Tomb Raider или ликот на Лара Крофт е еден од најинспиративните ликови во видеоигрите особено за гејмерките и секогаш присутен лик имитиран на косплеј и маскембали кај нас и ширум светот од женската популација на играчи на видеоигри. Најавени се две нови игри од кои Tomb Raider Legacy of Atlantis е римејк на првата Tomb Raider игра, што ќе биде преработена и со многу новитети и додатоци. Втората најава на Game Awards 2025 беше дека ќе видиме ...

Винс Зампела, ко-креаторот на серијалот видеоигри „Call of Duty“, почина на 55-годишна возраст. Раководителот на компанијата за видео игри „Respawn Entertainment“ и ко-основач на „Infinity Ward“ загина во сообраќајна несреќа во Калифорнија, пренесува Гардијан. Зампела го водеше создавањето на најпродаваната серија видео игри „Call of Duty“ во „Infinity Ward“, а во неговите различни студија беше вклучен во неколку многу успешни серии игри, од ...

Филмот „Crouching Tiger, Hidden Dragon“ или како што се преведува „Притаен Тигар, Скриен Змеј“ e Кинески филм кој во 2000 година имаше огромен успех во САД и Канада со заработка од 128,5 милиони долари без дополнително рекламирање, исполнет со долови на медитативна филмографија и инвентивна кореграфија на кунг фу борби со ладни оружја. Во овој напис го разгледуваме успехот на филмот, воедно и со ново толкување на приказната од самиот филм ...

Играта Where Winds Meet направи и продолжува да прави револуција во мрежните игри особено во категоријата на Масивните Мултиплејер игри. Популарноста на играта драстично расте, но има голем фактор на имерсија – и веќе го освои целосното внимание на милиони гејмери ширум светот. Играта внесува толку нови решенија и разноликост на различни категории на новитети и начини на играње што и PvE и PvP содржините се одлични, а играчите си ја играат ...

Македонскиот режисер Игор Алексов, автор на наградуваниот филм „Лена и Владимир“ снима ново долгометражно остварување насловено „Голиот рид“. На 28 декември 2025 година започна снимањето на долгометражниот игран филм, во продукција на City Star. Како што посочуваат од Сити Стар Продукција се работи за ново поглавје кое ги отвора вратите за млади талентирани актери да се вклучат во проект кој има јака уметничка и фестивалска димензија. „Голиот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД би можеле да поддржат уште еден голем напад врз Иран доколку продолжи со обновата на своите програми за балистички ракети или нуклеарно оружје и го предупреди Хамас за сериозни последици ако не се разоружа. Зборувајќи покрај израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот во неговиот имот Мар-а-Лаго во Флорида, Трамп посочи дека Техеран можеби работи на обновување на своите програми ...

Претседателот Володимир Зеленски ги негираше обвинувањата од Русија дека Украина извршила напад со беспилотни летала врз една од резиденциите на претседателот Владимир Путин и ја обвини Москва дека се обидува да ги попречи мировните преговори. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров тврди дека Киев извршил напад преку ноќ користејќи 91 беспилотно летало со долг дострел врз државната резиденција на Путин во северозападниот регион ...

Кина утрово испука ракети во водите покрај северниот и јужниот дел на Тајван и распореди нови бродови заедно со авиони бомбардери и разорувачи на вториот ден од своите најобемни воени вежби, како проба за блокада на островот. Командата соопшти дека бојното пукање ќе се одвива до 18 часот што ќе влијае на морето и воздушниот простор на пет локации околу Тајван. Исто така, објави видео на кое се гледа како мобилен ракетен фрлач испукува во ...

ЦИА изврши напад со беспилотно летало во текот на овој месец врз пристанишен објект на брегот на Венецуела, изјавија извори запознаени со ова прашање за Си-Ен-Ен, што претставува прв познат американски напад врз цел во таа земја. Нападот со беспилотно летало, чии детали претходно не беа објавени, бил насочен кон оддалечено пристаниште на венецуелскиот брег за кое американската влада верувала дека го користи венецуелската банда Трен де Арагва ...

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основниот суд во Кавадарци изрече пресуда врз основа на признание на вина со која го огласи за виновен 43-годишниот С.И. за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 (од користољубие) и го осуди на казна доживотен затвор. „Обвинетиот на 27 јули годинава од користољубие го лишил од живот својот помлад брат Илија Иванов. На роденденот на жртвата, двајцата браќа ...

Марија Петрушева, мајка на Андреј и на Кристијан Петрушеви, како сведок денеска раскажуваше за кобната ноќ кога се случи трагедијата во т.н. кабаре „Пулс“, во која го загубила нејзиниот син Андреј. Андреј работел во ресторанот „Престиж“ во Кочани, а вечерта бил повикан и на испомош во „Пулс“ од страна на сопственикот Дејан Јованов-Деко. Како што пренесува „360“, бил повикан и неговиот брат Кристијан, кој прво рекол дека нема оди. Двајцата ...

Владата обезбеди нови 12 милиони евра за чистење на малата депонија со линдан во ОХИС. Средствата ќе се искористат во следните три години за целосно расчистување на историскиот отпад и за ремедијацијата на малата депонија. Договорот беше потпишан денеска меѓу Владата и Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) со кој треба да се реши една од трите еколошки жаришта останати од некогашниот хемиски гигант. Ремедијацијата на ...

Со новиот Закон за високо образование, и по изборот во редовно звање, професорите по шест години повторно ќе мора да поминат низ изборна постапка, а дури потоа ќе стекнат трајно вработување. Ова е една од новините која ја најави министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешниот брифинг со новинарите. Законот ќе биде деновиве објавен на ЕНЕР. Јаневска најави и дека догодина ќе се заостри борбата против плагијаторството. Софтверот ...

Луѓето кои пијат вода од пластично шише секој ден внесуваат над 90.000 повеќе микропластични честички годишно, од луѓето што пијат вода од чешма, покажува ново истражување, кое повика на итни регулаторни мерки за управување со ризиците. Истражувањето забележува дека луѓето внесуваат од 39.000 до 52.000 микропластични честички, чија големина се движи помеѓу илјадити дел од милиметар и пет милиметри, во просек годишно. Пластичните шишиња ...

Како што соопштија од Авто-мото сојузот (АМСМ), граничните премини „Евзони“ и „Ники“ денеска по неколку часа ќе бидат затворени за одредени видови на сообраќај. Преминот „Ники“, или „Меџитлија“ од македонска страна, ќе биде затворен за товарни возила од 10 до 16 часот, додека „Евзони“ или „Богородица“ од 11 часот е затворен за сообраќај на сите видови возила. Блокадите на граничните премини во Грција започнаа на 30 ноември, при што околу 300 ...

Во Гостивар е отворена нова компанија „Дори Кер“, за нега на стари лица, која ќе имплементира скандинавски стандарди. „Дори Кер“ на пазарот нуди специјализирани услуги за домашна нега на стари лица, кои се целосно персонализирани според индивидуалните потреби на корисниците. Ќе нуди асистенција при исхрана, облекување и одржување на лична хигиена, па сè до грижа за домаќинството преку услуги за чистење и перење. Покрај физичката асистенција, ...

Најмалку 13 лица загинаа, а речиси 100 беа повредени откако воз излета од шините во југоисточниот регион Оахака во Мексико, соопшти мексиканската морнарица. Возот, кој се движел помеѓу Мексиканскиот Залив и Тихиот Океан, превезувал 241 патник и девет членови на екипажот, пренесува Би-Би-Си. Вкупно 98 се повредени, од кои 36 се на лекување во болница, соопшти морнарицата. Возот излетал од шините додека свртувал кривина во близина на градот ...

Кина започна воени вежби околу Тајван, со кои симулира заземање и блокада на области од островот. Во вежбите учествуваат копнената војска, морнарицата, воздухопловните сили и ракетните единици, објави Би-би-си. Од Народноослободителна армија на Кина соопштија дека активностите имаат за цел тестирање на борбената подготвеност и испраќање „строго предупредување“. Кинеските власти тврдат дека Тајван е нивна територија, и остро се ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека ќе започне со отстранувањето на шаторите од платото пред Народното собрание и дека на тоа место ќе биде поставено новогодишно село, додека плоштадот Никола Пашиќ ќе биде отворен за сообраќај дури по Нова година. Во текот на ноќта сите шатори што беа на патот беа отстранети, а во моментов се поставува изградба на нови куќи што ќе бидат дел од најавеното новогодишно село, пренесува Н1. ...

Силен дожд и студ продолжија да ја погодуваат Газа минатиот викенд, додека бројот на Палестинци убиени од суровото зимско време продолжува да расте. Во неделата загинаа две лица, вклучувајќи и седумгодишно дете, кога ѕид се урна поради студеното време, според цивилната одбрана на Газа. Додека Палестинците бараат засолниште од обилните дождови во бомбардираните урнатини, агенциите за помош предупредија за ризиците што ги претставуваат ...

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека брзо ќе формира нова влада откако неговата партија освои половина од гласовите на изборите во недела, сигнализирајќи можен крај на едногодишната политичка блокада што го парализираше парламентот и го одложи клучното меѓународно финансирање. Ова гласање е второ оваа година во Косово откако партијата Ветевендосје на Курти не успеа да освои мнозинство во февруари. Месеците неуспешни коалициски преговори ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека тој и украинскиот претседател Володимир Зеленски се многу поблискудо договор за прекин на војната во Украина, признавајќи дека судбината на регионот Донбас останува клучно нерешено прашање. Двајцата лидери разговараа на заедничка прес-конференција по средбата во одморалиштето на Трамп, Мар-а-Лаго, во Флорида, во недела попладне. Двајцата лидери објавија напредок по две од ...

Бугарија ќе стане 21. држава што ќе ја усвои валутата на ЕУ, а креаторите на политики се надеваат дека овој потег ќе ја зајакне економијата, пренесува „Гардијан“. Ова се очекува да се случи во во јануари, во услови на нови внатрешни политички турбуленции и стравувања дека дезинформации поврзани со Русија ја продлабочуваат недовербата кон новата валута. Балканската земја со 6,5 милиони жители ќе стане 21. членка на еврозоната на 1 јануари, а ...

Во ноември, бројот на пријавени случаи на акутни заразни заболувања изнесува 1.242 случаи, што е за 29,2 отсто повеќе отколку во октомври, наведено е во билтенот на акутни заразни болести што го објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Како што се наведува, повеќе од половина од случаите, 808 случаи биле овчи сипаници, што ја прави оваа болест најраспространета во ноември. Следни се ентероколитисите со 257 случаи. Регистрирани се и помали ...

Бугарија ќе стане 21. држава што ќе ја усвои валутата на ЕУ, а креаторите на политики се надеваат дека овој потег ќе ја зајакне економијата, пренесува „Гардијан“. Ова се очекува да се случи во во јануари, во услови на нови внатрешни политички турбуленции и стравувања дека дезинформации поврзани со Русија ја продлабочуваат недовербата кон новата валута. Балканската земја со 6,5 милиони жители ќе стане 21. членка на еврозоната на 1 јануари, а ...

Новогодишниот базар во Чаир кој започна вчера, а ќе трае четири дена, ги отвори вратите синоќа на плоштадот Скендербег, со што беше означен почетокот на празничната програма. Базарот го посетија стотици граѓани кои и покрај студеното време, уживаа во празничната декорација, штандовите и во музичката програма. Вечерта беше збогатена со музика на ди-џеј Едмир. Денеска од 18 часот, ќе се реализира посебна програма за деца со маскоти и празнични ...

Во тригодишниот мандат на антикорупцискиот офицер на најстариот универзитет во државата – „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), професорот Гордан Кајајџиев не добил ниту една пријава, а исто така и професорката Гордана Лажетиќ, која е на оваа позиција од април годинава. Студентите, пак, сметаат дека корупција постои, но истата е „нормализирана“. Според антикорупциската програма, објавена на сајтот на УКИМ, под корупција се подразбира „секое дејствие ...

Вистиномер рецензира објава во социјалната мрежа Фејсбук, која вели: Западнине нацисти не се спремат за одбрана од Русија, туку за одбрана на својот нацизам! Ова е проруска пропагандистичка објава, која нема никаква врска со фактите и која ја дезинформира јавноста. Да видиме дали западните земји навистина спроведуваат национал-социјалистички политики (или накусо: нацистички). Таа идеологија не е владејачка ниту во една современа западна ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против 46-годишен маж за кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, по што Основниот суд во Кавадарци го прогласи за виновен, откако тој го призна делото, и му изрече казна затвор од една година. Како што информира Обвинителството, инцидентот се случил на 21 декември по полноќ, кога обвинетиот, управувајќи патничко возило „Фолксваген“, не запрел ...

Европските лидери ќе учествуваат на заеднички повик со украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во сабота, како дел од засилените напори за постигнување мировен договор, пред Зеленски во недела да отпатува за Флорида, објави британски Гардијан. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе се приклучи на повикот во сабота, изјави портпарол на Комисијата за Ројтерс, во пресрет на ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1014
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
3.09
92%
1007
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
90%
1006
weather icon

Софија

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
83%
1012
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.5
93%
1011
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
97%
1006
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
1.34
87%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
93%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
100%
1013
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
2.24
93%
1011
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
96%
1008
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
5.14
95%
1015
Currency

61.546

Currency

55.011

Currency

73.576

Currency

37.869

Currency

38.857

Currency

66.755

Currency

8.2532

Currency

0.6642

Currency

0.34669

Currency

0.5238

Currency

1.0952

Currency

0.58643

Алуминиум

3.04

Злато

129229.93

Бакар

12.62

Сребро

1680.82

Кобалт

33.53

Цинк

3.77

Платина

49801.51

Рутениум

61086.42

Калај

46.56

Родиум

300609.48

Иридиум

321507.47

Паладиум

33854.74