Македонците во странство минатата година испратиле во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП. Иако бележиме суфицит, личните дотации од странство кон Македонија во апсолутни бројки бележат пад во последните години од 319 милиони евра во 2023 и 331 милион евра во 2022 година. Од земјите во регионот во апсолутни бројки најмногу дотации лани има дијаспората на Србија, која испратила 4.47 милијарди евра, потоа следи на Босна и Херцеговина ...

Поднесена е кривична пријава против поранешен градоначалник на Демир Капија, општина Демир Капија и против поранешен директор на Јавното претпријатие за комунални работи „Бошава“ за „загадување на животната средина и природата“, а се сомничат дека довеле до контаминација на водата за пиење која била закана по здравјето на околу 120 жители на селото Прждево. „ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава ...

Ракометарките од Норвешка го освоија златниот медал на Светското првенство 2026. Во финалето вечерва во Ротердам, Норвежанките ја победија Германија со 23:20 (11:11). Норвешка е сопственик на сите три злата од најголемите натпреварувања, Олимписки игри, Европско првенство и Светско првенство. Германките стигнаа до медал на Мундијал, прв од 2007 година. Голманката Катрин Лунде со 15 одбрани, како и Хени Рајстад со шест и Тејл Дејл со пет гола ...

Ракометарите на Охрид остварија голема победа откако во дуелот од 17.коло на домашен терен го совладаа првакот Еурофарм Пелистер со 29:25 (13:11) и се доближи на еден бод од битолчани, за кого ова беше втор пораз во првенството. Почетокот на дуелот беше во знак на минималната предноста на домашната екипа, а резултатот беше нерешен дури девет пати до 10:10 во 26.минута. Во тој дел од натпреварот првакот Е.Пелистер водеше само во 13.минута со ...

Доналд Трамп ќе испрати претставник на разговорите за Украина во Европа овој викенд само ако има вистинска шанса да се потпише мировен договор, изјави портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит. „Претседателот Трамп е уморен од повеќекратните состаноци на кои никогаш не се постигнува договор за завршување на војната во Украина. Тој е крајно фрустриран од двете страни во оваа војна и преку глава му е од состаноци само заради состаноци“, кажа ...

Македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), упати апел до Македонците во Албанија, да се изјаснат за Македонци, врз основа на законските одредби, тука и соодветната одлука на албанската влада, процес кој е во тек. – Драги сограѓани Македонци во Република Албанија, ви се обраќаме со отворен и искрен повик, во момент од особено значење за афирмацијата на македонскиот идентитет, достоинство и права како автохтона ...

На утрешната пленарна собраниска седница се очекува да биде ставен предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Ова го соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите. Потенцира дека се уште не е пратена покана до Коцевски дека на утрешната седница ќе биде неговото разрешување, но оти би требало да му биде доставена во текот на денов. До крајот на декември се очекува да се ...

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска поднесува официјална пријава до Државната комисија за спречување корупција, околу случајот на „Сити Аутсорсинг“. „Фирма која добила 161 тендер, вредни 9 милиони евра а само годинава заработила речиси половина милион евра. Фирма со семејни врски на Ивица Томовски, актуелниот директор на СОЗР со оваа фирма. ДКСК минатата недела отвори предмет за овој случај, но нема да дозволиме тоа да биде само уште еден ...

ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и од ЗНАМ подготви и поднесе Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, составена од девет точки со која еднаш засекогаш се става крај на манипулативната тема со мигранти, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Со Резолуцијата, како што посочи, се осудува секое манипулативно однесување и се ...

Екипата на ТФТ го победи Гостивар на гостински терен со 93:83 во денешниот натпревар од 10. коло на кошаркарската Супер лига. Со оваа победа тимот од скопско Тафталиџе го потврди првото место на табелата. Гостинска победа забележа и Гостивар во Кавадарци против Тиквеш со 99:76. Вечерва играат Чаир и Ангели. Двојки за утре: Маџари – Феникс Работнички – МЗТ Скопје Аеродром Кожув – Куманово. ТФТ е лидер на табелата со 19 бода, пред Пелистер со ...

Ландо Норис од Мекларен и официјално ја круниса својата неверојатна сезона, примајќи го трофејот за Светски шампион во Формула 1 на свечената церемонија на ФИА одржана во Ташкент, Узбекистан, во петокот навечер. Ова беше емотивно враќање на сцената за британскиот возач, кој последен пат се појави на доделувањето на наградите на ФИА пред 11 години како светски шампион во картинг. Возачот на Мекларен триумфираше во финалето на Големата награда ...

Белгија би можела да покрене тужба против Европската Унија доколку Брисел реши да ги заплени замрзнатите руски средства во клириншката куќа „Еуроклир“ без согласност на белгиската влада. Белгискиот премиер Барт де Вевер предупреди дека таквиот потег би бил „противзаконски и крајно ризичен“. – Не може ништо да се исклучи. Ако се донесе одлука која е неразумна и нелегална, Белгија ќе мора да се брани – рече Де Вевер во изјава за белгиската ...

Четвртина од граѓаните на Македонија (25 отсто) сметаат дека земјата никогаш нема да стане членка на Европската Унија, покажуваат резултатите од најновото истражување „Балкански барометар 2025“ на Советот за регионална соработка (РЦЦ). Според истражувањето, 21 отсто од испитаниците во земјава очекуваат влез во ЕУ до 2035 година, 11 отсто до 2040, а 15 отсто се пооптимистични и веруваат дека тоа ќе се случи до 2030 година. Дека членството ќе ...

Темата со мигранти е непостоечка. Ние неколкупати како власт одговоривме дека не се водени такви разговори и оти ниту на крај памет не ни паѓа такво нешто. Мислам дека е редно обвинителството да се позабави во вакво сеење паника и страв кај граѓаните. Вистината е дека минатата власт изработила национална стратегија за прифаќање мирганти 2017-2027 година. Таа барала од општините да обезбедат услови каде би се граделе тие мигрантски кампови. ...

На 13 декември во Универзитетот „Скопје“ се одржа промоција на преобјавеното издание на Македонскиот буквар „Абецедарот – сто години потоа“ (1925-2025). Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и Светскиот Македонски Конгрес „Абецедарот“ го промовираа проф.д-р Никола Жежов и проф.д-р Валентина Миронска-Христовска, а одломки од авторските статии читаа Исток Улчар и Игор Трпчески а со со авторски ...

Иако на прв поглед пониските цени на храната звучат како олеснување за семејниот буџет, реалноста во многу европски земји покажува поинаква слика. Храната и понатаму останува еден од најголемите трошоци за домаќинствата, а товарот што го носи нејзината цена не е ист за сите. Најновите податоци на Евростат откриваат длабоки разлики меѓу земјите, но и еден податок што особено се издвојува, Македонија е најевтината земја за храна во цела Европа. ...

Охрид и Струга очекуваат бројни гости за време на божиќните и новогодишните празници. Според најавите, најбројни и годинава ќе бидат гостите од Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора и дијаспората. Најмногу гости со хотелски аранжмани, каде цената е од 50 до 100 евра по човек, има од Бугарија, помал дел се од Србија, а за католичкиот Божиќ, 25 декември, најмногу гости има од Грција. За туристите кои се очекува новогодишната ноќ да ја дочекаат ...

Полициски службеници по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го лишиле од слобода Фехми Стафа поради сторено кривично дело примање награда за противзаконито влијание. Како што информира МВР, во периодот од октомври до 13 декември 2025 година осомничениот примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание за да интервенира кај судија ...

Евролигашката ноќ во 15. коло донесе спектакуларни пресврти, продолжување на победничките низи и жестоки битки кои ги зацврстија позициите на врвот и го згуснаа средниот дел на табелата. Дубаи ја продолжува низата со трилер-завршница (Дубаи 89-88 Баерн) Дубаи Баскетболот ја потврди својата непобедливост во „Кока-Кола Арена“ со драматична победа над Баерн Минхен. Иако Дубаи во текот на второто полувреме водеше само 42,5 секунди, а во четвртата ...

Ракометарите на Алкалоид остварија нова победа во домашнаото првенство откако вечерва го совладаа МРК Куманово со 42:25. Од самиот почеток на дуелот избраниците на Кирил Лазаров беа расположени заигра, а гостите од Куманово третото и последно изедначување го имаа при резултатот 3:3. Домашниот тим потоа направи две мини серии од 3-0 за водство од 12:6. Првата двоцифрена разлика првпат поведоа со двоцифрена разлика (25:15), а предноста ...

И покрај деловниот пристап на преговарачите на Доналд Трамп кон толку чувствително дипломатско прашање како што е завршувањето на војната во Украина и нивната подготвеност да ги поправат односите со Русија на Путин, планот што се развива би можел да биде основа за вистинско мирно решение, објавува „Вашингтон пост“. Неговите клучни одредби вклучуваат корејски модел за одвојување на завојуваните страни, заштита на суверенитетот и безбедноста на ...

Политичките субјекти треба да се воздржат од јавно етикетирање и дискредитација на медиумите. Таквите настапи можат да влијаат ограничувачки врз слободата на изразување и да ја намалуваат довербата во јавноста, што оправдано буди грижа и е за осуда, реагираат од Здружението на новинари на Македонија по денешната прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Во конкретниот случај, СДСМ, наместо јавно да ги рецензира медиумите, ...

Нов протестен „Марш за ангелите“ се одржа денеска во Кочани, на кој родителите повторно го актуелизираа своето долгогодишно барање и упатија јавно прашање до надлежното обвинителство – до каде е обвинителниот акт во истрагата за евентуална одговорност на полицајци. – Денеска се обраќаме до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Согласно начелата на владеење на правото, законитоста и еднаквоста на сите ...

На 10 декември во Музејот на националната борба за самостојност се одржа промоција на книгите: „Посланија и беседи“ од Архиепископ Доситеј и „Таков Архиереј ни требаше – зборник на трудови во чест на Архиепископот Доситеј“. Промотори на книгите беа архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Делата „Посланија и беседи“ и „Таков Архиереј ни требаше“ се изданија на Светиот архијерејски синод на ...

Мерките на Владата во областа на туризмот даваат резултати и затоа во првите 10 месеци од годинава имаме повеќе од 5 проценти зголемување во вкупна бројка на туристи и близу 9 проценти странски туристи, но и околу 3 милиони преноќувања. Затоа ќе продолжиме со ваквите политики, бидејќи туризмот е многу значаен за помала земја како нашата и за промоција, но и за кеш пари за македонската економија, вели премиерот Христијан Мицкоски. Тој очекува ...

Тест-периодот на проектот „Безбеден град“ дава охрабрувачки резултати, возачите забележително ја намалија брзината на движење, а бројот на сообраќајни незгоди бележи пад, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој рече и оти е горд што македонските граѓани и во тест период кога ќе се вметне едно решение, покажале дека се вистински Европјани. „Се намалуваат сообраќајните незгоди на територијата на Град Скопје, а особено бројот на ...

Министерството за животна средина обидувајќи се да се покрие за едно злодело призна друго! Призна дека со децении противзаконски толерира трујачи, дека иако не постои ниеден закон со кој труењето може да биде деловна тајна, тие тоа го дозволувале и дека со новиот криминален закон само си го легализираат злоделото, велат од Зелен хуман град (ЗХГ). „Индустријата одамна го користела правото на деловна тајна за информации што согорува според ...

Фудбалерите на македонскиот шампион Шкендија, се радуваа на нова победа на европската сцена. Во претпоследната рунда од групната фаза на Конференциската лига, тетовци вечерва, во Скопје, го совладаа тимот на Словен Братислава со 2-0. Во воведните петнаесетина минути најчесто се играше на средината на теренот. На обете страни видовме по еден без успешен обид. Во 31.минута Шкендија дојде до водство од 1-0. По корнерот од левата страна, Латифи ...

Црвена Зведа забележа важна гостинска победа од 0:1 против Штурм Грац во Австрија, во рамките на шестото коло од Лига Европа. Единствениот гол на натпреварот го постигна Мирко Иваниќ во 55. минута. Овој триумф е трет последователен за српскиот тим со идентичен резултат од 1:0, по претходните победи над Лил и ФЦСБ, со што ги задржаа шансите за пласман во европската пролет. Динамо Загреб претрпе убедлив пораз од 1:3 на домашен терен против ...

Во интервју за „Политико“, Доналд Трамп ја опиша Европа како „распаѓачка“ група нации предводени од „слаби“ луѓе, критикувајќи ги традиционалните сојузници на САД за нивниот неуспех да ја контролираат имиграцијата и да ја прекинат војната во Украина. Тој рече дека ќе ги поддржи политичките кандидати во Европа кои се согласуваат со неговата визија. „Мислам дека се слаби “, рече американскиот претседател за европските политички лидери. „Но, ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.27
65%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
1.5
90%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.45
93%
1013
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.47
65%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
5.75
57%
1011
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.39
92%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
0.45
67%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.85
69%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.89
60%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
1.34
66%
1010
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
0.89
53%
1013
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
1.41
59%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28