започнале некоја нова љубовна врска, работете на тоа да бидете поотворени кон партнерот. ...
Кичево доби нов современ продажен центар – PUPO Center, место каде што на едно место се обединети квалитетни производи, познати светски брендови и професионална услуга. Зад PUPO Center стои долгогодишното искуство на брендот PUPO, кој е препознатлив по довербата, сигурноста и посветеноста кон своите клиенти. Со отворањето на новиот центар, компанијата го проширува своето работење и нуди уште поголем избор на производи за професионалци, ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите надлежни институции. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции. Невремето предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР ...
Заборавен полнач, празна батерија и важен повик што треба да го направите? Денес постојат неколку едноставни начини да го наполните телефонот и без класичен адаптер за струја. Сè повеќе луѓе се потпираат на мобилните телефони во секојдневието, па празната батерија може да биде голем проблем, особено кога сте на патување, работа или надвор од дома. Еве неколку практични решенија кои можат да ви помогнат кога немате полнач при рака. Најлесниот ...
Брзото полнење денес стана стандард кај модерните паметни телефони. Многу модели можат да наполнат голем дел од батеријата за само неколку минути, но и понатаму постои едно големо прашање кај корисниците: дали оваа технологија ја намалува издржливоста на батеријата? Одговорот не е толку едноставен. Брзото полнење само по себе не е главниот виновник за стареењето на батеријата. Литиум-јонските батерии природно го губат капацитетот со текот на ...
Во рамки на програмата „Кичево – Град на културата 2026“, со поддршка на Општина Кичево, International Space Alliance (ISA) распиша јавен конкурс за изработка на идејно решение за мурал инспириран од вселената и астрономијата. Конкурсот има за цел да ги поттикне креативноста и уметничкиот израз кај граѓаните, а победничкото дело ќе биде насликано на ѕидот на Правниот факултет, веднаш до фудбалското игралиште, како ново урбано обележје на ...
ОВЕН Вклучете се малку повеќе во настаните околу вас, особено ако се поврзани со луѓето кои ви значат. Помогнете му на лицето кое не може да започне или заврши нешто самостојно, или слободно волонтирајте ако е нешто што ве привлекува. Ако патувате, отворете се за нови искуства затоа што на тој начин спонтано ќе се движите во многу подобра насока. БИК Нема да размислите целосно јасно, особено кога станува збор за теми поврзани со пари или ...
Предмалку кичевската јавност ја потресе страшна трагедија. Имено во стан лоциран во кичевските „Ламели“ на ул. „4-ти јули“ поради за сега неразјаснети за јавноста причини избувнал пожар на последниот кат од станбената зграда. Од неофицијални извори до кои дојдовме, најверојатно има жртва, односно сопственик на станот кој бил внатре, кој според неофицијалните информации и непотврдени се разбира, за жал не успеал да излезе. Од она што сигурно ...
Google Maps продолжува да се подобрува со нови можности кои им помагаат на корисниците полесно да се движат низ градовите. Новите функции се особено корисни за оние кои секојдневно користат јавен превоз. Апликацијата веќе овозможува детално планирање на патувања со автобуси, возови и други видови транспорт. Корисниците можат да изберат рута, да ги видат достапните линии и да добијат информации за времето на пристигнување. Една од ...
Нашиот соработник, метеорологот Славчо Попоски, ја промовираше својата нова официјална веб-платформа Slavcometeo.mk, која ќе претставува централно место за најновите метеоролошки информации, анализи и временски прогнози за Македонија, регионот и Европа. На Slavcometeo.mk посетителите ќе можат редовно да ги следат најбрзите, најпрецизни и најреални метеоролошки анализи, изработени врз основа на релевантни метеоролошки модели и актуелни ...
СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривични пријави против М.Ј.М.(19), мигрант од Авганистан и 17-годишен мигрант, исто така од Авганистан, поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.. На 20.07.2026 во Полициската станица Гевгелија П.М.(62) од село Негорци, гевгелиско пријавил дека околу 15:00 часот на место викано „Авлаќ“ во ...
ОВЕН Слободно спротиставете се на туѓото мислење бидејќи на крај ќе докажете дека сте биле во право. Постои можност со саканата личност да изградите стабилен и добар однос ако разговарате искрено во врска со сѐ. Здравјето е во ред. БИК Ќе оставите многу позитивен впечаток при нов деловен разговор. Може да очекувате поволна фаза на работа. Личност која живее во ваша близина ќе покаже дека има желба да бидете повеќе од пријатели. Проблеми ...
На 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот ГП Блаце-Скопје има превртено возило „мерцедес“ со германски национални ознаки. Веднаш се упатени полициски службеници на местото на настанот и утврдено е дека во возилото има три починати лица (едно машко и две женски лица). Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Претходно, во 13:40 часот во ПС Бит Пазар, државјанин на Косово пријави дека три лица се исчезнати, а ...
Одлуката за новите малопродажни цени на горивата предвидува зголемување на цените на бензините и дизелот. ЕУРОСУПЕР БС-95 3,00 денари по литар 90,00 денари/литар ЕУРОСУПЕР БС-98 3,00 денари по литар 92,00 денари/литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 6,00 денари по литар 94,00 денари/литар Новите цени се утврдени во однос на претходната одлука за највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горивата за транспорт од 13.07.2026 година Извор: РКЕ ...
На 19.07.2026 во 21:15 часот во ОВР Кичево било пријавено дека во двор од куќа на улица „Прилепска“ во Кичево, коњ сопственост на Б.Д.(58) од Кичево, удрил малолетно девојче. Таа е пренесена во Општата болница во Кичево а поради сериозноста на повредите била префрлена во Клиничка болница Скопје. По целосно расчистување на настанот, ќе следува соодветна пријава, за јавноста соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. На 19.07.2026 во ...
Во организација на Планинарското еколошко друштво „Ендорфин“ од Кичево, успешно се одржа Деветтиот меморијален планинарски марш „Сашо Костадиноски“ на планината Голјак. На маршот учествуваа над 50 планинари од повеќе планинарски друштва од Кичево, Скопје, Демир Хисар, Битола и други градови од Македонија. Учесниците ја поминаа планинарската патека од селото Брждани до Вели Врв (1.535 м.н.в.), совладувајќи околу 15 километри во двата правца. ...
ОВЕН Имате можност својата кариера да ја пренасочите кон она што сакате да го работите. Но сѐ уште имате константни трошоци, парите бргу ви одат. Но ова влијание е добро поставено, така да очекувајте и истовремен прилив на пари. Влегувате во неверојатно поволен период за љубов, ви се враќаат сликите на некогаш прекрасно поминатите доживувања. Токму тоа чувство ви ја враќа силата, подобро да се организирате самите и да ја пронајдете среќата. ...