Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
Во 2020 година, светот тргна паметот на по паметот на Кина и стави катанци. Слободите беа драстично ограничени, исто како и економската активност а владите мораа да позајмуваат десетици и стотици милијарди за да ги одржат бизнисите и работници. Во Европа, забележлив исклучок беше Шведска. И покрај жестоките критики, шведската влада реши одлучи да не наметне драконски ограничувања на социјалната активност. Доказите сега убедливо сугерираат ...
Американските родители многу повеќе се загрижени за кариерата на нивните деца отколку за тоа дали ќе се омажат или имаат деца. Така покажува новото истражување на Истражувачкиот центар Пју. Резултатите велат дека само една петтина од родителите сметаат дека е „исклучително“ важно нивните деца да се омажат или да имаат деца, додека речиси половина велат дека овие работи „воопшто не се“ важни. Спротивно на тоа, 88% од родителите сметаат дека е ...
Бројките доаѓаат од високи функционери од Сеул кои тврдат дека Пјонгјанг до сега и има испорачано околу 6.700 контејнери муниција на Русија, кои по нивни процени содржеле околу 3 милиони парчиња 152-милиметарски гранати. За возврат за овие 3.000.000 гранати Северот од Русија добива храна, суровини и делови што се користат во производство на оружје. Храната била посебно важна за властите во Пјонгјанг за стабилизирање на цените на основните ...
Откако во рок од еден викенд Гугл го објави и го повлече својот до сега најважен ВИ проект, во понеделникот, на првиот работен ден на берзата, акциите на Алфабет паднаа на 138,75 долари за акција, што е минус од 4,4%. Проблемот е што погрешно всадената логика на Џеминај (како црнци викинзи и Азијатки во наци униформи), која пак е резултат на разбудената култура што доминира во компанијата, од јавноста и инвеститорите е протолкувана како ...
Американските универзитети ги зголемуваат трошоците за вработени лица надлежни за диверзификација. На пример, на Универзитетот во Калифорнија, Беркли, бројот на бирократи за различности има пораснато на околу 175, дури и во време кога државното финансирање на универзитетот е намалено. Што прават таквите? Промовираат вработување на етнички малцинства и жени, започнуваат кампањи за промовирање на дијалогот, пишуваат стратешки планови за ...
Две години после почетокот на рускиот напад врз Украина, песимизам се шири во западните општества , пишува „Ноје цирхер цајтунг“, а пренесува Дојче веле. Денес, само еден од десет Европејци верува дека украинските вооружени сили можат да ги победат Русите, покажуваат резултатите од ново истражување нарачано од паневропскиот тинк-тенк Европски совет за надворешни односи, со седиште во Берлин. Пред една година мнозинството граѓани на Европската ...
Зделката ја објави египетскиот премиер Мустафа Мадбули, според кого првите 15 милијарди треба да бидат префрлени во текот на неделава, а останатите 20 за два месеца. Се работи за една од највредните крајбрежни локации што ги има Египет, а критиката во земјата е дека таму треба да градат египетски инвеститори, не странци. Според договорот, египетската држава задржува 35% од профитот на проектот, а останатите се во сопственост на АДКУ ...
Порачувајќи дека секој еден загинат е трагедија, Зеленски објави дека Украина до сега има изгубено 31.000 припадници на вооружените сили. Ова е повеќе од двојно зголемување од декември 2022, кога украинскиот претседател за прв пат објави дека земјата има изгубено 13.000 војници. На истата прес-конференција Зеленски изјави дека Русија до сега имала „500.000 жртви, од кои 180.000 загинати во акција“. Вашингтон пост пишувајќи дека „бројките што ...
Скалата што на пример ја има воведено Ссангбангвул, компанија за производство на долна облека, предвидува 22.400 долари за прво дете, уште 22.400 долари за второ дете и 30.000 долари за трето. „Ниската стапка на новороденчиња е важна задача што нашето општество треба да ја надмине. Компанијата ќе преземе одговорност и ќе ги вложи сите напори за да го помогне зголемувањето на стапката на плодност,“ изјавил портпаролот на компанијата. Одлуката ...
За многу Американци, вклучително и Хилари Клинтон која веруваше дека изборите ги изгубила заради велешани, нашиот град во централна Република Македонија стана озлогласен затоа што беше седиште на досетливи измамници кои успеаа да ја монетизираат популарноста на Доналд Трамп во Америка и ширум светот, креирајќи неверојатно успешна индустрија на дигитални дезинформации и материјални понуди за американски патриоти и фанови на Трамп. Онаа бабичка ...
Се работи за судијата Џереми Џонсон, кој исто така е и детално проверен правник кој од британските власти има дозвола за пристап до највисоки тајни информации. Сите овие години американскиот прогон на Асанж се води во по налог на тајните служби од Вашингтон, со кои британските тајни служби имаат најблиски и длабоки односи. Доколку биде екстрадиран во САД, Асанж може да добие казна затвор до 175 години. Документите до кои доаѓа ДекласифајдУК, ...
Забраната важи од најниски нивоа на образование, од градинка, па низ цело основно, и дел од средно / гимназија. Се работи за надополнување на постојната забрана за не-академско користење на паметни уреди која беше воведена во Италија во 2007, но „не беше секогаш спроведувана.“ Министерот Џузепе Валдитара објаснил дека одлуката е и заради образовни причини и затоа што користењето на смартфони и таблет уреди често пати предизвикува тензија меѓу ...
Според сегашните насоки од американскиот Национален институт на здравје, за одржување на килажа мажи треба да внесуваат 2.500, а жени 2.000 калории на ден. Според податоците од минатата деценија речиси четвртина од овие калории доаѓаат од протеин, главно месо. Пренесувајќи ја веста, Њујорк пост наведува дека јајца, месо, риба и леќа се јадења кои содржат голема количина протеин, дополнувајќи со препораката од првиот човек на истражувањето, ...
Истражувачите од Универзитетот Бар-Илан во Израел произвеле органоиди - вештачки минијатурни органи - кои вешто ја имитираат структурата и функцијата на природните тестиси. Овие органи одгледани во лабораторија, израснати од клетки земени од глувчешки тестиси, формирале мали тубули за копи се верува дека имаат потенцијал во некои следни фази да произведуваат сперма како вистинските тестиси. Истражувањата покажуваат дека еден од осум парови ...
По најново, компанијата сега очекува продажбата на електрифицирани возила, вклучително и хибриди, да изнесува до 50% од вкупниот број до 2030 година - пет години подоцна од нејзината прогноза од 2021 година, кога имаше за цел да ја достигне пресвртницата од 50% до 2025 година. Производителите на автомобили и добавувачите многу се обложуваа на идната побарувачка за електрични возила, но инвестициите во капацитетот и развојот на оваа ...
„Некои луѓе се изненадени, јас не сум“, пишува Даглас Мареј во Њујорк Пост. „Пред неколку години, отидов во Силициумската долина за да се обидам да сфатам што по ѓаволите се случува со Google Images, бидејќи уште тогаш тие содржеа специфичен тип на пристрасност. Ако напишете „геј парови“ и пребарувате слики, ќе добиете многу среќни, исклучиво геј парови. Ако побарате „стрејт парови“ ќе добиете слики и од геј парови. Побарајте „бели парови“ ќе ...
Во еден од примерите што ги наведуваат корисниците на Редит, ЧатГПТ бил прашан дали е дозволено на куче да му се дадат Чириос (корнфлекс). На што ботот одговара за по кратко време да почне да испишува неповрзани зборови и глупости. На друг корисник на прашање „Што е компјутер?“ ЧатГПТ одговара: „Тоа ја врши работата на мрежа на уметност за државата, глушец за наука, лесно извлекување на неколкумина тажни, глобална куќа на уметноста, само во ...
„За нас повеќе не е исплатливо да ги дистрибуираме нашите дигитални содржини на начинот на кој тоа претходно го правевме. Како дел од примената, повеќе нема да објавуваме содржини на vice.com,“ напишал ЦЕО-то на Вајс медиа, Брус Диксон во меил до вработените. Тие најверојатно ќе успеат да го продадат сајтот Рафинерија29, а сите останати ги чека „репозиционирање на ресурсите и зголемување на ефикасноста на функционирањето на Вајс“, во народ ...
Алатката без проблеми вадела слики од црнци, домородни Американци и Азијати, ама кога ќе ѝ се побарало да даде слика од белец, одбивала да го исполни барањето бидејќи тоа „ги зајакнува штетните стереотипи и генерализации за луѓето врз основа на нивната раса“. Кога ќе била прашана зошто слика на белец би била штетна, вадела цела листа точки со објаснувања, меѓу другото, дека фокусирањето на расата ги сведува луѓето на единечни карактеристики и ...
Се очекува дека од министерствата за одбрана, надворешни и финансии ќе биде побарано да препратат средства и да најдат заштеда со цел да се плати за најразличната опрема што треба да и биде испорачана на Украина. Финансирањето ќе мора да се заврши без правење формални промени во годинешниот буџет, а уште од сега се знае дека во средствата дедицирани за француските вооружени сили до 2027 нема простор за дополнителна помош за било кого. ...
Велт проценува дека имиграцијата е една од најголемите линии на поделба во земјата и дека значителен дел од граѓаните би сакале самото општество да може да ги бира своите нови членови, односно да се запрат нелегалните влегувања во земјата и да се вратат стандардите и правилата за „селење во Германија“. Дури и самиот Шолц неодамна вети дека „конечно ќе мора да почнеме да депортираме луѓе во големи размери“. Пример, како причина за неуспешните ...
Со санкциите осмислени од британските власти на шестмината им се забранува да патуваат во Британија, а во исто време ќе биде замрзнат и целиот нивен имот во земјата, додека министерот за надворешни работи Дејвид Камерон порача дека одговорните за бруталниот третман на Навални ќе одговараат. За западните лидери вината за смртта на Навални паѓа на руските власти, вклучително и претседателот Путин. Британската влада исто така побара и властите ...
Науката за првпат успеа да покаже дека мозоците на мажите и жените функционираат поинаку, откритие што укажува на тоа дека полот е важен во тоа како луѓето размислуваат и се однесуваат. Прашањето за тоа дали машкиот и женскиот мозок се различни долги години е контроверзна тема, при што еден дел од академскиот свет беше убеден дека општеството - а не биологијата - е она што ја обликува различноста. Досега немаше убедлив доказ за разлики во ...
Џон Чикс на 6 јануари 2023 купува ливче за Пауербол, не го гледа извлекувањето меѓутоа веќе следниот ден кога проверува на сајтот на лотаријата неговата комбинација е добитна за 340 милиони долари. Комбинацијата е составена од семејни родендени и други бројки кои му значат лично. Проблемите настануваат кога Чикс тргнува да го наплати своето ливче во Канцеларијата за лотарија и игри на среќа (ОЛГ), каде системот не го валидира ливчето како ...
Речиси половина од возрасните Американци, 48% сметаат дека е делумно или многу веројатно дека Бајден ќе биде заменет како кандидат на демократите за претседател на САД, заради неговата возраст и менталното здравје. Нешто помал број, 32% веруваат дека Трамп ќе биде сменет, најверојатно заради неговите правни проблеми. Како што објаснуваат американските експерти иако постојат неколку сценарија во кои би биле именувани нови кандидати, тие се или ...
Остатоците од севернокорејската балистичка ракета пронајдени во Украина содржеле компоненти со ознаки на компании со седишта во САД и Европа, соопшти организација за следење на оружјето. Извештајот за истражувачката организација CAR (Conflict Armament Research) покажува дека Северна Кореја лесно набавува западни компоненти за своето оружје и покрај ригидните санкции, и дека тоа оружје го користи Москва во нејзината војна против Украина. ...
До сега САД на Украина и имаат испорачано само од постарите модели на АТАЦМ со среден домет, со објаснување дека генерално не и веруваат на Украина дека нема ракетите со поголем домет да ги искористи за директно гаѓање на мети во Русија и со тоа дополнително да ја ескалира војната. Последниот пакет американската помош од 60 милијарди долари веќе неколку месеци не може да мине низ американскиот Конгрес затоа што републиканците се решени да не ...
Вселенската агенција бара четворица волонтери кои ќе поминат една година живеејќи на Марс - поточно во 3Д-отпечатена реплика на дел од Црвената планета. Изолацијата е загарантирана. Овој потфат во вселенскиот центар Џонсон во Хјустон, е дел од програмата на НАСА, Chapea (crew health and performance exploration analog), која е дизајнирана да помогне во развојот и проценката на системите што ќе ги користат првата генерација астронаути при ...
Следниот месец има претседателски избори, но никој сериозно не се сомнева во исходот. По 24 години на власт, Владимир Путин речиси сигурно уште еднаш ќе биде крунисан за претседател на Русија. На единствениот официјален предизвикувач, неефикасниот антивоен кандидат Борис Надеждин, веќе му е забрането да се најде на гласачкото ливче а Алексеј Навални, веројатно најистакнатиот од домашните политички противници на Путин, беше пронајден мртов во ...
Шпанската полиција се уште го нема јавно соопштено идентитетот на убиениот, меѓутоа смртта на Кузминов е потврдена од украинското разузнавање. „Ја потврдуваме неговата смрт... тој реши да се пресели во Шпанија наместо да остане тука. Она што го знаеме е дека тој ја поканил својата бивша сопруга на гости во Шпанија и потоа бил најден застрелан,“ ја пренесува Украинскаја правда изјавата на портпаролот на украинското разузнавање. Шпанските ...