Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Монодрамата „Последниот час на Његош“, со актерот Слободан Маруновиќ, првенец на Црногорското народно позориште ќе гостува на сцената во Македонскиот народен театар, на 28 февруари, во 20 часот. По текст на Слободан Томовиќ и во режија на Благоја Ераковиќ, монодрамата во која ликот на Петар II Петровиќ Његош, маестрално ја игра Маруновиќ, досега е изведена повеќе од 1.500 пати на театарските сцени низ светот. Ги има добиено најголемите ...
Центарот за култура – Битола и Сефедин Бајрамов денеска официјално го најавија и споделија детали за престојниот концерт на Бајрамов закажан за 12 февруари. Концертот ќе се одржи во пресрет на празникот на виното и љубовта во големата сала на Центар за култура – Битола. „Прстен за неа“ не е само еден обичен концерт, тоа ќе биде музичка приказна наменета за љубовта, емоциите, ветувањата и некои други слатки приказни. Салата е веќе половина ...
Народен театар – Битола е во процес на проби за новата претстава за деца „Авантурите на Пинокио“ по познатото дело на Карло Колоди. Режијата е на Деан Дамјановски а играат: Никола Стефанов, Валентина Грамосли, Марјан Георгиевски, Јулијана Мирчевска, Маја Андоновска – Илијиевски, Катерина Аневска – Дранговска и Александар Димитровски. Премиерата е закажана за 28 февруари на големата сцена на Народен театар – Битола со почеток во 18 часот. ...
По два распродадени концерти во Скопје, на 7 и 8 март, славниот српски пар пејачката Јелена Томашевиќ и актерот Иван Босиљчиќ доаѓаат за концерт во Битола на 9 март. Томашевиќ во 2018 година а Босиљчиќ во 2023 година одржаа самостојни концерти во Центарот за култура – Битола. А сега, за прв пат во нивните богати кариери, Јелена и Иван ќе застанат заедно на сцената и ќе ја почестат публиката со вечер полна со емоции, музика и незаборавни ...
Филмот „Мајка вештерка“ во режија на Минос Папас, копродукција меѓу Кипар, Северна Македонија, Канада и САД ( Константинос Никифору, Минос Папас, Дарко Попов/ Caretta Films, Cyprian Films New York, Focus Pocus Films) на 3 февруари ќе биде прикажан во официјалната селекција на годинешното издание на Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам. „Кипар, 1882 година. Селото е под британска окупација, а Елени, сликарка која се стекнала со ...
Министерството за култура и туризам денеска, недела (1.2.2026), на својата веб-страница (www.kultura.gov.mk) ги објави резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2026 година. Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2026 година траеја од 30 септември 2025 година до 31 октомври 2025 година. Пријавувањето на Годишните ...
Канадската актерка Кетрин О’Хара, позната по своите улоги во филмовите „Сам дома“ и серијата „Добредојдовте во Шитс Крик“, почина денес на 71-годишна возраст, потврди нејзиниот менаџер за списанието „Варајети“, без да ја наведе причината за смртта. Кариерата на О’Хара во Холивуд траеше повеќе од пет децении, почнувајќи со канадската скеч-комедија „Ведоградска градска телевизија“, за која ја освои својата прва награда Еми. Се појави во ...
Вчеравечер во Аудиокултура беше промовиран албумот „Beyond the Silence“, првото дискографско издание на младиот виолончелист Антонио Илиоски. Станува збор за дебитантски проект што содржи Соната за виолончело и пијано од Клод Дебиси и Соната за виолончело и пијано бр. 1 од Јоханес Брамс. Албумот е снимен минатата година во Македонската филхармонија, со пијано придружба на бугарската пијанистка Јана Лолова. Издавач е Баги Комуникации. Антонио ...
33-то издание на најважната хрватска музичка награда, – Порин“, кое ќе се одржи на 27 март во салата „Грипе“ во Сплит, ја носи првата голема вест: овогодинешната награда за специјални заслуги – Porin Special Merit Award му припадна на македонскиот гитарист со меѓународна кариера и еден од најважните музички уметници во овој регион, Влатко Стефановски. Оваа награда го признава неговиот исклучителен уметнички опус кој ја обликувал регионалната ...
Скопје станува дел од светската музичка мапа со концертот на единствената Емели Санде, најмоќниот женски вокал на новата светска соул ера. На 7 ноември, во арена „Борис Трајковски“, македонската публика ќе има привилегија да ја доживее во живо артистката која ја редефинираше емоцијата во музиката и со својата автентичност го освои светот. Со повеќе од 20 милиони продадени изданија, милиони стримови и бројни меѓународни признанија, Емели Санде ...
Ако постои бенд за кој може да се каже истото и да се искористат истите епитети од минатогодишната најава за „Massive Attack“ – бенд и бренд кој е во било кое време пред времето, тоа се без сомнение – „KRAFTWERK“! Бендот без кој во музиката многу работи немаше да бидат тоа што се: од електро до хип хоп, од техно поп до синт поп, го вклучи Скопје во својата нова „Multimedia 2026″ турнеја со голем open air концерт на 25 јули (сабота), а како ...
Книжевниот клуб Утопија вечерва, 24 јануари, организира специјална книжевна средба посветена на животот и делото на Драги Михајловски – еден од најзначајните македонски писатели и преведувачи, автор чиј придонес кон македонскиот јазик и книжевност има трајна, трајна вредност. Оваа вечер не е комеморација, туку жива средба со едно дело што продолжува да зборува. Разговор за јазикот како одговорност, за преводот како авторски чин и за ...
Познатиот актер и музичар Раде Шербеџија попладнево пристигна во Битола, каде вечерва ќе одржи концерт со својот бенд. По пристигнувањето, Шербеџија беше пречекан на Широк Сокак, а неговиот престој е организиран во Sokak Heritage Apartments, сместени во самиот центар на градот. Оваа локација е познат избор за уметници и гости од меѓународен ранг и претставува препознатливо место каде престојувале и бројни ѕвезди за време на ИФФК Браќа Манаки. ...
По 18 години присуство на македонската музичка сцена, исполнети со песни што го надминаа времето, а и трендовите, „Некст Тајм“ на 27 ноември ќе одржат голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Ова е концерт за сите „некогаш“ и сите „сега“. За сите што пораснаа со нивната музика, но и за оние што допрва ја откриваат. Вечер во која македнската музика добива простор, глас и сцена каква што заслужува. На 27 ноември, арената „Борис ...
Филмската академија на САД вчера во театарот Семјуел Голдвин во Лос Анџелес ги објави номинациите за 98. доделување на наградите Оскар, а кинематограферот Дариус Конџи (ASC, AFC) добитникот на Златна Камера 300 за животно дело во рамки на 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, доби номинација за оскар во категоријата најдобар кинематографер за филмот „Марти суприм“, во режија на Џош Сафди. Во чест на Конџи, на фестивалот во Битола беше прикажан ...
Еден од најдоследните и најпочитувани вокални интерпретатори на регионалната музичка сцена, Жељко Самарџиќ, на 8 август ќе одржи концерт на Античкиот театар во Охрид. Концертот се вбројува меѓу позначајните музички случувања во рамки на летната културна сезона и носи концертен формат прилагоден на просторот, акустиката и карактерот на сцената. Со кариера која се гради повеќе од три децении, Самарџиќ остави јасен и препознатлив белег во ...
НУ Театар Комедија објавува аудиција за женски улоги на возраст од 20 до 35 години. Аудицијата е за потребите на театарската претстава „Кој сум јас?“ од Митко Чешларов во режија на Наташа Поплавска а во продукција на НУ Театар Комедија. Аудицијата е наменета за актерки со изразен сценски сензибилитет, подготвеност за истражувачки и современ театарски процес, како и способност за работа во ансамбл. Кандидатите кои сакаат да се пријавуваат ...
Краткиот филм „Никола, Никола“, во режија на Леон Ристов, ќе биде прикажан за време на фестивалот Санденс. Годинава, Ристов е меѓу десеттемина филмаџии селектирани во рамките на Sundance Institute Ignite x Adobe Fellowship – иницијатива за кариерен развој и промоција на млади режисери. На 27 јануари ќе се одржи специјална проекција на кратки филмови од селектираните автори во Парк Сити, Јута, меѓу кои и македонскиот „Никола, Никола“. По ...
Уште еден ден ја делат битолската публика од концертот на Раде Шербеџија и бендот „Западни колодвор“ – уметник чие творештво одамна ја надминува формата на концерт и влегува во простор на живо раскажување, поезија и сценска необичност. Раде Шербеџија не е гостин во Битола. Тој е дел од нејзината филмска меморија. За време на подготовките и снимањето на филмовите “Пред дождот” и “Ослободувањето на Скопје”, како и холивудскиот трилер ...
На 30 јануари 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во Македонската филхармонија, Националниот џез оркестар ќе ја отвори концертната сезона со концерт насловен National Jazz Orchestra with String Ensemble. На концертот, Националниот џез оркестар ќе настапи заедно со гудачки ансамбл составен од музичари на Националната опера и балет. Во овој редок и внимателно обликуван спој, оркестарскиот звук се проширува и продлабочува, создавајќи нова ...
Македонскиот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ и продукција на Томи Салковски ќе се натпреварува за награда на Меѓународниот Филмски Фестивал во Берлин, еден од најпрестижните филмски фестивали на светско ниво. Филмот е дел од селекцијата „Перспективи“ која опфаќа исклучителни филмски таленти ширум светот кои дебитираат на интернационалната филмска фестивалска сцена. Оваа селекција на филмови е од компетитивен карактер, а дава особена ...
Вечерва (21 јануари) во Кинотеката на Македонија почнува специјалната програма НАЈДОБРОТО ОД КИНЕНОВА. Ова е концентриран избор на најдобрите од најдобрите филмови кои беа прикажани на минатото издание, но и на изданијата претходно. Имаме два победника, филмови добитници на ГРАН ПРИ на МФФ КИНЕНОВА, првиот филм на победникот на последното издание на БЕРЛИНАЛЕТО, Даг Јохан Хагеруд, еден од најактуелните и најпровокативни Палестински филмови и ...
Во Неготино денеска почина Милена Радман, жената на која и беше посветена една од најпознатите песни на „Нови фосили“ – „Милена, генерацијо моја“. Радман никогаш не зборуваше јавно за темата, од она што е познато се знае дека Рајко Дујмиќ ја запознал неготинчанката на нејзиниот летен одомор со другарките во Хецег Нови. Тој во долг разговор кој го имале, и ветил дека ќе ја опее во песна. Дујмиќ ја напиша музиката а Зринко Тутиќ текстот на ...
Во Драмски театар денеска се одржа првата проба на претставата „Ова е само крајот на светот“ по истоимената драма на Жан-Лик Лагарс. Преводот, адаптацијата и режијата се на режисерката Теа Беговска. Сценограф и костимограф на претставата е Надиа Василева од Бугарија, музиката е на Енес Беговски. Инспициент е Гоце Бојчев, а суфлер е Жаклина Цветковска. Во актерската поделба се актерите: Стефан Вујисиќ, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Александар ...
Пејачката Благица Бети Ѓорѓевиќ почина на 80 години. Таа испеа многу хитови, од кои најпознат е „Почнимо љубав испочетка“. Беше родена во селото Матејче, близу Куманово а денес во Општина Липоково во 1946 година. На музичката сцена на тогашна Југославија влегла кон крајот на 1960-тите. Со својот сопруг Слободан Боба Ѓорѓевиќ и неговиот бенд, таа настапувала во американски клубови во Западна Германија, а потоа била претставена на гостите и ...
Внуката на Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлиќ која гради меѓународна оперска кариера во Германија, на социјалните мрежи се збогуваше со својата баба која почина вчера. Младата оперска уметница Марта Хаџиманов во неколку реченици изрази тага, благодарност и безусловна љубов кон жената која, како што истакна, засекогаш остана нејзин пример. „Мојата прекрасна, прекрасна баба нè напушти денес. Бабо моја, многу те сакам. Секогаш ќе го слушам и ќе ...
Дебитантскиот долгометражен игран филм на Косара Митиќ – „17“ e селектиран во програмата Перспективи на 76. издание на Берлинскиот филмски фестивал. Ова ќе биде светска премиера на филмот а ќе биде во конкуренција заедно со 13 други филмови за Најдобро филмско деби. Седумнаесетгодишната Сара крие тајна на училишна екскурзија. Кога екскурзијата излегува од контрола и Сара станува сведок на сексуален напад од соученик, таа и девојчето ...
Југословенската актерка и пејачка Сенка Велетанлиќ почина денес на 89-годишна возраст по тешка болест. Веста за нејзината смрт ја објави нејзиниот син Васил Хаџиманов. Васил Хаџиманов се прости од својата мајка со трогателни зборови на својот Инстаграм. „Утрово мојата мајка Сенка Велетанлиќ нè напушти по тешка болест. Замина тивко, достоинствено, во сон, како дама, токму онака како што ѝ доликува. Те сакам, мамо. Ти благодарам, мамо.“ – ...
Вокалот на „Бијело дугме“, Ален Исламовиќ и кантавторот Рамбо Амадеус објавија спот за дуетската соработка во која комбинираа две песни на популарниот рок состав. Станува збор за брилијантна и необична комбинација на „Ako možeš, zaboravi“ и „Pediculis Pubis“. Музиката и текстот се на Горан Бреговиќ, а аранжманот го направи Ален Исламовиќ. Вокалите во песната се на Рамбо Амадеус и Ален Исламовиќ, кои исто така свиреа акустична гитара, а во ...
Од 21 до 24 јануари во Кинотека на Македонија ќе бидат прикажани избрани содржини од фестивалот „Киненова“, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики. Станува збор за филмови кои биле наградени на Киненова како: „Помеѓу боговите“ на Вук Ршумовиќ, „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ, „ПАНОПТИКОН“ на Ѓорѓи Сикарулиѕе и многу други наслови. Под мотото „Најдоброто од Киненова“ љубителите на филмската уметност ќе ...