Водечки трговци и производители на храна и пијалаци, „Пепсико“ и „Унилевер“, ја започнуваат иницијативата „STEP up for Ag“ (Поддршка на доверливо ангажирање и партнерство за земјоделството), со цел зајакнување на капацитетите и одржливоста на организациите што обезбедуваат поддршка за земјоделците низ Северна Америка. „Пепсико“ е длабоко поврзан со земјоделството, а земјоделците се во срцето на нашите прехранбени системи. STEP up for Ag се ...

Потрошувачите во еврозоната ги променија своите потрошувачки навики очекувајќи ги ефектите од американските царини, оддалечувајќи се од производите од САД и намалувајќи ја дискреционата потрошувачка, покажува студија на Европската централна банка. Потрошувачите во еврозоната, кои располагаат со значителни заштеди акумулирани во годините по пандемијата, беа претпазливи со купувањата во текот на целата година, бидејќи неизвесноста околу ...

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески оствари работна средба со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и претставници на бизнис-секторот во Кавадарци. Ристески пред присутните ги презентираше главните мерки на министерството за економија и труд за поддршка на стопанството и претпријатијата, како и мерките од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година. ...

Повторно е отворен модернизираниот маркет на „Сити“ на улицата Московска во Подгорица Во модернизираниот амбиент, потрошувачите ги очекува богата понуда од свежо овошје и зеленчук, локална месара, пакувано месо подготвено за носење, свежи пекарски производи, па сè до широк избор на домашни и странски брендови. Компанијата подготви подароци за првите 700 потрошувачи, како и брендирано огледалце за првите 50 потрошувачи на вториот ден од ...

Здружението „Вина од Македонија“, на 4-ти октомври, во Музејот на современата уметност во Скопје, ќе биде домаќин на 7-мото издание на „Светскиот ден на вранецот“. Оваа година винскиот салон се одржува под мотото: „Каде што виното се среќава со уметноста“, и гордо ја слави винската сорта Вранец, претставувајќи го Балканот пред светот како вински регион во подем. Овој уникатен настан ги обединува најреномираните винари, јавни личности, ...

Поради извештаите дека храната во Холандија е поскапа отколку во соседните држави, Регулаторното тело за заштита на потрошувачи покрена истрага за практиките на формирање цените во холандските супермаркети. Претходно, холандската потрошувачка организација „Консументенбонд“ соопшти дека нивното истражување покажало дека германските супермаркети се во просек околу 15% поевтини од холандските. Регулаторното тело најави дека истрагата ќе ги ...

Еден од тројца купувачи во Обединетото Кралство при изборот на чипс внимава на влијанието на амбалажата врз животната средина, покажува истражување на компанијата за пакување „Амкор“, спроведено во август врз 2.000 потрошувачи. Резултатите укажуваат на генерациските разлики, додека 43% од лицата под 45 години ја земаат предвид одржливоста на пакувањето, тоа го прави само 20% од постарите потрошувачи. За 28% од испитаниците, амбалажата е ...

Компанијата „Морисонс“ пријави раст на продажбата од 3,0% на споредлива основа (like-for-like) во третиот квартал од 2025 година, заклучно со 27 јули. Вкупната продажба на компанијата во овој период пораснала за 3,5%, достигнувајќи 4,0 милијарди фунти, при што онлајн продажбата забележала двоцифрен like-for-like раст, што ја направи најбрзо растечката онлајн мрежа за продажба на прехранбени производи на пазарот, се наведува во соопштението на ...

Компанијата „Данон“ соопшти дека нејзините тимови се преселуваат во новото седиште на адреса 59-61 Ла Фајет во Париз. Ова е повеќе од обично преместување. Овој чекор претставува отворање на ново поглавје во историјата на групацијата, се наведува во соопштението на компанијата. Оваа преселба претставува важен пресврт во историјата на „Данон“, меѓу другото и затоа што ова е само наше трето преселување во повеќе од педесет години. Таа ја ...

Еден од тројца купувачи во Обединетото Кралство при изборот на чипс обрнува внимание на влијанието на амбалажата врз животната средина, покажува истражување на компанијата за пакување „Амкор“, спроведено во август врз 2.000 потрошувачи. Резултатите укажуваат на генерациските разлики, додека 43% од лицата под 45 години ја земаат предвид одржливоста на пакувањето, тоа го прави само 20% од постарите потрошувачи. За 28% од испитаниците, ...

Доколку сакаме одржлив пазар и стабилно снабдување, мора да креираме политики што го стимулираат, а не го задушуваат производството. Само така може да се обезбеди долгорочна корист за потрошувачите – не само пониска цена денес, туку и достапност, квалитет и сигурност утре. Пишува: Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија и генерален извршен директор на „ГС1 Македонија“ Време е за сериозна дискусија по ова ...

Трговскиот синџир „Шпар“ во соработка со компаниите „Дхл“, „Дпд“ и „Винтед гоу“, ќе започне со поставување на паметни пакетомати, како одговор на растечката потреба за практичност и флексибилност. Воведувањето на пакетоматите ќе започне во третиот квартал, при што сите претприемачи на „Шпар“ можат да се приклучат ако во ова гледаат можност за својата продавница, се наведува во соопштението на компанијата. Бидејќи секој регион е уникатен, ...

„Карфур“ ја отвори својата прва „„Карфур сити“ продавница на аеродромот Барселона Ел-Прат во Шпанија, на Терминал 2. Компанијата соопшти дека новиот објект е посебно прилагоден на динамичната околина на аеродромот, нудејќи брзо и ефикасно искуство во купувањето. Во понудата има повеќе од 1.000 артикли, вклучувајќи свежо подготвени оброци, ладни пијалаци, грицки, јаткасти плодови, млеко, кафе, овошје и основни производи за домаќинство. Со цел ...

Според податоците на Канцеларијата за национална статистика, малопродажба во Обединетото Кралство порасна за 0,5% во август 2025 година, по растот од 0,5% во јули 2025. Сепак, вкупниот обем на продажба е намален за 0,1% во периодот од три месеци до август 2025, во споредба со трите месеци до мај 2025 година. Ова означува забавување на темпото на пад во споредба со намалувањето од 0,6% во периодот од три месеци до јули 2025. Податоците исто ...

„Бихачка пиварница“ продолжува со процесот на модернизација и проширување на производствените капацитети, откако минатата година оваа компанија беше преземена од страна на групацијата „Станиќ“. По тој повод, градоначалникот на Бихаќ, Елведин Седиќ, ја посети пиварницата и направи обиколка на нејзините производствени погони. Според зборовите на директорот Самир Захировиќ, во пиварницата моментално се вработени 76 работници, а во блиска иднина ...

Во САД кафето поскапело, во Бразил поевтинело, исто така месото и оризот. Слично важи и за доматите во Мексико. Трговската политика на Трамп за сега има позитивен ефект за потрошувачите на храна во земјите извознички, пренесува „Дојче веле“. Додека потрошувачите во САД се жалат на порастот на цените на храната, цените во Латинска Америка паѓаат. Тоа има врска со царинската политика на Трамп. Во супермаркет на авенијата Боливар во Рио де ...

Во САД кафето поскапело, во Бразил поевтинело, исто така и месото, оризот. Слично важи и за доматите во Мексико. Трговската политика на Трамп за сега има позитивен ефект за потрошувачите на храна во земјите извознички, пренесува „Дојче веле“. Додека потрошувачите во САД се жалат на порастот на цените на храната, цените во Латинска Америка паѓаат. Тоа има врска со царинската политика на Трамп. Во супермаркет на авенијата Боливар во Рио де ...

Дневно 16% од македонските потрошувачи консумираат газирани сокови и 18% негазирани сокови, додека четворица од десет потрошувачи пијат минерална вода во шише (газирана или негазирана) секој ден. Пишува: Боге Божиновски, boge.bozinovski@indago.mk Изборот на пијалак е дел од сечие секојдневие и рутина, а навиките поврзани при изборот на пијалак зборуваат за брзото темпо на секоја личност. Дали станува збор за газиран сок, џус или, пак, ...

Претседателот на Сoјуз на стопански комори на Македонија (ССК), Горан Ѓорѓиевски изјави дека нема да има зголемување на цената на лебот. На денешната прес конфереција, Ѓорѓиевски истакна дека цената на пченицата е стабилна и нема да има големи флуктации во однос на суровото сончогледово масло. Одговорајќи на новинарски прашања во врска со евентуалните нови владини мерки, Ѓорѓиевски нагласи дека бизнисот не е за замрзнување маржи, туку за ...

Компанијата „Бинго“, во рамки на инвестицијата вредна 10,2 милиони евра (20 милиони конвертибилни марки), свечено ги отвори вратите на реновираниот хипермаркет во сараевската населба Ступ. На повеќе од 9.000 квадратни метри целосно модернизиран простор, обединета е понудата на прехранбени и непрехранбени производи, во амбиент приспособен на современите стандарди и секојдневните потреби на купувачите. Реновираниот „Бинго Ступ“ го дизајниравме ...

Компанијата „Марс“ ги најави плановите за инвестирање една милијарда евра во своето работење во Европската Унија до крајот на 2026 година. Со оваа инвестиција, „Марс“ ќе ги зајакне производствените капацитети во регионот, ќе ја унапреди одржливоста и иновациските процеси, како и ќе ја зголеми економската отпорност, се наведува во соопштението на компанијата. Оваа нова инвестиција е продолжение на над 1,5 милијарди евра кои „Марс“ ги вложи во ...

„Лидл“ - Словенија го продолжува ширењето на својата продажна мрежа со отворање нова продавница на во Крањ, на адреса Цеста 1. Мај, 80. На околу 1.145 квадратни метри продажна површина, купувачите ги очекуваат производи за секојдневна употреба, разновидна понуда во рамки на тематски недели и производи од бројни локални добавувачи, со кои „Лидл“ - Словенија гради долгорочна соработка, соопштија од компанијата. Во „Лидл“ - Словенија сме горди ...

Компанијата „Интерснек Адриа“ започна со изградба на нова фабрика за чипс во Херцеговец, во близина на Бјеловар, како дел од инвестицијата вредна 25 милиони евра за модернизација на производството и зголемување на капацитетите. Новата фабрика ќе овозможи значително зголемување на производствените капацитети од сегашните околу 5.000 тони производи годишно на 10.000 тони, пренесува „Хина“. Со проектот е предвидено отворање на 50 до 100 нови ...

Производителот „Тајсон фудс“ ги објави плановите за укинување на употребата на високо-фруктозниот пченкарен сируп во своите производи. „Тајсон фудс“ презема уште еден проактивен чекор напред во својата мисија да обезбеди висококвалитетна храна на секоја трпеза во светот безбедно, одржливо и по пристапна цена, сега и за идните генерации, се наведува во соопштението на компанијата. Целта е компанијата да престане со користење на ...

Од сега, малопродажниот синџир „Карфур“ на своите производи под приватните трговски марки ќе ја прикажува и содржината на додадени шеќери како дополнување на законски задолжителната ознака за вкупна количина шеќери на спакуваната храна. Дополнителните информации се достапни преку веб-страницата и мобилната апликација на „Карфур“, како и преку отворената база на податоци „Опен фуд фактс“. На овој начин, потрошувачите добиваат подлабок увид во ...

Малопродажбата во САД порасна повеќе од очекуваното во август, но замавот би можел да биде ослабен поради слабостите на пазарот на труд и порастот на цените на стоките како последица на увозните тарифи, пренесува „Ројтерс“. Малопродажбата се зголемила за 0,6% минатиот месец, по нагоре ревидиран раст од исто така 0,6% во јули, соопшти Бирото за попис на населението при Министерството за трговија. Економистите анкетирани од „Ројтерс“ ...

Компанијата „Метро“ достигна нова пресвртница во својата повеќеканална трансформација со отворањето на модерен магацин за дистрибуција на храна на периферијата на Букурешт. Новото складиште, со површина од 12.000 квадратни метри, претставува прв самостоен FSD (Food Service Distribution) магацин на компанијата, наменет за ефикасна достава до клиентите од Хорека секторот и независните продавници, особено партнерите во франшизната мрежа „Ла дои ...

Премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, заменик министерот за економија Марјан Ристески, директорот на Царинската управа Бобан Николовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов, како и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска во Куманово извршија увид и обиколка на логистичкиот центар на „Лидл“ - Северна Македонија, кој е во завршна фаза. ...

Започна со работа новиот „Кам“ маркет во Струмица. Маркетот е распространет на вкупна површина од 637m², со 29 паркинг места. Новоотворениот „Кам“ маркет нуди брзо и лесно пазарување со прегледен распоред и богат асортиман на: месни и млечни деликатеси, топли и крцкави печива, богата понуда на овошје и зеленчук, широка палета на хемиски производи и пијалаци уште многу повеќе, соопштуваат од компанијата. По повод отворањето на новиот „Кам“ ...

„7 митови за малопродажбата“ е темата на која ќе говори Тони Балажич на 11 FMCG Summit кој ќе се одржи на 30 октомври во „Александар палас“ во Скопје, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“. Трговијата со храна во моментов минува низ најголемите транформации досега. Иако долго време одредени „вистини“ ги формираа стратегиите и одлуките за инвестиции, често реланоста на терен е сосема поинаква. Во својата ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
7.2
54%
1020
weather icon

Белград

-3ᴼ / -3ᴼ
5.14
74%
1022
weather icon

Загреб

-5ᴼ / -5ᴼ
0.51
68%
1024
weather icon

Софија

-6ᴼ / -6ᴼ
5.66
79%
1021
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
9.22
74%
1018
weather icon

Љубљана

-5ᴼ / -8ᴼ
1.03
91%
1026
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
63%
1008
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
6.69
56%
1013
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
11.32
32%
1019
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -5ᴼ
0.0
85%
1015
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -3ᴼ
10.8
69%
1019
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
8.75
93%
1010
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4077

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Родиум

310254.70

Калај

44.73

Паладиум

57935.65

Иридиум

169549.30

Платина

72292.89

Алуминиум

3.14

Рутениум

44946.74

Кобалт

59.52

Цинк

3.10

Сребро

2569.43

Злато

144981.23

Бакар

11.84