Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Неколку лица загинаа во судир меѓу воз и училишен автобус во Белгија, изјави извор за Ројтерс. Судирот се случил на премин во градот Бугенвил во вторник наутро. Како што објави Белгискиот стандард, во автобусот имало двајца возрасни и седум деца. Белгискиот железнички оператор Инфрабел соопшти дека рампите на преминот веќе се спуштени. 🚨🇧🇪 ALERTE INFO | Un bus scolaire a été PERCUTÉ par un train à Buggenhout, en Belgique. Plusieurs ...
Армијата на Република Македонија, на 28.05.2026 година (четврток) во период од 10:00 до 14:00 часот, на градскиот стадион во Штип организира презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата. На настанот кој се реализира по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки се изврши оценување на борбената готовност (CREVAL) на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), граѓаните ќе имаат можност да се ...
Кејт Мидлтон откри навика поради која нејзиното семејство честопати ја задева, а принцот Вилијам и децата понекогаш буквално ја напуштаат. Кејт Мидлтон секогаш изгледа смирена, елегантна и совршено во склад со кралскиот протокол. Многумина веруваат дека некои членови на британското кралско семејство би можеле многу да научат од неа. Сепак, се чини дека саканата принцеза има и навика што често ја тера да биде задевана во палатата. Таа првпат ...
Млад жител на Кочани го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер на излезот од градот. -На 25.05.2026 во 21:23 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Делчево, во близина на место викано „Компосара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(48) од Виница и мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Ѓ.(42) од Кочани, ...
Во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП Комунална хигиена-Скопје и годинава ќе постави специјални контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад (остатоците од курбанот). Садовите ќе бидат поставени во текот на денешниот ден (26.05.2026), по 14 часот. ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира до верниците органскиот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови, затоа што ...
Само специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче слепо му верува на Румен Радев кога вели дека уставните измени се последната препрека за влез на Македонија во ЕУ. На сите им е јасно, па дури и на птиците, дека уставните измени за внесување на Бугарите во уставот е само првиот од многуте чекори кои бугарските власти ги имаат кон нас, а се однесуваат на македонскиот јазик, историја, култура и идентитет, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ...
Според астролошки толкувања, наредниот период за три хороскопски знаци – Бик, Лав и Скорпија – може да донесе значајни животни промени и трансформации. Се верува дека овие промени ќе дојдат постепено, но со силно влијание врз личниот и професионалниот живот. Кај Биковите се најавуваат пресвртни моменти поврзани со работа или приватниот живот. Можно е да се појават ситуации кои ќе ги натераат да излезат од зоната на удобност и да направат ...
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ пристигна во официјална посета на Македонија. Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, заедно со министрите, го пречека хрватскиот колега на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Оваа средба претставува потврда за добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска, како и важноста на меѓусебната соработка, европските вредности и регионалната стабилност, напиша Мицкоски на Фејсбук. Според ...
Постојат моменти кога дипломатските документи не се само бирократски извештаи туку јасни мапи за иднината. Токму таков е новиот извештај на Стејт департментот до Конгресот на САД за Западен Балкан. На само седум страници, Вашингтон испрати порака што одекнува многу подалеку од административниот јазик. Имено, САД се враќа на Балканот со поинаков пристап. Ова го најавивме пред неколку месеци, но и новиот извештај на Стејт департментот до ...
Во првиот квартал годинава вкупниот број на превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 9 348 000 и е намален за 5 проценти во однос на првиот квартал од 2025 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, број на превезени патници во градскиот превоз е намален за 4.7 проценти, во приградскиот превоз за 8.8 проценти, додека зголемување има во меѓуградскиот превоз за 9.2 проценти и меѓународниот превоз за 1.3 проценти. ...
Подмладоците на политичките партии во државава денеска во Скопје потпишаа Декларација за европски вредности и кохезија, на настан организиран од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид, со поддршка на Европската Унија, по повод Денот и Месецот на Европа. Со потпишувањето на декларацијата младите политички лидери се обврзаа на почитување и унапредување на заедничките европски вредности, меѓу кои дијалогот, кохезијата, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека збогатениот ураниум на Иран или ќе биде испратен во САД за да биде уништен или ќе биде уништен на друго место додека продолжуваат преговорите за рамковен договор за ставање крај на војната со Иран. Збогатениот ураниум или веднаш ќе им биде предаден на САД и таму ќе биде уништен, или ќе биде уништен на самото место, или на друга прифатлива локација во координација со Техеран, напиша ...
Вооружени турски борбени авиони продолжија со кршењето на грчкиот национален воздушен простор, а еден инцидент доведе до симулирана воздушна борба меѓу два грчки F-16 и два турски F-16 во подрачјето меѓу островите Лемнос и Лезбос, пренесе денес Катимерини, повикувајќи се на изјави на грчки официјални лица. Како што се наведува, овој судир е трет од ваков вид од почетокот на 2026 година, а претходните инциденти беа забележани на 26 март и 12 ...
Количеството на превезената стока во товарниот патен превоз во првиот квартал годинава е намалено за 19.4 проценти во однос на истиот квартал од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Наспроти товарниот патен превоз, во првите три месеци од годинава споредено со истиот период лани статистиката евидентира зглемување на количеството на превезена стока во железничкиот превоз, за 14.2 проценти, а во воздухопловниот превоз за ...
Фондацијата „Фросина Кулакова“ информира дека започнува официјална соработка со Министерство за внатрешни работи преку потпишување на Меморандум за соработка, со јасна и заедничка цел – унапредување на безбедноста во сообраќајот и спречување на трагедии. Оваа соработка е природно продолжение на мисијата на Фондацијата, која од своето основање работи на создавање долгорочна и одржлива платформа за подигнување на јавната свест, развој на ...
Националната банка на Шкотска произведе 100 банкноти од 20 фунти со „ножичките“ вредни пласман на Светското првенство на Скот Мектоминај. View this post on Instagram A post shared by Bank of Scotland (@bankofscotland) Шкотска се враќа на Светското првенство по речиси три децении чекање, откако последниот пат учесниците на глобалното натпреварување беа во 1998 година во Франција. По шест неуспешни обиди, конечно стигнаа до Светското ...
Еден итен телефонски повик, неколку непланирани обврски и работниот ден завршува без да се заврши најважната задача. Ситуација позната на многумина често носи фрустрација и стрес, особено кога работите не одат според планот. Експертите објаснуваат дека причината не е случајна, туку психолошка. Колку подетално го планираме нашиот ден, толку повеќе очекуваме да ги постигнеме нашите цели. Кога не успеваме во ова, луѓето често се обвинуваат ...
Централниот совет на Македонците во Берлин упати апел до пратениците во Европскиот парламент да го поддржат Амандманот 108 на европратеникот Томас Вајц. Со амандманот се бара Правната служба на Советот на ЕУ да даде независно мислење дали Вториот билатерален протокол меѓу Македонија и Бугарија е дел од преговарачката рамка за членство во ЕУ. Од Советот велат дека досега нема јасна правна потврда за тоа, иако протоколот во пракса се третира ...
Слаткото од јагоди е еден од најомилените домашни деликатеси, кој го носи вкусот на пролетта затворен во тегла. Со својот богат сируп и сочни, цели плодови, ова слатко е неизоставен дел од традиционалното послужување – кога на гостите им се нуди лажичка слатко и чаша ладна вода, како знак на гостопримство. Состојки: 1 кг јагоди 1 кг шеќер вода (колку да ги покрие јагодите) 1 лимон Подготовка: Јагодите измијте ги темелно и исчистете ги од ...
Студија објавена во престижното научно списание „Precision Oncology“ предизвика огромно внимание на социјалните мрежи, откако научници тврдат дека пчелиниот отров успеал да уништи агресивни клетки на рак на дојка за само 60 минути. Според истражувањето спроведено од Harry Perkins Institute of Medical Research во Австралија, главната состојка на пчелиниот отров, наречена Melittin, ја напаѓа мембраната на канцерогените клетки и ги блокира ...
Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран, таргетирајќи локации за лансирање ракети и ирански чамци за кои тврди дека се обидувале да постават мини, и покрај тековниот прекин на огнот. – Американските сили денеска извршија напади во самоодбрана во јужен Иран за да ги заштитат нашите војници од заканите што ги претставуваат иранските сили – изјави синоќа портпаролот на Централната команда на САД (CENTCOM). Американската ...
Првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков (51) и неговиот син Адам (20) ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа. Сопругата на Ристе и мајка на Адам преку социјалните мрежи се прости од своите најблиски. Не постојат зборови со кои може да се опише празнината во срцата на семејствата кои останаа без своите најмили. Скршена од болка и тага сопруга на Ристе и мајка на Адам се огласи на социјалните мрежи со потресни ...
Се’ почесто, посебно после октомвриските случувања во 2023-та и, се’ уште траечката војна меѓу Израел и Хамас во Газа, а посебно, после започнувањето на агресијата на САД и Израел врз Иран, сведочиме на најразлични анализи на настаните кои, вообичаено, се дијаметрално спротивни. Па, посебно е интересно позиционирањето на многумина – едните во целосен напад на Израел и Евреите, другите во нивна целосна одбрана. А, вистината, како и обично, се ...
Одговорете ги прашањата и соберетe ги поените (A=1, B=2, C=3, D=4). 1. Како обично го поминувате слободното време? A) Дома, мир, филм или книга B) Со блиски луѓе, кафе и разговор C) Во движење, излегување, менување локација D) Непланирано, сè зависи од моментот 2. Кога имате проблем, вие: A) Сè анализирате сами и се повлекувате B) Разговарате со некој на кого му верувате C) Веднаш дејствувате и го решавате D) Чекате да видите како ќе се ...
Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, соопшти неговото семејство. Треневски беше роден во 1949 во Скопје и во текот на својата богата професионална кариера остави значаен белег во новинарството, државните институции, дипломатијата и врските со македонското иселеништво. Треневски дипломирал на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата англиски јазик и литература. ...
Цените на суровата нафта Брент забележаа повторен раст во вторникот. Ваквиот тренд следува по воените операции на САД во јужен Иран, како и поради мешаните пораки од американскиот претседател Доналд Трамп во врска со преговорите меѓу Техеран и Вашингтон. Јулските фјучерси за меѓународната референтна сурова нафта Брент поскапеа за 2 проценти, достигнувајќи цена од 98,26 долари за барел во азиската трговија. Од друга страна, фјучерсите за ...
Портпаролката на француската влада, Мод Брежон, денеска соопшти за седум смртни случаи, меѓу кои пет предизвикани од давење, кои се поврзани со топлотниот бран што ја зафати Франција во последните неколку дена. – Она што можам да ви го кажам денеска е дека се случија седум смртни случаи кои се директно или индиректно поврзани со топлото време – изјави Брежон за каналот ТФ1 (TF1), додавајќи дека ситуацијата дополнително ќе се прецизира по ...
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава, а судот одреди притвор за насилници од Турција поради напад врз доставувач во Скопје. -На 25.05.2026 во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.(21), А.Ф.Е.(21), Т.А.Б.(22) и А.И.О.(24), сите од Турција, постапувајќи по пријава на 24.05.2026 околу 19:55 часот дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу сообраќајот, прво со ...
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, би можел да го промени клубот во летниот преоден рок, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Аргентинскиот напаѓач не е во суштински разговори со мадридскиот клуб за продолжување на договорот. Неговиот тековен договор важи до 2030 година. ПСЖ, Барселона и неколку клубови од Премиер лигата покажуваат интерес за Алварез. Романо забележува дека раководството на Атлетико ќе има тешкотии да го задржи ...
Богат, природно сладок прелив и интензивен овошен вкус кој совршено се вклопува со нежен ориз зготвен во млеко. Овој десерт е идеален и топол и ладен, а особено е видлив во сезоната на јагоди. Состојки: За печените јагоди: 450 г свежи јагоди (исчистени и исечени) 3 лажици мед За сутлијаш: 200 г бел ориз (долгозрнест) 1 л млеко 100 г шеќер прстофат сол 1 лажичка екстракт од ванила Подготовка: Чекор 1: Печете ги јагодите Загрејте ја рерната на ...