Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Повеќе од 15.000 посетители уживаа во првите три фестивалски вечери на AERO Street Food Festival, кој од 4 септември се одржува во паркот „Авионче”. Одличната посетеност, богатата понуда на храна и атрактивната музичка програма уште еднаш го потврдија Аеродром како препознатлива дестинација за модерни урбани настани и забава за сите генерации. Фестивалот беше отворен со настапот на DJ Milan Serafimov, по што на сцената се појавија The ...
На 27.09.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Здружение Атлетски клуб „Скопски Маратон“ Скопје, ќе се одржи улична атлетска трка, со траса на движење од ул.„9“ пред Домот на културата во општина Илинден, продолжува право по ул.„534“ во населба Илинден, потоа по ул.„532“ во с.Марино, по ул.„10“ во с.Кадино каде на кружниот тек се врти полукружно назад по истите улици – ул.„10“, ул.„532“, ул.„534“ и ул.„9“, па се ...
Министерството за внатрешни работи доби 33 нови полициски мотоцикли и комплетна мотоциклистичка опрема, обезбедени од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП). На официјалното примопредавање присуствуваа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на РСБСП, Горан Ангеловски. Станува збор за мотоцикли „Piaggio Beverly 310 HPE“ во полициска изведба, со заштитни кациги, јакни, панталони, чизми и ...
Во врска со објавеното видео 10.10.2026 на повеќе портали и електронски медиуми во кое се гледа како едно лице управува мотоцикл “сузуки” движејќи се небезбедно на едно тркало на бул.”Партизански Одреди” кај крстосницата со ул.”29-ти Ноември” во повеќе наврати, загрозувајќи се себеси и другите учесници во сообраќајот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во соработка со Безбеден Град преземени се мерки и ...
Наместо дозволените 80, возел дури 194 километри на час. Полицијата го фатила со пресретнувач, а 44-годишниот гостиварец завршил во полициска станица. Опасно брзо возење на автопатот Гостивар – Тетово. Возач на „ролс-ројс“ со тетовски регистарски ознаки бил фатен како вози со неверојатни 194 километри на час, иако на делницата ограничувањето е 80 километри на час. Настанот се случил денеска, 23 октомври, околу 12:05 часот, кога полициските ...
Со прекинот на летното сметање, во недела наутро, точно во 03:00 часот, часовниците ќе треба да се вратат еден час наназад, така што времето од 03:00 ќе биде 02:00 часот. Со ова почнува зимското сметање на времето, деновите попладне ќе станат пократки, односно порано ќе се стемнува, но и порано ќе се разденува. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога ...
СВР Охрид ја известува јавноста дека, припадници на резервниот состав при Секторот за внатрешни работи Охрид, утре 25.10. 2026 година (недела) со почеток од 08 часот, на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе спроведат вежбовно гаѓање со боева муниција. Пред почетокот на вежбовните активности, ќе бидат преземени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување влез ...
Во текот на изминатите три дена (23/24/25.10.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 2720 издадени платни налози, 1360 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 67 лица, од кои седум за возење под дејство на ...
За разлика од бензините, кај дизелот нема ценовни поместувања. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува на 99 денари за литар. Промена има и кај екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), чија цена се намалува за 0,50 денари, со што еден литар ќе чини 110 денари. На спротивната страна од ценовниот биланс е мазутот М-1 НС. Неговата малопродажна цена се зголемува за 0,694 денари за килограм и достигнува 54,273 денари. За разлика од ...
АМСМ преку „А.Д „Илинден“ – Струга известува дека од 28.10.2026 г. ќе се воведе времен режим на сообраќај на Автопатот А2 делница Кичево – Охрид, во делот Пресека – Песочан до клучка Арбиново, поради изведување градежни работи за санација на лев коловоз и ќе трае се до завршување на санацијата. Упатуваме апел за поголемо внимание во патниот сообраќај и почитување на поставената патна сигнализација. АМСМ преку „А.Д „Илинден“ – Струга ...
Земјотрес со магнитуда од 2,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, 29 октомври 2026 година, во 14:41 часот по локално време, на територијата на Македонија, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Според објавените информации, епицентарот на земјотресот бил лоциран на 13 километри североисточно од Охрид, на географски координати 41.187 северна географска ширина и 20.923 источна географска ...
На 28.10.2026 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на товарни возила, насочена кон откривање и санкционирање на неправилности поврзани со претовар, неправилно сместен и необезбеден товар, техничка исправност на возилата, превоз на лица, како и на моторни возила кои се вклучуваат во сообраќај од земјени ...
Во периодот од 1 до 5 ноември 2026 година, полициските службеници постапуваа по 25 пријави за семејно насилство и насилство во партнерски и семејни односи, на подрачјата на Скопје, Куманово, Кочани, Штип, Велес, Охрид, Гостивар, Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Берово, Струга, Кичево, Свети Николе и Струмица. Во рамки на постапувањето по дел од случаите, полициските службеници лишија од слобода и приведоа 14 лица, поради сомнение за ...
Денес во очи на активностите за чистење и уредување на речното корито на реката Темница, совладан е еден од најпроблематичните делови, кој со децении не бил исчистен. Со заложби на Општина Кичево и ЈКП „Комуналец“ ангажирана на терен била специјална машина, така што успешно е пробиен и расчистен тешко пристапниот дел во близина на Прочистителната станица, со што се надминува долгогодишен проблем што го отежнувал нормалниот проток на водата. ...
Љубителите на рок-музиката и оваа година ќе имаат можност да уживаат во вечер исполнета со гласна музика, моќни гитарски рифови и вистинска рок-атмосфера. На 23 октомври, во НУЦК „Кочо Рацин“ во Кичево, ќе се одржи четвртото издание на „Enigma Rock Night Vol.4“, музички настан посветен на рок-звукот и локалната музичка сцена. На сцената ќе настапат четири бендови: Strayl Band, Sound Division, Future Band и Circuit Batter, кои ќе се погрижат ...
Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа од утре и деновите потоа истакнати во графичкиот приказ „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат повеќе живеалишта во околните села и делови од Општина Кичево, Во приказот ги имате планираните локации, датумот и времето, имено времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата. Како што ...
Со наближувањето на зимската сезона, потребно е навреме да се погрижите за безбедноста на вашето возило и да ги замените летните со зимски пневматици. Од 15 ноември започнува периодот на законска обврска за зимска опрема, па затоа не чекајте ги последните денови, кога традиционално се создаваат поголеми гужви кај вулканизерите. Самопослужна автоперална и вулканизер „Виктор“ ви нуди широк избор на зимски гуми од реномирани светски и ...
Наредната недела започнува новата група на креативните работилници Art Explorers, наменети за деца кои сакаат да истражуваат, да експериментираат со различни материјали и да создаваат сопствени уметнички дела. Програмата вклучува работа со глина, декорирање ташнички, дизајнирање еко-торби и изработка на креативни предмети од хартија и други материјали. Од организаторите информираат дека се преостанати уште две слободни места, а ...
Слаб снег провејуваше на планинскиот превој „Стража“, со што означуваме, односно ги бележиме првите снежни врнежи за оваа година на овој планински предел. Од извори на терен, снегот не се задржуваше на коловозот, па сообраќајот се одвива секако без поголеми проблеми. Токму во моментов нашата екипа на терен известува дека провејувањата на снежни наноси престанале. Видеото во прилог е од пред 1 час: Сепак, поради променливите временски услови ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска престојуваше во работна посета на општина Кичево, каде заедно со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во текот на реконструкцијата на улицата „Рудничка“. Станува збор за инфраструктурен проект што се реализира преку Министерството за транспорт, во соработка со локалната самоуправа, а за чија реализација се инвестираат околу 30 милиони денари. По посетата, ...
На 03, 10 и 17 ноември 2026 година, од 17:00 до 21:00 часот, на гарнизонското стрелиште на АРМ кај село Осој, Кичево ќе се изведува боево гаѓање со единиците од ВП Кичево. Заради безбедноста и непречено спроведување на активностите, се повикуват граѓаните во наведените датуми во периодот од 17:00 до 21:00 часот, да не се упатуваат кон стрелиштето и да не се движат во неговата околина. Апелираме до сите граѓани да го почитуваат известувањето ...
Под мотото „Кичево пее хуманитарно“, на 5 ноември (четврток), со почеток во 19 часот, во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево ќе се одржи хуманитарен концерт, чија цел е да ја поттикне солидарноста и да испрати силна порака на поддршка кон оние на кои таа им е најпотребна. Станува збор за настан што ја обединува музиката, хуманоста и заедништвото, паричните средства од одржувањето на концертот како дел од мега проектот „Кичево – Град ...
Кичево вечерва беше во знакот на музиката, емоциите и заедништвото, каде што на Градскиот плоштад се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, подготвен по повод одбележувањето на 35 години независност на Македонија. Пред многубројната публика беше приредена богата музичко-сценска програма, во која се испреплетоа музика, танц и мултимедијален сценски израз, создавајќи атмосфера исполнета со емоции. Посебен белег на вечерта ...
ОВЕН Многу ќе зависи од еден од талентите што ги имате. Патувајте само ако тоа ќе ви помогне да започнете нешто со што имате многу проблеми во последно време. Обавезно одвојте време за личност во чие друштво уживате или што чувствувате дека секогаш ќе ги отвори очите и ќе ви помогне. Не плашете се да ги искажете тие скриени емоции. БИК Иако денес многу добро ќе знаете кој сте, што сакате да правите и до каде сакате да стигнете, личноста со ...
Рутерот работи 24 часа дневно и често со месеци не го исклучуваме. Но, повремено рестартирање може да помогне кога интернетот станува бавен или Wi-Fi врската почнува да прекинува. Нема потреба рутерот да се рестартира секој ден. Ако работи нормално, можете едноставно да го оставите вклучен. Сепак, рестартирањето е корисен прв чекор кога ќе се појави проблем со интернетот. Со текот на времето, рутерот обработува голем број врски и податоци. ...
ОВЕН Денес, Овенот размислува за патување и авантура. Може да сонувате за егзотични места и да направите нешто сосема друго од вообичаеното. Ако имате можност за сафари или нешто слично на Интернет, фатете го затоа што ќе ви се најде. Ако ништо друго, пријавете се на курс за фотографија на Интернет и откако ќе отидете на сафари, ќе се вратите со прекрасни фотографии. БИК Денес нема да ви биде лесно да убедите некого во вашите причини Бикови. ...
Ажурирањето на апликациите е нешто што многу корисници го одложуваат. Сепак, оставањето на стара верзија подолго време може да донесе проблеми. Новите верзии најчесто носат поправки на грешки, подобрувања и безбедносни исправки. Еден од главните ризици е безбедноста. Програмерите редовно откриваат пропусти и ги поправаат преку нови верзии. Ако апликацијата не се ажурира, телефонот може да остане без важни безбедносни исправки. Ажурирањата ...
Подготовките за второто издание на детскиот фестивал „Детска Мелодија 2026“ влегуваат во својата завршна фаза. По цели 12 месеци посветена авторска и педагошка работа, на 26 септември 2026 година следува вистински детски музички спектакл, организиран во два фестивалски настапи првиот со почеток од 11:00 часот, а вториот од 18:00 часот. Зад организацијата на фестивалот стои Музичката академија „Кристина“, предводена од директорот Кристина ...
ОВЕН Оние од вас кои се надеваат на нова деловна можност или позиција, треба да обрнат повеќе внимание на личноста што неодамна сте ја запознале. Можете да очекувате интересен разговор во средината на денот. Иако на почетокот веројатно ќе се навредите, застанете и размислете за момент зошто ви е кажано токму тоа за да разберете колку советот вреди златото. БИК Кога станува збор за работата и знаете дека сте забавиле во последните неколку ...
Министерството за внатрешни работи упатува апел до сите граѓани, а особено до сопствениците и операторите на дронови, на највисоко ниво да ги почитуваат правилата за безбедно користење на воздушниот простор. Од МВР велат дека поради зголемениот ангажман на Одделот за воздухопловни единици, полициските хеликоптери во периодов интензивно се користат за гасење пожари, извидување, транспорт и други оперативни задачи низ земјава. МВР ...