Уште при падот руската страна тврдеше дека авионот во кој имало 65 украински затвореници бил соборен од украинската војска. Киев побара меѓународна истрага за ова. До сега украинското воено разузнавање нема потврдено дали во авионот имало воени затвореници, ниту коментирале што би можело да ја предизвика несреќата. Подоцна Украинска Правда објави дека според нејзини извори во украинската војска авионот бил товарен со С-300 ракети. И ...

Египетскиот претседател Абдел Фатах Ал Сиси го нарече „претседателот на Мексико“, по што луто одбиваше прашања за неговата ментална кондиција: Бајден „не се сеќавал во кој период бил потпретседател“, и не можел да се сети „во опсег од неколку години, кога починал син му Бо.“, сумиравме во „Кампањата на Бајден заврши пред да почне?“ Целиот извештај на специјалниот советник Роберт Хур го имате овде. А Путин го видовте, нема потреба многу да ...

Во извештајот од над 300 страници се заклучува дека Бајден не треба да се соочи со никакви кривични обвиненија за тоа што дома чувал доверливи документи. Лошата страна е што обвинителите одлучиле да не го гонат Бајден затоа што на порота тој најверојатно ќе и биде симпатичен лик и ќе го смета за „добронамерен, постар маж со лоша меморија“. Самиот извештај содржи повеќе сведоштва за проблемите со сеќавање што ги има Бајден. Па така еден од ...

Кога сега ги слушате неговите клучни песни и подобро размислите како, во кои моменти и што отсвирел на својот Фендер Стратокастер со пруги и ѕвездички - ви останува комплетно нејасно како таква величина завршила на маргините на рокенрол историјата. Тој беше признат уметник, но не доби повеќе од „култен“ статус за време на неговиот живот, сè додека Том Морело не почна да го споменува во сите интервјуа како негов гуру на гитара и главна ...

Смената на Залужни е направена со претседателски декрет, откако генералот минатата недела одбил да прифати сам да поднесе оставка. Се работи за најголемата можна замена во украинското воено раководство од почетокот на војната. Во пораката објавена на Твитер, Зеленски пишува „Почнувајќи до денес, нов менаџерски тим го презема раководството на вооружените сили на Украина.“ Залужни беше назначен на командната позиција токму од Зеленски. Двајцата ...

Разговорот почнува со речиси 30 минутен вовед на Путин во руска и украинска историја, и како Украина како територија отсекогаш била руска, но прифаќа дека на таа територија живее народ кој смета дека треба да има посебна држава. Меѓу хајлајтсот од интервјуто е: - Имавме мировен договор со Украина уште во 2022, ама Борис Џонсон, по наговарање на Вашингтон, ги убеди Украинците да се откажат и да продолжат со војна. - Со овој договор Путин ги ...

Од ноември, Ансар Алах спроведува блокада на израелските бродови кои влегуваат во Црвеното Море во обид да го принуди Израел да го запре теророт врз Газа. Американската влада одбива да го запре геноцидот (види „Америка најде етничко чистење во Судан, ама не и во Газа“). Ефектот од блокадата беше значителен. Со бродови кои мораат да ја заобиколуваат Африка, големите бизниси како Тесла и Волво објавија дека го прекинуваат европското ...

Глуп е оној што ова би го протолкувал како триумф во борбата против пластиката. Европа продолжува да троши неверојатни количества пени, бои, смоли и секаков друг производ што го произведуваат петрохемиските фабрики. Само што сега автохтоното производство се заменува со увозни производи. Според Европската агенција за животна средина, еден Европеец годишно троши во просек околу 150 килограми пластика, над двојно повеќе од глобалниот просек од ...

Предлогот доаѓа од извршниот секретар на владејачката Аманат партија, Елнур Беисенбаев, а повод е убиството и злоупотребата на 5-годишната Еркезан Нуркаман, која со пари за сладолед била примамена во домот на 48-годишен педофил кој и претходно е осудуван. Овој пат убиецот добива доживотен затвор и хемиска кастрација, што според Беисенбаев не е доволно и треба да се оди на хируршка. Првичниот предлог било хируршката кастрација да важи за сите ...

Се работи за колумна на Аткинсон објавена во јуни 2023 во Гардијан, во која актерот напишал работи што подоцна се покажале како неточни. Насловот на текстот на Аткинсон е „Ги сакам возилата на струја и бев меѓу првите купувачи, но се повеќе се чувствувам измамен.“ Таму Аткинсон ги критикува електричните возила дека се „малку без душа“ и го критикува користењето на литиумски батерии. Неговиот предлог во текстот е возачите поретко да ги ...

Како што американската помош од 60 милијарди е заглавена уште од крајот на минатата година, така се повеќе личи дека ЕУ е таа што ќе треба да ја пополни дупката со пари и тоа со многу пари. Освен овие 60 милијарди, како што се зголемува можноста за враќање на Доналд Трамп во Белата куќа, така се зголемуваат и шансите за целосно секнување на американската помош за Киев. 50-те милијарди ЕУ планира да ги испорача во рок до 2027, а во исто време ...

Најавеното интервју на Такер Карлсон со рускиот претседател може да резултира со санкции за него од Европската унија, му дојавиле на Њусвик сегашни и поранешни членови на Европскиот парламент. Еден од нив, Гај Верхофстад, иаку поранешен премиер на Белгија, побара Унијата да воведе и забрана за патување на американскиот новинар кого го опишува како мегафон на Трамп и Путин. „Зошто правиме интервју со Путин? Затоа што тоа ни е работа, во ...

Шулт работи како компјутерски инженер во Центарот за сајбер разузнавање на ЦИА и креира сајбер алатки кои можат незабележано да собираат податоци од туѓи компјутери. Освен стандардните обвиненија за секое протекување на тајни на САД, како нелегално собирање и пренесување на информации од националната одбрана и попречување на кривична истрага, американските власти на Шулт му накалемија и дека тој собрал „илјадници и илјадници видеа и слики од ...

Иако остава можност Украина или Русија годинава да имаат успешна воена офанзива, Џулијан Барнс во текстот за Тајмс пишува дека сепак најверојатен исход е фронтот во 2024 да заврши на истите линии на кои почна. Доколку изостане напредок, очекувањето е дека Украина ќе треба да се договори со Русија. Она што веројатно е прифатливо за Путин, задржување на територијата и Украина да остане неутрална, Барнс објаснува дека Украинците го сметаат за ...

Како што пренесува Дојче веле, според истражувањата на АРД, Зидојче цајтунг и Цајт, шведските власти планираат да ја сопрат истрагата за терористичката саботажа на Северен тек. Одлуката треба да се донесе оваа недела. Тие започнаа истрага за скандалот во Балтичкото море во септеври 2022 година затоа што една од цевките минуваше низ шведската економска зона. Од ваков потег на Шведска би можела да профитира германската истрага за истиот случај, ...

Еуроклиар во 2022 заработи 821 милион евра од замрзнатите руски средства, за годинава благодарејќи на растечките каматни стапки да земе над четири пати повеќе и 2023 да ја заврши со приход од 4,4 милијарди евра. На овие 4,4 милијарди собрани од руските пари отпаѓа најголемиот дел од заработувачката на Еуроклиар во 2023 која изнесува вкупно 5,5 милијарди евра. Во 2022 беше 1,17 милијарди. Рекордните суми што ги прави компанијата се должат на ...

Големопродажната цена на природниот гас во Европа почна да расте над историскиот просек летото 2021 година. Следното лето достигна ниво за 2.000% повисоко од историскиот просек, а потоа драстично падна. Цената сега е само 30-60% повисока, па сепак, сметките за домаќинствата остануваат далеку над нивото пред кризата. Почнувајќи од јули 2023 година, типично британско домаќинство ќе плаќа околу 2.074 фунти годишно за енергија - речиси двојно ...

Инсистирањето на Трамп дека се уште имал претседателски имунитет судот го прогласи за опасно и неиздржано според Уставот на САД. Според судиите, заканата е дека обвиненијата за кои се товари Трамп („напад без преседан врз структурата на нашата влада“) се закана за демократијата доколку останат вон можноста за кривично гонење. Ова е една од неколку одлуки кои во текот на пролетва ќе решат дали Трамп својата кампања за претседател на САД ќе ја ...

Кон крајот на ланскиот ноември, 50 хуманитарни организации побараа од американскиот државен секретар Антони Блинкен да донесе одлука за сторени воени злосторства во Судан. Само шест дена откако го доби нивното писмо, Блинкен донесе таква одлука и ги прогласи суданската армија и една од завојуваните страни за виновни за воени злосторства, плус за етничко чистење и за злосторства против човештвото. За активистите за човекови права тоа беше фина ...

О'Нил објаснила дека периодов се менуваат многу работи и стари правила, заради што очекува во претстојната деценија да биде свикан референдум за обединување. Северна Ирска е отцепена од Ирска во 1921 во времето на оттргнувањето на Ирска од директна британска контрола. По ова на Северот започнува конфликт кој завршува дури во 1998 со договор кој предвидува можност за гласање за обединувањето на двете Ирски. Според договорот, британската и ...

„Колку е лоша соларната ситуација? Многу. Индустријата на ЕУ предупредува дека ѝ остануваат само неколку недели пред да пукне секторот“, пишува Политико. Весникот алармира дека кинескиот бизнис модел ги убива последните европски компании кои произведуваат соларни панели. Проблемот е во суштина економски и пазарен, но Политико успева да додаде и политичка димензија: повеќето соларни панели доаѓале од провинцијата Шинџијанг која имала особени ...

Верзијата на вработениот е дека добил видео повик од финансовиот директор кој јасно му кажал дека треба да ги исплати парите. Верзијата на финансовиот е дека тој никому не му се јавил, а уште помалку му кажал да исплати 25 милиони долари. Полициската истрага открива дека и двајцата се во право. Вработениот навистина имал видео-повик со директорот како дел од видео конференција со повеќе луѓе. Меѓутоа и директорот, и останатите учесници во ...

Зеленски смета дека се неопходни широки измени на военото и цивилно раководство на Украина за да можат одново да се стартуваат воените напори против Русија. „Неопходно е ресетирање, нов почетокот. Имам нешто сериозно на памет кое не се однесува на само еден човек туку и на правецот на раководењето со државата,“ изјавил Зеленски во интервју за италијанската Раи. Отпуштањето на Залужниј беше завршена работа уште минатата недела кога ...

05/02/2024 04:15 - Оф Нет

66 годишниот Аи Веивеи оцени дека денешното западно општество има станато толку уплашено што избегнува секакво промислување или дебата. Беше прашан за откажувањето на неговата изложба од галеријата Лисон во Лондон по коментарите на социјалните мрежи кои се однесуваа на конфликтот Израел-Хамас. Неговиот пост (подоцна избришан) сугерираше дека „чувството на вина околу прогонот на еврејскиот народ“ сега се злоупотребува против арапскиот свет. ...

Веројатно најголемите успеси на Украина летово воопшто не се случија на копно, туку беа во уништување на дел од руската флота во Црното море, а и тоа малку што беше постигнато на копно беше со огромни загуби и главно е поништено е зимското напредување на Русите. „Сега е јасно дека офанзивата пропадна,“ пишува Стефани Бидл во анализата за Форин афеарс. Причината за ова според нејзе треба да се бара во начинот на кој двете страни, а посебно ...

Организацијата е на Енхенсд гејмс, зад која стои Арон Соуза, адвокатот кој ја состави тужбата на Тиел против Гавкер медиа, и кои отворено ги поттикнуваат спортистите што ќе учествуваат на нивните игри да користат допинг. Детали околу планот Соуза ќе објави на 17 април, а намерата му е игрите и концептот да ги промовира за време на летната Олимпијада во Париз, која почнува во јули. Освен Тиел, игрите добија поддршка и од уште неколку ...

Се работи за драстично поместување на британската надворешна политика, но еден од предусловите дадени од Камерон е дека такво нешто нема да може да се случи се додека Хамас е во Газа, а во меѓувреме и дека за признавањето нема да се чека на „решението базирано на две држави“ до кое треба да стигнат Израел и Палестина. Во разговор со новинари во Либан, Камерон објаснува дека признавањето на независната палестинска држава „не може да се случи ...

Се работи за проширување на веќе постојната програма за самоубиство дозволено и предложено од канадската влада за терминално и хронично болни луѓе. Проширувањето предложено од канадската влада, кое е прилично контроверзно дури и за држава со веќе востановена пракса на самоубиства, дозволуваше на секого со неизлечива здравствена состојба да аплицира за самоубиство, дури и ако неговата болест не е терминална. Новите категории за еутаназија ...

Огромна е нееднаквоста на приходите во Европа при што очигледна е една географска поделба: највисоките нивоа на просечен расположлив приход (оние пари кои можат да се тргнат на страна за трошење или штедење) имаат западните и нордиските земји, додека како се оди на југ и на исток, резервите стануваат сè поникакви. Споредбата во апсолутни износи не би била фер поради разликите во цените па оваа е правена по ППС стандард, односно паритет на ...

На шемата наречена Проект Детроит а покрената од градското тело задолжено за транспорт работат 157 луѓе а некои инженери добиваат над 100.000 фунти годишно, открива Телеграф. Проектот Детроит ќе биде унифицирана платформа за наплаќање надомест за користење на патиштата, при тој ќе пресметува извозени киломатри но и други постоечки патраметри како учество во сообраќаен метеж или возење во зони со ниски емисии, а ќе може да се надоградува и со ...

weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
0.0
74%
1027
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
2.57
74%
1021
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
3.6
80%
1019
weather icon

Софија

-4ᴼ / -5ᴼ
2.06
61%
1026
weather icon

Сараево

-4ᴼ / -4ᴼ
1.21
75%
1024
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -3ᴼ
0.45
80%
1021
weather icon

Атина

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
29%
1025
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
56%
1028
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
60%
1028
weather icon

Букурешт

-5ᴼ / -7ᴼ
2.06
84%
1023
weather icon

Будимпешта

-5ᴼ / -6ᴼ
1.54
88%
1018
weather icon

Истанбул

0ᴼ / 0ᴼ
5.66
69%
1025
Currency

61.555

Currency

52.7416

Currency

71.0102

Currency

35.4461

Currency

38.0051

Currency

66.1354

Currency

7.56348

Currency

0.67334

Currency

0.33349

Currency

0.52452

Currency

1.22372

Currency

0.58452

Рутениум

44946.74

Сребро

2703.41

Платина

75300.49

Алуминиум

3.14

Злато

147759.41

Иридиум

169549.30

Калај

44.71

Бакар

12.08

Родиум

313469.78

Кобалт

59.52

Цинк

3.10

Паладиум

59575.33