Оваа недела во целост заврши „патот“ на хрватската апликација PhotoMath која од минатата година е дел од Google. Апликацијата оваа недела конечно е издадена на Google профилот на Play Store и на AppStore. Во февруари 2023 година Google објави дека ја купил хрватската апликација PhotoMath. Еден месец подоцна, откако Европската комисија процени дека купувањето на PhotoMath не е опасност за конкуренцијата за едукативните алaтки купувањето беше ...

.мк стартап на месецот [февруари, 2024]: Што е EmbedSocial? За брачниот пар позади платформата EmbedSocial, Никола и Катерина Бојков, љубовта и бизнисот секогаш биле меѓусебно поврзани, и сега, тие воопшто не знаат како едното функционира без другото. Па така, EmbedSocial истовремено е и нивен стартап и дигитален love child, кој расте и се развива уште од 2016-та година. Денес, EmbedSocial е тим од 40тина вработени, има повеќе од 300 илјади ...

Шведската финтек компанија Klarna која нуди онлајн финансиски услуги објави дека две третини од корисничките услуги ги обезбедува со вештачка интелигенција. Klarna e и една од првите компании кои го додадоа ChatGPT на својата платформа. Еден месец откако го додадоа четботот базиран на вештачка интелигенција имаат импресивни резултати. Вештачката интелигенција е достапна на 23 пазари и комуницира со клиентите на 35 јазици. За само еден месец ...

Пред да излезе во раниот пристап на Steam, играта на канадското развојно студио Inflexion Games – Nightingale успеа да создаде огромен хајп. Ова се должеше на две причини. Од една страна, студиото беше формирано од поранешен извршен директор на BioWare кој успешно привлече и ред други таленти. Како резултат, многумина потајно очекуваа дека Nightingale би можела да ја содржи препознатливата Bioware магијата, иако често се потенцираше дека оваа ...

Некои игри покажуваат огромен потенцијал уште и пред да излезат, иако обично не можеме да бидеме сигурни до која мера игрите ќе ги оправдаат нашите очекувања. Во оваа прилика, одбравме три интересни игри за кои нашите читатели можеби не се запознаени, а би требало да ги имаат на радарот. Ad Infernum е акциона хорор игра Во жанрот со акциони хорор игри, развојното студиото Glass Knuckle Games се има претходно докажано, особено со нивната игра ...

Apple последниве месеци нѐ воодушевува со очилата за проширена реалност Vision Pro, но долго време изгледаше дека следниот производ на компанијата ќе биде електричен автомобил. Ова не се случи, а за жал сега изгледа и дека никогаш нема да се случи. Компанијата веќе интерно соопштила дека се откажува од развојот на автомобилот. Директорот за операции Џеф Вилјамс и Кевин Линч кој беше задолжен за проектот, во 12 минутен разговор му ја соопштиле ...

Inkulinati е една од поуникатните стратегии што имавме можност да ги провериме. Од полското развојно студио Yaza Games ни доаѓа средновековна стратегија со запазување редови каде „цртате“армии и ги испраќате на листови и листови од освојувачки патешествија. во Inkulinati, на располагање имате над 50 единици. Секоја од единиците има специјални способности кои ќе биде потребно да ги откриете преку добра доза од експериментирање. Благодарение на ...

Нова недела, нови предлози за игри на кои би можеле да им пружите шанса. Oдбравме стратегија од Warhammer универзумот, едноставна FPS акција и симулација која ќе ги тестира вашите способности како психијатар. Warhammer 40,000: Chaos Gate – Daemonhunters излезе и на PS5! Warhammer ентузијастите можат да го проверат чедото на Complex Games и на конзолата на Sony. Директно од вашиот контролер, ќе можете да го водите најголемото оружје на ...

Последниве неколку години „ransomware“ нападите не запираат. Често мета на овие напади е инфраструктурата на локалните институции, здравствените установи, владини агенции и бизниси. Една од најраспространетите малициозни алатки е LockBit. На листата на целите на напад на алатката беа болници, Boeing, Британската кралска пошта и ланецот за брза храна Subway. Добра вест е дека веројатно го видовме последниот напад со LockBit. Во координирана ...

Денот на вљубените дојде и помина, но доколку барате продолжување на таквата магична атмосфера, тогаш играта на Niji Games и MelonCat се чини како интересна алтернатива. Љубов на прв поглед? Наследувајќи ја една од најпопуларните агенции за склопување познанства, вашата задача ќе биде да пронаоѓате (љубовни) интереси за вашите клиенти, да го зголемувате рејтингот и да печалите доволно пари за да не ја изгубите агенцијата. Таквото нешто воошто ...

Руската инвазија на Украина во февруари 2022 година предизвика значителна пресвртница во модерниот свет. Над 14 милиони луѓе, речиси една третина од населението на Украина, беа принудени да ги напуштат своите домови поради конфликтот, семејствата беа разделени, децата ги загубија своите домови, а заедниците беа опустошени – ова се само дел од последиците што војната ги имаше врз украинската држава и нејзиниот народ. Две години подоцна, ...

По повеќегодишни подготовки Reddit оваа недела и официјално поднесе документи за излегување на берза. Во документите кои ги поднесе Reddit до комисијата за хартии од вредност се наведува заработка од 804 милиони долари во минатата година, значителен раст во споредба со 667,7 милиони долари колку што заработија во 2022 година. Сепак, ова е само дел од приказната. Покрај заработката од 804 милиони долари, Reddit не успеа да оствари профит во ...

Starlink, амбициозниот проект за сателитски интернет на SpaceX, од јуни 2022 е достапен и во Македонија, овозможувајќи уште една алтернатива за сите кои се на локации кои не се доволно покриени. Starlink е проект на Space X компанијата во сопственост на Илон Маск. Овозможува пристап на интернет сигнал во рурални средини кои вообичаено се далеку од каква било инфраструктура. За да биде достапен насекаде сигналот се пренесува со сателити кои се ...

Популарноста на очилата за виртуелна и проширена реалност достигнаа вистински бум последниов месец, пред сѐ благодарение на Apple Vision Pro. Сепак, ако сте гејмер и единствен интерес ви се видеоигрите, немате речиси никаква причина да се радувате на уредот на Apple. Она што може да ве израдува е дека Sony започна да ја тестира компатибилноста на PlayStation VR 2 за десктоп компјутерите. „Задоволни сме што може да споделиме дека во моментов ...

23/02/2024 12:15 - IT

Kако генерација што е родена со електронски уред во раце, Gen Z има доста поразлични навики за живеење, комуницирање, учење и работење. Кога се работи за учењето и начинот на учењето, клучна разлика помеѓу Gen Z и останатите повозрасни генерации е достапноста на информациите. Кога се работи за повозрасните генерации, порано најголемиот предизвик бил да се дојде до посакуваната информација. Колку за споредба, до информациите тогаш се доаѓало ...

Неодамна, пишувавме за тоа како критички-признаената ASTLIBRA Revision излезе и за Nintendo Switch. Лесно импресионирани од играта, воопшто не ни беше тешко да ја ставиме на исклучително високо место и често да ја препорачуваме на играчите кои уживаат во класични RPG игри со уникатен визуелен стил. ASTLIBRA Revision е игра која ја препорачуваме и доколку сакате: Минатата недела, меѓутоа, излезе целосно ново DLC кое значително ја менува сржтта ...

Постојаната потрага по побрзи компјутерски чипови не е само потрага по технолошки напредок – таа е и клучен обид да се намали времето што го трошиме чекајќи резултати. Со зголемување на брзината со која чиповите обработуваат информации, можеме значително да ги намалиме: доцнењата во анализата на податоците, донесувањето одлуки, па дури и времето на вчитување на секојдневните апликации, трансформирајќи ја нашата интеракција со технологијата и ...

Игри како Banishers: Ghosts of New Eden се вистинска реткост. Од првите минути, па сѐ до последните, бевме преплавени од чувството дека се работи за ремек дело во кое е вложено многу знаење, љубов и време. Во моментот кога видовме како бројните гејмплеј механики се испреплетуваат со квалитетната глума и пуштаат корени во паметно осмислениот наратив, сфативме дека Banishers: Ghosts of New Eden е дигитален хибрид кој спектакуларно скока не само ...

Има нешто посебно забавно во релаксирано опремување и уредување станови, куќи и дворови. Финансии и мотивација би можеле да се пречка за ваквото нешто во вистинскиот живот, но не и доколку решите да ја проверите најновата игра на Алекс Блинтсов – Furnish Master. Доме слатки доме Примарната цел во Furnish Master е релаксирано уредување на домот така што поставувате најразлични предмети како што вие сакате, сѐ со цел да се осмислат идеалните ...

Можете ли да го носите во автобус? Дали можете да гледате филмови и ТВ серии додека возите? Или пак да нарачате кафе и храна на каса додека ги читате вашите мејлови? Уредничкиот тим на IT.MK имаше толку многу прашања поврзани со тестирањето на блескавата нова играчка на Apple наречена Vision Pro, благодарение на Augment IT. Официјално лансиран во САД во февруари 2024 година, Vision Pro е уред кој овозможува мешана реалност. Производот ...

Нова недела, нови предлози за игри на кои би можеле да им пружите шанса. Овојпат одбравме три игри кои се замислени да бидат значително позабавни кога се играат со пријателите! Dirty Dirty Pirates крие забавна мултиплеер акција со откачени пирати Dirty Dirty Pirates е игра која ја препорачуваме само доколку ги исполнувате следниве услови: Играта на развојното студио King Hat е замислена да ви дозволи да ја негувате вашата љубов кон пиратите ...

Минатата недела корисниците на Wyze, популарна платформа за мониторинг камери, се сочија со сериозен безбедносен проблем. Сервисот на мониторинг камери беше недостапен за неколку илјадници корисници, но проблемите не престанаа откако камерите се вратија. Наместо ова, дел од корисниците забележаа дека во фидот не гледаат „пренос“ од своите, туку од други камери. Стримот од 13 000 камери накратко беше достапен за други корисници. Камерите на ...

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот Кирил и Методиј е најголемото студентско тело во Македонија кое што ги застапува правата на студентите и претставува врска помеѓу студентите и институциите. Целта и задачата на ова студентско тело е да креира подобри можности за студентите во текот на целиот студиски процес. Како најголем и најстар универзитет во Македонија, УКИМ за жал не се најде меѓу првите 1000 универзитети на ...

Шеесетгодишниот Јордан Стојановски не е вашиот секојдневен пензионер. Како ветеранот во финансискиот сектор, Стојановски остава силни впечатоци во Web3 просторот последниве неколку години, спојувајќи го неговото 30+ годишно искуство во технолошката индустрија. Причината зад ова е неговата силна страст за истражување, но и како што објаснува, желбата да се „забавува“ со работа на различни Web3 проекти. Патувањето на Стојановски во САД започна ...

KONOSUBA – God’s Blessing on this Wonderful World! Love For These Clothes Of Desire! е многу повеќе од долг наслов. Доколку сте фанови на Konosuba! аниме серијалот, тогаш ќе бидете апсолутно импресионирани од играта на MAGES! Што е KonoSuba? Пред да почнете со играта, имајте во предвид дека: развојното студио никако не го држи играчот за рака и раскажува впечатлива приказна во која ќе можат највеќе да уживаат само фановите на играта. Сите ...

Од она што успеавме да го видиме до сега, The Mobius Machine се чини како многу повеќе од стандардна дводимензионална авантура. Играта доаѓа како пријатно изненадување од развојното студио кое претходно беше познато по забавни city builder-и, првин со вселенска тема (Planetbase), а потоа и со праисториска (Dawn of Man). Како трета игра, развојното студио Madruga Works запливува во малку поразлични води и комбинира елементи на Metroidvania ...

Поради промената на уставното име на државата, личните документи со старото име на државата престанаа да важат заклучно со 12.02.2024. Изминативе неколку дена сведоци сме на секакви изјави, измени и потенцијални измени околу валидноста на личните карти, возачките дозволи, пасошите и налепниците за регистарските таблици на возилата. Изминатиов период се случува вистински хаос во одделите за промена на личните документи ширум државата. Во ...

Германското развојно студио Keen Games првенствено се прослави со симпатичната игра Portal Knights. Девелоперите решија да го искористат она што го научија од таа игра, да позајмат механика-две од The Legend of Zelda: Breath of the Wild и Valheim и да произлезат со малку поразлична Survival игра во која битките ќе потсетуваат на Dark Souls, но нема да бидат до тој степен предизвикувачки. Ова се покажа како рецепт за успех, нешто што првин ...

Второто DCL за Atomic Heart излезе неодамна. Насловено како Trapped in Limbo, проширувањето ги втурнува играчите во лудиот и шаренолик свет на Лимбо, воведува нови гејмплеј механики, бизарни непријатели и впечатливи случки! Почетокот е на крајот! Atomic Heart: Trapped in Limbo продолжува онаму каде што основната игра завршува, со што се истражува уште еден алтернативен крај на Annihilation Instinct додатокот. Областа Лимбо е проширена со нови ...

Microsoft планира да се откаже од целосната ексклузивност за некои видеоигри за Xbox. Дел од најпопуларните Xbox игри наскоро би можеле да се играат на PlayStation 5 и на Nintendo Switch. Ова секако не треба да биде големо изненадување. Стратегијата не е сосема нов концепт за Microsoft. Во минатото, компанијата успешно соработуваше со Apple, продавајќи свој софтвер за Mac уредите, вклучувајќи верзии на Word и Excel уште од 1980-тите. Со ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
87%
1027
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.95
66%
1026
weather icon

Загреб

9ᴼ / 3ᴼ
0.51
66%
1026
weather icon

Софија

7ᴼ / 3ᴼ
3.6
59%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.53
74%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.69
68%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
68%
1026
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
71%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 2ᴼ
2.06
76%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.34
56%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
70%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Родиум

372948.66

Паладиум

51794.85

Калај

50.64

Бакар

11.73

Рутениум

47358.05

Цинк

3.24

Алуминиум

3.42

Кобалт

66.14

Злато

166253.76

Платина

68963.35

Иридиум

231355.22

Сребро

2711.59